Оваа година Институтот за дефектологија го прославува својот 20-годишен јубилеј. Дваесет години трновит пат во насока на едукација на студентите за една од најхуманите науки, а тоа, несомнено, е дефектологијата. Ова се години во кои се зацврстуваше позицијата на Институтот на мапата на институти на Филозофскиот факултет и на Универзитетот †Св. Кирил и Методиј∏ во Скопје за да прерасне во еден од највлијателните институти со силен импакт во регионални рамки. По тој повод планираме работно да го прославиме овој јубилеј со меѓународна конференција што ќе се одржи во хотел Метропол во Охрид од 17 до 19 октомври годинава. Повикот за пријавување на трудови е с¢ уште отворен и искрено ве поканувам активно да учествувате на оваа значајна конференција. Ваква е состојбата со првиот издвач на списанието и додека тој прогресивно го чекори својот пат во врвната наука, вториот издавач Сојузот на дефектолозите на Р. Македонија тоне во својата декаденција, одбива по втор пат да си ги заврши материјалните обврски преземени со договор и со тоа ја доведува под знак прашање неговата улога како издавач. Во меѓувреме започнува со издавање на стручно списание †Специјална едукација и рехабилитација∏, за што нашата редакција искрено им честита, но со тоа врши паралелизам во издаваштвото и како втор издавач си ги затвора вратите во нашето списание.
На ова место сакам да се заблагодарам на соработката на два члена на редакцијата кои во минатиот број ги завршија своите работни обврски во редакцијата: Ирена Итова и Христина Митрева. Во овој број нивните позиции ги зазедоа Славица Тодорова, преведувач од англиски на македонски јазик и обратно, Александра Петковска-Анастасов, лектор по англиски јазик и Ана Петковска, технички секретар на редакцијата. На сите нив им посакувам успешна, плодна и долгогодишна работа во насока на подобрување на квалитетот на списанието.
Фактот што радува е тоа што во овој број се застапени доста интернационални автори од следните држави: Босна и Херцеговина, Иран, Кина, Кореjа, Нигерија, САД и Македонија.
Што ќе читаат читателите во овој број? Дефектолошката рубрика се состои од три труда кои се однесуваат на: стресот на родителитe на деца со пречки во развојот и нивната поддршка; влијанието на работата на специјалните едукатори и рехабилитатори во редовните училишта на односот со врсниците меѓу учениците со задоцнет развој и психосоцијалното влијание на оштетувањето на слухот на интерперсоналните односи на младите со оштетен слух во Нигерија. Во втората рубрика може да се прочита еден интересен труд под наслов: Развој на фината моторика и визуелно-моторната интеграција кај децата на предучилишна возраст. Во психолошката рубрика читателите ќе сретнат два труда за мерење на самопочитта кај глувите/наглувите студенти и за споредба на самоефикасноста и надежта меѓу учениците со тешкотии во учењето и учениците без тешкотии во учењето. Во новините од светот читателите ќе се запознаат со инклузија на децата со интелектуални и комбинирани пречки: приод на рехабилитацијата заснована во заедница во Индија.
Во рубриката Вести и информации поместени се корисни информации за неделата на отворен пристап, за проектот од COST-ESSEA програмата, за соработката меѓу Ротари клубот од Скопје и МНЗА и најава за Четвртата меѓународна конференција што ќе се одржи во октомври, во Охрид. Во овој број има и апстракт од еден одбранет магистерски труд под наслов Бариери со кои се соочуваат младите лица со инвалидност во Република Македонија низ секојдневниот живот. Овој број завршува со редовните рубрики: Библиографија, Листа на рецензенти и Индекс на автори.
|