JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 74930
ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И МУЗИЧКИТЕ ПОСТИГНУВАЊА
Миодраг Л. СТОШЉЕВИЌ 1,
Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Белград1, Република Србија |
|
CEREBRAL PALSY AND MUSIC ACHIEVEMENT
Miodrag L. STOSHLJEVIKJ 1,
Faculty for Special Education and Rehabilitation, Belgrade1, Republic of Serbia |
UDK: 37.036-056.26 |
|
Original article |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
Учениците со телесна инвалидност, од аспект на сопствените можности и способности, воспитанието и образованието во основно училиште го стекнуваат врз основа на два наставни плана и програми: редовни и специјални (изменети и модифицирани). Во најновиот наставен план и програма од редовното основно воспитание и образование, донесен во 2003 година (со измени и дополнувања кои следеа во 2004 година и 2005 година) во табелата на наставниот план има застапени задолжителни и изборни наставни предмети. Предметите кои се однесуваат на усвојување на вештини - Физичко, Ликовно и Музичко воспитание, се наоѓаат во групата на задолжителни наставни предмети и се застапени во сите одделенија во текот на основното образование и воспитание. Истиот наставен план важи и за учениците со телесна инвалидност кои посетуваат основно образование според редовната програма, без оглед на организацијата на училиштето. |
|
Elementary education for physically handicapped pupils in Serbia is based on two programs: regular and special. The latest version of regular program for elementary schools is officially in use from 2003 (modifications and amendments followed in 2004 and 2005). It consists of obligatory and optional subjects curricula. Subjects like physical education, music, and drawing are obligatory from first to the last grade of elementary education. This regular program is also in use for physically handicapped pupils that attend elementary school according to the regular program , regardless the school organization. |
|
|
|
Метод |
|
Method |
|
|
|
Способностите на учениците со церебрална парализа за настава и образование |
|
Educational capacities of pupils |
Тешко е да се одреди единствен профил на способности за децата со инвалидност, како поради изразената хетерогеност на оштетувања, така и поради големиот број фактори кои го условуваат понатамошното функционирање на детето со телесна инвалидност. Децата со церебрална парализа претставуваат една од потесните групи во рамките на пошироката популација на деца со телесна инвалидност. Тие се одликуваат со бројни и многу сложени нарушувања кои можат да бидат или само во областа на моторното функционирање или, што е почест случај, покрај оштетувањата на моториката да имаме и комбинирани пречки со ментални, емоционални и социјални проблеми. Од медицински аспект, нарушувањето на моториката има невролошка основа и главно се дефинира како комплекс на невромускулна неспособност од различен степен и интензитет која може да се манифестира како парализа, слабост, некоординација или некоја друга аберација на моторните функции како резултат на оштетување на контролните центри во мозокот. Моторното оштетување и неможноста за изведување движења претставуваат заедничка карактеристика за учениците со церебрална парализа, но истовремено и важна пречка и ограничување кога ги набљудуваме наставните вештини и конкретните задачи кои оваа настава ги поставува пред нив. Набљудувајќи ја различноста на нарушувањата во моторното функционирање на детето со телесна инвалидност, во соматопедијата ги проценуваме следните области на моторно функционирање: функционалната способност на горните екстремитети, функционалната способност на трупот и функционалната способност на долните екстремитети. Зборувајќи за функционалната способност на горните екстремитети мислиме на способноста за изведување на елементарни движења, визиомоторна координација, способност за фаќање и држење предмети, диференцираност на моториката на прстите, манипулативна вештина и координација на движењата. Со процена на елементарните движења „ја сознаваме способноста за диференцирање во областа на мускулните функции“ (2). Тие овозможуваат гестикулација во социјалната комуникација и како такви се неопходни во секојдневните контакти. |
|
It is hard to determine a unique profile of children with motor disabilities, since their impairments are extremely heterogeneous, as well as due to the number of the factors that are conditioning the further function. Children with cerebral palsy are just a small group in a population of physically handicapped. Impairments may be in motor, but more often both in mental functioning, causing emotional, mental and social problems. From medical point of view, these disorders are neurologically based and mostly defined as “complex of neuromuscular inabilities in various degrees, manifesting themselves as palsy, weakness, lack of coordination or some other aberration of motoric functions, caused by impaired control centres in the brain”. Motor impairment and dys-function in movement production are common to all pupils with cerebral palsy, at the same time they represent important obstacle and restraing when we observed the educational skills and clear objectives set by the program . Observing the difference in the impairments of the motor function at the child with physical impairment in the somatopedic view, following assessment of motor functioning are established: functional abilities of upper and lower limbs, as well as corporal. Functional ability of upper limbs includes production of some fundamental movements, visual/motor coordination, ability to take hold things, manipulative dexterity, finger dexterity and movement coordination. Through assessment of the basic movement abilities "we learn about differentiation of muscle functions"(2). They are important because they enable gestures in social