EDITORIAL PREFACE

 

 

 

 

 

Respected readers of ours and yours journal,

 

 

 

As you already know the Faculty of Philosophy at Skopje this year is celebrating its 90th anniversary of existence. The previous and this issue give the possibility for the editorial office to thank the previous and current university administration for their constant financial assistance in the past and the present. On the other side, the continuously increased indexation of the journal and the enlarged number of web visitors, gives the possibility for broader affirmation of the Faculty of Philosophy at Skopje. 
The number of indexations was dabbled in the past months, mainly in various libraries within universities worldwide. The journal is included in the following data bases: Biblioteka Uniwersytecka we Wroclawiu, ChengChi University Libraries, Chung Yuan Christian University Library, Electronic Resources HKU Libraries, Feng Chia University Library Subject Directory, GESIS SocioGuide, Kitasato Memorial Medical Library, National Ilan University Library, Ovid LinkSolver, Royal University of Buthan Samtse Colledge of Education, University of Groningen Library, University of Nevada Libraries, Warner Memorial Library of Eastern University, WANGFANG DATA and WorldWideScience.gov. Currently the journal is available in 32 digital bases.
In this issue you will be inclined to read about the structure of the mobility and skills of hearing impaired children and get an overview of the approach and opinion of the employers, employees and their parents, concerning the employment procedures of people with autism in the Republic of Macedonia. You will also be able to recognize the effects of the equine-assisted therapy in bettering the psycho-social capability of the children with autism. Adoption of mathematical language in the schooling procedures is theme analyzed by Karich and Radovanovich, while Nedovich, Rapaich and Marinkovich are elaborating the influence of mental retardation over mental representation and the motor performance.  
The news and information section abounds with novelties from seminars and conferences from around the country and abroad. After follows presentation of attended study visits and the manifest “Basic standards for the health care of people with intellectual development disorders” adopted by the European Association of Intellectual Disability Medicine. This is adjoined with the regular sections: resumes of defended doctoral and masters theses, bibliography, list of referents and index with authors. The front-cover design is improved and big gratitude for that to Miss Resana Mihailova, who voluntary and unselfishly worked with the new front-cover. An appreciation deserves Miss Irena Itova, who joined the editorial office as translator from and to English.
My sincere hopes are that this issue will fulfill your demands and you will take a moment of your valued time to read its content. Any well intentioned critique will be highly valued and accepted in the manner for improvement of the journal’s quality.

 

 

With respect,
Editor-In-Chief
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski

ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА

 

 

 

 

 

Почитувани читатели на нашето и ваше списание,

 

 

 

Како што веќе знаете Филозофскиот факултет од Скопје го прославува својот 90 годишен јубилеј од своето постоење во оваа тековна година. Овој број и претходниот број претставуваат можност редакцијата да се заблагодари за континуираната финансиска поддршка која пристигнуваше од минатата и стигнува с¡ уште од сегашната деканска гарнитура. Од друга страна, постојаното зголемување на бројот на индексации на списанието и бројот на посети на веб страницата претставуваат можност за поширока афирмација на Филозофскиот факултет од Скопје.
Во последните месеци двојно се зголеми бројот на индексации и тоа претежно во библиотеки на разни универзитети ширум светот. Нови бази на податоци се следните: Biblioteka Uniwersytecka we Wroclawiu, ChengChi University Libraries, Chung Yuan Christian University Library, Electronic Resources HKU Libraries, Feng Chia University Library Subject Directory, GESIS SocioGuide, Kitasato Memorial Medical Library, National Ilan University Library, Ovid LinkSolver, Royal University of Buthan Samtse Colledge of Education, University of Groningen Library, University of Nevada Libraries, Warner Memorial Library of Eastern University, WANGFANG DATA и WorldWideScience.gov. Во моментот списанието може да се сретне во 32 дигитални складишта.
Во овој број ќе можете да прочитате за структурата на мобилноста и вештините кај глувите деца, да ги согледате ставовите и размислувањата на работодавачите, вработените лица и родителите за вработување на лицата со аутизам во Република Македонија, да ги спознаете ефектите од терапијата со помош на коњи во подобрувањето на психо-социјалната способност кај децата со аутизам. Усвојувањето на математичкиот јазик во одделенска настава е тема обработена од авторите Кариќ и Радовановиќ, а влијанието на менталната ретардација врз менталната репрезентација и моторната изведба е тема по избор на авторите Недовиќ, Рапаиќ и Маринковиќ.
Рубриката вести и информации изобилува со новини од одржани семинари и конференции во земјата и странство, остварени студиски посети, а на крај е даден манифестот: „Основни стандарди за здравствена грижа за лицата со интелектуални пречки во развојот“ донесен од Европската асоцијација за медицина на интелектуалната попреченост. Следуваат редовните рубрики: резимеа од одбранети докторати и магистерски трудови, библиографија, листа на рецензенти и индекс на автори. Дизајнот на корицата е подобрен и ја користам оваа прилика да и се заблагодарам на госпоѓицата Ресана Михаилова која волонтерски и несебично работеше на новата корица. Исто така благодарност заслужува и госпоѓицата Ирена Итова која се придружи на редакцијата како преведувач од македонски на англиски јазик и лектор на англискиот текст.
Искрено се надеваме дека овој број ќе ги задоволи вашите вкусови и дека ќе одвоите од вашето ценето време за читање на содржините на истиот. Секоја добронамерна критика ќе биде прифатена и ќе биде во контекст на подобрување на квалитетот на списанието.

 

 

Со почит,
Главен и одговорен уредник
Проф. д-р Владимир Трајковски

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in