ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА

 
Почитувани читатели, 
 
Во вашите раце се наоѓа бројот 3-4 за 2011 година создаден со многу труд и голем енту-зијазам. Во една пригода имам изјавено дека во Македонија да се бавите со уредништво е исто како да сакате да се спротивставите на Земјината тежа и да сакате да останете во позиција на бестежинска состојба. Колку и да се трудите да направите нешто напредно и вредно, секогаш постојат репулсивни сили кои ве демотивираат во процесот на создавање на квалитетно списание. Некако како да не се сложуваат коцките во мозаикот на оние кои треба да пишуваат и да објавуваат, на оние кои треба тоа да го издадат и на крај на оние кои треба тоа да го прочитаат. Се добива впечаток дека сето тоа е во една голема несразмерност. Со луѓе кои постојано флуктуираат во издавачката канцеларија не можете да очекувате врвен интернационален квалитет, туку ќе мора да се задоволите со локални или во најголема мера регионални успеси. Добивањето на толку посакуваниот фактор на влијание изгледа многу далечен во такви услови. Овде сакам да се заблагодарам за придонесот во последните неколку броја на јазичниот редактор по македонски јазик доц. д-р Ратко Дуев и секретарот на редакцијата Ангелка Велкоска. 
Тоа што го карактеризира периодот од минатиот број досега, а е вредно да се спомене, е секако потпишувањето на договорот со издавачката куќа „Версита“ од Полска, која стана електронски издавач на списанието. Бројот на индексирања и апстрактирања на списанието се зголеми и ја достигна бројката 44, што секако претставува број за почит. 
При крајот на месец август, на Институтот за дефектологија во рамките на континуираната едукација на постдипломците, беше одржан семинар на тема: „Рана интервенција – превентива и предизвици во раното детство“, така што во наредниот број очекуваме да бидат објавени неколку трудови од реномирани професори од Германија и Австрија, а кои беа предавачи на семинарот.
Што ќе можете да прочитате во овој број? Колегата од Романија Гергут се претставува со трудот: „Саморегулативни стратегии за орална комуникација кај децата со оштетен слух“. „Сензитивна комуникација со деца со умерена интелектуална попреченост преку емотивно-експресивните принципи на ICDP програмата“ е насловот на трудот на авторите Нергис-Акѓун и Петров. Во делот медицински третман се поместени содржини кои ги обработуваат ризик факторите кај деца родени со асистирано оплодување и граматичко синтактичкиот развој кај деца со специфични јазични нарушувања. Следува рубриката психолошко педагошки преглед каде што авторката Косевска на многу пластичен начин ни објаснува за системот на вредности кај глувите адолесценти од Полска. Во следната рубрика можеме да се запознаеме со значењето на групната терапија во третманот на пелтечењето. Во делот искуства и новини од светот претставени се одредени методи за учење помогнати од соученици во посебното обра-зование во Нов Зеланд.
Вестите и информациите добро ги покриваат настаните во секторот на специјална едукација во државата и регионот. Имаме прикажано апстракт од еден одбранет магистерски труд и повторно тука се задолжителните и неодминливи делови: библиографија, листа на рецензенти и индекс на автори. 
Можеме да претпоставиме дека овој број ќе го разбуди вашиот интерес да го прочитате и несебично ја споделите содржината на истиот со вашите колешки и колеги. Во Македонија купувањето на списанија с? уште претставува мислена именка, но затоа тука сме ние да ја подигнуваме културата за читање на стручно научни списанија. Ги очекуваме вашите забелешки и коментари на адреса на редакцијата, а тоа е во насока на подобрување на квалитетот на содржините во списанието.
 
 
Со почит,
Главен и одговорен уредник
Проф. д-р Владимир Трајковски
 
 
EDITORIAL PREFACE
 
Dear readers,
 
In your hands is the issue 3-4 for the year of 2011 which is created with great effort and big enthusiasm. At one occasion I have said that to be an editor in Macedonia is like counteracting gravity and wanting to stay in a non-gravity state. No matter how much you try to do something advanced and valuable, there is always some repulsive power that de-motivates you along the process of creating a publication with quality. It seems as the pieces of the puzzle are misplaced for the ones that are writing and publishing, for the ones that need to issue and at the end, for those that will read the journal. It all seems as one big unbalance. With people that constantly fluctuate in the editorial office, one cannot expect elite international quality, instead we will have to be satisfied with local or at the most, regional quality of the journal. Achieving the thriving impact factor seems very distant in such circumstances. Hereby, I would like to express gratitude to Dr. Ratko Duev as lector for Macedonian language and the technical secretary Angelka Velkoska, for their contribution in the past several issues.  
The events that mark the period between the last and this issue that are worth mentioning is the contract established with the publishing house Versita from Poland, which became electronic publisher of the journal. The indexing and abstracting number of the journal has reached up to 44, which certainly is respectable figure. 
At the end of August, a seminar under the topic: "Early intervention prevention and challenges in the early childhood" was held at the Institute for Special Education and Rehabilitation within the framework of constant education of the post-graduates. So, in the upcoming issue we are expecting to publish several articles form eminent professors lecturers at the seminar from Germany and Austria.           
What can you read about in this issue? My colleague Ghergut from Romania is presenting his research: "Self-regulatory strategies for oral communication in children with impaired hearing". "Sensitive communication with children with mild intellectual disability trough the emotional-expressive principles of the ICDP program" is the title of the authors Nergis-Akgjun and Petrov. The medical issue section contains publications that analyze the risk factors in children born with assisted fertilization and the grammatically syntactic development of children with specific disorders. Thereafter follows the psychological and pedagogical checkouts section, where the author  Kossewska in a very plastic manner explains the value system in deaf adolescents from Poland. In the following section, one can read more about the meaning of the group therapy for the treatment of stuttering. In the segment devoted to the world news and experiences one can find certain methods for learning assisted by peers, used in the special education in New Zealand.      
The news and information well cover the events in the sector for the special education in Macedonia and the region.  We have also presented abstract from a defended master's thesis, after which follow the compulsory sections: bibliography, list of reviewers and index of authors. 
We can assume that this issue will intrigue your attention for reading and you will cherish its content with you colleagues. The purchase of journals in Macedonia still represents only an idea, however we stand for elevating the habit of reading academic journals. We are expecting your comments and critiques on the editorial office's address hoping they will help improving the quality of the journal's content.
 
 
With respect,
Editor-In-Chief 
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski
 
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in