СТАВОВИТЕ И МИСЛЕЊАТА НА РОДИТЕЛИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ЗА СЕКСУАЛИОТ РАЗВОЈ,
ОДНЕСУВАЊЕ И ПОЛОВ ИДЕНТИТЕТ КАЈ ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Бисера МЛАДЕНОВСКА 1
Владимир ТРАЈКОВСКИ 2

 

невработен дефектолог 1
Филозофски факултет
Институт за дефектологија2

 

 

OPINIONS AND ATTITUDES OF PARENTS AND STUDENTS
FOR SEXUAL DEVELOPMENT, SEXUAL BEHAVIOR

AND GENDER IDENTITY OF PERSONS
WITH AUTISM IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

 

Bisera MLADENOVSKA1
Vladimir TRAJKOVSKI2


Unemployed special educator 1
Faculty of Philosophy - Institute of Special Education and Rehabilitation2

 

Примено: 09. 01. 2010
Прифатено: 23. 01. 2010
UDK: 159.922.1.07:616.89(497.7)

 

 

Received: 09. 01. 2010
Accepted: 23. 01. 2010
Original article

 

Резиме

 

 

Abstract

Лицата со аутизам може да се соочат со проблеми во периодот на пубертетот и адолесценцијата, кои произлегуваат од промените кои се случуваат со нивното тело. Лицата со аутизам се и сексуални суштетства кои имаат сексуални потреби и желби како и останатите луѓе. Сексуалниот развој претставува дел од целокупниот развој на личноста.
Основната цел на ова истражување е да се претстави сексуалниот развој, сексуалното однесување и половиот идентитет кај лицата со аутизам, односно ги испитувавме и ставовите и мислењата на родителите и студентите-дефектолози, за сексуалниот развој и однесување кај лицата со аутизам.
Како основни задачи, според кои се раководевме во текот на ова истражување се следниве: да се утврди дали лицата со аутизам имаат јасна претстава за својата сексуалност, дали родителите разговараат со своите деца на оваа тема, дали и колку всушност знаат лицата со аутизам што се тоа сексуални односи, контрацепција, несакана бременост, полово преносливи болести, интимни делови на телото итн., дали лицата со аутизам покажуваат одредено сексуално однесување и дали родителите и стручните кадри е потребно да се едуцираат во однос на сексуалниот развој и однесување кај лицата со аутизам.
Истражувањето беше спроведено во период од речиси 3 месеци и во него беа опфатени 94 испитаници.
Добиените податоци беа собрани, групирани, табелирани и обработени во програмот Microsoft Office Excel 2003, применувајќи χ² тест и Fisher-ов Exact тест, а како сигнификантни беа земени разликите на ниво на значајност од р< 0.05.
Од анализата и интерпретацијата на резултатите можеме да забележиме дека во Република Македонија во рамките на семејствата па и во училиштата постои многу мал степен или воопшто не постои комуникација и разговор помеѓу родителите и стручните кадри со лицата со аутизам на тема сексуален развој, однесување и полов идентитет. Лицата со аутизам немаат никакви познавања за сексуалноста.

 

Persons with autism can experience severe issues during the puberty and adolescence resulting from the changes that occur in their body. People with autism are sexual beings. They have sexual needs and desires as other people. Sexual development is part of the overall development of their personality.
The main objective of this research was to present sexual development, sexual behavior, and sexual identity among persons with autism. Furthermore, we determined the views and opinions of the parents and students, special educators and rehabilitators, about children with autism. Basic tasks of this research were: to determine whether persons with autism have a clear picture and concept of their sexuality, whether the parents discuss this topic with their children, whether and how persons with autism know what sex is, what is contraception, unwanted pregnancy, sexually transmitted diseases or intimate parts of  the  body,  whether they show some kind of sexual behavior, and whether the parents and students should be educated regarding the sexual development, behavior, and sexual identity of persons with autism.
The survey was conducted over a period of almost 3 months, which included 94 respondents.
Obtained data was collected, grouped, tabled, and processed with the standard statistical program Microsoft Office Excel 2003, applying χ2 tests and Fisher's Еxact test. Statistical important difference was at the level of p<0.05.
From the analysis and interpretation of the results, we can conclude that in Macedonian families and schools there is a very small extent or no existence of communication between the parents and professionals with persons with autism about sexual development, sexual behavior, and sexual identity. Persons with autism have very little or no general knowledge about sexuality.

 

 

 

 

Citation:Mladenovska B, Trajkovski V. Opinions and Attitudes of Parents and Students for Sexual Development, Sexual Behavior and Gender Identity of Persons with Autism in the Republic of Macedonia. J Spec Educ Rehab 2010; 11(1-2):7-24.

   

 

   

Клучни зборови: лица со аутизам, сексуалност, сексуално однесување, сексуални потреби, сексуален развој, сексуална едукација.

 

 

Key words: persons with autism, sexuality, sexual behavior, sexual needs, sexual development, sexual education.

Адреса за кореспонденција:

 

Corresponding Address:

Бисера МЛАДЕНОВСКА

 

Bisera MLADENOVSKA

Ул. Маџари 3 бр. 21
1000 Скопје, Р. Македонија
e-mail: mladenovskabisera@yahoo.com

 

Madzari 3   21
1000 Skopje, R. Macedonia
e-mail: mladenovskabisera@yahoo.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in