JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5928
Виолета МИРАКОВСКА
АНАЛИЗА НА ОПФАТЕНОСТ НА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО ГОВОРНИОТ РАЗВИТОК СО ЛОГОПЕДСКИ ТРЕТМАН ВО ПРЕДУЧИЛИШНИОТ ПЕРИОД
Покрај оштетувањето на слухот, постојат и други фактори кои доведуваат до попречување на говорниот развиток. Попознати се: раното оштетување на централниот нервен систем, аномалии на говорните органи, лоши функционални навики, неадекватен говорен модел на средината и некои наследни особини. Попреченоста најчесто настанува до петтата-шестата година, во физиолошки најоптималниот период за говорниот развиток. Во овој развоен период се појавуваат првите зборови, артикулацијата скоро на сите говорни елементи е оформена, постепено се збогатува детскиот речник, реченицата се проширува, а се формираат и граматичките категории.
Бројот на децата со говорни попречености во овој развоен период е најголем. Него го сочинуваат деца што имаат: неразвиен говор или задоцнет говорен развој, отстапувања во однос на артикулацијата на гласовите, отстапувања во однос на ритамот и темпото, развојни дисфонии и комбинирани говорни попречености.
Последиците по развојот на личноста на детето зависат од видот и степенот на попреченоста и возраста на која се појавила, а се манифестираат на социјален, едукативен и психички план. Социјалната комуникација е ограничена, едукацијата отежната, а психичкиот развиток забавен.
За да се спречат или да се ублажат последиците, потребно е навремено забележување на сите отстапувања во говорниот развиток уште во времето на нивното настанување и преземање на соодветни рехабилитациски мерки. Преку рехабилитацискиот третман, покрај говорната корекција е потребно да се обезбеди целосна рехабилитација на личноста на детето, а на некој начин и на потесната социјална средина што комуницира со него-родителите, најблиските, воспитниот персонал во предучилишните установи и др.
Детето со говорни проблеми е потребно подготвено, заедно со неговите врсници да го започне воспитно-образовниот процес. Затоа предучилишниот период најрационално треба да се искористи за стимулирање на говорниот развиток, отстранување и корекција на говорните неправилности. Стручно, најодговорни се логопедските служби во соработка со воспитниот, медицинскиот и другиот персонал што е поврзан со развојот и животот на детето.
Логопедскиот третман во споредба со третманот на другите видови на попречености кај децата од предучилишна возраст, влегува во редот на најзастапените. Покрај двете специјализирани установи-”Заводот за рехабилитација на слух говор и глас-Скопје” и “Завод за рехабилитација на слух говор и глас-Битола”, постојат и неколку логопедски амбуланти во градовите во внатрешноста-Велес, Кавадарци, Штип, Прилеп, Кочани, Неготино, што работат како истурени единици на двете установи или пак како логопедски амбуланти при медицинските центри.
За да се добие попрегледна слика за опфатеноста на децата што имаат говорни проблеми со логопедски третман, во “Заводот за рехабилитација на слух говор и глас-Скопје” е направена анализа за временски период од три години-1993, 1994, 1995 год. Податоците се внесени во две табели.
Oд неа се гледа дека бројот на логопедски третирани деца, преку трите облици на третман-стационарен, полустационарен и амбулантски, за сите три години е скоро идентичен и се движи од 210 до 224 деца годишно. Карактеристично е што повеќе се евиндетирани машки деца. Соодносот е два спрема еден во корист на машките. Најзастапен облик на третман е патронажно-амбулантскиот што се спроведува во предучилишните установи. Преку него се третирани 1547 деца.
Податоците за возраста на децата при започнувањето со логопедски третман се дадени во табела 2.
Бројот на логопедски третираните деца до тригодишна возраст, за три календарски години е релативно мал-14 деца. Него го сочинуваат деца што имаат неразвиен говор и тоа како резултат на повеќе попречености во нивниот развој. Паралелно со зголемувањето на хронолошката возраст на децата, се зголемува и бројот на опфатеноста. Тој е највисок на возраст од 5-6 и од 6-7 години и изнесува 2/3 од вкупниот број. Ако се додаде и патронажниот третман околу 90% од децата опфатени со анализата биле на возраст од 5-7 години.
Од ова може да се извлече заклучок дека со приближувањето на времето за поаѓање во училиште, се зголемува и интересот на родителите за состојбата со говорот кај нивните деца. За некои говорни попречености тоа е доцна, како на пример за алалијата, развојната дисфазија, пелтечењето и некои артикулативни отстапувања. Изгубеното време подоцна тешко се надополнува.
Податоците од анализата упатуваат на два заклучока и тоа:
- Голем број на деца на возраст до седум години што имаат говорни проблеми не се опфатени со логопедски третман
- Кај дел од логопедски третираните деца се губи драгоцено оптимално време пред да се започне со говорна рехбилитација.
Оваа состојба е резултат на ненавременото упатување на децата со пречки во говорниот развиток на рехабилитациски третман.Тие не можат да останат незабележани од социјалната средина, бидејќи вербалниот говор е најзастапено комуникационо средство. Како причини треба да се спомнат и материјалниот статус на семјствата социо-културниот фактор и недоволната информираност на родителите.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE