ПРЕТПОСТАВКИТЕ ЗА ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И УЛОГАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СЛУЖБИ

Огнен СПАСОВСКИ

 

Институт за психологија,
Филозофски факултет – Скопје

 

PRINCIPLES OF THE INCLUSIVE EDUCATION AND THE ROLE OF TEACHERS AND IN-SCHOOL PROFESSIONAL STAFF

 

Ognen SPASOVSKI

 

Institute of Psychology,
Faculty of Philosophy, in Skopje

 

Примено: 15. 01. 2010
Прифатено: 11. 02. 2010
UDK: 361.1-056.26

 

 

Received: 15. 01. 2010
Accepted: 11. 02. 2010
Original article

 

 

 

Резиме

 

Abstract

 

 

 

Според Декларацијата од Саламанка, инклузивното образование се разбира како развоен приод кој бара да се земат предвид потребите за учење на сите деца, млади и возрасни, нагласувајќи ги оние што се подложни на маргинализација и исклучување, воедно овозможувајќи еднакви можности за сите да го достигнат својот максимум во потенцијалите и постигањата.
Низ квалитативен приод испитано е дали практикувањето на инклузивното образование ги достигнува овие универзални стандарди, истовремено анализирајќи ја перцепцијата и разбирањето на инклузивното образование кај наставниците и стручните служби во училиштето, едукаторите на наставниците и студентите на наставна насока, како и нивната перцепција во однос на поседувањето на нужните компетенции за практикување инклузивно образование. Воедно, цел на анализа е и актуелната улога и одговорностите на наставниците и стручните служби во процесот на образование.
Според наодите, не постои широк консензус меѓу стручната и академската јавност во поглед на тоа што се подразбира под инклузивното образование и неговото  практицирање. Потоа, наставниците често се доживуваат себе сѝ како недоволно подготвени за поучување на деца со посебни потреби. Многу од нужните компетенции за ефикасна практика не се развиваат систематски. Со цел да се обезбеди поадекватна поддршка за наставниците и учениците, улогата и обврските на професионалците од стручните служби во училиштето мора да се редефинираат. Нивното место е во училницата, активно учествувајќи во поучувањето на учениците.

 

According to the Salamanca Declaration, inclusive education is understood as a developmental approach aiming to meet the educational needs of all children, youth, and adults, emphasizing those who are subjected to marginalization and exclusion. The approach provides equal opportunities for all to reach their maximum potential and achievement.
Through a qualitative approach, the practice of inclusive education is explored in Macedonia: the attainment of universal standards, an analysis of the perception and understanding of inclusive education in relation to teachers, in-school professional staff, teacher educators and student teachers, and teachers’ perceptions in regard to the possession of competencies needed for inclusive education. Lastly, the existing role and responsibilities of teachers and professional staff is discussed and reconsidered.
It was found that there is no consensus in the understanding of inclusive education in the circles of academics and practitioners. Further, teachers often perceive themselves as inadequately   prepared  to  teach  children  with special needs. Namely, many competencies important for efficient practice are not systematically developed. The conclusion considers ways to ensure support for teachers and students. The role and responsibilities of in-school professional staff should be redefined in a way that allows for their on-going presence, availability, and active participation in the classroom teaching process.

 

 

 

 

Citation:Spasovski O. Principles of the Inclusive Education and the Role of Teachers and in-School Professional Staff. J Spec Educ Rehab 2010; 11(1-2):67-86.

   

 

   

Клучни зборови: инклузивно образование, компетенции, улога и одговорности на наставниците и стручните служби

 

Key words: inclusive education, competencies, role and responsibilities of teachers and in-school professional staff

 

 

Адреса за кореспонденција:

 

 

Corresponding Address:

Огнен СПАСОВСКИ

 

Ognen SPASOVSKI

Филозофски факултет – Скопје
Бул. Крсте Мисирков бб,
1000 Скопје, Р. Македонија
e-mail: ognen@fzf.ukim.edu.mk

 

Faculty of Philosophy
Blvd Krste Misirkov bb
1000 Skopje, R. Macedonia
e-mail: ognen@fzf.ukim.edu.mk

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in