НАРУШУВАЊА НА АРТИКУЛАЦИЈАТА НА ГЛАСОВИТЕ КАЈ ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ ДЕЦА

 

Весела МИЛАНКОВ1
Александра МИКОВ2

Институт за здравствена заштита на деца и младинци - Војводина  1
Клиника за детска хабилитација и рехабилитација - Нови Сад  2

 

DISORDERS OF THE SOUND ARTICULATION
IN PRETERM CHILDREN

 

Vesela MILANKOV 1
Aleksandra MIKOV 2

 

Institute for Child's and Youth Health Care of Vojvodina 1
Clinic of Child Habilitation and Rehabilitation, Novi Sad, Serbia 2

 

Примено: 12. 09. 2009
Прифатено: 22. 10. 2009
UDK: 376.36-053.32

 

 

Received: 12. 09. 2009
Accepted: 22. 10. 2009
Original article

 

 

 

Резиме

 

Abstract

 

 

 

Говорот и јазикот претставуваат добри индикатори на детскиот когнитивен развој. Факторите на ризик кои влијаат на развојот и функционирањето на предвремено родените деца се повеќекратни. Покрај нарушувањето во артикулацијата присутни се и моторни, когнитивни и социјални аспекти на забавен развој. Предвремено родените деца се раѓаат пред да бидат физички подготвени да ја напуштат матката. Повеќето бебиња родени по 26-тата гестациска недела имаат добри шанси за живот, меѓутоа немале доволно време комплетно да ги развијат органските системи, и имаат чести медицински компликации. Целта на нашето истражување беше да се прикажат основните параметри, да се утврдат разликите, да се дефинираат карактеристиките на нарушувањата на артикулацијата на гласовите кај термински родени деца и предвремено родени деца. Истражувањето е спроведено на Клиниката за детска хабилитација и рехабилитација во Нови Сад. Проспективно дизајнираната студија  опфати  61  дете, а  просечната старост изнесуваше 4 години. Главни критериуми за вклучување во истражувањето беа гестациската старост и породилната тежина. Во однос на овие параметри вклучени се деца без потешки невролошки и системски нарушувања чиј мајчин јазик е српски. Примерокот опфати 31 дете родени во терминот со ГС ≥ 38 недела и телесна маса при раѓањето ≥3000 г, додека групата на пред-термински деца опфати 30 деца со ГС ≤ 32 недела и телесна маса ≤1500г.
Резултатите покажаа дека постои разлика кај изразувањето на нарушувањата на артикулацијата на гласовите кај групaта деца родени во термин и дека таа разлика е статистички значајна кај дисторзијата на гласови. Во вкупниот примерок најмногу беше застапена супституцијата на гласовите со дисторзија, а најчест тип на дисторзија беше интерденталниот сигматизам.
Добиените резултати упатуваат на заклучокот дека предвремено родените деца, како деца родени со висок фактор на ризик поради повеќекратните фактори кои влијаат на развојот, потребно е да се следат веќе на возраст од две години и да се интервенира во раната предучилишна возраст.

 

Speech and language development is a good indicator of child’s cognitive development. The risk factors influencing development and functioning of prematurely born children are multiple. In addition to articulation disorder, there are motoric, conginitive and social aspects of delayed development. Premature babies are born before they physically ready to leave the womb. However, most babies born after about 26 weeks of gestational age have chances for survival, but they are at a greater risk of medical complications, since the earlier children are born, the less developed their organs are. Aim: To demonstrate basic parameters, establish differences, determine characteristics of disorder of sound articulation in fullterm and preterm children. Methodology: Research was conducted at the Clinics of Child’s Habilitation and Rehabilitation in Novi Sad. The prospective research study was carried out comprising 61 children with mean age of 4 years. The study inclusion criteria were gestational age and birth weight. Regarding these parameters, the children without major neurlologic or system disabilities were included, and they were Serbian speaking. The sample comprised 31 children with GS≥38 weeks and body weight of ≥3000 g, while the preterm group comprised 30 children with GS≤32 weeks and body weight of ≤1500 g. Results of the study indicate to a difference between fullterm children and preterm children with regard to articulation disorders, of which the statistically significant was a sound distortion. The overall sample showed that the substitution with distortion was most frequent disorder, while the interdental sigmatism was the most represented one. Conclusion: The obtained results lead to conclusion that preterm children, being a high-risk group, need to be followed up by age two, and provided timely proffesional help at pre-school age, since numerous adverse factors affect their overall development.

 

 

 

 

Citation:Milankov V, Mikov A. Disorders of the Sound Articulation in Preterm Children. J Spec Educ Rehab 2009; 10(3-4):52-65.

   

 

   

Клучни зборови: предвремено родено дете; испитување на артикулацијата на гласовите, нарушување на артикулацијата

 

Key words: preterm born babies, screening of sound articulation, articulation disorders

 

 

Адреса за кореспонденција:

 

 

Corresponding Address:

Весела МИЛАНКОВ

 

Vesela MILANKOV

Институт за здравствена заштита
на деца и младинци - Војводина
Оддел за медицинска рехабилитација,
Хајдук Вељкова 10,
21000 Нови Сад, Република Србија
телефон: +381 64-1930-807
email: demosten_log@yahoo.com

 

Institute for Child's and
Youth Health care of Vojvodina
Clinic of Child Habilitation and Rehabilitation
Hajduk Veljkova 10, 
21000 Novi Sad, Republic of Serbia
Cellular: +381 641930 807
email: demosten_log@yahoo.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in