communication, inevitable in everyday life. Visual/motor coordination is assessed by ability to look in direction of manipulative activity. Assessing manipulative dexterity we investigate ability to catch things as well as hand dexterity, i.e. ability to feel through kinaesthetic senses and touch. Presence of synkinaesthesis tells us about maturation and differentiation of finger tonus. In normal development, number of synkinaesthesis movements disappears by the age of seven. Graphomotor skills, like writing and drawing are conditioned by finger dexterity and maturation. Movement coordination is basic for performing complex psychomotor activities. “Movement coordination becomes successful after harmonious development of numerous, neural structures used in the act of movement coordination” (3). Abilities to sit, stand, walk, and maintain equilibrium and basic movements of lower limbs are preconditioned by corporal and lower limbs functional ability. |
|
|
|
Цел на трудот |
|
What are the aims of this paper? |
Овој наш труд произлегува од претпоставката дека со истражувањето на музичките постигнувања на децата со церебрална парализа ќе се покаже дека нивните намалени функционални способности влијаат на нивното образование и усвојување на програмските содржини на наставата по музичко воспитание кои не се адекватни и не се прилагодени за нивните потенцијали. Ова ќе го покажеме низ процесот на нивна анализа. |
|
In this paper we present results from the study on music achievement of pupils with cerebral palsy. Our presumption was that their limited functional abilities have strong effects on their capacity to adopt subject matter of music lessons. We will also show why music curriculum for these pupils is too demanding, concerning above given limitations, in particular. |
Наставата по музичко воспитание за деца со церебрална парализа |
|
Short analysis of music curriculum for children with cerebral palsy |
„Музиката е едно од најдобрите средства за изразување затоа што ја ослободува енергијата, побудува интерес и овозможува чувство на пријатност и среќа“(4).Овој цитат претставува еден од најдобрите описи на дејството на музиката со која се сретнавме како истражувачи и практичари за музика. Во рамките на овој Наставен план и програма ја наоѓаме програмата за настава по музичка култура чијашто цел е да ги поттикнува, развива и негува музичките способности, да го збогатува емоционалниот живот на ученикот и на тој начин да придонесе за нивниот музички, естетски и сестран развој. Вака дефинираната цел е соодветна со горенаведениот цитат за дејството на музиката, но попрво би можеле да го наречеме крајна цел, со оглед на тоа дека се работи за долготраен воспитно-образовен идеал.
Вака дефинираните задачи го содржат најголемиот дел од она што би можеле да го наречеме како цел на наставата по Музичка култура. Анализирајќи ги програмските содржини од предметот Музичка култура за учениците со церебрална парализа, забележуваме дека основата ја сочинуваат три области кои се јавуваат од I до VIII одделение: пеење песни, свирење на инструменти и запознавање со музички дела преку слушање. Од I до IV одделение, покрај основните области имаме и детски музички игри и музичко изразување и творење, додека од трето одделение постепено се воведуваат и основите на музичката писменост. Иако нема значајни разлики во програмските содржини, барањата од наведените области, постепено се усложнуваат од одделение до одделение. |
|
“Music is one of the best means for releasing energy, arousing motivation and providing feelings of happiness and joy”, (4). This quotation is one of the best description of the music action with which we have met as researchers and practicioners of the music. As a part of above mentioned Program, music curriculum has an aim to induce, develop and take care of music abilities, to enrich children’s' emotional lives and thus, to contribute to their musical, aesthetic and versatile development. Given defined aim is in accordance with above mentioned quotation on effects of music, but could easily be considered as purpose, since it refers to a long-term educational ideal. The tasks of the education in the frames of the same subject are:
Such defined tasks are composed of the bigger part of what we can name it as aim of the music education. Analyzing content of music curriculum of the subject Music culture for the pupils with cerebral palsy we realize that it is based on three domains of music skills which are occuring from I up to VIII grade: singing songs, playing an instrument and listening to music. Besides the basic fields we have music games for children and music expression and creation at I up to IV grade. Though there are no significat differences in the curriculum content, the requests for the above mentioned filds are becoming more and more complex as the grades are moving up. |
|
|
|
Резултати одиспитувањата на музичките постигнувања на децата со церебрална парализа и ментална ретардација |
|
Investigating music achievement |
Наложувањата на погоре дадените барања за учениците со церебрална парализа, па дури и лесна ментална ретардација, во Наставната програма по музичко воспитание, изгледаат многу несоодветни. Пеењето по ноти е доволно тешко и за децата во редовните музички училишта, како и самостојното компонирање и личното музичко изразување. Сето тоа станува поочигледно со разгледувањето на фактите од резултатите на испитувањето на музичките постигнувања и моторните способности кај учениците со церебрална парализа. (5) |
|
Imposing above given demands to the pupils with cerebral palsy and even mild mental retardation in music education curriculum seems quite inappropriate. Singing from notation is hard enough for children in regular music schools, let alone composing and musically expressing oneself. It becomes more obvious after considering facts resulting from investtigation of music achievement and motor capacities of pupils with cerebral palsy (5). |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
I. Во следната табела можеме да ги видиме просечните постигнувања кај учениците со церебрална парализа и ментална ретардација за музичка перцепција и изведба. |
|
I. In the following table we can see average achievement of pupils with cerebral palsy and mental retardation in music perception and performance. |
|
|
|
Табела 1. Просечни музички постигнувања за перцепција и изведба и нивната внатрешна корелација |
|
Table 1. Average musical achievement in perception and performance and their inter-correlation |
Можеме да видиме дека на скалата за музички постигнувања (специјално изработена за оваа студија) за децата со церебрална парализа, учениците од I до IV одделение постигнаа просек од 5 поени на скалата за перцепција, а оние од V до VIII одделение - приближно 10 поени (од можните 20). |
|
We can see that on music achievement scale (specially made for this study) for children with cerebral palsy, pupils from 1st to 4th grades reached average of 5 points on perception scale and those from 5th to 8th grade - approximately 10 points (out of 20). On performance scale, both groups had evidently lower average achievement (0.7 and 3.64 out of 10, respectively). |
II. Во следната табела можеме да видиме дека учениците се поделени во три категории според вкупните музички постигнувања. |
|
II. In the next table we can see pupils divided in three categories by overall music achievement. |
Очигледно, во групата од 27 ученици, со максимум 30 поени на двете скали: |
|
Obviously, in the group of 27 pupils, with maximum 30 points on both scales: |
Табела 2. Три категории на вкупни музички постигнувања. |
|
Table 2. Three categories of overall music achievement |
Сите постигнувања беа одредени независно од возраста. |
|
All achievements were determined independent of age. |
|
|
|
Моториката и музичките постигнувања на вкупниот примерок деца(со и без ментална ретардација) |
|
Motoric abilities and music achievement of overall sample of pupils (with and without mental retardation) |
Тргнувајќи од логичната претпоставка дека поголемиот степен на развиеност на движењата овозможува повисок степен на постигнувања на наставата по музичко воспитание, ги издвојуваме резултатите од поглобалното истражување (6), на поврзаноста на различни видови моторна подготвеност кај овие деца и нивните музички достигнувања со кои е утврдено дека разни видови моторна подготвеност имаат различно влијание на мерките на музичката успешност. Така, врз основа на развиеноста на т.н. функционална моторика (а тоа е степен на способност на детето самостојно да се движи и да ги контролира своите функции), како и постигнувањата на тестот за зрелост на моториката (кој ја мери брзината, симултаноста, чистината и координацијата на движењата), можеме да ја предвидиме, како вкупната успешност на тестот за музички постигнувања, така и успешноста на функциите за репродукција и музички моторни изведби. Секако, успешноста на функцијата на внимание не може да се претпостави со ниту еден од овие тестови. Наодите од ова истражување можеме да ги видиме сликовито прикажани на табелата 3: |
|
Assuming that higher level of movement capacity enables higher level of achievement in music lessons, we point out results of a more complex research (6) connecting different types of motor abilities in children with cerebral palsy with their music achievement (measured in the above mentioned way). Results show that different types of motor abilities have selective influence on measures of music achievement. |
|
|
|
Табела 3. Прeдиктивност на тестовите за моторика и музичко постигнување кај учениците со церебрална парализа (со и без ментална ретардација) |
|
Table 3 Productivity of motoric tests and music achievement of pupils with cerebral palsy (with and without mental retardation) |
Заклучок |
|
Conclusion |
||
|
|
|
||
Во контекст на овие наоди и извршени анализи на програмските содржини на наставата по музичка култура која покажа недостатоци во реализацијата на задачите во однос на поставените цели, како и недостаток на адекватни дидактичко-методички упатства, го донесовме следниот заклучок:
|
|
Researches and theoretical findings given in this paper, point out substantial shortcomings in realization of aims of music curriculum for children with cerebral palsy. It brings us to the following conclusion:
|
||
|
|
|
||
Современи технолошки достигнувања во областа на информатичката технологија |
|
Modern achievements in computer assisted technology |
||
Современите технолошки достигнувања во областа на информатичката технологија се бројни. Технологијата се употребува во смисла на голем број звучни искуства, значи претходно снимени звуци за кои постои можност да се комбинираат. Тоа може да биде софтвер или програми, хардвер, т.е. уреди или комбинација од едното и другото. Kymaе дигитален аудиоуред кој содржи звучна библиотека со преку 1000 звуци на располагање, чијашто примена оди од продукциски студија, истражувачки лаборатории, уметнички инсталации до образовни институции.
|
|
Modern technological achievements in the field of information technology are numerous. The technology is used in the sense of a large number of audio experiences, therefore, pre-recorded sounds that it is possible to combine. This may be software, therefore, programs, and hardware, i.e. Devices or combination one and other. Kyma is a digital audio device that contain audio library with over 1000 sounds available, whose application is in production, examination laboratory, art installations to educational institutions.
|
||
|
|
|
||
Citation:Stoshlkevikj M, Eminovikj NF, Nikikj MR, Achikj IG, Pacikj RS. Cerebral Palsy and Music Achievement. J Spec Educ Rehab 2008; 9(3-4):23-37. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE