Вања МАТАНОВА


ЕМОЦИОНАЛНИТЕ ПРОМЕНИ КАЈ ДЕЦАТА СО ГОВОРНИ НЕДОСТАТОЦИ

 

                Во литературните извори емоционалните промени се делат на две големи групи. Кон првата група се однесуваат квалитативните промени на емоциите-хипертимија, дистимија, еуфорија, дисфорија, страв и апатија. Стравот како емоционална состојба се појавува во различен степен, од лесна тревожност до витална застрашеност.
Во втората група се вклучуваат квалитетно променетите емоции, паратимија, парамимија, емоционална амбивалентност, патолошки афект инконтинентност.
Вл. Иванов предлага друго структуирање на емоционалните промени-група на патолошко зголемени чувства (хипертимија, еуфорија и екстаза), група на патолошко намалени емоции (дистимија и дисфорија, вознемиреност, страв и апатија). Се појавува уште една група емоционални промени што се поврзани со нестабилност и зголемена реактивност. Такви појави се емоционалната лабилност, раздразнета слабост со склоност кон дисфорични гневни афекти.
Мошне често во психолошката литература поимите чувства и емоции се идентификуваат. Вл. Иванов ги определува чувствата како своевидно изживување на нашиот субјективен однос кон објективната реалност изразуван преку степенот на задоволство не на нашите желби и  потреби. Ив. Темков и Ив. Георгиев сметаат дека емоциите се преживувања на човекот што го обојува секое негово восприемање, дејствување, мисла. Емоциите покажуваат големо влијание врз психичкиот живот и практичната дејност на човекот. Според Рубинштајн емоцијата е вид на доживување што има променлив карактер.
Емоционалните процеси заедно со когнитивните и мотивационите се посебен аспект на преработката на информацијата што се однесува најмногу до постигањето или незадоволувањето на потребните претензии и др.
Испитувани се 36 деца во две групи како следува: 20 деца со специфични тешкотии во учењето и 16 деца со невротичент тип на пелтечење. Во првата група, 12 се момчиња и 8 девојчиња, а во втората 10 момчиња и 6 девојчиња. Возраста на децата варира од 9 до 12 години. Сите се школуваат во нормални училишта во Софија. Го искористивме тестот за ситуативна возбуденост на Кондиш, тестот на Хјок, Хес и Шварц за установување на нивото на невротичност и проективната сликовна методика “Омаѓосано семејство”.
Тестот за ситуативна возбуденост е направен врз основа на теоријата дека возбуденоста е вид на емоционална состојба, чија што функција е осигурување на безопасност на самата личност. Според авторот на тестот, возбуденоста која човекот ја испитува во однос на определени ситуации, зависи од неговото негативно емоционално искуство во такви или слични ситуации.
Се добива индекс на возбуденост според формулата:
ИТ=
Добиените резултати се во проценти и се распределуваат во три групи:

  1. Висок степен на возбуденост (над 50%)
  2. Среден степен на возбуденост (од 20 до 50%)
  3. Низок степен на возбуденост (од 0 до 20%)

                Тестот на Хјок, Хес и Шварц е еден вид прашалник за родителите. При постоењето на односните појави се одделуваат три групи деца-веројатно невротични, сомнително невротични и со недостаток на нервоза.
Интерпретацијата на сликовниот тест “Омаѓосано семејство” дава информација за семејното функционирање и семејните интеракции и поврзаните со нив емоционални доживувања на детето.
Анализирањето на тестот за ситуативна возбуденост на Кондиш прави впечаток дека децата со пелтечење пројавуваат чувство на страв и возбуденост. Често пати пројавуваат чувство на страв и тревога, негативизам, поради постојано повторувачките ситуации на неуспех при вербалното комуницирање. Се карактеризираат со неактивниот однос, често се помируваат со проблемите или чекаат нешто или некој да им помогне. Силно го изжувуваат неуспехот, кое нешто се одразува врз формирањето на нивната целосна личност. Во емоционалните односи најчесто доживуваат негативни емоции, поврзани со очекувањето на неодобрување за справување со односната ситуација. Се гледа стереотипност на односот во различни ситуации.
Слични резултати беа добиени и во групата на децата со специфични тешкотии во учењето. Кај нив исто така има висок степен на возбуденост, веројатно обусловен од повторувачкиот неуспех во совладувањето на училишните знаења. Кај нив негативните емоционални појави се поврзани со ситуацијата во училиштето. Во другите ситуации тие пројавуваат позитивни емоции. Имаат реална оценка на ситуацијата и се позитивно ориентирани.
Резултатите од прашалникот на Хјок, Хес и Шварц покажуваат веројатна невротичност кај две третини од групата со нервногично пелтечење. Другите деца од таа група се суспектни за нервоза. Соодносот девојчиња:машки кај веројатно невротичните е 1:3. Најчесто застапените невротични појави се раздразнетоста, плачливоста, стравот од изживување, парамимијата, емоционалната амбивалентност, инконтинентноста. Сите тие појави се однесуваат на квантитативните измени на емоциите.
Кај децата од групата со специфични тешкотии во учењето резултатите од прашалникот на Хјок, Хес и Шварц покажуваат дека 60% од децата се суспектни за нервоза, а кај другите не се забележуваат никакви невротични појави. Соодносот девојчиња:момчиња е 1:2. Најчесто застапените невротични појави во таа група се дистимимијата и апатијата поврзани со училишното функционирање. Тие појави се однесуваат кон квантитивните промени на емоциите.
Анализата на детската слика “Омаѓосано семејство” во групата на деца со пелтечење го покажува почетокот на хиперпротективност од страна на едниот родител, почесто мајката, постојано туторство и власност. Фрустрационата реакција од страна на детето најчесто е изолација и рационализација. Мошне често психолошката клима и семејното функционирање се определуваат од строгата регламентираност и од недостатокот на варијативност меѓу личните интеракции. Момчињата се цртаат самите себе како предмети или воопшто недостасуваат на сликата. Проективната интерпретација зборува за игнорирање и фобилни состојби. Девојчињата се цртаат како цвеќиња со малечки размери и на растојание од родителите, што зборува за самотија и игнорирање.
Резултатите од групата деца со специфични тешкотии во учењето посочуваат игнорирање само во еден изолиран случај. Карактеристично е дека децата цртаат насмевнати лица, т.е. неполно омаѓосување. Сликите како целост зборуваат за значително добра психолошка клима во семејството. Во повеќето случаи се гледа на строга структуираност на задолженијата и нивната рамнопоставеност.
Добиените резултати од испитувањето даваат основа да сметаме дека кај децата со нервозен тип на пелтечење се гледа квалитетна промена на емоционалните појави, заедно со негативната насоченост. Кај децата со специфични тешкотии во учењето се набљудуваат квантитативни измени на емоциите. Девијациите во емоционалните појави се резултат од повторувачкиот неуспех во општењето и училишното функционирање. Училишното функционирање е поврзано само со дел од целосната реализација на детето, додека оштетувањето е составен дел од секој вид дејност. Тоа неминовно доведува до појавата на нервозни реакции кај децата со пелтечење и дополнително усложнување на нивната клиничка слика. Таа сложена клиничка слика може да се разгледува и како причина и како резултат на влошеното семејно функционирање што се одразува врз емоционалната состојба на децата.
Добиените резултати даваат основа да се состави терапевтска стратегија кај двете групи деца. Кај децата со невротичен тип на пелтечење, терапевтската стратегија задолжително треба да ја вклучува семејната терапија со оглед на формирањето на знаењата за справување со проблемите.
Кај децата со специфични тешкотии во учењето терапевтската стратегија треба да ги истисне негативните емоции кај родителите, поврзано со постојано повторувачките неуспеси на децата во училиштето што формираат кај децата ниска самооценка и демотивација.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in