Љупчо АЈДИНСКИ

 

НЕКОИ АСПЕКТИ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА СПЕЦИЈАЛНОТО И ИНТЕГРАТИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ВО ОПРЕДЕЛЕНИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Според расположливите податоци накусо ќе се осврнеме на определени прашања од областа на законската регулатива за специјалното и интегративното образование во некои Европски земји, каде што било регулирано специјалното образование и за регулираноста на интегративното воспитание и образование на хендикепираните деца (Белгија, Данска, Италија, Хрватска).
1.             Хулпиа Р. (1992)1од Белгија во својот труд “Специјална едукација во Фламанската заедница” дава поширок приказ со соодветни експликации во врска со законодавството во својата земја при што посебно треба да се нагласи следното:
Во 1970 година е донесен Закон за посебно специјално образование според кој специјалниот образовен систем ги опфаќа трите “различни” популации: деца што не можат да ги следат барањата на редовното образование, деца со визуелен или слушен недостаток кои традиционално беа образовани во специјални институции, како и деца со тежок ментален или физички недостаток кои дотогаш не посетувале училиште.
Во овој закон се содржани две основни начела:

  1. Општо правило е детето да го стекнува своето воспитание и образование во редовните училишта, а посетувањето на специјално училиште треба да биде оправдано со широко опфатени испитувања, водени од служба независна од училиштето;
  2. Бидејќи специјалното образование настојува да ги согледа специфичните потреби откриени кај учениците, тоа треба да биде организирано во 8 типови или педагошки поставки, наменети да го обезбедат одговорот кој ќе биде адекватен на определената потреба.

                Во суштина Законот од 1970 година ги одразува потребите од специјално образование од типот 2 а кои се однесуваат на децата со насочен или тежок ментален недостаток.
Инаку според овој Закон за упис на детето во специјално училиште му се потребни да ги добие од соодветните надлежни служби следните документи:

  1. потврда во која треба да стои дека детето не може да има корист од посетувањето на редовното училиште и дека е корисно да посетува специјално училишно организирано образование од типот 10.
  2. документ што ја оправдува оваа потврда што содржи синтеза на психолошките, медицинските, социјалните и на педагошките податоци и испитувањето.

                Треба да се нагласи дека службата има исклучиво советодавен карактер и не може да ги натера родителите детето да го запишат во специјално училиште.
Ако се јави спор меѓу родителите и училиштето специјална комисија интервенира и дава свое мислење. Ако отпорот на родителите за упис на детето во специјално училиште се покажува дека не е во интерес на детето, случајот се предава на суд за младина. Ваквата екстремна состојба е единствена во системот за образованието во Белгија кога родителите го губат правото на избор на училиште за своето дете.
Според структурата на специјалното образование, секое специјално училиште според овој Закон нуди еден или повеќе типови на специјално подучување што му припаѓа на предучилишниот, основниот или средно образовниот степен.
Предучилишниот степен го посетуваат деца од 2,5-6 години, но мораат да бидат задржани на овој степен плус додатни две години. Кај основно-образовниот степен растојанието на години е од 6-13, но некои деца не се примаат во специјалното основно училиште до 7 или 8 години, а некои ќе бидат задржани на овој степен до својата 15-та година.
Кај средношколското образование, обично растојанието на годините е од 13-18 години. Осумнаесет години претставува горна граница кај редовното образование, но многу ученици во специјалното образование остануваат до 21 година. Дваесет и една година е горна старосна граница за цело-полно времено школување, но постојат и определени исклучоци од ова правило.
Покрај сето тоа во законот се вклучени и две интересни определби и тоа:

  • Можноста ученикот што е определен за специјално училиште да може да посетува редовно училиште која посета е полувремена во Фламанската заедница и на определено време во Француската. Но, специјалното училиште е одговорно за надгледување на оваа форма и треба да обезбеди определен третман како на пример говорна терапија или физиотерапија. Дефектологот или терапевтот од специјалното училиште им помага на учителот и на ученикот во редовното одделение. Новиот Закон од 1986 година ги специфицира финансиските услови за интегрираните ученици, но оваа одредба сî уште не стапила во сила. Овој Закон определува двосмисленост во постапката, бидејќи не е јасно дали со ова не се формира и треба да се формира училишна структура. Во Француската заедница се бара детето да биде запишано најпрвин во специјално училиште за да може да ги користи одредбите од Законот.
  • Можноста за подучување дома за деца што имаат тешки медицински проблеми или се неподвижни, како и подучување на деца кои долго време биле задржани во болница или слично.

2.             Данскиот парламент во 1969 година донесол Одлука хендикепираните деца да ја следат наставата заедно со здравите врсници. По неколку години го промениле и школскиот систем што í дава предност на интеграцијата и се воведени 4 облици:

  • специјална настава во редовно одделение со повремена поддршка на додатен учител (дефектолог);
  • специјална настава по определен предмет, надвор од матичното одделение (дополнителна настава);
  • специјална настава во училишната клиника, т.е. во посебен простор (со посебно истакнати воспитни мерки, но од привремен карактер);
  • специјална настава во специјални одделенија (се однесува на целата настава), што е дел од редовното и специјалното училиште;
  • поединечна настава.

                Освен нагласените интегративни интереси (при што посебно внимание им се дава на индивидуалните потреби на ученикот), И. Биондиќ  нагласува дека во Данска и понатаму постојат специјални одделенија и училишта за оние ученици со потешки хендикепи. 1
3.             Во Италија во 1977 година е донесен Закон за единствено основно училиште и сметаат дека секое дете треба да посетува училиште што му е најблиску до неговата куќа. Тој Закон за единствено училиште определува:

  • во редовното одделение каде што има вклучено хендикепирано дете не смее да има повеќе од 20 ученици;
  • во секое такво одделение може да има само две хендикепирани деца;
  • со секое хендикепирано дете мора најмалку 6 часа да работи дефектолог преку неделата, а бројот на децата треба да биде најмногу 4.   Република Хрватска во 1980 година го има донесено таканаречениот “интегративен закон”, односно Закон за основно образование и воспитание со кој се регулираат бројни прашања од интеграцијата на хендикепираните деца во редовното школство, како што се видот и степенот на хендикепираните деца, кои од нив може да се вклучат во редовното образование, облиците на интеграцијата, интегрирањето на програмските содржини, стандарди и нормативи и сл.

5.             Исто така треба да го нагласиме и тоа дека постојните модели за интеграција во одделни земји се воведени со соодветни закони, за да можат успешно да се спроведуваат.

1Hulpia R.: Special Education the Flemish Community, Flanders Report East Europe, Seminar on the Mentally handikapped in Flanders (Belgium) May 1992

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in