JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4255
М. МИХОВ, А. ЈОВКОВА, Н. МИТОВА, Д. СЕДЕЛЧАКОВА
СОЦИЈАЛНАТА АДАПТАЦИЈА НА ДЕЦАТА ОД ДОМОТ “МАЈКА И ДЕТЕ”
Социјалната адаптација е способност на човекот да го пренаменува адекватно однесувањето при нови неочекувани општествени побарувања.
Социјализацијата на индивидуата е сложен, долготраен и многустран процес што тече под влијанието на многу фактори-социјалната средина, семејството, училишните врсници и друго.
Во Бугарија растат десетина илјади деца во социјалните домови. Домот “Мајка и дете”, интернатите за деца и средношколци со девијантно однесување, детските градинки за деца со психички и физички пречки, работно-воспитувачки училишта и друго. Сите тие не се ниту болни ниту навредени, но сите тие страдаат од “сирачка болест". Самата социјална ситуација-дете без родители-ја депримира детската психа.
Недостатокот на родителска грижа ги лишува тие деца од микроструктурата на социјалните заемни односи предназначена да му даде на детето модел за социјално однесување.
Целта на ова истражување беше да се проучи динамиката, структурата на контигентите и возможностите за социјална адаптација на децата, одгледувани во Домот "Мајка и дете".
Објект на истражувањето се децата одгледувани во Домот "Мајка и дете"-Благоевград, во десетгодишен период (1986-1995).
Во процесот на проучувањето беа направени следните истражувања:
- Проучена е динамиката во структурата на контигентите на Домот "Мајка и дете"-Благоевград, за период од 1986 до 1995 година;
- Проучени се социјалните аспекти во дејностите на Домот "Мајка и дете"-Благоевград;
- Истражуван е нервно-психичкиот развиток на децата одгледувани во Домот "Мајка и дете" а кои потоа се усвоени.
За периодот од 1986 до 1995 година во Домот "Мајка и дете"-Благоевград, се одгледувани како вонбрачни, така и брачни деца.
Резултатите покажуваат дека за тој период за одгледување се пристигнати општо 623 брачни деца, од кои 555 (89%) се оставени уште во почетокот за посвојување. Од нив посвоени се 473 (85.2%). 28 (5.9%) се земени од родителите, 54.9 (9.7%) се останати во Домот за одгледување и 3 (06%) умреле.
Од табелата се гледа дека бројот на вонбрачни деца, пристигнати во Домот "Мајка и дете"-Благоевград, во 1987-1990 е значително висок и варира меѓу 70-80 деца годишно.
За приодот од 1991 до 1995 година се установува значително намалување на контингентот-помеѓу 45-60 деца.
Процентот на посвоените вонбрачни деца оставени за посвојување е значително висок. За целиот период на истражување тој варира во рамките од 82 до 90%.
Резултатите од Таб. 2 покажуваат дека за периодот од 1986 до 1995 година пристигнале за одгледување 365 деца. Од нив 50 (13.6%) се оставени за посвојување уште при пристигнувањето, а 315 (86.3%) се оставени за натамошно одгледување. Од оставените за посвојување деца 39 (78%) се посвоени, 4 (8%) се земени од своите родители, 7 (14%) се останати во Домот за одгледување. Од оставените за одгледување 315 деца, 181 (57.4%) се земени од своите родители, 15 (4.7%) по дополнителна спогодба се посвоени. Другите во Домот од таа група деца се 119 (37.7%), а умреле 32 (10.1%).
Бројот на брачните деца пристигнати во Домот "Мајка и дете"-Благоевград во периодот 1986-1988 е најголем од целиот 10-годишен период и варира во границите меѓу 56-42 деца годишно.
За периодот 1989-1993 година се забележува значително намалување помеѓу 39-23 деца. Во периодот 1994-1995 година бројот на примените брачни деца во Домот "Мајка и дете"-Благоевград се зголемува.
Процентот на посвоените брачни деца оставени за посвојување е значително висок и тој од 12988 до 1993 година достига до 100%.
Од останатите за одгледување 119 деца за периодот 1986-1995 година-45 (37.8%) се со малформации. Тоа е една од причините општиот број беачни деца оставено во Домот "Мајка и дете"-Благоевград за одгледување кои не се земени од своите родители да биде толку голем. Највисок е тој процент-50% во 1993 година.
Истражувајќи ги можностите за социјализација на децата одгледувани во Домот "Мајка и дете"-Благоевград и децата кои потоа се посвоени, се установи следното:
Испитуван е нервно-психичкиот развиток за практички здрави деца од Домот "Мајка и дете"-Благоевград на возраст од 0-3 години. Посвоените деца-8 на број се испитувани по посвојувањето. Оценката на нервно-психичкиот развиток е направена според КОР.
|
|
КОР = |
Психичка возраст |
* 100 |
|
|
Календарска возраст |
Од табелата 3 и 4 се гледа дека нервно-психичкиот развиток на децата од 0-4-та недела е во рамките на нормалата. Заостанувањето започнува по 4-та недела. Процентот на децата со граничен развиток КОР-70-80% е највисок за време на 44-та недела (27.6%), а за време на 52-та недела (24%).
По 44-та недела резултатите покажуваат нагло зголемување на бројот на децата со нормален развиток со КОР-90-100%.
Од посвоените деца на возраст од 16 медели, 80% се со КОР-90-100 и 20% со КОР-80-90%.
Уште во периодот од 20-36-та недела соте посвоени деца покажуваат нормален развиток со резултати на КОР-90-100%.
Размислување
Нашето истражување покажува дека Домот "Мајка и дете" ја реализира својата социјална дејност како врска што ги прима заостанатите и малформативни деца и има гарантира социјална сигурност до моментот, додека тие деца не бидат посвоени.
Фактот дека процентот на оставените за посвојување деца е доста висок ја определува значајноста на тие социјални функции на Домот "Мајка и дете". На таа етапа улогата на Домот "Мајка и дете" во таа насока не е исцрпена, напротив во последните години се забележува намалување на контигентите на тој Дом.
Другата по значење социјална улога на Домот "Мајка и дете" е одгледувањето на децата до нивното земање или до нивното посвојување. На тој начин се потпомагаат социјално слабите семејства и се намалува ризикот за одгледувањето деца. Тие се враќаат во нивните семејства во оној момент, кога се пребродени семејните проблеми.
Следната не помалку важна социјална функција на установите од типот Домот "Мајка и дете" е одгледувањето на деца со малформации. И макар што процентот на починатите деца со малформации е голем засега Домот "Мајка и дете" е единственото место каде што тоа одгледување е далеку поперспективно од нивното одгледување по своите домови.
Наоди
- Процентот на оставените за посвојување вонбрачни деца варира во границите од 83 до 96.7%;
- Процентот на посвоените од оставените за посвојување вонбрачни деца е висок (од 82 до 96%);
- Бројот на одгледуваните брачни деца за 10-годишниот период е 365. Од нив 13.6% се посвоени, 86.3% се земени од родителите, а 10.3% починале;
- Значителен дел-37.8% од оставените за одгледување брачни деца неземени од родителите се со малформации;
- Децата одгледувани во Домот "Мајка и дете" не покажуваат промени во нервно-психичкиот развиток за време на првите 4 недели. Заостанувањето започнува по 8-та недела кога и се забележуваат колебања во резултатите на КОР;
- Децата одгледувани во Домот "Мајка и дете" кои потоа се посвоени, покажуваат израмнување на показателите според КОР-(90-100%) со своите врсници, одгледувани во семејна атмосфера.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE