Ристо ПЕТРОВ

 

одржана регионална конференција во Благоевград со мото

НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ-ПАРТНЕРИ ВО
СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА

                Воспоставената соработка на ниво на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје со Медико-педагошкиот факултет во Благоевград и со соодветни установи за третман на деца и младинци со пречки во развојот, беше повод Институтот за дефектологија да биде поканет на регионална Конференција во Благоевград.
Организатори на Конференцијата, која се одржа на 29 и 30 ноември 1997 година под мотото “невладини организации-партнери во социјалната политика” беа:

  • Друштвото за помош на ментално ретардирани лица,
  • Центарот за дневен престој,
  • Медико-педагошкиот факултет, сите од Благоевград и
  • Проектот на ЕС “НИКВА”, по програмата ФАР.

На Конференцијата учествуваа преставници од невладини организации, родители, службите за социјална заштита, Универзитетот “Неофит Рилски”, психијатрискиот диспанзер, посебното основно училиште од Благоевград и од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет од Скопје.
На првиот ден од Конференцијата се расправаше за: невладините организации и реформата во социјалната сфера во Бугарија, за службите за работа со ментално ретардирани деца низ погледот на еден родител, за партнерството меѓу родителите, стручните работници и ментално ретардираните лица итн.
Вториот ден беше организирана посета на Центарот за дневен престој во Благоевград, и се продолжи со дискусија за потребата од отворање на вакви центри и во другите градови од југо-западна Бугарија, чии преставници учествуваа на Конференцијата.
Од Институтот за дефектологија на Конференцијата учествуваа проф. д-р Љупчо Ајдински и доц. д-р Ристо Петров, кои зедоа активно учество и првиот и вториот ден од Конференцијата, изнесувајќи свои ставови по наведените теми, а едновремено презентирајќи ја состојбата по наведените прашања во Р. Македонија. Интересот за излагањата на професорите од Институтот за дефектологија беше голем-со кратко излагање настапија на ТВ и радио Благоевград.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in