БАРИЕРИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ МЛАДИТЕ ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НИЗ СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

 

Марија ЦАКИЌ

 

Филозофски факултет,

Институт за дефектологија – Скопје

 

Марија Цакиќ го одбрани својот ма­гис­терски труд на 01.10. 2012 година на Инсти­тутот за дефектологија при Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, пред комисија во состав: проф. д-р Владимир Трајковски, доц. д-р Зоран Киткањ и доц. д-р  Наташа Чичевска – Јованова

 

BARRIERS THAT YOUNG

PEOPLE WITH DISABILITIES

FACE IN REPUBLIC OF

MACEDONIA

 

Marija CAKIC

 

Faculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation – Skopje

 

Marija Cakic defended her master thesis on October 01, 2012 at the Institute of Special Educa­tion and Rehabilitation, Faculty of Philo­so­phy, University of   “Ss. Cyril and Metho­dius” – Skopje, in the presence of a commis­sion composed of: Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, Doc. Dr. Zoran Kitkanj, Doc. Dr. Natasha Chicevska – Jovanova.

 

Примено: 02.03.2013

Прифатено: 05.03.2013

 

 

 

Recived: 02.03.2013

Accepted: 05.03.2013

Abstract from defended thesis

 

 

 

Резиме

 

Abstract

 

 

 

Магистерскиот труд е презентиран на 117 стра­­ници. Трудот ги содржи следниве де­ло­ви: во­вед, теоретски пристап кон проблемот на ис­тра­жувањето, анализа и интерпретација на ре­зул­та­тите, заклучоци со предлог-мерки, ли­те­ра­ту­ра и прилози.

Во воведот се нагласува за стереотипноста кон ли­ца­та со инвалидност во нашето општество, ши­ро­ко распространетата дискриминација и стиг­матизација како основни бариери при со­ци­­јална инклузија на лицата со инвалидност. Ви­со­киот степен на предрасуди, ар­хи­тек­тон­ски бариери и индиферентниот однос на др­жа­ва­­та ги ограничува основните права и слободи на лицата со инвалидност. Младите лица со ин­­ва­лидност немаат секогаш услови и мож­нос­ти активно да партиципираат во сите сфери на оп­штествениот живот, како и останатите гра­ѓа­ни.

 

The Master’s thesis is presented on 117 pages. The paper contains the following sections: introduction, theoretical approach to the problem of the research, analysis and interpretation of results, conclusions with proposed measures, literature and articles.

The introduction emphasizes the stereotype about people with disabilities in our society, the widespread discrimination and stigmatization as fundamental barriers in the social inclusion of people with disabilities. The high degree of prejudice, the architectural barriers and the indifferent attitude of the state restricts the fundamental rights and freedoms of persons with disabilities. Young people with disabilities do not always have conditions and opportunities to participate actively in all spheres of social life, as the other citizens.

 

 

 

Основната цел на магистерската теза е да се прет­стават бариерите со кои се­кој­днев­но се соо­чу­ваат младите лица со ин­ва­лид­ност во Ре­публика Македонија и да се спо­реди ни­во­то на проблемите во однос на хронолошката воз­раст, полот и ка­те­го­ри­ја на инвалидност.

Во теоретските основи се образложува пои­­мот и дефиницијата на инвалидноста, ка­­те­­го­риите ­на инвалидноста кои се оп­фа­те­ни во ис­тражувањето како и бариерите низ се­кој­днев­ниот живот кај младите лица со ин­ва­лид­ност. Значаен сегмент од тео­рет­ските ос­но­ви се бариерите со кои се­кој­дневно се соо­чу­ваат лицата со ин­ва­лид­ност, ог­ра­ни­чу­вач­ки­те услови при при­ла­годувањето на ба­ра­ња­та на сре­ди­на­та, движењето против мар­ги­на­лизацијата, дис­криминацијата, бариерите при вра­бо­ту­ва­ње, образованието, пристапот до јав­ни мес­та и комуникација, ар­хи­тек­тон­ски­те ба­риери итн.

Во истражувачкиот дел се претставени пред­­метот на истражувањето, целта и ка­рак­терот, ис­тражувачките прашања, хи­по­те­зи­те на ис­тра­жу­вањето, примерокот и вре­менската рам­ка, методите, техниките и инс­трументите на истражувањето. Како при­ме­рок беа оп­фа­те­ни шест групи на ис­пи­та­ници: категории на лица со ин­ва­лид­ност, лица од општата по­пу­ла­ција и се­меј­ства на лица со ин­ва­лид­ност. Лицата со ин­ва­лидност беа поделени во две групи спо­ред нивната возраст. До­бие­ни­те по­да­то­ци беа групирани, табелирани и со цел да направиме компарација прис­та­пив­ме кон компјутерска обработка со стан­дард­на статистичка програма SPSS for Windows XP, применувајќи го  c2 тест и R x C табели на контингенција. За ста­тис­тич­ки значајна раз­лика беше сметана раз­ли­ка­та на ниво на зна­чајност од p<0,05. Во делот кој се од­не­су­ва на анализата и ин­терпретација на ре­зул­та­ти­тe, врз основа на истражувањето кое беше спро­ведено беа претставени резултати до­бие­ни од мла­ди­те лица со инвалидност, по­точ­но ба­рие­рите со кои се соочуваат при се­кој­днев­ниот живот, правејќи споредба меѓу воз­­раста, полот, видот на инвалидноста и ет­­нич­ка­та припадност. Со потврдување на хи­­п­о­те­зите, заклучивме дека младите лица со ин­валидност секојдневно се соо­чу­ваат со ба­рие­ри, без разлика на полот, воз­раста и ка­те­го­ри­јата на инвалидноста. Ба­риерите се ре­пер­кусираат како ре­зул­тат на ин­тер­ак­ци­ја­та помеѓу лицата со ин­ва­лидност и око­ли­на­та, притоа овие ба­рие­ри ги спречуваат мла­ди­те лица со ин­ва­лидност за целосно учес­тво во оп­штес­тво­то. Заклучено е дека од­но­сот на оп­штес­твената средина кон лицата со ин­вал­ид­ност јасно може да се разгледува како оп­штествена изолација, дис­кри­ми­на­ци­ја, не­га­тивни ставови и предрасуди од сре­ди­на­та, пониски образовни достигнувања, ба­­рие­ри при комуникацијата, вра­бо­ту­ва­ње­то­, не­­дос­та­ток на јавна пристапност, не­соод­вет­ни по­ли­тики и стандарди. Во ис­тра­жу­ва­ње­то кон­статиравме дека е нео­п­ход­но да се спро­ве­де едукација на по­ши­ро­ката оп­­штес­тве­на заед­ни­ца за лицата со ин­ва­лид­ност.

Пред­лог мерки се:

  • бесплатен влез на сите културни и спорт­ски манифестации за сите лица со ин­ва­лид­ност;
  • Создавање услови за партиципација во оп­штествениот живот. Пристапност и ед­нак­ви можности во политичката, еко­ном­ска­та и социјалната сфера од животот;
  • Осовременување на постоечката за­кон­ска регулатива заради спречување на дис­криминација и создавање на услови за подобра социјална прифатеност;
  • Да се организираат повеќе средби на ро­ди­те­лите на деца со инвалидност заради раз­мена на позитивно искуство;
  • Во воспитно-образовните програми за ос­новните училишта да се внесат со­др­жи­ни за сексуално воспитание и об­ра­зо­ва­ние;
  • Поадекватен пристап на јавната ад­ми­ни­стра­ци­ја кога станува збор за користење на здраствените и социјалните услуги;
  • Редовно информирање на семејствата кои имаат лица со инвалидност за нив­ни­те права и обврски;
  • Зголемување на Посебниот додаток од За­конот за заштита на децата;
  • Перманентно и континуирано усо­вр­шу­ва­ње на сите стручни лица кои се за­ни­ма­ва­ат со проблемите на децата со раз­вој­ни проблеми.

 

The main aim of the thesis is to present the barriers that young people with disabilities face every day in the Republic of Macedonia and to compare the level of problems in terms of chronological age, gender, and disability category.

The theoretical basis gives the explanation of the term and the definition of disability, the disability categories that are included in the survey as well as the barriers in the everyday life of young people with disabilities. A significant segment of the theoretical basis are the  barriers faced by persons with disabilities on a daily basis, the limiting conditions while adapting to the demands of the society, the movement against marginalization, discrimination, barriers to employment, education, access to public places and communication, architectural barriers, etc…

The research part represents the subject of the research, the purpose and nature of the research questions, the research hypotheses, the sample and the time frame, the methods, the techniques and the instruments of research.  Descriptive statistics method of comparative analysis were used in the research.  The following techniques were applied in the research: analysis of documents and survey using questionnaires. As sample, six groups of subjects were included: categories of persons with disabilities (persons with intellectual deficit, persons with visual impairments, persons with hearing impairments, persons with physical impairments),  persons from the general population and families of persons with disabilities. The persons with disabilities were divided into two groups according to their age (14-18 years the first group and 18-30 the second group). The received data were grouped, tabled and in order to make a comparison we made computer processing with standard statistical program SPSS for Windows XP, incorporating the c2 test and the R x C contingency tables. As a statistically significant difference was considered the difference at the level of significance of p <0.05. In the section relating to the analysis and interpretation of results, based on the conducted research, results obtained from young people with disabilities were presented, in particular barriers they face in their everyday life, making comparison between age, gender, type of disability and ethnicity.  The obtained results of the survey were analyzed and interpreted in 13 tables and 14 figures, since four types of questionnaires were applied (questionnaires for persons with disabilities aged 14-18, questionnaires for persons aged 18-30, general population and families of persons with disabilities). We concluded that there is a statistically significant difference in terms of chronological age, the highest percentage is indicated when visiting public places, 100% of the group, aged 14-18, answered affirmatively. In subjects aged 18-30, barriers in formation of marital status 97% gave an affirmative answer. In terms of gender, there is no statistically significant difference. In the category of disability, the majority of respondents who encounter barriers are persons with IP, while people with TIL commonly face barriers when they visit public places. The question about the area in which young people with disabilities often encounter barriers, 45% of the parents and 48% of the general population reported employment barrier.

With the confirmation of the hypothesis, we found that young people with disabilities face barriers every day, regardless of gender, age and disability category.  The barriers reflect as a result of the interaction between people with disabilities and the environment, and these barriers prevent young people with disabilities to participate fully in society. It is concluded that the attitude of the social environment to persons with disabilities can clearly be seen as social isolation, discrimination, negative attitudes and prejudices of the society, lower educational attainment, employment barriers, communication barriers, lack of public accessibility, inadequate policies and standards. The research concluded that it is necessary to implement education of the wider community for people with disabilities.

The proposed measures are:

  • free entry to all cultural and sport events for all persons with disabilities.
  • creating conditions for participation in social life. Accessibility and equal opportunities in political, economic and social spheres of life.
  • modernization of the existing legislation to prevent discrimination and to create conditions for greater social acceptance.
  • organization of more meetings for parents of children with disabilities in order to exchange positive experience.
  • implementation of contents for sexual education in the school’s educational programs.
  • more adequate access to public administration, when it comes to the use of health and social services.
  • regular informing of the rights and obligations of the families who have persons with disabilities.
  • increase of the special allowance of the Law on Child Protection.
  • permanent and continuous training of all professionals dealing with the problems of the children with developmental problems.
Адреса за кореспонденција
Марија ЦАКИЌ
Кеј 11 Ноември 218
1300 Куманово, Република Македонија
Е-пошта: cakic_maca@hotmail.com
  Corresponding Address:
Marija CAKIĆ
Kay 11 Noemvri 218
1300 Kumanovo, Republic of Macedonia
e-mail: cakic_maca@hotmail.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in