JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5299
Катерина КАРАЏОВА
ТЕРАПЕВТСКИОТ ЕФЕКТ НА ОРГАНИЗИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ КАЈ ДЕЦАТА СО ПСИХИЧКИ РАСТРОЈСТВА
ВО ПРЕДУЧИЛИШНАТА ВОЗРАСТ
Теоретските и експериментални истражувања во областа на психофизиологијата и специјалната психологија го покажуваат систематскиот карактер на растројствата во психичките функции кај децата со психофизички растројства.
Установено е дека постојат две функционални состојби на мозокот: мир и психолошка активност. Теоретска основа на тие функционални состојби е концепцијата за улогата на неспецифичните фактори за реализирањето на психичките процеси. Според таа концепција неспецифичната активност на целиот мозок или на одделни негови делови ги придружува сите видови психичка дејност. Тоа го прави возможно активирањето на определена психичка дејност преку друга.
Од психолошки аспект, проблемот за активностите на децата со интелектуални недостатоци се сврзува со следното:
- Возможностите за ориентации;
- Нивниот однос кон тешкотиите;
- Нивниот однос кон добиените резултати;
Постојат резултати што покажуваат дека способностите за ориентација се променуваат непрестајно. Во раните етапи на развојот детето не умее да се ориентира во ситуацијата по определена говорна инструкција. Неговите способности за ориентација имаат претежно надгледувачки карактер.
Показател за интелектуалниот развој на децата е нивниот однос кон тешкотиите. Установено е дека при контакт со тешкотиите кај децата со интелектуален недостаток не се појавува желба за нивно совладување. Тие или го променуваат тешкото за нив дејствување или ако дејствата сî повеќе, се откажуваат од решавањето на задачата.
Кон резултатите од својата дејност ментално ретадираните се однесуваат некритички. Содржината и реалното значење на резултатите не ги интересира.
Знаејќи од психолошката интерпретација за дејноста ги проучивме можностите, како што ги предлага таа за активирање на ментално ретардираните. Тие возможности се појавуваат во три насоки:
- Формирање на навики и стекнување знаења од практичниот живот;
- Создавање способности за невербална комуникација;
- Развој на говорот.
При формирањето на животните знаења и навики, акцентот се поставува врз продолжителноста на процедурите и повторливоста на елементите што ги составуваат тие знаења и навики. По силата на својата моторна недоразвиеност, децата со интелектуален дефицит го извршуваат мошне тешко сî што е сврзано со појавата на движечката активност. Кај нив недостасува планирање. Нивната дејност е исшарана со манипулации и неадекватни дејствувања. Мисловната инертност ги води до искористувањето на едни и исти способности за дејствување, независно од видот и сложеноста поставената задача. Моментот на испробување и барање на варијации недостасува. Животните знаења и навики сврзани со самопослужувањето, ориентирањето и движењето од едно место на друго се усвојуваат бавно и тешко. Намалената работоспособност, недостатокот на концентрација, нарушената аналитичко-синтетичка дејност и памет го усложнуваат дополнително тој процес.
Во семејството движечката активност кај ментално ретардираните деца не се стимулира. Во желбата да бидат максимално полезни за своите деца, родителите ги служат целосно. На тој начин тие ги лишуваат од најважната животна школа-школата на предметните дејствувања. Во специјализираните детски градинки децата се учат на многу нешта. Во процесот всушност секојдневните занимања со нив се извршува трансформација на манипулативните и неадекватни дејствувања во предметни. За жал бројот на детските градинки за деца со ментална ретардираност е мошне ограничен. Така што формирањето на некои животни знаења и навики кај ментално ретардираните деца во Бугарија станува во предучилишниот период.
Појавата на движечка активност е искористувањето на гестови кај невербалната комуникација. Во предучилишната возраст ментално ретардираните деца често не можат да ги изразат своите мисли и чувства вербално. Во тие случаи тие усниот збор го потпомагат со гестови. Искористуваните гестови на таа возраст се опишани. Тие најчесто се сврзуват со надворешниот вид на предметот или со неговата функција. Лицевите изрази (мимиката) додаваат емоционален полнеж на збор продукција. Во некои земји како Англија, Ирска и други невербалните комуникативни гестови се искористуваат како помошно средство при обучувањето на тие деца. Во Бугарија недостасуваат системни занимања со децата по гест и мимика. Но на многу места луѓето кои работат во детските градинки и почетниот курс на помошното училиште нашле погодни способности за невербална комуникација.
Развитокот на зборот се извршува во многу тесна врска со развитокот на дејството. Тоа е одраз на врската помеѓу движечкиот и зборливиот центар во кората на главниот мозок. Ете зошто децата со алалиен синдром (недостаток на збор), меропријатијата за развитокот на зборот започнува со активирање на движечката активност.
Препораки кон луѓето што работат со ментално ретардирани деца во предучилишна возраст:
- Да ја развиваат секојдневно движечката активност на децата;
- Да формираат кај децата навики за планирање;
- Да создават кај децата готовност за извршување на започнатата работа и желба да се борат со нивните тешкотии;
- Да формираат кај нив знаења и навики, сврзани со самопослужувањето;
- Да создаваат способности за пренос на усвоените порано знаења и навики во нови ситуации;
- Говорната инструкција да се искористува разумно и по мера;
- Да го потпомагаат трансформирањето на манипулативните дејности во предметни.
Сето тоа ќе потпомогне за создавањето кај тие деца на предметна дејност, која за различните возрасти е исполнета со различна содржина.
ЛИТЕРАТУРА
- Пинскиј Б. И.: Психологија на трудовите активности во помошните училишта, М. 1997
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE