JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3429
Елизабет СОЛТИРОВА, Даниела ДИМИТРОВА
СТАНИКА ДИКИЌ:
“ТИФЛОЛОГИЈА”
Во новиот учебник од д-р Станика Дикиќ, I издание од Дефектолошкиот факултет во Белград се дадени основните знаења од тифлологијата, која сe повеќе се развива и продлабочува низ тифлолошките научни дисциплини, како што се: тифлопедагогијата, психологијата на слепите и слабовидните деца, методиката на едукативната тифлологија, методиката на клиничката тифлологија, професионалната ориентација на лицата со оштетен вид, тифлолошката дијагностика и перипатологијата.
Овој учебник содржи шест поглавија, напишани на 211 страници и тоа:
- Тифлологија;
- Слабовидност и слепило;
- Тифлолошка рехабилитација;
- Проблеми на визуелната перцепција;
- Тифлолошка дијагностика;
- Осовременување и усовршување на тифлологијата.
Во првото поглавје, авторот го дефинира поимот и предметот на изучувањето на тифлологијата, целите, задачите и поврзаноста на оваа наука со другите научни дисциплини.
Во второто најобемно поглавје, се разгледува проблемот на слабовидноста и слепилото, карактеристиката на децата со оштетен вид и фреквенцијата на слабовидноста во основношколската популација. Авторот истакнува дека во медицинскиот третман на лицата со оштетен вид што подразбира превенција, соодветно лекување и определени аспекти на рехабилитацијата на видот е потребна тимска работа на стручни лица од различен профил.
Во третото поглавје, покрај значењето на видната функција и отстапувањето на развојот на децата со оштетен вид, авторот дава план и програма за воспитно-образовната работа и корективната работа со децата со оштетен вид во предучлишните установи, како и план и програма за специјалната воспитно-образовна работа во основните училишта. Во ова поглавје е истакната потребата за тифлолошка рехабилитација на подоцна ослепените лица, како и обука на членовите на потесното семејство.
Во четвртото поглавје од учебникот на д-р Станика Дикиќ се презентирани проблемите на перцепцијата како психички процес, перцептивната организација, визуелната перцепција, тешкотиите во визуелната перцепција и видовите на визуелна перцепција: перцепција на просторот, на обликот, перцепција на слики. Авторот укажува дека перцепцијата се стекнува со учење и искуство, што е значајно и треба да се искористи во воспитно-образовната работа со деца со оштетен вид (слабовидни и практично слепи деца), овие сознанија се важни за примена на илустративните наставни средства, со кои се конкретизираат деталите од наставниот процес и се прошируваат границите и димензиите на неговата очигледност. Понатаму, авторот посебно се осврнува врз истражувањето за перцепција на текстот, затоа што слабовидните ученици имаат изразени тешкотии во читањето. Од големо значење е техничко-дидактичката адаптација на учебниците за слабовидни ученици.
Во петтото поглавје е даден приказ на истражувањето за специфичностите на визуелната перцепција на текстот и слики кај разните видови и степени на оштетување на видот. Авторот заклучува дека испитувањето на визуелната перцепција покажало дека таа способност кај визуелно оштетените деца е поврзана со: острината на видот, видното поле, клиничкиот облик на оштетувањето на видот, способноста за разликување на боите, интелектуалниот развој и возраста на учениците.
Во шестото поглавје, авторот ја нагласува улогата на специјализираните училници во работата со децата со оштетен вид, односно хендикепираните деца. За успешното конципирање и уредување на специјализираните училници за работа со учениците со тешкотии во развојот зависи, пред сe, од теоретската поставеност и практичното решение на: одликите на специјализираните училници, на подготовката за работа во специјализираните училници, како и на организацијата, функцијата и наставниот ефект на специјализираните училници. Во продолжението, авторот ги дава теоретските основи на колорниот вид и неговото значење во едукацијата на децата со визуелно оштетување.
Детално се дадени карактеристиките и начинот на користењето на компјутерите за слепи и слабовиди ученици.
Основните знаења од Тифлологијата што се дадени во овој учебник може да им користат, како на студентите така и на други лица кој на било кој начин се сретнуваат со лица со оштетен вид.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE