НИВОТО НА РАЗВОЈОТ НА МИСЛОВНИТЕ ОПЕРАЦИИ КАЈ ДЕЦАТА СО ГОВОРНИ ТЕШКОТИИ

 

Силвана ФИЛИПОВА 1
Ана ПОПОВСКА 1
Даринка ШОСТЕР 2
Лаура ЃУРЧИНОВСКА 3

 

Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Скопје1
Факултет за едукацију и рехабилитацију - Београд, Факултет за специјална едукација и рехабилитација - Белград2,

Завод за психофизиолошки нарушувања и говорна патологија „Проф. др. Цветко Брајовиќ“ - Београд 
ПЗУ Интергин3

 

DEVELOPMENTAL LEVEL OF THINKING OPERATIONS AT CHILDREN WITH SPEECH IMPAIRMENTS

 

Silvana FILIPOVA 1
Ana POPOVSKA 1
Darinka SHOSTER 2
Laura GJURCHINOVSKA 3

 

Institute for Rehabilitation of Speech, Voice and Hearing – Skopje1
Faculty for special education and rehabilitation – Belgrade, Institution for psycho – physical disturbances and speech pathology “Prof. d-r Cvetko Brajovich” - Belgrade2
PZI Intergin3

 

 

 

Резиме

 

Abstract

Сознајниот процес не е резултат на едно­став­но акумулирање на перцептивните пода­то­ци, моторните акции, вербалните описи и интелигенцијата која ги средува сите тие по­да­тоци. ,,За да ги спознае објектите, суб­јек­тот треба да дејствува на нив, според тоа и да ги трансформира. Почнувајќи од нај­елемен­тарните сензомоторни акции до нај­фи­ни­те интелектуални операции (формално­ло­гичките) кои сè уште се акции, но инте­рио­ризирани и извршувани во мислите, созна­вањето е постојано поврзано со акции­те или операциите, значи со трансформа­циите“ (1).
Пијаже идентификува три главни стадиуми во развојот на интелектуалните операции:
1. Сензомоторна интелигенција - од раѓање до 18 месеци или до крајот на втор­а­та година.
2. Стадиум на репрезентациона интели­ге­н­ција која води кон конкретни операции. Овој по­долг развоен период трае од крајот на вто­рата година до 11-12-тата година и се дели на:

 

Simple accumulation of perceptive data, motor actions, verbal descriptions and intelligence that manages previously mentioned is not due to cognitive processes. “In order to get familiar with the objects, the subject has to act on them, which means transform them. Starting from the elementary sensory-motor actions, until the finest intellectual operations (formal-logic), which are actions yet, but interiorized and exe­cuted in the thoughts, cognition is continuously related to actions and operations, e.g. trans­formations (1).
J. Piageot identifies three major levels of intellectual operation development:
1. Sensory-motor intelligence – from birth up to the age of 18 months or until the end of the second year of age.
2. Representational intelligence level – leading to specific operations. This is a longer deve­lop­men­tal period which lasts from the end of se­cond year up to 11-12 years of age. This period is divided on:

Предоперационален стадиум кој започнува од крајот на втората година, се одликува со образување на семиотички средства, обра­зу­ва­ње ориентирани функции и квалитативни идентитети и кој завршува до 7-8-та година.
Период на конкретни операции, кој започ­ну­ва од 7-8-та година, завршува до 11-12-тата година и се карактеризира со образување на опе­рационалните групирања, реверзибил­ност и разновидни облици на конзервација.
3. Стадиум на формални операции кој за­поч­­нува од 11-тата до 12-тата година и завршу­ва до 14-15-тата или најдоцна до 21-та го­ди­на, период кој според Пијаже озна­чу­ва пос­тигнување на интелектуална зрелост (1,2).

 

Pre-operational period - which begins at the end of age of two, characterizes itself with forming of semiotic tools, oriented functions and qualitative identities which ends at the age of 7-8.
 Period of specific operations – It begins at 7-8 years, ends up at 11-12 years and it is cha­racterized by forming of operational gathering, reversibility and different types of conservation.
3. Level of formal operations. This level starts its development at the age of 11-12 and finishes at 14-15 or latest at the age of 21. Considering Piaget, this is the period which marks the intellectual maturity (1, 2).

 

 

 

Citation:Filipova S, Popovska A, Shoster D, Gjurchinovska L. Developmental Level of Thinking Operations at Children with Speech Impairments. J Spec Educ Rehab 2008; 9(3-4):39-50.

   

 

   

Клучни зборови: мисловни операции, конзе­р­ва­ција, класификација, серијација, корес­пон­де­н­ција на две низи, говорни тешкотии.

 

Key words: thinking operations, conservation, classification, serrations, corresponding of two lines, speech disabilities.

     

Адреса за кореспонденција:

 

Coresponding Address:

Ана ПОПОСКА

 

Ana POPOSKA

Завод за рехабилитација
на слух говор и глас - Скопје
e-mail: ana.popovska@yahoo.com

 

Institution for rehabilitation of speech,
voice and hearing – Skopje
е-mail: ana.popovska@yahoo.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in