JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6132
КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ЛИЦАТА СО
ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО РАЗЛИЧНИ
ВИДОВИ ДОМУВАЊЕ
Даниела ТАМАШ
Санела СЛАВКОВИЌ
Резиме
Основа: Услугите за поддршка во домот на лицата со интелектуална попреченост (ИП) им овозможува да живеат во рамките на една средина со најмалку рестрикции, што им обезбедува соодветна удобност, професионална поддршка и инклузија во заедницата. Со цел подобрување на квалитетот на услугите за социјална нега, потребно е да бидат земени предвид субјективните искуства на примателите на таквите услуги и објективните индикатори за квалитетот на поддршката, како и истражувањата за различните видови услуги за поддршка кои можат да се поврзат со квалитетот на животот на лицата со ИП. Метод: Целта на ова истражување беше да се утврди природата на врската помеѓу квалитетот на животот и различните видови домување кај лицата со ИП. Во рамките на истражувањето испитани се 122 возрасни лица со ИП, чија возраст варира од 17 до 79. Приме-рокот на истражувањето беше поделен во три потпри-мероци, согласно со видот на домување: институции (n=51), семејства (n=38) и оние кои се вклучени во програмата за поддршка во домот (n=33). Како истра-жувачки инструмент беше користена Скалата за сеопфатниот квалитет на живот.
Резултати: Резултатите од ова истражување покажаа дека луѓето со ИП кои добиваат соодветна поддршка во рамките на нивните домови изразуваат поголемо задоволство во поглед на нивниот квалитет на живот во споредба со другите две подгрупи, како и дека имаат подобар квалитет на живеење од оние испи-таници кои живеат во институција. Заклучоци: Видот на домување е значајно поврзан со квалитетот на животот што го имаат лицата со ИП и значењето кое тие им го придодаваат на различните категории на квалитет на живот, чувството на задоволство кое произлегува од личните достигну-вања и искуството на социјална припадност.
Клучни зборови: интелектуална попреченост, поддр-шка во домот, квалитет на живот, социјална грижа.
|
QUALITY OF LIFE OF PEOPLE WITH
INTELLECTUAL DISABILITY IN DIFFERENT TYPES
OF HOUSING
Daniela TAMAŠ
Sanela SLAVKOVIĆ
Abstract:
Background: Supported housing services for people with intellectual disability (ID) enables them to live in the least restrictive environment, providing them with adequate accommodation, professional support and community inclusion. In order to improve the quality of social care services, it is necessary to take into account the service user's subjective experience and objective indicators of the quality of support, and the research on the various types of supported services that could be linked to the quality of life of people with ID. Method: The objective of this research was to determine the nature of the relationship between the quality of life and the types of housing for people with ID. The study investigated 122 adults with ID, whose ages ranged from 17 to 79 years. The research sample was divided into three sub-samples according to the types of housing: institutions (n=51), families (n=38) and those included in the supported housing programme (n=33). A research instrument used was Comprehensive Quality Of Life Scale..
Results:Theresultsfromthisstudyshowthatpeople with ID who receive supported housing services express greater satisfaction with the quality of life compared to the other two sub-samples, as well as havingabetterqualityoflifecomparedtorespondents living ininstitution. Conclusions: The type of housing is significantly associatedwiththequalityoflifeforpeoplewithID andimportancetheyattributetovariouscategoriesof quality of life and the feeling of life satisfaction derived from personal accomplishments andtheexperienceofsocialbelonging.
Keywords: intellectual disability, supported housing, quality of life, social care.
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE