РАЗВОЈ НА ФИНАТА МОТОРИКА И ВИЗУЕЛНО-МОТОРНАТА ИНТЕГРАЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА НА ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

 

Харис МЕМИШЕВИЌ,

Селмир ХАЏИЌ

 

Центар за едукација

и рехабилитација „Мједeница“

Сараево, Босна и Херцеговина

 

 

DEVELOPMENT OF FINE MOTOR COORDINATION AND VISUAL-MOTOR INTEGRATION IN PRESCHOOL CHILDREN

 

Haris MEMISEVIC

Selmir HADZIC

 

Education and Rehabilitation

Center "Mjedenica"

Sarajevo, Bosnia and Herzegovina

 

Примено: 04.02.2013

Прифатено: 28.02.2013

UDK: 159.922.6:159.943-053.4

 

 

 

Recived: 04.02.2013

Accepted: 28.02.2013

Original Article

 

 

 

 

 

 

Вовед

 

Introduction

 

 

 

Фината моторна координација и визуелно-мо­­тор­на­та интеграција се добар индикатор за це­­ло­­куп­ното ниво на детското функ­цио­ни­ра­ње. Тие се, исто така, добар показател на по­до­­ц­неж­ни­те академски пос­тиг­нувања на де­те­то (1). Ви­зуел­но-моторната ин­теграција е мно­гу важна за со­ци­јалното и емо­ционалното при­ла­годување во учи­лиш­те­то (2). Покрај ака­демските пос­тиг­ну­ва­ња, со­ци­јалното и емо­ци­оналното при­ла­го­ду­ва­ње, фи­ни­те мо­тор­ни вештини, исто така, се неоп­ход­ни за број­ни секојдневни активности, како што се: обле­кувањето, јадењето, држењето и ма­ни­пу­ла­ци­јата со предмети итн. Соод­вет­ни­от развој на фината моторика зависи од не­кол­ку фак­тори, вклучувајќи ги: созревањето на цен­трал­­ни­от нервен систем (ЦНС), то­ну­сот и си­ла­та на мускулите. На исто ниво, веш­ти­ните на ви­зуелно-моторната ин­тег­ра­ци­ја зависат од: неош­тетените визуелно-мо­тор­ни спо­соб­нос­ти, фи­на­та моторна коор­ди­на­ци­ја, преч­ки­те во мо­то­риката и одржливото вни­ма­ние (3). Кај многу стек­нати и развојни преч­ки, како што се ин­те­лек­туалните пречки, трау­матични мо­зочни по­вре­ди, предвреме ро­де­ни деца, деца со Tourette  син­дром и сл., се забележува не­достатокот на фи­на моторика и не­дос­та­то­кот на визуелно-мо­тор­на интеграција (4,5). Една од главните за­да­чи на специјалните еду­ка­то­ри/професионални те­рапевти и ре­ха­би­ли­та­то­ри (исто така познати како дефектолози) во работата со пре­ду­чи­лиш­ни деца е про­цен­ка­та на фините моторни веш­ти­ни и нивната пос­ледователна рехабилитација. (Ре)ха­би­ли­та­цијата се состои од подобрување на фините мо­торни вештини со посебно вни­ма­ние на коор­ди­нацијата и манипулацијата око–ра­ка (6). Придобивките од навремената ин­тер­вен­ци­ја во развојот на фините моторни вештини се добро документирани, а од нив произ­ле­гу­ва ге­не­ралниот принцип: колку порано се за­поч­не со интервенција толку се подобри при­до­бивките за децата (7, 8).

Овој труд е дел од едно пошироко ис­тра­жу­ва­ње спро­ведено во Кантон Сараево за да се про­цени бро­јот на децата од предучилишна воз­раст со преч­ки во развојот на моториката и говорот. Ре­зул­та­тите од преваленцијата и ефек­тот на по­ло­ви­те врз отстапувањата во го­во­рот и јазикот и врз визуелно-моторната ин­тег­ра­ција ќе бидат об­ја­вени во Списанието за про­фе­сионална те­ра­пи­ја, училишна и рана ин­тервенција (Journal of Occupa­tional Therapy, Schools and Early In­tervention) (9).

Во овој труд ги претставуваме ефектите на воз­­ра­с­та врз развојот на координацијата на фи­ната мо­то­рика и визуелно-моторната ин­тег­рација кај пре­­дучилишните деца во Кан­тон Сараево, Босна и Херцеговина (БиХ). Ова е прво ис­тра­жу­ва­ње што ги проучува раз­вој­ни­те движења на фините мо­торни вештини кај пре­ду­чи­лиш­ни­те деца во БиХ користејќи ги пси­хо­мет­рис­ки­от звук и ва­лид­ни­те ин­стру­менти.

 

Fine motor coordination and visual motor integration are a good indicator of a child's overall level of functioning. They are also a good predictor of the child’s later academic achievement (1). Visual motor integration is very important for social and emotional adjustment to school (2). Besides academic achievement, social and emotional adjustment, fine motor skills are also necessary for numerous everyday activities such as dressing, eating, holding and manipulating objects etc. Proper fine motor development depends on several factors including: Central Nervous System (CNS) maturation, muscle tone and strength. In the same line, visual-motor integration skills depend on intact visual-motor abilities, fine motor coordination, motor inhibition and sustained attention (3). Fine motor skills deficits and Visual-motor integration deficits are present in a number of acquired and developmental disabilities such as intellectual disability, traumatic brain injury, preterm children, children with Tourette syndrome etc. (4, 5).

One of the major tasks of special educators/occupational therapists and rehabilitators (also known as defectologists) in the work with preschool children is assessment of the fine motor skills and their subsequent rehabilitation. The (re)habilitation consists of improvement of the fine motor skills with special attention given to eye-hand coordination and manipulation (6).  The benefits of a timely intervention on the development of fine motor skills are well documented, with the general principle being the earlier we start the intervention the better are the outcomes for the children (7, 8).

The current study is a part of a larger research conducted in Canton Sarajevo to estimate the number of preschool children with deficits in motor and speech development. The results on the prevalence and effects of sex on speech and language disorders and visual motor integration are to be published in Journal of Occupational Therapy, Schools and Early Intervention (9).

In this study we present the effects of age on the development of fine motor coordination and visual-motor integration and the relationship between age, fine motor coordination and visual-motor integration in preschool children in Canton Sarajevo, Bosnia and Herzegovina (BiH). This is the first study to examine the developmental trends of fine motor skills in preschool children in BiH using psychometrically sound and valid instruments.

 

 

 

Методологија

 

Method

 

 

 

Примерок

 

Participants

Примерокот опфаќа 276 деца на возраст од 3 до 6 години (средна возраст од 4,58; СД=0,93), кои посетуваат редовни градинки во Кантон Са­ра­ево. Децата беа поделени во че­тири возрасни гру­пи: 1. 44 деца од 2,8 до 3,6 години, 2. 90 деца од 3,7 до 4,5 години, 3. 86 деца од 4,6 до 5,5 го­ди­ни и 4. 56 деца од 5,6 до 6,5 години.  Еви­ден­ци­ја­та за еду­ка­ци­ја­та на децата содржи ин­фор­ма­ции за ме­ди­цин­ск­иот и психообразовниот ста­тус на децата. Спо­ред оваа евиденција, де­ца­та од при­ме­ро­кот немаат никакви познати сен­зор­ни (слуш­ни или визуелни) оштетувања или не­вро­лош­ки оштетувања, а исто така немаат ни­ту ин­те­лек­туални пречки, според мерката на кое­фи­циен­тот на интелигенција, коефициентот на ин­телигенција да е помал од 70.

 

The sample comprised 276 children aged 3 to 6 (mean age 4.58, SD=0.93), both sexes (150 boys, 126 girls), attending regular kinder­gardens in Canton Sarajevo. Children were categorized into four age groups: 1. children between 2.8-3.6 years (N=44), 2. children between 3.7-4.5 years (N=90), 3. children between 4.6-5.5 years (N=86) and 4. children between 5.6-6.5 years (N=56). Children’s edu­ca­tional records contained information on medical and psycho-educational status of the children. According to these records, the children in the sample did not have any known sensory (hearing or visual) impairment or neurological impairment and the children in the sample did not have intellectual disability as measured by an IQ score of less than 70.

 

 

 

Процедура

 

Procedure

Од 27 јавни градинки во Кантон Сараево, 11 беа слу­чајно одбрани, а беа дистрибуирани 500 ба­ра­ња за согласност до родителите на де­цата што ги посетуваат овие градинки. Беа вра­те­ни 320 пот­пи­шани одобрувања, и тие деца беа про­це­ну­вани. Професионалните те­ра­­пе­в­ти­/спе­ци­јал­ни­те едукатори со додатни дип­ломи од пси­хо­ло­ги­ја и професионална те­ра­пија ­ги проценуваа мо­торните вештини на де­ца­та. Непотполните по­да­тоци не се вклу­чени во анализата, така што имав­ме примерок од вкупно 276 деца. Прво, на де­ца­та им беше да­ден Бериевиот ВМИ-тест и до­биените ре­зул­та­ти беа употребени за по­сле­до­ва­телните ана­лизи за да се процени ефектот на воз­раста. Коор­динацијата на фината моторика бе­ше про­ценета со тестот на Lafayette Purdue, а вре­­ме­­то за завршување на тестот беше земено како зависна варијабла.

 

Out of 27 public kindergardens  in Canton Sarajevo, 11 were randomly selected and 500 consent forms were distributed to parents of children attending these kindergardens. Total of 320 signed consent forms were returned and these children were assessed. Occupational therapists/special education teachers with advanced degrees in psychology, and occupational therapy assessed the children’s motor skills. Incomplete data were not included in the analysis, leaving us with the total sample of 276 children. First, children were given Beery VMI test and the raw scores were used in subsequent analysis in order to assess the effects of age. Fine motor coordination was assessed with Lafayette Purdue test and the time to complete the test was used as a dependant variable.

 

 

 

Инструменти

 

Instruments

Визуелно-моторната интеграција беше про­це­не­та со помош на Бериевиот ВМИ-тест за ви­зуел­­но­-моторната интеграција, 6-то издание - скра­­те­на форма (10). Тоа е широко упо­тре­бу­ван тест со многу добри психометриски мож­нос­ти (ко­ре­ла­ци­ја: подели на половина - за оние возрасни гру­пи што варираат меѓу 0.86-0.93 и алфа-кое­фи­ци­ентот за внатрешна кон­зис­тентност варира ме­ѓу 0.81-0.89). Бериевата ВМИ е креирана за про­цен­ка на степенот до кој­што поединците можат да ги интегрираат нив­ните визуелни и моторни спо­собности. Ис­тражувањето покажува дека Бе­рие­вата ВМИ е културолошки слободен тест и како та­ков е погоден за целите на ова ис­тра­жу­ва­ње. Добиените необработени резултати од Бе­рие­­вата ВМИ беа искористени за анализа. По­­ви­­со­ките резултати покажуваат подобри пер­­фор­манси. 

Lafayette тестот со перфорирана табла е ис­ко­ри­с­тен за проценка на фините моторни веш­ти­ни­, за моторната координација и умешност. Таа со­др­жи 25 дупки во коишто децата треба да ги ста­ва­т стапчињата. Времето за за­вр­шу­ва­ње на за­да­чата беше земено како зависна вари­јабла. По­ниските резултати укажуваа на по­добри пер­фор­манси.

 

Visual-motor integration was assessed  using the Beery VMI- Test of Visual Motor Integration 6th Edition- Short Form (10). It is a widely used test with very good psychometric properties (split-half correlation for these age groups varies between 0.86-0.93 and alpha coefficient of internal consistency varies between 0.81-0.89). The Beery VMI is designed to assess the extent to which individuals can integrate their visual and motor abilities. Research indicates that Beery VMI is almost culture free test and as such was convenient for the purposes of this study. Raw scores of Beery VMI were used for the analysis. Higher scores indicate better performance.

Lafayette Pegboard test is used for assessment of fine motor skills, motor coordination and dexterity. It consists of 25 holes in which children need to place the pegs. Time to complete the task was used as a dependant variable. Lower scores indicate better performance.

 

 

 

Статистичка анализа

 

Statistical analysis

За целите на овој труд се употребија описната и де­дуктивната статистика. Резултатите од Бе­­рие­ва­та ВМИ и координацијата на фината мо­­то­­ри­ка ги споредивме со возрасната ка­те­го­рија со АНО­ВА. Планираните споредби беа из­­ведени по­до­цна за да се види дижењето на раз­ликите. За подобро да се разбере развојот на визуелно-мо­торната интеграција, из­ве­дов­ме регресиска ана­лиза со возраста, така што ре­зултатите од  Lafayette перфорираната та­бла беа во еден блок (метод на „влез“). На крај, односот меѓу Beery  ВМИ, Lafayette пер­фо­ри­раната таб­ла и возраста беа пресметани со Пирсоновиот кое­фициент на корелација. За сите тестови беше упо­требено алфа-ниво од 0.05. Податоците беа ана­ли­зирани со ком­пју­терската програма  SPSS v.13 за Windows.

 

Descriptive and inferential statistics were used for the purposes of the study. We compared the results of Beery VMI and fine motor coordination in relation to the age category with ANOVA. Planned comparisons were performed afterwards to see the trend for the differences. In order to gain a better understanding of the development of visual-motor integration, we performed a regression analysis with age and Lafayette Pegboard scores being in the one block (enter method). Finally the relationships between Beery VMI, Lafayette Pegboard and age were calculated by using the Pearson correlation coefficient. An alpha level of 0.05 was used for all tests. Data were analyzed with the computer program SPSS v.13 for Windows.

 

 

 

Резултати

 

Results

 

 

 

Значајните резултати од Beery тест за ви­зуел­но-мо­торна интеграција и од Lafayette тестот со пер­форирана табла се прикажани во та­бе­ла­та 1.

 

The mean results on the Beery Visual Motor Integration Test and Lafayette Pegboard Test are shown in table 1.

 

 

 

Табела 1: Резултати од Бериевиот ВМИ-тест и резултати од Lafayette перфорирана таб­ла според различни возрасни категории

 

Table 1: The results of Beery VMI Test and Lafayette Pegboard scores in different age categories

 

Возраст/

 Age category

 

ВМИ-резултати M (SD)/

 VMI scores

 

 

Резултати од Lafayette  перфорирана табла M (SD)/ Lafayette Pegboard scores

 

2.8-3.6 години / years

4.6 (1.7)

145.8 (29.8)

3.7-4.5 години / years

8.2 (2.8)

110.0 (27.1)

4.6-5.5 години / years

12.9 (2.8)

86.8 (14.3)

5.6-6.5 години / years

14.7 (2.6)

76.8 (15.2)

 

За Beery ВМИ-тест, резултатите од АНО­ВА покажаа статистички значајна разлика меѓу воз­расните категории F (3,272) = 167.5, p<0.001. Трит­е планирани споредби беа изведени и се­ко­ја покажа статистички значајни разлики меѓу воз­расните групи (најмалата група наспроти ос­та­на­тите три, t (272) = 16.7, p<0.001; втората нај­ма­ла група наспроти двете највозрасни групи t (272) = 15.8, p<0.001; и, конечно, споредбата меѓу двете најстари групи покажа значајни раз­ли­ки t (272)=4.1, p<0.001). Можеме да видиме дека со зголемувањето на возраста се добиваат по­добри резултати на ВМИ-тестот. 

За Lafayette тестот со перфорирана табла, ре­зул­та­тите од АНОВА исто така покажаа ста­тис­тич­ки значајни разлики меѓу возрасните групи, F(3,272) = 99.6, p<0.001. Ја употребивме истата пла­ни­рана споредба како за ВМИ и резултатите го покажаа истото движење дека подобрите пер­фор­манси на тестовите произлегуваат од зго­ле­му­ва­њето на возраста (првата споредба: t (272)=14.8, p<0.001; втората споредба t (272)=9.6, p<0.001 и третата споредба t (262)=2.6, p<0.001).

Следно, спроведовме регресиска анализа за да го видиме влијанието на возраста и моторната коор­ди­нација (резултатите од Lafayette пер­фо­ри­рана табла) на визуелно-моторната ин­тег­рац­иј­а. Резултатите се прикажани во табелата 2.

 

For the Beery VMI Test, the results of ANOVA revealed a statistically significant differences between the age categories F (3,272) = 167.5, p<0.001. Three planned comparisons were performed and each showed statistically significant differences between the age groups (youngest group vs. three others, t (272) = 16.7, p<0.001; second youngest vs. two oldest groups t (272) = 15.8, p<0.001; and finally the comparison between the two oldest groups revealed significant differences t (272)=4.1, p<0.001). We can see that increasing age significantly contributes to better results on VMI Test.

For the Lafayette Pegboard Test, the result of ANOVA also revealed a statistically significant difference between the age groups, F(3,272) = 99.6, p<0.001. We used the same planned comparisons as for the VMI and the results revealed the same trend that better performance on the tests comes with the increasing age the (first comparison t(272)=14.8, p< 0.001; second comparison t(272)=9.6, p<0.001; and the third comparison t(262)=2.6, p<0.001).

Next, we performed a regression analysis in order to see the influence of age and motor coordination (Lafayette Pegboard scores) on visual motor integration. The results are shown in table 2.

 

 

 

Табела 2 Резиме на регресиската анализа за пред­ви­ду­вањата на визуелно-моторната интеграција спо­ред возраста и моторната координација

 

Table 2. Regression Analysis Summary for Age and Motor Coordination Predicting the Visual-Motor Integration

 

Варијабли/Variables

B

SEB

β

t

p

Возраст/Age

3.03

0.22

0.64

13.7

0.001

Lafayette координација на моториката/ Lafayette Motor Coordination

-.04

0.006

0.25

-5.4

0.001

 

Забелешка/Note: R2=71 (N=276, p<.001).

 

Како што се забележува од табелата, моделот бе­ше статистички значаен, а возраста и мо­тор­на­та координација објаснуваат 71% од ва­ри­ја­ции­те на визуелно-моторната интеграција.

Корелацијата меѓу резултатите од ВМИ-тестот, ре­зултатите од Lafayette перфорирана табла и возраста се прикажани во табелата 3.

 

As it can be seen from the table, the model was statistically significant and age and motor coordination explained 71% of the variance in the Visual-motor integration.

The correlations of VMI Test results, Lafayette Pegboard results and age are shown in Table 3.

 

 

 

Табела 3 Корелација помеѓу возраста, Бериевиот тест за визуелно-моторната интеграција (ВМИ) и Lafayette перфорирана табла

 

Table 3. Correlations between Age, Beery Visual Motor Integration test (VMI) and Lafayette Pegboard test

 

 

Lafayette Pegboard/

Lafayette  перфорирана табла

ВМИ на Beery /Beery VMI

 

Возраст/

 Age

 

Lafayette перфорирана табла/ Lafayette Pegbord

 

Pearson   корелација/

Pearson correlation

1

-0.711

 

-0.713

 

ВМИ на Бери/ Beery VMI

 

Pearson

корелација/

Pearson correlation

-0.711

1

0.822

 

Забелешка/Note: N=276; all p's<.001

 

Како што се забележува, сите корелации се ста­тис­ти­чки значајни. Понатаму, ја објаснуваме ко­ре­ла­цијата меѓу визуелната моторна ин­тег­ра­ци­ја и возраста, контролирајќи го влијанието на мо­торната координација. Повторно, ко­ре­ла­ци­ја­та беше статистички значајна со r=0.64 (p<0.001).

 

As it can be seen from the table, all correlations were statistically significant. Further on, we examined the correlation between visual motor integration and age, controlling the influence of motor coordi­nation. Again, the correlation was statistically significant with r=0.64 (p<0.001).

Дискусија

 

Discussion

 

 

 

Во овој труд ги проценивме ефектите на воз­рас­та врз развојот на координацијата на фината мо­то­ри­ка и визуелно-моторната интеграција. Потоа ја проу­чивме корелацијата меѓу возраста, моторната коор­динација и визуелно-моторната интеграција. Пос­тоечките студии го покажаа развојниот курс на визуелно-моторните способности, којшто бе­ле­жи рапиден развој во детството, продолжува да се раз­ви­ва во адолесцентниот период, се израмнува во зрелоста и доживува пад во доцната зрелост (11).

Овој труд потврдува дека ефектите на возраста врз развојот на фината моторика се значајни за предучилишната возраст. Другите студии по­ка­жаа дека ефектите на возраста се исто така зна­чај­ни и за децата со интелектуални пречки (12). При­ме­рокот на деца во ова истражување беше по­делен на четири возрасни категории. На Beery  ВМИ резултатите се зголемија за 4 поени за секоја возрасна група, освен за последната гру­па во којашто резултатите се зго­ле­мија само за 2 поена. Ова „забавување“ на развојот на фи­на­та моторика кај предучилишните деца по­ка­жу­ва дека можат да постојат периоди на ра­пи­ден развој, проследени со периоди на забавен раз­вој на фините моторни вештини. Истиот тренд се забележува и кај Lafayette тест со пер­форирана табла за умешност и моторна коор­ди­нација. Резултатите од ова истражување по­ка­жуваат дека координацијата на фината мо­то­ри­ка и визуелно-моторната интеграција имаат исто развојно движење кај предучилишната воз­ра­ст. Исто така, нè интересираше и меѓусебниот од­нос на возраста, моторната координација и ви­зуелно-моторната интеграција. Затоа из­ве­дов­ме регресиска анализа за да видиме како влијаат воз­раста и моторната координација на ви­зуел­но-моторната интеграција. Резултатите од ова ис­тражување покажаа силно влијание на двете ва­ри­јабли на ВМИ со тоа што возраста е многу по­си­лен индикатор.     

Исто така, сознанијата од ова истражување по­ка­жу­ваат дека одност меѓу развојот на фината мо­то­рика и возраста не е линеарен, ниту во пре­ду­чил­ишната возраст. Како претпазливост треба да се забележи дека во ова истражување беше зе­мен пресекот на податоците. Овие сознанија тре­ба да се применат со различни примероци од де­ца, а тоа ќе придонесе за една лонгитудинална сту­дија на моторните способности на децата за да се види вистинската природа на врската меѓу возраста и моторните способности. Исто така, корисно би било да се употреби истата големина и истата возраст на групите за да се за­ја­кнат изведените статистички анализи и пос­ле­до­вателните заклучоци. Несомнено, ин­те­рес­но би било да се применат сознанијата од ова ис­тр­ажување на примерок од деца од првите че­ти­ри одделенија на основното образование за да се види движењето на развојот на фината мо­то­ри­ка кај оваа возрасна група. На крај, би било ко­рисно да се употребат други мерки за ви­зу­ел­но-моторните способности, како што се Бендер-Гес­та­лтовиот тест за да се добие дополнителна по­тврда на резултатите и квалитативни анализи за видот на грешките што ги прават децата.      

­Им­пли­кациите на овие сознанија се многу зна­чај­ни за практичната професионална терапија, еду­кација, специјална едукација и ре­ха­би­ли­та­ци­ја. Фокусот на ова истражување е да се по­ка­же развојниот курс на визуелно-моторните спо­соб­ности на предучилишна возраст. Соз­на­ни­ја­та презентирани овде посочуваат на можноста за сензитивни периоди во визуелно-моторниот раз­вој на детето. Моторната координација и ви­зуел­но-моторната интеграција како дел од ви­зуел­но-моторните способности, имаат големо вли­ја­ние на севкупното ниво на функционирање на детето, и академско и социјално. Доколку ги зна­еме сензитивните периоди во развојот на фин­ата моторика, можеме да создадеме по­доб­ре­на рехабилитациска програма за да им по­мог­не­ме на децата со ризик да ги елиминираат или ба­рем да се ублажат некои од забавувањата на раз­војот на фината моторика што можат да ги има­ат. Ова, за возврат, ќе им помогне на децата да бидат подобро подготвени за академските и се­којдневните предизвици што стојат пред нив.

 

In this study we evaluated the effects of age on the development of fine motor coordination and visual motor integration. Furthermore, we examined the correlations between age, motor coordination and visual motor integration. The existing studies have shown the developmental course of visual-motor abilities which develop rapidly in childhood, continue to develop into adolescence, plateau in adulthood and decline in late adulthood (11).

This study confirmed that the effect of age on fine motor development was significant in preschool age. Other studies have found the effects of age to be significant in children with intellectual disability as well (12). The sample of children in this study was divided into four age categories. On the Beery VMI the scores raised by 4 points in each age group except for the last group in which the scores increased only 2 points. This „slowing down“ of fine motor development in preschool children indicates that there might be periods of rapid development followed by periods of slower increase in fine motor skills. The same trend was seen in the Lafayette Pegboard test of Dexterity and Motor Coordination. The results of this study indicate that the fine motor coordination and visual motor integration have the same developmental trends at the preschool age. We were also interested in the mutual relationship between age, motor coordination and visual motor integration. Therefore, we performed a regression analysis to see how age and motor coordination influence the visual motor integration. The results of this study revealed strong influence of both variables on VMI with the age being the much stronger predictor.

Also, the findings in this study indicate that the relationship between fine motor development and age is not linear, not even in the preschool years. A caution should be noted here as the data for this study were cross-sectional. This findings need to be replicated in a different sample of children and it would be beneficial to conduct a longitudinal study of motor abilities in children to see the exact nature of the relationship between age and motor skills. It would also be usefull to have the same size and same age bands group as it would strenghten the statistical analysis performed and subsequent conclusions. It would also be interesting to replicate this study on the sample of children from the first four grades of elementary school to see the trends in fine motor development in that age group. Finally, it would be useful to use another measure of Visual-motor abilities, such as Bender-Gestalt test in order to get an additional validation of the scores and qualitative analysis of the type of errors children make.

The implications of these findings are very important for the practice of occupational therapy, education, special education and rehabilitation. The focus of this study was to show the developmental course of visual motor abilities at preschool age. The findings presented here indicate the possibility of sensitive periods in the visual motor development of the child. Motor coordination and visual motor integration, as part of visual motor abilities, have a great impact on child's overall level of functioning both academic and social. Knowing the sensitive periods of fine motor development, we can design enriched rehabilitation programs to help children at risk eliminate or at least alleviate some of the fine motor delay they might have. This will, in turn, help children to be better prepared for the academic and everyday challanges ahead them.

 

 

 

Заклучок

 

Conclusion

 

 

 

Фините моторни способности се многу важни во детскиот развој. Овој труд ги покажа мож­ни­те сензитивни периоди во развојот на фините мо­торни вештини. Професионалците што ра­бо­тат со деца треба да бидат свесни за овие пе­рио­ди и треба да обезбедат индивидуализирана (ре)ха­би­литациска програма за ублажување на бав­ниот развој на фината моторика кај децата со ри­зик за таков развој.

 

Fine motor skills are of extreme importance in child's development. This study has indicated a possible sensitive periods in the development of fine motor skills. Professionals working with children need to be aware of these periods and to provide  Individualized (Re)habilitation Programs for alleviation of  fine motor delays in children at risk for such delays.

 

 

 

Citation: Memisevic H, Hadzic S. Development of Fine Motor Coordination and Visual-Motor Integration in Preschool Children. J Spec Educ Rehab 2013; 14(1-2):45-53. doi: 10.2478/v10215-011-0032-4

   

Article Level Metrics

 
   

Литература/References

 

 

 

 

 

1. Decker SL, England JA, Carboni, JA, Brooks JH. Cognitive and developmental influences in Visual-Motor Integration skills in young children. Psychological Assessment 2011; 23(4):1010–1016.

2. Bart O, Hajami D, BarHaim Y. Predicting school adjustment from motor abilities in kindergarten. Infant and Child Development 2007; 16(6):597–615.

3. Schultz RT, Carter AS, Gladstone M, Scahill L, Leckman JF, Peterson BP, Zhang H, Cohen DJ, Pauls D. Visual-Motor integration functioning in children with Tourette syndrome. Neuropsychology 1998; 12(1):134–145.

4. Bohm B, Lundequist A, Smedler AC. Visual-motor and executive functions in children born preterm: The Bender visual motor gestalt test revisited. Scandinavian Journal of Psychology 2010; 51(5):376–384.

5. Sutton GP, Barchard KA, Bello DT, Thaler NS, Ringdahl E, Allen DM, Mayfield J. Beery-Buktenica developmental test of Visual-motor integration performance in children with traumatic brain injury and attention deficit/hyperactivity disorder. Psychological assessment 2011; 23(3):805–809.

6. Case-Smith J. Fine motor outcomes in preschool children who receive occupational therapy services. The American Journal of Occupational Therapy 1996; 50(1):52–61.

 

7. Ljutić T, Joković Oreb I, Nikolić B. The effect of early intervention program on motor development in a child with neurodevelopmental risk. Hrvatska revija za rehabilitacijska istraživanja 2012; 48(2):55–65.

8. Dankert HL, Davies PL, Gavin WJ. Occupational therapy effects on visual-motor skills in preschool children. American Journal of Occupational Therapy 2003; 57(5):542–549.

9. Memisevic H, Hadzic S. The relationship between visual-motor integration and articulation disorders in preschool children. Journal of Occupational Therapy, School & Early Intervention 2013; (in press).

10. Beery KE, Beery NA. Beery VMI- Administration, Scoring and Teaching Manual. Bloomington: Pearson, 2010.

11.       Decker SL. Measuring growth and decline in visual-motor processes with the Bender-Gestalt second edition. Journal of Psychoeducational Assessment 2008; 26(1):3–15.

12.       Memisevic H, Sinanovic O. Predictors of visual-motor integration in children with intellectual disability. International Journal of Rehabilitation Research 2012; 35(4):372–374.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in