PREFACE BY THE EDITORIAL BOARD

 

 

 

 

 

  Dear readers,

 

 

 

 

 

It is my great pleasure to introduce you to the new issue of our magazine. However, before I do it, let me elaborate on the contextual conditions which exist upon preparation of one issue of the magazine. Business sector as usual is not interested to help, since it can see no financial interest in helping such specialized scientific magazines. The writer of these lines also encounters crisis in motivation of reviewers who, in lack of financial satisfaction, refuse to review certain papers. You will probably agree with me that in the western developed world this situation is almost unthinkable. Despite all those difficulties and obstacles the editor in chief in the meantime succeeded in indexing the magazine in several more international data bases, such as:  Scirus, Hinari, ETBU, Socol@r and Open J Gate. Тhe editor managed to provide a sufficient ammount of financial resources for the publishing of this issue. It should be emphasized that a special website of the magazine JSER online is in process of preparation which will be an official website and where it would be possible to obtain all the relevant data. On this occasion I would especially like to thank the Dean of the Faculty of Philosophy from Skopje, professor Trajan Gocevski, PhD, who selflessly supported in continuance the life of the magazine. I sincerely hope that the new Dean, professor Goran Ajdinski, PhD, will have the strength to finance even more our renowned magazine.
Dear readers, in this issue 1-2 for 2009 which you have in front of you, you can read interesting and original papers, perceive certain researches and of course find other significant wordings from our area of expertise.
In this issue of the magazine you will get familiar with a research about sex education of persons with disabilities in the Republic of Macedonia; you will read the paper entitled “Behavioral problems in children with mild and moderate intellectual disability”; you will get to know with some elements from psychomotor development in premature infants until the end of their third year of life. Authors from Bosnia and Herzegovina present a research about different family factors as indicators of behavioral problems with youths. Furthermore, an overview to the criminality at minors with mental deficiency is given and in another paper is presented self-evaluation of competencies of the special educators and rehabilitators in special institutions. In the rubric News from the World you will read about neurorehabilitation of post-traumatic stress and depressive behaviors by brain state conditioning as an innovative technology in reaching balance and harmony of the human brain. In this issue are also presented the continual rubrics: abstracts from doctorate and masters theses, news, information and bibliography.
We are looking forward to your suggestions for improvement of quality of the next issues. I do hope that you will also express an interest for subscription by which you would enrich your libraries and give the magazine longer life.

 

 

With sincere respect,
Editor-In-Chief
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski

  ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА

 

 

 

 

 

  Почитувани читатели,

 

 

 

 

 

Ми причинува големо задоволство да ве воведам во новиот број на нашето списание. Но пред да го сторам тоа, дозволете ми да се осврнам на контекстуалните услови кои постојат при подготвувањето на еден број од списанието. Бизнис секторот како по обичај незаинтересиран да помогне, бидејќи не гледа финансиски интерес во поддршката на вакви стручно научни списанија. Пишувачот на овие редови се соочува и со криза во мотивацијата на рецензентите кои не гледајќи финансиска сатисфакција одбиваат да рецензираат одредени трудови. Ќе се согласите сигурно со мене во западно развиениот свет оваа појава многу помалку се случува. И покрај сите тие тешкотии и опструкции главниот уредник во меѓувреме успеа дa го индексира уште во неколку меѓународни бази на податоци: Scirus, Hinari, ETBU, Socol@r и Open J Gate. Уредникот успеа да обезбеди доволно финансиски средства за излегувањето на овој број. За посебно истакнување е тоа што се подготвува посебна веб страница на списанието JSER on-line која ќе биде официјална веб страница и каде што ќе може да се добијат сите релевантни податоци. Овде сакам посебно да се заблагодарам на Деканот на Филозофскиот факултет од Скопје проф. д-р Трајан Гоцевски кој несебично ја помогна истата и континуирано и конзистентно го продолжува животот на списанието. Искрено се надевам дека и новиот Декан проф. д-р Горан Ајдински ќе собере сили уште повеќе да го финансира ова наше реномирано списание.
Драги читатели во овој број 1-2 за 2009 година што е пред вас, можете да прочитате интересни оригинални трудови, да согледате одредени истражувања и секако да сретнете други значајни содржини од науката и струката со која првенствено се бавиме.
Во овој број на списанието ќе може да се запознаете со едно истражување за половата едукација на лицата со инвалидност во Република Македонија; ќе го видите трудот под наслов: „Проблеми во однесувањето кај деца со лесна и умерена интелектуална попреченост“; ќе запознаете некои елементи од психомоторниот развој кај недоносените до крајот од третата година од животот. Авторите од Босна и Херцеговина нè запознаваат со едно истражување за ризичните фактори во семејството како индикатори за проблематичното однесување на младите. Потоа даден е осврт на криминалитетот на малолетните лица со интелектуален дефицит, а во друг труд направена е самоевалуација на компетенциите на дефектолозите од посебните установи. Во рубриката новини од светот ќе прочитате за увежбување на состојбата на мозокот како иновативна технологија во достигнување баланс и хармонија на човечкиот мозок. Во ова издание се разработени и постојаните рубрики: апстракт од докторати и магистериуми, вести, информации и библиографија.
Во очекување сме на ваши предлози и сугестии, за подобрување на квалитетот на наредните броеви. Посакувам да изразите и желба за претплата со што би ги збогатиле вашите библиотеки, со што на списанието би му овозможиле подолг живот.

 

 

Со искрена почит,
Главен и одговорен уредник
Проф. д-р Владимир Трајковски


 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in