Станика ДИКИЌ, Бранка ЕШКИРОВИЌ, Весна ВУЧИНИЌ

СР Југославија

УЧИЛИШНИОТ УСПЕХ НА СЛАБОВИДИТЕ ДЕЦА

 

Вовед

Успехот во училиштето на слабовидите ученици претставува една од најчесто согледуваните варијабили во истражувањата на развојните специфичности на слабовидите деца. Меѓутоа, ретки се истражувањата чие централно поле на интересирањата е токму успехот во училиштето на слабовиди деца. Недостасуваат и трудови во вид на прегледи на досега утврдени фактори на училишниот успех на оваа популација прикажана во рамките на различните научно-истражувачки трудови. Можеби е осамена во тој поглед Земцова (1975) која во факторите на послаб успех во училиштето за слабовиди ученици ги вбројува: голем обем на наставно градиво и брзото темпо на обработка, недостатоците во наставните методи и неводењето сметка за своевидноста на развојот на слабовидите ученици, преоптовареноста на учениците со наставни часови, непостоењето на потребните хигиенски услови за работа на учениците и недостатоците и тешкотиите на сознајните дејности обусловени од секундарните отстапувања во развојот на слабовидите деца.
Факторите на училишниот успех на општата популација како проблем исцрпно е проучуван, па во многу учебници и во стручни списанија се дава јасен преглед на овие фактори. Кос-Микуш (1977) во најчестите причини на неуспехот во училиштето ги вбројува: нижата интелегенција, специфичните нарушувања на учењето (пред се дислексијата), емоционалните и невротичните растројства, културната депривација и потешката здраствена состојба на детето. Во примарните причини за неуспехот во училиштето се вбројува психомоторната нестабилност.
Училишниот успех и денес е актуелен проблем на проучување, па и извор на бројни несогласувања дури и во поглед на дефинирањето на овој поим. Најчесто под училишен успех се подразбира “исакжувањето на остварувањето на материјалното, функционалното и воспитното постигање на ученикот со кумулативна оцена (од 1 до 5) на крајот на училишната година, а во однос на одделни предмети и општиот успех“ (Педагошка енциклопедија, 1989).
Кога се има предвид високата зачестеност на специфичните нарушувања, пред сî, на дислексијата и на дисграфијата, кај слабовидите ученици разгледувањето на училишниот успех за тифлодидактика останува особено интересно. За тоа интересирање придонесува и сознанието за високата зачестеност на психомоторната нестабилност кај слабовидите деца.
Тифлодидактиката настојува да ја подобри положбата на слабовидите ученици во наставата помеѓу другото и така што ќе собира информации за дејството на сите фактори врз училишниот успех. Освен тоа: “Неуспехот во училиштето има значајни емоционални, психосоцијални и социјални неугодни последици за поединецот, за семејството и за општесвото. Тој предизвикува низа фрустрации, конфликти, притисоци, чувства на помала вредност кај детето. Тој го затвора патот на социјалната промоција.” (Кос-Микуш, 1977).

Цел на работата

                Анализа на корелациите на специфичните развојни и воспитно-образовни карактеристики на слабовидите ученици (хиперкинетичкото однесување, вниманието, импулсивноста, хиперактивноста, активниот и пасивниот речник, визуелната перцепција) со училишниот успех.

Метод на истражувањето

ПРИМЕРОК

                Со истражувањето се опфатени 200 слабовиди ученици  од основно училишната возраст во периодот 1992 до 1996 година. Сите ученици беа слабовиди во сообразност со дефиницијата за слабовидноста на Светската здраствена организација од 1993 година. За примероци беа избрани само слабовиди ученици со нормален невролошки и психолошки наод.

Инструменти

                Ешкировиќ (1992) дијагностицираше слабовиди ученици со хиперкинетичко однесување и формираше подпримероци на слабовиди деца со хиперкинетичко однесување и со хармонично однесување “Commersoviot прашалник за наставници” (Модифицирано според Hestery, 1989). Овој автор врши процена на вниманието, на импулсивноста и на зголемената моторна активност (хиперактивност) врз основа на прашалникот за процена на растројствата што настануваат поради дефицитот на вниманието и на хиперактивноста (АОО) содржана во DSM-III (1980) и DSM-IIIR (1987 на Американското здружение на психијатрите).
Вучиниќ (1994) го проценува богаството на пасивниот речник на примениот речнички тест на Вера Лукиќ (мофифицирана верзија) и богатството на активниот речник со анализата на слободните пишани состави.
Стојковиќ (1996) ја проценува способноста на кординацијата окулу-рацете на применетиот тест на Развојот на визуелната перцепција Фростиг, М.
Страхињевиќ (1996) ја проценува зрелоста на ракописот на слабовидите ученици од постарата основноучилишна возраст со примената на Скалата за процена на зрелоста на ракописот (Општа дефектолошка дијагностика, 1995).
Во сите наведени истражувања податоците за училишниот успех се превземени од  педагошко-психолошката документација на ОУ за заштита на видот (“Драган Ковачевиќ” во Белград, а дел и од Училиштето за деца и младина со оштетен вид “Вељко Рамадановиќ” во Земун).

Резултати

                Во наведеното истражување Ешкировиќ успехот во училиштето како зависна варијабила е набљудуван преку општиот успех на крајот од училишната година и успехот по математика и српски јазик.
Општиот успех на слабовидите ученици на крајот од 1991/92 училишна година изразен со просечна оцена е АС=3,60 (СД=+1,25) што одговара на многу добар успех.

Табела 1: Општиот успех на крајот на годината кај учениците со и без ХКС

 

Недоволен

Добар

Мошне
добар

Одличен

Вкупно

Немаат ХКС

5

8

22

22

57

8.8%

14.0%

38.6%

38.6%

63.3%

Имаат ХКС

8

6

15

4

33

24.2%

18.2%

45.5%

12.1%

36.7%

Вкупно

13

14

37

26

90

14.4%

15.6%

41.1%

28.9%

100%

Х=9.00418                              p=0.29 (ниво 0.003)
С=0.30158 (значително на нивото 0.003)
Слабовидите деца со хиперкинетички синдром оствариле значително послаб успех на крајот од училишната година од слабовидите врсници со хармонично однесување.
Просечната вредност на училишниот успех на крајот од училишната година за група деца со хиперкинетичко однесување изнесува АС=3.14 што одговара на добар успех (СД=+1.34), а просечниот успех на крајот од училишната година кај слабовидите ученици со хармонично однесување изнесува АС=3.87 што му одговара на многу добар успех (СД=+1.12). Оваа разлика статистички е значителна на нивото 0.006 (т-тест).
Успехот по математика на крајот од училишната година е изразен со просечна оценка АС=3.09  (СД=+1.25) што му одговара на добриот успех. Додека учениците со хиперкинетички синдром постигаат просечна оцена АС=2.73 со стандардна девијација СД=+1.23, нивните врсници со хармонично однесување постигаат просечна оцена АС=3.30 (СД=+1.22). Оваа разлика е статистички значајна на ниво 0.04.
Успехот по српски јазик на крајот од училишната година изразен со просечна оцена е АС=3.23 (СД=+1.30) што му одговара на добриот успех. Разликата помеѓу просечните оцени по српски јазик кај хиперкинетичките деца и кај децата со хармонично однесување е мошне изразена. Додека учениците со хиперкинетички синдром постигаат просечна оцена АС=2.64 (СД=+1.27), нивните врсници со хармонично однесување постигаат просечна оцена АС=3.58 (СД=+1.25).
Во истражувањата на овој автор е утврдено дека училишниот успех на крајот од годината на учениците со лабилно внимание е значително полош од успехот на учениците со добро внимание (Табела 2).

Табела 2: Успехот на крајот од училишната година на слабовидите ученици со добро и со лошо внимание.

 

Недоволен

Добар

Мошне добар

Одличен

Вкупно

Добро внимание

2

6

22

22

52

3.8%

11.5%

42.3%

42.3%

57.8%

Лошо внимание

11

8

15

4

38

28.9%

21%

39.5%

10.5%

42.2%

Вкупно

13

14

37

26

90

14.4%

15.6%

41.1%

28.9%

 

Вкупно

13

14

37

26

90

14.4%

15.6%

41.1%

28.9%

 

 
Х=18.57401
С=0.41361 (значителен на нивото 0.001)
Просечниот успех на учениците со слабо внимание изнесува АС=2.93 (СД=+1.35), што одговара на добар успех. Просечниот успех на учениците што немаат растројство на вниманието изнесува АС=4.09 (СД=+0.91), што му одговара на многу добар успех. Разликата е значителна на ниво 0.001 (т-тест).
Слабовидите ученици со лошо внимание покажаа значителен послаб успех по српски јазик од учениците со добро внимание. Просечната оцена по српски јазик за децата со лабилно внимание АС=2.42 (СД=+1.08), што е значително послаба од децата со стабилно внимание АС=3.83 (СД=+1.11). Оваа разлика е значителна на нивото 0.001 (т-тест).
Успехот на слабовидите ученици со лошо внимание е значително послаб во однос на успехот на учениците со добро внимание и кога е во прашање математиката. Просечната оцена по математика за групата ученици со нарушено внимание АС=2.50 (СД=+1.20), што е мошне полоша од просечната оцена АС=3.52 (СД=+1.11) кај учениците без нарушено внимание. Добиената разлика е значителна на нивото 0.001 (т-тест).
Училишниот успех на крајот на учебанта година кај учениците со зголемена импулсивност е значително полош од успехот кај учениците без импулсивност (Табела 3).


Табела 3: Успехот на крајот од училишната година на слабовидите ученици со и без зголемена импулсивност

 

Недоволен

Добар

Многу добар

Одличен

Вкупно

Не е зголемена

2

6

22

22

52

3.8%

11.5%

42.3%

42.3%

57.8%

Зголемена импулсивност

7

6

14

4

31

22.6%

19.4%

45.2%

12.9%

34.4%

Вкупно

13

14

37

26

90

14.4%

15.1%

41.1%

28.9%

100%

X=6.97762
C=0.26824 (значителна на нивото 0.009)
Просечниот успех кај учениците со нарушена импулсивност изнесува АС=3.16 (СД=+1.29), што одговара на многу добар успех. Просечниот успех на учениците без нарушена импулсивност изнесува АС=3.83 (СД=+1.18), што му одговара на добриот успех. Разликата е значителна на нивото 0.01 (т-тест).
Просечната оцена по српскиот јазик за импулсивните деца изнесува АС=2.58 (СД=+1.12), што е значително послаба од просечната оцена на неимпулсивните ученици-АС=3.58 (СД=+1.26). Оваа разлика е значителна на нивото 0.001 (т-тест).
Просечната оцена по математика на импулсивните ученици изнесува АС=2.77 (СД=+1.28), а просечната оцена на неимпулсивните ученици - АС=3.25 (СД=+1.21).
Училишниот успех на крајот од годината на учениците со хиперактивност значително е полош од успехот на учениците без хиперактивност (Табела 4).

Табела 4: Успехот на крајот од училишната година на слабовидите ученици со и без хиперактивност

 

Недоволен

Добар

Многу добар

Одличен

Вкупно

Не се хиперактивни

6

9

23

23

61

9.8%

14.8%

37.7%

37.7%

67.8%

Хиперактивни

7

5

14

3

29

24.1%

17.2%

48.3%

10.3%

32.2%

Вкупно

1

14

37

26

90

14.4%

15.6%

41.1%

28.9%

100%

X=8.48898

C=0.29359 (значителна на нивото 0.006)
Просечниот успех на хиперактивните ученици изнесува АС=3.14 (СД=+1.33), што му одговара на добриот успех. Просечниот успех на ученикот без суперактивност изнесува АС=3.82 (СД=+1.16), што му одговара на мошне добриот успех. Разликата е значителна на нивото 0.02 (т-тест).
Просечната оцена по српскиот јазик за хиперактивната група ученици изнесува АС=2.55 (СД=+1.12), што е значително послаба од просечната оцена на учениците што не се хиперактивни-АС=3.56 (СД=+1.26). Оваа разлика е значителна на нивото 0.001 (т-тест).
Просечната оцена по математика за хипеактивната група ученици изнесува АС=2.65 (СД=+1.26) што е значително послаба од просечната оцена на учениците што не се хиперактивни-АС= 3.29 (СД=+1.20). Оваа разлика е значителна на нивото 0.002 (Т-Тест).
Во рамките на анализата на активниот и пасивниот речник на слепите и слабовидите ученици на основноучилишна возраст Вучиниќ врши корелација на богатството на пасивниот и на богатството на активниот речник (сите зборови употребени во слободните пишани состави-тековните зборови, различните зборови и зборовите со фрекфенција еден) со општ успех и оцена по српски јазик (Табела 5).

Табела 5: Корелација на богатството на пасивниот и активниот речник со општ училишен успех и оцена по српски јазик

Варијабли

Корелација

Значителност

Пасивен речник-општ училишен успех

P=+10,17

Не е значително

Пасивен речник-оцена по српски јазик

P=+0,15

Не е значително

Тековни зборови-општ училишен успех

P=+0,06

Не е значително

Тековни зборови-оцена по српски јазик

P=+0,08

Не е значително

Различни зборови-општ училишен успех

P=+0,09

Не е значително

Различни зборови-оцена по српски јазик

P=+0,5

Не е значително

Зборови Ф=1-општ училишен успех

P=+0,09

Не е значително

Зборови Ф=1-оцена по српски јазик

P=+0,08

Не е значително

                Со примената на постапката за пресметување на значењето на коефициентната корелација (Пирсонов коефициент на линеарната корелација од суровите податоци) се дошло до заклучок дека ниту богатството на пасивниот ниту на активниот речник не се значително статистички поврзани со општиот училишен успех и со оцената по српски јазик на слабовидите ученици.
Во истражувањето Стојковиќ (1996) е утврден односот на визуелно-моторната координација околу-рацете и училишниот успех (Табела 6).

Табела 6: Визуелно-моторната координација околу-рацете и општиот успех

 

Задоволува

Не задоволува

Вкупно

9-16

8-12

 

Општ успех

Број

%

Број

%

Број

%

Одличен

9

22.5

6

15

15

37.5

Многу добар

10

25

6

15

16

40

Добар

/

/

8

20

8

20

Доволен

1

2.5

/

/

1

2.5

Недоволен

/

/

/

/

/

/

Вкупно

20

50

20

50

40

100

                                        
Според прикажаните резултати најмногу слабовиди ученици постигаат одличен резултат и многу добар успех а најмалку добар и доволен. Треба да се нагласи дека најголем број одлични и многу добри ученици постигнуваат задоволителен успех на визуелниот тест.
Страхињевиќ (1996) го утврдува односот на зрелоста на ракописот на слобовидите ученици од постарата основноучилишна возраст и успехот во училиштето (Табела 7).

Табела 7: Зрелоста на ракописот во однос на училишниот  успех

 

Заостанува за една и повеќе години

На возраста

Над возраста

Вкупно

Број

%

Број

%

Број

%

Број

%

Одличен

3

6

7

14

5

10

15

30

Многу добар

3

6

5

10

3

6

11

22

Добар

13

26

3

6

2

4

18

36

Доволен

5

10

1

2

/

/

6

12

Вкупно

24

48

16

32

10

20

50

100

                Од овој табеларен приказ се гледа дека зрелоста на ракописот се наоѓа во значителна корелација со училишниот успех на слабовидите ученици.      

Дискусија и заклучок

                Кога ќе ги анализираме  податоците што се однесуваат на општиот успех, и на успехот во одделните наставни предмети и тоа: во математиката и српскиот јазик, внатре во стратумот на децата со и без хиперкинетичко однесување, можеме да заклучиме дека слбовидите ученици со хиперкинетичко однесување ги постигаат сите три случаи со значително послаби резултати.
Учениците со хармоничното однесување во просек постигаат многу добар успех, а хиперкинетичките добар успех. Помеѓу училишниот успех и хиперкинетичкиот синдром постои значителна негативна корелација (р=0.29). Истиот однос многу добар и добар постои и кога е во прашање успехот по српски јазик и по математика (р=0.35; р=0.22). Најголемата разлика помеѓу слабовидите деца со и без хиперкинетичко однесување е добиена во поглед на успехот по српски јазик (Ешкировиќ, 1996).  
Податоците за училишниот успех на хиперкинетичките слабовиди деца можат да се споредуваат со резултатите до кои дошле Савановиќ и групата автори (1990) кога по примената на прашалникот “Промена на однесувањето на детето во училиштето на примерот од 262 ученици од општата популација, утврдиле дека децата со хиперкинетичко однесување постигаат значително полош успех во училиштето  од врсниците со хармонично однесување.
Што се однесува на негативното влијание на лабилноста на вниманието, на зголемената импулсивност и на хиперактивноста на училишниот успех најголемата разлика во училишниот успех била меѓу групите на слабовидите ученици со и без лабилно внимание (општ успех р=-0.45; српски јазик р=-0.37; математика р=-0.18) како и за хиперактивноста (општ успех р=-0.26; српски јазик р=-0.36; математика р=-0.24). Значи лабилното и краткотрајното внимание има најголемо влијание врз лошиот успех во училиштето  на слабовидите ученици (Ешкировиќ, 1996).
Во тифлопедагошката литература често се истакнува присуството на лабилноста на вниманието кај слабовидите деца, но ова растројство не го разгледува во доволна мера во рамките на хиперкинетичкиот синдром. Авторите што се занимаваат со проучување на хиперкинетичкиот синдром истакнуваат дека меѓу одликите на овој синдром најголемо влијанние врз успехот во училиштето има токму лабилното влијание (Ешкировиќ, 1996, Земцова, 1975).
Ниските корелации, меѓу успехот во училиштето и оцената по српски јазик со богатство на активниот и на пасивниот речник, покажани во наведеното истражување, укажуваат на потребата од пообемни истражувања на оваа тема. Со оглед на тоа што речникот на учениците во голема мера се обликува во наставниот процес и што претставува мошне важен фактор за успешноста воопшто, неопходно е низ натамошните истражувања да се разгледа влијанието на наставното градиво и на учебниците врз богатењето на детскиот речник.
Утврдувањето на значителната корелација визуо-моторната координација околу-рацете е особено значајно кога се има предвид фактот дека истражувањето на Дикиќ (1988) укажува дека слабовидите ученици токму на субтестот на координацијата околу-рацете. На тестот на развојот на визуелната перцепција покажуваат најниски резултати.
Кога се има предвид високата зачестеностна дисграфијата кај слабовидите ученици посебна тежина добива утврдувањето на статистички значителната корелација на зрелоста на ракописот на оваа популација од постарата основнаучилишна возраст и на успехот во училиштето.
Завршувајќи го овој труд можеме да констатираме дека врз училишниот успех на слабовидите ученици значително влијание имаат, покрај добро познатите фактори (интелектуалното ниво, специфичните растројства на учењето, емоционалните и невротските растројства, културната депривација) и интезитетот на хиперкинетичкото однесување како и неговите одлики: лабилноста на вниманието, импулсивноста и хиперактивноста. Значително влијание врз успехот во училиштето на слабовидите ученици имаат и визуелно-моторната координација околу-рацете и зрелоста на ракописот.

ЛИТЕРАТУРА

  1. Вучинић, В., Анализа активног и пасивног речника ученика оштеÊеног вида основногшколског узраста, Магистарска теза, Универзитет у Београду, Дефектолошки факултет, 1994.
  2. Дикић, С., Специфичности визуелног опажања слабовидних ученика, Научна књига, Београд, 1988.
  3. Ешкировић, Б., Хиперкинетичко понашање и успех у школи слабовиде деце основошколског узраста, Дефектолошки факултет, Београд, 1996.
  4. Земцова, М. И., Слабовиди ученици, СДДЈ, Београд, 1975.
  5. Кос-Микуш, А., Неуспех у школи неуротичког типа, Психијатрије данас, 2-3, Завод за ментално здравље, Београд, 1977.
  6. Педагошка енциклопедија, У редакцији др. Николе Поткоњака и др. Петре Шимлеше, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1989.
  7. Савановић В., Савановић Љ., Бојанин С., Процена понашања деце узраста од 8-11.5 година у сврху епидемиолошког истраживања, психијатрија данас, 22/2, Београд, 1990.
  8. Стојовић М., Развој визуелне перцепције визуелно моторне координације, дипломски рад, Дефектолошки Факултет, Београд, 1996.
  9. Страхињевић В., Процена зрелости рукописа слабовидих ученика старијег основношколског узраста, Дипломски рад, Дефектолошки факултет, Београд, 1996.
  10. Ћордић А., Бојанин С., Општа дефектолошка дијагностика, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1992.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in