JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 34325
КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ЛИЦАТА СО
ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО РАЗЛИЧНИ
ВИДОВИ ДОМУВАЊЕ
Даниела ТАМАШ
Санела СЛАВКОВИЌ
|
QUALITY OF LIFE OF PEOPLE WITH
INTELLECTUAL DISABILITY IN DIFFERENT TYPES OF HOUSING
Daniela TAMAŠ
Sanela SLAVKOVIĆ
|
Холистичкиот пристап на проценка на квалитетот на
животот имплицира дека неколку аспекти од една
индивидуа се во континуирана интеракција со разно-
лики аспекти од околината што ги опкружува, како
што се физички, социо-културни, политички и еко-
номски, како резултат на тоа, квалитетот на животот е
еден од клучните концепти во однос на менталното
здравје на лицата со интелектуална попреченост (ИП)
(2-4). Овој концепт е особено значаен за лицата со ИП
од гледна точка на опсегот и длабочината на
социјалната инклузија, која се однесува на парти-
ципацијата во рамките на заедницата, социјалната
интеракција, чувството на припадност кон некоја
социјална мрежа, перцепцијата за посакуваната соци-
јална улога и другите лица да имаат доверба дека тие
можат да ја изведат таа нивна социјална улога во
рамките на нивната заедница (5, 6). Разликите во
степенот и длабочината на интерперсоналната димен-
зија на социјалната инклузија во голема мера зависи
од различните карактеристики во кои може да се
случи социјалната инклузија (6). Во последните
години, се појавија нови модели кои се однесуваат на
социјалната политика и организацијата на индивиду-
ализирана поддршка за лицата со ИП, а која е повр-
зана со квалитетот на животот (7). Способноста за
донесување одлуки и избори има големо влијание врз
перцепцијата на индивидуата за нејзиниот/неговиот
квалитет на живот и добросостојба (2). Интерак-
тивниот модел за квалитетот на животот на лицата со
ИП ги вклучува и објективните индикатори за живо-
|
Introduction
Holistic approach to the quality of life assessment
implies that various aspects of an individual are in a
continuous interaction with diverse environmental
aspects, such as physical, socio-cultural, political, and
economic; thus, rendering the quality of life one of the
key concepts regarding mental health of people with
intellectual disability (ID) (2-4). This concept is
especially important for people with ID from the
perspective of the scope and depth of social inclusion,
which implies community participation, social
interaction, sense of belonging to social network, the
perception of the valued social role and that they are
trusted to perform that social role in the community
(5,6). Differences in the extent and depth of the
interpersonal dimension of social inclusion depend to
a large extent on the different settings in which social
inclusion may take place (6). In recent years, new
models have emerged with respect to social policy
and organization of individualized supports to people
with ID related to the quality of life (7). The
possibility to make choices and decisions has a major
impact on the individual’s perception of his/her own
quality of life and well-being (2). An interactive
model of the quality of life of people with ID includes
objective life indicators; subjective feeling of life
satisfaction and the importance of objective living
conditions and individual’s subjective perception of
|
Високтот, субјективните чувства за задоволството од животот и важноста на објективните услови за живот и
перцепцијата на индивидуата за нејзината добро-
состојба во смисла на различните домени на животот
(8). Мултидимензионалниот модел за квалитетот на
животот е под влијание на околинските фактори и
личната интеракција со таа околина, која е зајакната
од можноста за сопствено определување, пронаоѓа-
њето на животната цел и имањето на чувство на
припаѓање (9). Слабото ниво на квалитетот на живо-
тот, фрустрациите, поткопувањето на потребите,
ограничените можности за извршување активности
или несоодветната комуникација често може да биде
причината за проблемите во однесувањето кај лицата
со ИП. Понатаму, чувството на задоволство, квали-
тетот на комуникацијата и социјалните врски, лич-
ната способност, способноста за индивидуален живот
и независност кај лицата со ИП може да се анализира
во врска со местото на нивното домување (10).
Висок квалитет на живот во рамките на примарното
семејство за лицата со ИП не секогаш е гаранција.
Лицето со ИП често има големо влијание врз функ-
цијата, улогата и динамиката на врските помеѓу
членовите во семејството, како и големината и
структурата на социјалните мрежи на семејството
(11). Врската родител - дете во семејствата во кои има
дете со интелектуална попреченост е често врска на
зголемена заштита врз детето, и понекогаш изгледа
како тие да немаат реалистичен став кон попре-
ченоста на нивното дете, бидејќи тие имаат прего-
леми очекувања кои можат да доведат до заемна
фрустрација, која може значајно да влијае врз нивн-
иот квалитет на живот (12). Покрај тоа, квалитетот на
животот на лицата со ИП и нивните семејства е под
значајно влијание од отсуството на неопходната
професионална поддршка во одредени специфични
животни ситуации (3).
Од друга страна, квалитетот на животот на лицата со
ИП во рамките на институциите е често на многу
ниско ниво поради ниската фреквенција на социјални
контакти, депривацијата од социјална партиципација,
недостигот на социјална поддршка и позитивниот
социјален стимул, како и релативно големиот број на
непријатни животни ситуации (13,14).
Новите форми на поддршка на лицата со ИП, како
што се услугите за поддршка во домовите, имаат
високо влијание врз подобрувањето на нивните
вештини, преку зголемувањето на можноста за
донесување одлуки, сопствената детерминираност,
партиципацијата во социјалните мрежи како додаток
|
well-being in terms of various life domains (8). A
multidimensional model of the quality of life is
influenced by environmental factors and personal
interaction with that environment, which is enhanced
by the possibility of self-determination, finding life
purpose and having a sense of belonging (9). Poor
level of quality of life, frustrations, undermined needs,
limited choice of activities or inadequate
communication can often be the cause of the
behavioral problems of people with ID. Furthermore,
the feeling of satisfaction, the quality of
communication and social relationships, personal
competence, capability of independent living and
independence in people with ID can be analyzed in
relation to the place of residence (10).
A high quality of life in primary families for persons
with ID is not always guaranteed. A person with an ID
often has a great influence on the function, role and
dynamics of a relationship among other family
members, as well as the size and the structure of
family's social network (11). The parent-child
relationship in families of children with intellectual
disabilities is often overprotective in relation to a child,
and sometimes they seem not to have a realistic
attitude towards the disability of their child since they
have too many expectations which can lead to mutual
frustration, which significantly affect the quality of
their lives (12). Moreover, the quality of life for people
with ID and their families is considerably impacted by
the absence of necessary professional support in
specific life situations (3).
On the other hand, quality of life of persons with ID in
institutions is often at a very low level due to the low
frequency of social contacts, deprivation of social
participation, lack of social support and positive social
stimuli, as well as a relatively large number of
unpleasant life situations (13, 14).
New forms of support for people with ID, such as
supported housing services, have largely resulted in the
improvement of their life skills, by increasing the
possibility of making choices, self-determination,
participation in social networks in addition to
community activities and personal satisfaction based
on social inclusion (15, 16).
|
на активностите во заедницата и личното задоволство
засновано на социјалната инклузија (15,16).
Анализите за импактот кој е предизвикан од момен-
талните социјални трендови врз квалитетот на живо-
тот на лицата со ИП и испитувањето на различните
варијации на резултатите спроведени преку споредба
на ефектите поврзани со различните видови поддр-
шка и видовите на услугите на поддршка во домот е
од големо значење, бидејќи ни дава увид на карак-
теристиките на структурните и организационите фак-
тори кои влијаат врз квалитетот на услугите (16).
Овие факти нè поттикнаа да го спроведеме ова истра-
жување со цел да ја утврдиме природата на врската
помеѓу квалитетот на животот и видовите услуги за
поддршка во домот за лица со ИП.
Материјали и методи
Испитаници
Истражувањето беше спроведено во Србија и вклу-
чува три потпримероци на испитаници: лица со ИП
кои живеат во некоја институција, лица кои живеат со
нивните примарни семејства и оние кои се вклучени
во програмата за поддршка во домовите.
Од вкупно 122 испитаници, 51 (41.8 %) од нив
домуваа во институции, 38 (31.1 %) живееја со нив-
ните семејства и 33 (27 %) беа вклучени во услугите
за поддршка во домот. Односот помеѓу испитаниците
во однос на пол е 67 машки испитаници и 53 женски.
Во однос на полот не постои статистички значајна
разлика помеѓу дадените потпримероци x2 (2)=1.06,
р=0.59. Возраста на испитаниците варира од 17 до 79
години (AS=39.95, SD=13.90). Во примерокот на
истражувањето постоеше значајна статистичка
разлика во рамките на возраста F=61.00; p=0.000.
Следствено на тоа, тестот за најмалку значајната
разлика (LSD) ја потврди статистички значајната
разлика помеѓу сите три потпримероци во врска со
возраста (р=0.000).
Испитаниците беа анкетирани со нивна согласност и
со согласност на нивните координатори, во рамките
на институциите и организациите во кои беше спро-
ведено истражувањето. За истражувањето беше
употребен анкетен прашалник, а истражувањето беше
спроведено од професионалниот персонал кој работи
во институциите и организациите кои даваат поддр-
шка за испитаниците и се запознаени со карактери-
стиките на нивното однесување и нивните индиви-
дуални карактеристики.
|
Analysis of the impact caused by the current social
trends on the quality of life for people with ID and
examination of result variations conducted by
comparing the effects associated with different types
of support and types of supported housing services is
of great importance because it gives us insight into the
characteristics of structural and organizational factors
that affect service quality (16).
These facts prompted us to conduct this research with
the goal of determining the nature of the relationship
between the quality of life and types of supported
housing services for people with ID.
Materials & methods
Participants
The research was carried out in Serbia and included
three sub-samples of respondents: persons with ID
living within an institution, with their primary families
and those included in the supported housing program.
Out of the total 122 respondents, 51(41.8%) were
residents of the institution; 38(31.1%) lived with their
families and 33 (27%) were included in the supported
housing services. The ratio of the examined
respondents by gender was 67 male while 53 were
female. With respect to gender there was no
statistically significant difference among the given subsamples,
χ2 (2)=1.06, p=0.59. The age range of
respondents was from 17-79 years (AS=39.95;
SD=13.90). In the research sample there was a
statistically significant difference in the age range
F=61.00; p=0.000. Accordingly, post-hoc Least
Significant Difference (LSD) test confirmed
statistically significant differences among all three subsamples
in relation to age (p=0.000).
Respondents were surveyed with their consent and the
consent of coordinators at institutions and
organizations in which the research was carried out. A
questionnaire survey used in the research was
conducted by professional staff who work in
institutions and organizations that provide support to
respondents and are familiar with the characteristics of
their behavior and individual characteristics.
|
Инструменти и процедури на тестирање
Инструменти и процедури на тестирање
Со цел да се процени квалитетот на животот на
испитаниците, петтото издание на Скалата за се-
опфатниот квалитет на живот беше искористено
како истражувачки инструмент за процена на ква-
литетот на животот кај популацијата на лица со ин-
телектуална и друг вид когнитивна попреченост (1).
Преку испитувањето на објективните услови и субјек-
тивните искуства на испитаниците, седум категории
од квалитетот на живот беа утврдени: материјална
добросостојба, здравје, продуктивност, интимност,
безбедност, позицијата во заедницата и емоционална
добросостојба. Врз основа на резултатите од истражу-
вањето, доверливоста во потпримерокот е висока
(ᾳ=0.793-0.873).
Резултати
Резултатите од истражувањето покажаа дека помеѓу
трите потпримероци постои статистички значајна
разлика во квалитетот на животот низ категориите на
продуктивност, интимност, емоционална добросо-
стојба и позиција во заедницата, додека во ка-
тегориите на материјална добросостојба, здравје и
безбедност не беше манифестирана таа разлика. Во
категоријата на продуктивност, испитаниците кои беа
вклучени во програмите за поддршка во домот имаат
статистички значаен (р<0.05) подобар квалитет на
живот во споредба со другите испитаници во доменот
на платена работа (χ2(2)=17.933; p=0.000) и орга-
низацијата на слободното време (р=0.018).
Во однос на категоријата на интимност, испитаниците
кои живеат надвор од некоја институција споредено
со испитаниците кои живеат во некоја институција е
статистички значајно поверојатно да разговараат со
пријатели (χ2(2)=15.601; p=0.000), да добиваат внима-
ние кога се тажни (χ2(2)=13.150; p=0.001) и да добијат
можност да работат заедно со некој од околината и да
се вклучат во активностите кои тие сакаат да ги
извршуваат (χ2(2)=6.455; p=0.041). Во категоријата на
емоционална добросостојба, испитаниците кои живе-
ат надвор од некоја институција споредено со испи-
таниците кои се во некоја институција имаат стати-
стички значајно подобри резултати во однос на спо-
собноста да го прават она што тие сакаат да го прават
и да ги исполнат нивните желби (χ2(8)=19.176;
p=0.014) и статистички значајно тие немаат желба
наутро да станат од кревет (p=0.000).
|
IInstruments and testing procedures
In order to assess the quality of life of the respondents,
the fifth edition of The Comprehensive Quality of
Life Scale was used as a research instrument to assess
the global quality of life in the population of persons
with intellectual and other cognitive disorders (1). By
examining objective conditions and the subjective
experience of the respondents seven categories of
quality of life were assessed: material well-being,
health, productivity, intimacy, safety, community
position and emotional well-being. Based on the results
of our research, the reliability of the subsample is high
(ᾳ=0.793-0.873).
Results
The results of our research show that among the three
sub-samples there were statistically significant
differences in the quality of life across the categories of
productivity, intimacy, emotional well-being and
community position, while in the categories of
material well-being, health and safety they were not
manifested. In the productivity category, respondents
who were included in a supported housing program
have a statistically significantly (p <0.05) better quality
of life than other respondents in the domain of paid
work (χ2(2)=17.933; p=0.000) and leisure time
organization p=0.018).
With regard to the category of intimacy respondents
who live outside the institution compared to
respondents living in the institution are statistically
significantly more likely to talk to friends
(χ2(2)=15.601; p=0.000); get attention when they are
sad (χ2(2)=13.150; p=0.001) and have the opportunity
to work together with someone from the setting and to
engage in the activities they want to do (χ2(2)=6.455;
p=0.041). In the category of emotional well-being
respondents who live outside the institution compared
to respondents in the institution have statistically
significantly better results regarding the ability to do
something they want to do and fulfill their wishes
(χ2(8)=19.176; p=0.014) and statistically significantly
they have no desire to get out of bed in the morning
(p=0.000).
|
Во табелата бр. 1 се прикажани резултатите од кате-
горијата позиција во заедницата, статистички значај-
ната разлика помеѓу сите три подпримероци. Согла-
сно со видот на домување се појави во варијаблите на
припадност во некоја група (χ2(2)=20.288; p=0.000).
Испитаниците кои се вклучени во програмите за под-
дршка во домот беа во поголема мера претставени во
овој примерок отколку членовите во организации,
асоцијации, клубови или групи, во споредба со
другите два подпримероци, и во врска со подпри-
мерокот кој се однесува на оние коишто живеат во
институција, тие почесто посетуваат ресторани
(р=0.049). Во примерокот од лица коишто живеат
надвор од некоја институција во споредба со оние
коишто живеат во институција, статистички значајно
е тоа што овие лица почесто посетуваат кафулиња
или пекари, разговараат со нивните соседи, одат во
кино и во театар, се спортски активни, одат во
организациите чиишто членови се (р=0.000). Стати-
стички значајна разлика беше добиена во варијаблата
за посета на натпревари (р=0.000) и роднини или
пријатели (р=0.000) помеѓу испитаниците коишто
живеат во семејства, за разлика од другите две групи.
|
Table 1 shows the results in the category of community
position; the statistically significant difference between
all three sub-samples according to the type of housing
appeared in the variables of belonging to a particular
group (χ2(2)=20.288; p=0.000). Respondents included
in supported housing program were significantly more
represented than members of an organization,
association, club or group, compared to the other two
sub-samples, and in relation to the sub-sample
encompassing those living in the institution, they visit
restaurants significantly more frequently (p=0.049).
Sub-sample comprising persons who live outside the
institution in relation to those who live in the
institution statistically significantly more often visit
cafes or pastry shops, talk to neighbours, go to the
cinema and theatre, have sports activities, go to the
organizations they are involved in (p=0.000). A
statistically significant difference was obtained in the
variable of visits to matches (p=0.000) and relatives or
friends (p=0.000) among respondents living with
families in relation to the remaining two subsamples.
|
Табела1/Table1.Положба во заедницата–слободни активности/Community position-leisure activities
Резултатите од субјективната проценка на значајноста
на квалитетот на живот покажуваат дека испитани-
ците кои живеат надвор од институција во однос на
оние кои се во институција, статистички значајно да-
ваат поголемо значење во сите категории, освен за
материјалната добросостојба и за здравјето. Испита-
ниците кои живеат во домови со поддршка во спо-
редба со другите испитаници, покажуваат статистички
значајно поголемо задоволство во сите категории за
квалитетот на животот, освен во категориите на ин-
тимност и емоционална добросостојба каде не постои
разлика помеѓу испитаниците кои живеат надвор од
институција. Резултатите од проценката на персоналот
за значајноста што испитаниците со различен вид
домување ја даваат за испитуваните категории на
квалитет на живот покажуваат дека испитаниците кои
живеат надвор од институциите даваат статистички
значајна важност за квалитетот на живот во сите
категории, освен во категоријата на материјална до-
бросостојба, додека задоволството е статистички
значајно повисоко во сите категории.
Резултатите од пост-хок анализите кои беа спроведени
со примена на тестот LSD со цел да се спореди зна-
|
The results of a subjective assessment of the importance
of quality of life show that respondents who live
outside the institution in relation to institution-based
respondents, statistically significantly give greater
importance to all categories, except for material wellbeing
and health. Respondents living in supported
housing compared to other respondents, show
statistically significantly more subjective satisfaction
with the quality of life in all categories, except in the
categories of intimacy and emotional well-being where
there is no difference between the respondents outside
the institution. The results of staff assessment of the
importance that respondents in different types of
housing give to the examined categories of quality of
life show that respondents outside the institution give
statistically significant importance to the quality of life
in all categories, except in the category of material
well-being, while satisfaction is statistically
significantly higher in all categories.
The results of the post-hoc analysis performed by
applying the LSD test in order to compare the
|
чајната разлика во субјективната проценка кај испита-
ниците и проценката од страна на експертите при ис-
кусувањето на задоволство со материјалната добро-
состојба укажува дека субјективните искуства на
задоволство е статистички значајно поголемо во пот-
примерокот кај оние кои живеат во дом во кој имаат
поддршка во однос на испитаниците кои се во инсти-
туција (р=0.040), кое е исто така прикажано од
резултатите од проценката на персоналот (F=5.918;
p=0.004).
Во областа на здравјето, резултатите покажуваат дека
испитаниците кои живеат надвор од институција да-
ваат статистички значајно поголема важност на здра-
вјето, во споредба со испитаниците кои живеат во
институција (р=0.000) и во врска со испитаниците кои
живеат во дом во кој имаат поддршка покажуваат
статистички значајно поголемо задоволство, што
кореспондира со резултатите добиени од проценката
на персоналот.
Во категоријата на продуктивност, испитаниците кои
живеат надвор од некоја институција изразуваат ста-
тистички значајно поголемо искуство во важноста на
содржината која тие ја изучуваат во однос на испи-
таниците кои живеат во институција (р=0.000), додека
субјективното искуство за задоволството кај испита-
ниците кои имаат поддршка во нивните домови е ста-
тистички значајно поголемо во однос на другите два
потпримероци (р=0.000), што е исто така рефлекти-
рано во резултатите од проценката на персоналот.
Испитаниците кои живеат надвор од некоја институ-
ција во категоријата на интимност имаат статистички
значајно поголема важност во тоа што имаат близок
пријател или семејство (р=0.000) при искажувањето на
нивното задоволство за тоа, споредено со испитани-
ците кои живеат во институција (р=0.003), кои се во
согласност со резултатите од проценката на персо-
налот.
Резултатите од субјективното искуство за важноста и
значењето на чувството на сигурност покажуваат ста-
тистичка значајна разлика во врска со видот на дому-
вање, кај испитаниците кои живеат во институција
истото е статистички помалку значајно отколку кај
испитаниците коишто живеат надвор од институција.
Испитаниците коишто живеат во домови за поддршка
покажуваат статистички значајно поголемо ниво на
задоволство преку чувството на сигурност во споредба
со испитаниците коишто живеат во институција и со
семејството. Резултатите од одговорите на персоналот
се совпаѓаат со резултатите на испитаниците.
Во категоријата статус во заедницата, субјективното
|
significant differences in the subjective assessment of
the respondents and the assessment by experts on
experiencing satisfaction with material well-being
indicate that the subjective experience of satisfaction is
statistically significantly higher in the sub-sample of
those living in supported housing in relation to
respondents in the institution (p=0.040), which is also
shown by the results of staff assessment (F=5.918;
p=0.004).
In the health domain, the results show that respondents
who live outside the institution give statistically
significantly higher importance to health, compared to
respondents living in the institution (p=0.000), and in
relation to them respondents living in supported
housing show statistically significantly higher
satisfaction, which coincides with the results of staff
assessment.
In the category of productivity, respondents who live
outside the institution express a statistically
significantly higher experience of the importance of the
content they are studying in relation to respondents
living in the institution (p=0.000), while the subjective
experience of satisfaction with the respondents in the
supported housing is statistically significantly higher in
relation to the other two sub-samples (p=0.000), which
was also reflected in the results of staff ’s assessment.
Respondents who live outside the institution in the
category of intimacy statistically significantly attribute
greater importance to having a close friend or family
(p=0.000) expressing their satisfaction about it,
compared with the respondents living in the institution
(p=0.003), which is in accordance with the results of
staff ’s assessment .
The results of a subjective experience of importance
and satisfaction for feeling safe are statistically
significantly different in relation to the type of housing;
to respondents living in the institution, it is statistically
significantly less important experience of safety than to
respondents who live outside the institution.
Respondents living in a supported housing show a
statistically significantly higher level of satisfaction by
feeling safe compared to respondents living in the
institution and in the family. The results of the staff’s
response are being matched with the results of the
respondents.
In the category of the community status, a subjective
experience of the importance of realizing some
|
искуство за важноста од согледувањето дека некои
активности со луѓето надвор од нивниот дом е ста-
тистички значајно повеќе истакнато во подпримерокот
на лица кои живеат надвор од институција отколку кај
оние коишто живеат во институција (р=0.000) и
чувството на задоволство е статистички најмногу ис-
такнато кај испитаниците коишто живеат во домови со
поддршка во однос со другите два потпримероци
(р=0.000). Резултатите од проценката на персоналот за
задоволството кај испитаниците кои учествуваат во
нивните заедници и важноста која им се придодава на
таквото учество укажува дека ова чувство е посилно
помеѓу испитаниците коишто живеат надвор од
институција отколку кај оние коишто живеат во
институција (р=0.000).
Во категоријата на емоционална добросостојба која
се заснова на проценката на субјективните искуства за
важноста и значењето на нивната сопствена емоци-
онална состојба, резултатите покажаа дека помеѓу
испитаниците коишто живеат надвор од некоја инсти-
туција постои статистички значајна разлика во однос
со испитаниците коишто живеат во некоја институција
(р=0.000). Испитаниците кои добиваат дополнителна
поддршка во нивните домови се статистички значајно
задоволни со нивната среќа и сметаат дека е повеќе
значајна отколку потпримерокот на испитаниците
коишто живеат во институција. Базирано на анализите
од проценката на персоналот, во однос на перце-
пцијата за важноста и задоволството на испитаниците
кога станува збор за нивната среќа, статистички
значајна разлика (р=0.000) беше утврдена помеѓу
групите на испитаници коишто живеат надвор од
институција во споредба со испитаниците коишто
живеат во институција (р=0.000).
Бидејќи постои статистички значајна разлика помеѓу
потпримероците, ние направивме проценка на импак-
тот што возраста и видот на домување го имаат врз
испитаните индикатори за квалитетот на животот. Во
Табелата бр. 2 се прикажани резултатите кои укажу-
ваат дека видот на домување има статистички зна-
чајно влијание врз сите индикатори, додека возраста
не е присутна, освен во варијаблата на интимност каде
е прикажано дека возраста има статистички значајно
влијание врз субјективното искуство во однос на
имање близок пријател или семејство, додека значај-
носта на овој аспект се намалува со текот на годините
(B=-0.01; F=4.99; p=0.03; P.Eta2=0.043), што исто така
се однесува и на резултатите добиени при проценката
направена од вработениот персонал (B=-0.02; F=3.95;
p=0.05; P.Eta2=0.034).
|
activities with people outside the setting in which they
live is statistically significantly more prominent in the
sub-sample of people living outside the institution than
those in the institution (p=0.000), and the sense of
satisfaction is statistically significantly the most
prominent in respondents living in supported housing
in relation to the other two sub-samples (p=0.000). The
results of the staff ’s assessment of the respondents’
satisfaction with community participation and
importance attributed to it indicate that this feeling is
stronger among the respondents outside the institution
than those in the institution (p=0,000).
In the category of emotional well-being based on the
assessment of the subjective experience of importance
and satisfaction with their own emotional state, the
results show that among the respondents living outside
the institution there is a statistically significant
difference in relation to respondents living in the
institution (p=0.000). Respondents receiving supported
housing are statistically significantly satisfied with their
happiness and consider it more important than the subsample
of the institution-based respondents (p=0.003).
Based on the analysis of the staff assessment, regarding
the perception of the importance and satisfaction of the
respondents when it comes to their happiness, a
statistically significant difference (p=0.000) was
obtained between the groups of respondents outside the
institution compared to respondents in the institution
(p=0.000).
Given that among the sub-samples there was
statistically significant difference, we made an
assessment of the impact of age and type of housing on
the examined indicators of quality of life. Table 2
shows the results which indicate that the type of
housing has a statistically significant influence on all
indicators, while the age is not present, except in the
intimacy variable where it has been shown that age has
a statistically significant influence on the subjective
experience of having a close friend or family, whereas
the significance of this aspect decreases with age (B=-
0.01; F=4.99; p=0.03; P.Eta2=0.043), which also refers
to the results of the assessment of the employed staff
(B=-0.02; F=3.95; p=0.05; P.Eta2=0.034).
|
Дискусија
Врз основа на статистичките анализи беше утврдено
дека видот на домување има статистички значајно
влијание врз субјективното искуство на задоволство и
важноста во сите испитани категории, во однос на
квалитетот на животот на испитаниците, додека воз-
раста на испитаниците нема значајно влијание.
Резултатите од проценката на субјективните искуства
за квалитетот на животот кореспондираат со резул-
татите од проценката на вработените кои ги поддржу-
ваат испитаниците во однос на нивното задоволство и
нивното нагласување за важноста на одредена катего-
рија од нивниот квалитет на живот.
Нашето истражување е во согласност со резултатите
од другите автори кои го проценувале задоволството
од квалитетот на животот кај лицата со ИП кои имаат
различен вид домување и кои откриле дека лицата
коишто живеат во отворени заедници, во споредба со
оние коишто живеат во институции, имаат значајно
повисоко ниво на задоволство во однос на одредени
области кои се поврзани со вработување и контакти во
рамките на нивната социјална околина (17). Во нашето
истражување, испитаниците коишто се дел од програ-
мата за поддршка во домот имаат постигнато стати-
стички значајно подобар квалитет на живот во областа
на продуктивност, во однос на варијаблите за врабо-
тување и организација на слободното време, во спо-
редба со оние испитаници кои се дел од другите два
потпримероци.
|
Discussion
Based on the statistical analysis, it was determined that
the type of housing has a statistically significant
influence on the subjective experience of satisfaction
and the importance in all the examined categories of the
respondents’quality of life, while the age of the
respondents has no significant impact. The results of
the assessment of the subjective experience of the
quality of life coincide with the results of the
assessment of the employees who support the
respondents regarding their satisfaction and their
emphasise of the importance of certain categories of
quality of life.
Our research is in accordance with the findings of the
authors who assessed satisfaction with the quality of
life of people with ID in different types of housing and
found that people living in open source community
compared with those living in an institution have a
significantly higher level of satisfaction with living in
domains which are related to work engagement and
contacts with the social environment (17). In our
research, respondents who are included in the supported
housing program have achieved statistically
significantly better quality of life in the productivity
domain regarding variables of work engagement and
leisure time organization as compared to respondents
from the other two sub-samples.
|
Социјалната поддршка, квалитетот од интерперсо-
налните врски и врските со пријателите може да бидат
предуслови за задоволство во категориите на здрав-
ство и материјална добросостојба и во групата на
испитаниците со ИП и во групата на генерална попу-
лација, кои се во блиска врска со субјективното
искуство за квалитетот на живот (17-21). Резултатите
од нашето истражување исто така покажаа дека
испитаниците коишто живеат надвор од институција
имаат повеќе врски со пријателите и членовите на
семејството, учествуваат во социјални активности и
тие се членови на социјални групи и асоцијации и
покажуваат поголемо задоволство со нивниот ква-
литет на живот. Степенот до кој социјалната околина е
значајна е прикажан од страна на резултатите од
компаративни истражување за поддршка во домот на
лицата со ИП, според кои еден од најзначајните
фактори за успехот на програмата и субјективното
искуство за квалитетот на животот кај лицата со ИП е
влијанието на достапноста на персоналот што ја дава
поддршката (22-26). Од друга страна, однесувањето на
персоналот кон корисниците е поврзан со бихеви-
оралните проблеми, условите на домување и видовите
на поддршка (8, 27). Во прилог на промената на смес-
тување, потребно е да дојде до промена на пристапот
на персоналот за поддршка и базирање на истиот врз
основа на индивидуалниот пристап, особено за оние
кои имаат потешки ИП или имаат попречености во
поголем број (28, 29).
Бројни истражувања кои ги проценувале крајните
резултати од програмите за деинституализација пока-
жале подобрување на квалитетот на животот кај
лицата со ИП (30-32). Најпозитивната промена по
преселувањето од институција во заедница беа забе-
лежани во домените на компетентност како што се
самогрижа; социјалните вештини и начините за тро-
шење на слободното време (30). Исто така, нашето
истражување во однос на позицијата во заедницата
покажа дека испитаниците коишто живеат во домови
со поддршка имаат значајно поголема инволвираност
во активностите во некои од социјалните групи и
имаат бескраен опсег на можности за избор на
слободни активности. Уште повеќе што резултатите
од нашето истражување ги поддржуваат некои од
резултатите на другите истражувања, според кои
поголемата автономија е поврзана со поголемиот број
можности и повисокото ниво на достигнување (18),
додека субјективната перцепција за квалитетот на
животот на лицата со ИП статистички значајно зависи
од нивото на нивното учество во заедницата и
|
Social support, quality of interpersonal relationships
and relationships with friends can be preconditions for
satisfaction in health and material well-being categories
both in the group of respondents with ID and in the
general population group, which are closely related to
the subjective experience of quality of life (17-21). The
results of our research also show that respondents who
live outside the institution have more contacts with
friends and family, participate in social activities, and
they are members of social groups and associations and
show greater satisfaction with the quality of life. The
extent to which the social environment is important is
also shown by the results of comparative studies of
supported housing for people with ID, according to
which one of the most important factors in the success
of the programme and the subjective experience of the
quality of life for people with ID is the impact of
accessibility of staff providing support (22-26). On the
other hand, the attitude of staff towards users is related
to behavioral problems, housing conditions and types of
support. (8, 27). In addition to changing
accommodation, it is necessary to change the approach
of staff support and base it on an individual approach,
especially for those with severe or multiple disabilities
(28, 29).
Numerous studies evaluating the outcomes of
deinstitutionalization programmes reported
improvement in the quality of life for people with ID
(30-32). The most positive changes after moving from
institution to community were observed in competency
domains such as self-care; social skills and ways of
spending leisure time (30). Also, our research in terms
of Community position showed that respondents living
in supported housing were significantly more involved
in the activities of some social groups and had infinite
range of possibilities for choosing leisure activities.
Moreover, our research results support the same results
as other studies, according to which greater autonomy
is associated with greater range of choices and higher
levels of achievement (18), whereas the subjective
perception of the quality of life of persons with ID
statistically significantly depends on the level of their
participation in community life and possibilities for
establishing relationships with various social resources
(33).
|
можностите за воспоставување врски со различни социјални извори (33).
Заклучок
Од добиените резултати може да заклучиме дека
видот на услугата во домувањето е од круцијално
значење за севкупниот квалитет на живот кај лицата
со ИП и е поврзан со нивното субјективно проце-
нување на квалитетот во различни области од
животот, како и нивното животно задоволство со
постигнатите цели и чувството на социјална припад-
ност. Во споредба со лицата со ИП коишто живеат во
институции, испитаниците кои се дел од програмите
за поддршка во домот имаа подобар квалитет на
живот и беа позадоволни од различни области од
нивниот живот, отколку испитаниците од другите два
потпримероци и тие имаа искусено повисоко ниво на
социјална инклузија во споредба со другите два
потпримероци на испитаници.
Затоа, ова истражување може да придонесе во подо-
брувањето на квалитетот на имплементација на прог-
рамите за поддршка во домот за лица со ИП, како и за
инклузијата на повеќе корисници во тие програми.
|
Conclusion
From the obtained results we can conclude that the type
of residential service is of crucial importance for the
overall life quality of persons with ID related to their
subjectively perceived quality of various life domains,
as well as their life satisfaction with achieved goals and
the sense of social belonging. Compared to persons
with ID living in the institution respondents included in
supported housing program had a better qualty of life
and were more satisfied with various domains of quality
of life than respondents from the other two sub-samples
and they have experienced a much higher rate of social
inclusion compared to the other two sub-samples of
respondents.
Therefore, this research can contribute to the
improvement of the quality of implementation of the
supported housing program for persons with ID, as well
as to the inclusion of more users in that program.
|
Литература / References:
1. Cummins RA. Comprehensive Quality of Life Scale- Intellectual. Cognitive Disability (ComQol-I5), 5th edition, School of Psychology, Deakin University, Melbourne (AU).1997.
2. Renwick R, Brown I, Raphael D.фPerson-centered quality of life: Contributions from Canada to an international understanding. Cross-cultural perspectivesonqualityoflife.2000:5-21.
3. VerdugoMA,SchalockRL,KeithKD,StancliffeRJ. Quality of life and its measurement: Important principles and guidelines. Journal of intellectual disabilityresearch.2005Oct1;49(10):707-17.
4. SchalockRL.Introductionandoverview.Journalof Intellectual Disability Research. 2005 Oct 1;49(10):695-8.
5. CobigoV,Ouellette-KuntzH,LysaghtR,MartinL. Shifting our conceptualization of social inclusion. Stigmaresearchandaction.2012Jan31;2(2).
6. Simplican SC, Leader G, Kosciulek J, Leahy M. Definingsocialinclusionofpeoplewithintellectual anddevelopmentaldisabilities:Anecologicalmodelof social networks and communityparticipation.
Research in developmental disabilities. 2015 Mar 1;38:18-29.
7. SchalockRL,VerdugoMA,BonhamGS,FantovaF, Van Loon J. Enhancing personal outcomes: Organizational strategies, guidelines, and examples. Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities. 2008 Dec1;5(4):276-85.
8. FelceD,JonesE,LoweK,PerryJ.Rationalresourcing and productivity: Relationships among staff input, resident characteristics, and group home quality. American Journal on Mental Retardation. 2003 May;108(3):161-72.
9. Bramston P, Chipuer H, Pretty G. Conceptual principlesofqualityoflife:anempiricalexploration. JournalofIntellectualDisabilityResearch.2005Oct 1;49(10):728-33.
10. BratkovićD,RožmanB.Čimbenicikvaliteteživljenja osobasintelektualnimteškoćama.Hrvatskarevijaza rehabilitacijskaistraživanja.2006Oct1;42(2):101-12.
11. KraussMW,SeltzerMM,GoodmanSJ.Socialsupport networksofadultswithmentalretardationwholiveat home. American Journal on Mental Retardation.1992 Jan.
12. WidmerED,Kempf-ConstantinN,Robert-TissotC, LanziF,CarminatiGG.Howcentralandconnected am I in my family?: Family-based social capital of individuals with intellectual disability. Research in developmentaldisabilities.2008Mar1;29(2):176-87.
13. McGillivrayJA,McCabeMP.Detectingandtreating depression in people with mild intellectual disability: The views of key stakeholders. British journal of learningdisabilities.2010Mar1;38(1):68-76.
14. Matson JL, Dempsey T, Rivet TT. The interrelationshipsofpsychopathologysymptomson socialskillsinadultswithautismorPDD-NOSand intellectualdisability.JournalofDevelopmentaland PhysicalDisabilities.2009Feb1;21(1):39-55.
15. Kim S, Larson SA, Charlie Lakin K. Behavioural outcomes of deinstitutionalisation for people with intellectual disability: a review of US studies conducted between 1980 and 1999. Journal of IntellectualandDevelopmentalDisability.2001Jan 1;26(1):35-50.
16. KozmaA,MansellJ,Beadle-BrownJ.Outcomesin different residential settings for people with intellectual disability: a systematic review. American JournalonIntellectualandDevelopmentalDisabilities. 2009May;114(3):193-222.
17. Lucas-Carrasco R, Salvador-Carulla L. Life satisfaction in persons with intellectual disabilities. Research in developmental disabilities. 2012 Jul 1;33(4):1103-9.
18. BratkovićD.Kvalitetaživljenjaosobasumjerenomi težom mentalnom retardacijom u obiteljskim i institucionalnim uvjetima života. Doktorska disertacija. Edukacijsko-rehabilitacijski fakultet Sveučilišta u Zagrebu.2002.
19. DuvdevanyI,ArarE.Leisureactivities,friendships, and quality of life of persons with intellectual disability: Foster homes vs community residential settings. International Journal of Rehabilitation Research. 2004 Dec1;27(4):289-96.
20. Cummins RA, Lau AL. Cluster housing and the freedom of choice: a response to Emerson (2004). Journal of Intellectual and Developmental Disability. 2004 Sep1;29(3):198-201.
21. Glumbić N, Brojčin B. Život u zajednici djece s mentalnom retardacijom i autizmom (Life in the Community With the Intelectual Disabled People and Autism).Zbornikradovasameđunarodnogskupa
„Rehabilitacija–stanje i perspektive djece steškoćama u razvoju i osoba sa invaliditetomˮ. Rijeka, Hrvatska. 2006:276-83.
22. Felce D. Quality of support for ordinary living. InDeinstitutionalization and community living 1996 (pp.117-133).Springer,Boston,MA.
23. Jones E, Felce D, Lowe K, Bowley C, Pagler J, GallagherB,RoperA.Evaluationofthedissemination of active support training in staffed community residences. American Journal on Mental Retardation. 2001Jul;106(4):344-58.
24. Mansell J, Elliott T, Beadle-Brown J, Ashman B, Macdonald S. Engagement in meaningful activity and “activesupport”ofpeoplewithintellectualdisabilities in residential care. Research in developmental disabilities. 2002 Sep1;23(5):342-52.
25. Bradshaw J, McGill P, Stretton R, Kelly‐Pike A, Moore J, Macdonald S, Eastop Z, Marks B. Implementation and evaluation of active support. Journal of Applied Research in Intellectual Disabilities. 2004 Sep1;17(3):139-48.
26. Beadle‐BrownJ,LeighJ,WheltonB,RichardsonL, BeechamJ,BaumkerT,BradshawJ.Qualityoflife and quality of support for people with severe intellectualdisabilityandcomplexneeds.Journalof AppliedResearchinIntellectualDisabilities.2016Sep 1;29(5):409-21.
27. PerryJ,FelceD.Factorsassociatedwithoutcomein communitygrouphomes.AmericanJournalonMental Retardation. 2005Mar;110(2):121-35.
28. Mansell J. Deinstitutionalisation and community living: progress, problems and priorities. Journalof IntellectualandDevelopmentalDisability.2006Jun 1;31(2):65-76.
29. CocksE,ThoresenS,WilliamsonM,BoadenR.The individualsupportedliving(ISL)manual:aplanning and review instrument for individual supported living arrangements for adults with intellectual and developmental disabilities. Journal of Intellectual DisabilityResearch.2014Jul1;58(7):614-24.
30. FelceD,EmersonE.Livingwithsupportinahomein the community: Predictors of behavioral development and household and community activity. Developmental Disabilities Research Reviews. 2001 May1;7(2):75-83.
31. O’BrienP,ThesingA,TuckB,CapieA.Perceptions of change, advantage and quality of life for people with intellectual disability who left a long stay institution to live in the community. Journal of IntellectualandDevelopmentalDisability.2001Jan 1;26(1):67-82.
32. Mansell J, Beadle‐Brown J, Macdonald S, Ashman B. Resident involvement in activity in small community homes for people with learning disabilities. Journal of Applied Research in Intellectual Disabilities. 2003 Mar 1;16(1):63-74
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE