ИНФОРМИРАЊЕТО НА СЛЕПИТЕ-МЕЃУ РЕАЛНОТО
И МОЖНОТО
 ЧИТАМ, СЛУШАМ И ПИШУВАМ-ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ

 

Чедомир Б. ШОПКИЌ


Уредник и водител на емисијата "Панта реи" на Македонско радио, Радио Скопје

 

INFORMING BLIND PEOPLE – BETWEEN REALITY
AND POSSIBILITY
I READ, HEAR AND WRITE – I EXHIST

 

Chedomir B. SHOPKIKJ


Editor and host of the program “Panta rei”
on Macedonian Radio, Radio Skopje

 

 

 

 

 

 

Кој има очи нека гледа,
нека живее со очите,
очите се голема радост!
Гладните очи
би го изеле целиот свет!
Чувајте ги очите!
Не ги давајте очите!

 

Душан Радовиќ

"Црн ден"

 

Let one who has eyes see,
Let one live with the eyes,
Eyes are a great joy!
Hungry eyes
would eat the whole world!
Take care of the eyes!
Do not give up the eyes!

 

Dushan Radovikj

“Black Day”

 

 

 

И навистина ако човекот на крајот од својот бескрајно долг развој дошол до ставот: "Додека не видам, нема да верувам", ако тој став претставува кулминација на човековата мудрост и најголемо достигнување на неговиот разум, тогаш светот на слепите е навистина беден, плиток и, што е најважно, немерливо здодевен свет.

 

People throughout their endless development could consider “Unless I see it, I do not believe it”, and if this attitude is a culmination of people’s wisdom and the greatest achievement of their reason, the world of blind is really miserable, shallow and the most important – an immeasurably boring world.

 

 

 

Јавното информирање, практично, постои откога е и човекот како општествено битие; но неговите методи и средства постојано се унапредувани. Секогаш, следејќи ги развојните текови на општествените односи и технологиите, тоа денес достигнало не само неочекувано ниво, туку и влијание. Како ретко каде и со особен интерес во него се вградени врвни достигнувања од науката и техниката, така што на неговиот развоен пат речиси нема веќе никакви објективни бариери и ограничувања.
Современите, развиените и демократските определби на едно општество ја прокламираат и ја овозможуваат слободата на јавното информирање и за тоа создаваат неопходни претпоставки и услови. Тоа придонесло да се создаде целосен систем што во себе ги вклучува сите три битни сегменти на информирањето-изворите, тековите и корисниците, што му дава особена кохезиона моќ, веродостојност и впечатливост.

Тоа практично стана општонародно добро, постојано присутно и достапно за сите со неограничени можности на селекција, проценка и поимање.
Отворен е широк простор за сите спрема своите можности, способности и афинитети да учествуваат во процесите на тој систем и така да остваруваат широк спектар на дејствување и влијание, и да си ги обезбедуваат општите и псоебните интереси и потреби во оваа област.
Правото на информирање е едно од основните човекови права декларирано во сите меѓународни документи, но и во уставите на најголемиот број земји на светот, меѓу кои и во нашиот устав.
Но во Македонија Законот за пристап до информации уште е во фаза на подготовка. Според резултатите од истражувањето на јавното мислење, спроведено од граѓанската организација "Транспарентност Македонија" за пристап до информациите, дури 41% од испитаните граѓани уште не знаат дека нивното право до информациите е загарантирано со Уставот, однсно дека имаат загарантирано право на пристап до информации, односно дека безмалку секој втор човек во Македонија не знае дека има право на таков пристап. Од друга страна, поразителен е бројот на граѓани кои не побарале информации од државната администрација, а се очекува нивниот број, навистина, да биде поголем. Најмногу е поразителен податокот дека 74% од испитаниците кои не добиле информации, не направиле ништо понатаму. Речиси нема власт на земјите во транзиција што е готовна веднаш и во секое време да ги донесе законите што ќе í ја нарушат комоцијата во владеењето.
Тогаш, ако во земја, како нашава, во која недостига организиран систем за комуникација со граѓаните, нема лице што како претставник на институциите, на пример на министерствата, би им ги давале бараните информации на граѓаните, ако има неефикасно водење евиденција за информациите, односно нема механизам за дава- ње и сублимирање на потребната информација, ако има самоцензура на вработените во институциите и на граѓаните им ги даваат само оние информации што мора да им ги дадат и ако на сево ова се додадат навиките да се функционира преку врски, тогаш се прашуваме: може ли и слепите граѓани да имаат каков-таков пристап до информации, готовни во соодветни техники за нив. Секако дека не; иако и тие, како и другите граѓани, навистина се заинтересирани да се регулира пристапот до информациите-слободен, но регулиран со закон.
Предлог-законот за пристап до информациите е оценет како солиден законски текст, кој треба да се доработи и како таков би бил прифатлив. Потребно е да се дефинира: што сé е пристап до информации, кој има пристап до нив, кои се исклучоците, што е тајна прогласена со закон, низ кои процедури мора да мине барањето, кој треба да одговори, која е одговорноста на институцијата и која институција ќе го спроведува законот.
Од друга страна, како едно од уставните права и должности на граѓаните, јавното информирање е дејност од посебно општествено значење. Во отсуство на вршење на оваа дејност од државата, Сојузот на слепите на Република Македонија е принуден сам да ги утврди потребите во оваа област и, во согласност со можностите и условите, да го установува, унапредува и помага, развојот на информативниот систем на слепите, да обезбедува поповолни материјални, кадровски и други можности.
и во таа смисла да ги поттикнува надлежните општествени фактори соодветно да учествуваат во оваа специфична дејност која-со севкупниот развој,  организирање и содржина-треба да ги следи промените во општеството и положбата на слепиот човек како граѓанин.
Јасно им е на сите дека човекот знае онолку колку што е информиран. Тоа му е јасно и на слепиот човек. А дали им е јасно на другите за тоа колкава е неговата "жед и глад за информации"?

 

 

Public information, practically, has existed since people became social beings; and its methods and means have always been improved. Following up the developing courses in social relations and technologies, it has reached not only an unexpected level but influence, as well. Outstanding achievements in science and technology are built up in information as nowhere else and with special interest, so there are almost no objective barriers and limitations on its path of development.
Contemporary, developed and democratic commitments of a society proclaim and enable the freedom of public information and make necessary assumptions and conditions. That has contributed to a creation of a complete system that includes the three essential segments of information – sources, courses and users, which give it a special cohesive power, truth, impression.

Information has become common social good, always present and accessible to everybody with unlimited possibilities for selection, evaluation and understanding.
Large space has been opened for people according to their possibilities, abilities and affinities to participate in the processes of that system, to implement a wide range of activities and inputs and to provide common and special interest and needs.
The right to information is one of the basic human rights declared in all international documents, in the constitutions of many countries in the world, as well as in our Constitution.
In the Republic of Macedonia, the law of access to information is still in preparatory phase. According to the results of a research on public opinion, carried out by the NGO “Transparency Macedonia” for an access to information, 41% of the interviewed people do not know that their right to information is guaranteed by the Constitution, i.e. almost every second person in Macedonia. On the other hand, the number of people who have not asked for any information from the state administration is enormous and it is even expected to enhance. The fact, 74% of those interviewed people who have not received any information, have not done anything further. There is almost no government in the countries of transition, which is ready immediately or at any time to pass laws and to disturb the commodity of governing.
In our country, without an organized system of communication with the public; without any real representatives of institutions (relevant ministries) to provide public with necessary information; without efficient registering of information, i.e. without a mechanism for giving or sublimating necessary information; employees in institutions provide public with censured information, everything functions through nepotism. We ask ourselves whether blind people can have any access to information, prepared in appropriate techniques for them. Certainly not, although they, as other people, are interested really in regulated access to information – free but regulated by law. 
The draft law of access to information has been considered as a good law text, which has to be worked out and accepted. It has to be defined: what is access to information, who has access to information, what are the exceptions, what is secret proclaimed by law, through which procedures must the requirements pass, who has to reply to them, what is the institution’s responsibility, which institution will implement the law?
On the other hand, as one of the constitutional rights and obligations of people, the public information is an activity of common social importance. In absence of state authorized provider of this activity, the Association of blind of the Republic of Macedonia, has to set up the needs in this filed, in accordance with its possibilities and conditions, to establish, improve and assist the development of the information system of blind, to provide friendlier material, personnel and other possibilities.
It has to stimulate the authorized social factors to participate accordingly in this specific activity, which in the whole development, organization and content, has to follow up the changes in the society and the position of blind as citizens.
It is clear to everyone that one knows as much as one is informed. This is also clear to blind people. Is it clear to others how big is one’s “thirst and hunger for information”?

 

 

Информирањето на слепите како сегмент
на информациските системи на општеството

 

Information of blind as a segment of
information systems in the society

Информирањето на слепите лица не може да настане и да се развива надвор од системот и тековите на системот за јавното информирање во пошироката заедница. Во таа смисла, тоа е дел од системот и во сé бара идентичен третман поради својата ексклузивност и поради соодветните приоритети.
Тоа, во прв ред, се однесува и на финансирањето на информативната дејност за слепите, која досега воопшто не е уредена во законските прописи, пред сé, со Законот за јавно информирање. До пред две години соодветни средства за оваа намена се добиваа од Министерството за култура, што ни приближно не беа доволни, та во голем дел списанијата се алиментираат од автохтоните средства на Сојузот или преку проекти.
Создадени се технички и други претпоставки за непречена подготовка, продукција и дистрибуција на информативните гласила за слепите со Брајовото писмо и со звучна техника. Сосема е сé едно дали информативната дејност на слепите ќе биде дел од дејноста на Сојузот на слепите или ќе биде во рамките на издавачко-информативниот центар, основан во рамките на Француско - македонскиот макропроект "Фаре-Брај", што во Сојузот на слепите на РМ се спроведе од 2000 до 2002  година 
како засебна институција со статус на самостојна установа. Притоа, секако, битно е да се постигне целосна информираност на слепите лица, за општите и посебните прашања на слепите и тоа да се оствари во согласност со соодветните стандарди и на високо квалитативно ниво.
Во секој случај средствата за информирање за слепите мора да бидат во центарот на вниманието на Сојузот на слепите и предмет на негово особено внимание и грижа, за да дојде до целосен израз нивната дидактичка и информативна улога, како и да бидат во целост реализирани нивните задачи;

 

Information of blind cannot exist and develop out of the system and courses of the system for public information of the community. In this sense, it is a part of the system and it requires in everything an identical treatment because of its exclusiveness and appropriate priorities.
That, firstly, refers to financing of the information activities for blind, which has not been regulated by law so far, i.e. by the Law of Public Information. The Ministry of Culture provided funds allocated for this purpose until 2 years ago, which were not sufficient, and a large number of magazines were alimented by the autochthonous funds of the Association through projects.
Technical and other assumptions have been created for undisturbed preparation, production and distribution of informative media for blind with Braille alphabet and sound technique. It is not essential whether the information activity of blind will be a part of the activities of the Association of Blind or within the publishing and information center, founded by French-Macedonian Macro Project “Phare-Braille”, implemented by the Association of Blind of the Republic of Macedonia from 2000 to 2002 with the status of independent institution. It is very important to provide information to blind on common and special issues of blind and to implement it according to appropriate standards and high quality level.
In any case, information means for blind must be attention-centered of the Association of Blind in order to provide didactic and information role of it, as well as to implement all their tasks; to substitute unreachable media for blind and to provide equal conditions for information with appropriate and available techniques.
Besides that, there is a need of decisive attempt for faster implementation of new technical achievements in electronic technology, exclusive or compatible to ways and methods of information of blind.

што поефикасно да се супституираат за слепите недостапните медиуми и да се обезбедат што поадекватни услови за целосно информирање во соодветни техники, достапни за нив.
Покрај тоа, треба решително да се настојува што побргу да се освојат и применат новите технички достигнувања во електронската технологија, ексклузивни или компатибилни со патиштата и методите на информирање за слепите.

 

 

 

 

Специфичности на информативната дејност за слепите и битните претпоставки за реализирање

 

Specifics of information activity for
blind and essential assumptions for
its implementtaion

Информативната дејност, според природата на работите, е една од приоритените задачи во работата на организациите на слепите.
Информативната дејност на Сојузот на слепите на Македонија, во согласност со целната група на корисници, може да се подели на внатрешна, т.е. интерна, и надворешна, односно екстерна; а во согласност со техниките во кои се произведува-на Брајова и на звучна. Изостанува црниот печат и примената на електронската (дигитална) техника. Сепак, круцијално место во информирањето на слепите им припаѓа на Брајовите и звучните списанија што ги издава Сојузот на слепите на Македонија. Тоа се типични гласила со конвенционални карактеристики, специјални само по техниката и намената, специфични по презентираната ексклузивна проблематика.
Она што ги прави ненадоместливи и многу значајни во сферата на информирањето на слепите, тоа е богатството на нивната тематика, различниот пристап и вид на новинарски израз, стручна или популарна обработка, оригиналност и актуелност. Брајовиот печат е пожелен и особено корисен, ама го нема доволно, како што и бројот на читателите што го користи е пропорционално мал (околу 300 читатели) во однос на бројноста на другите категории читатели.

Касетната техника и натаму солидно го одработува својот дел и колебливо чекори меѓу две ограничености. Иако е најмасовна во опслужувањето на слепите лица, таа веќе е надмината и, практично, одумира; додека нејзината незаменлива сувереност на нашите простори претставуваат последните усилби со кои се огласува во Европа. Кога станува збор за звучната техника, иднината, без сомнение, му припаѓа на компакт-дискот.
Електронската, односно дигиталната форма на списанијата во организациите на слепите во Македонија, за жал, а и како сигнал за вистинска узбуна, за повеќето уште е вистинска непозната, а за сосема ретките и "повластените" е влез во иднината.
Сé повеќе има списанија што во Европа се снимаат на ЦД-а, а дел од нив може да ги преслушате и преку интернет, или од мрежата да ги вметнете во компјутерот.

 

Information activity, according to its nature, is one of the priority tasks of Organizations of Blind.
Information activity of the Association of Blind of the Republic of Macedonia, according to the target group of users, can be divided in internal and external; and according to the techniques to Braille and sound. Black print and application of electronic (digital) technology is missing. Still, the crucial position in information of blind belongs to Braille and sound magazines issued by the Association of Blind of the Republic of Macedonia.
They are specific media with conventional characteristics, with special technique and purposes and specific for presented exclusive problems.
The richness of their themes, different approach and kind of journalistic expression, professional and popular processing, ingenuity and current event make them indispensable and very important in the sphere of information of blind.
The Braille print is desirable and useful, but it is very scarce. The number of readers who use it is proportionally small (about 300 readers) in relation to the number of other categories of readers.

The cassette technique still solidly works out its part and uncertainly ranges between two limitations. Although it is the most mass-technique that serves the blind people, it is out of date and practically dies out while its indispensable sovereignty, in our region, is the last attempt to harmonize with Europe. Without no doubt, when sound technique is in question, the future lies in compact discs.
The electronic, i.e. digital form of magazines in the organizations for blind in Macedonia, unfortunately and as a signal for real alarm is still real unknown value for a great number of people and for a very small number of “privileged” people means access to future.
There are a great number of magazines in Europe that are recorded on CDs and a part of them one can listen to on the Internet or to download them from web sites.

 

 

 

 

Улога на медиумите

 

The role of media

Во Франција и во Англија надвладува интересот за усовршување на дострелот на информатичката технологија. Кај нив е во тек изработка и остварување разновидни проекти. Во врска со пречките во пристапот до информациите и културата Стивен Кинг од Кралскиот национален институт за слепите во Велика Британија го наведува примерот на пристапот на библиотеките преку телефон. Врз тој принцип работат библиотеките во Ерусалим и Тел Авив. Тоа е сложена стручна тема која наједноставно може да се сведе на следното: читателите со овие библиотеки се поврзани во мрежа и со нив може да комуницираат преку телефонската линија. На тој начин тие имаат директен увид во содржината на фондовите и може потребната книга да ја преземат на хард-диск, може да ја ископираат на соодветен електронски носител на информации и трајно да ја задржат во личната библиотека, или да ја избришат ако за нив нема трајна вредност.

 

The interest for improving the range of information technique prevails in France and England. Various projects are under production there. In relation to the obstacles for approaching the information and culture, Stephen King from Royal National Institute for Blind in Great Britain quotes the example of approach to libraries through phone. The libraries in Jerusalem and Tel Aviv utilize this principle. It is a complex professional topic, which can simply be described that the readers are connected through nets to libraries and they can communicate with them through telephone lines. Thus, they have direct insight in the content of funds and can download the required book on hard disc. They can copy it on appropriate electronic information carrier and keep it in their library forever or erase it if the book does not have permanent value in their opinion. The blind person will use the book assisted by sound output or Braille display and, if needed, they can print it in Braille or standard letters, i.e. copy on diskette. This can be done with a small computer system if it is available to the majority of blind people.
Such way of communication essentially changes the traditional forms for work and the library activity in general. There is no need of usual distribution by mail; there is no need for traditional printed or sound book we used to know. It is still far away for us, but the progress will reach us with fast or slow steps, for sure. The assumptions for implementation of these innovations require high level of technical equipment of both, libraries and their users, as well as appropriate professional knowledge that is required for utilization of all modern devices.
On the other hand, the Internet magazines appear in text forms. It is a case with certain publishers, that send attachments in E-mails and in a few minutes, one can have the new magazine issue in the computer. Their editing and arrangement are on high level because one can open easily and fast the desired item, prepared in appropriate text editor.
Complete issues of certain daily newspaper in any technique for blind  are  utterly  rare  in  the
west. Most frequently, a selective reading has been applied, through radio or telephone and nowadays in electronic form, i.e. with computers.
The computer technology allows the blind person to have the possibility for complete information. Thus, the organizations for blind tried to solve that problem successfully through Braille or sound publications. Nevertheless, there is a gap in information for the blind.

Слепото лице ќе ја користи со помош на звучниот излез или со Брајов дисплеј, а по потреба може да ја отпечати на Брајово или стандардно писмо, односно да ја ископира на дискета. Сево ова може да се сработи со помош на мал компјутерски систем, но под услов да им е достапен на мнозина слепи лица.
Таквиот начин на комуникација од основа ги менува традиционалните облици за работа и на библиотекарството воопшто. Нема веќе потреба за вообичаена дистрибуција преку пошта; нема дури ни потреба за традицоналната печатена или звучна книга, на каква што сме навикнале. За нас тоа уште е многу далеку, но со брзи или со бавни чекори прогресот еден ден сигурно ќе стаса и до нас. Претпоставките за остварување на овие иновации подразбираат високо ниво на техничка опременост и на библиотеките и на нивните корисници, а исто така и соодветно стручно знаење, без што сите современи уреди остануваат надвор од употреба.
Од друга страна, интернет-списанијата се јавуваат во текстуален облик. Станува збор за електронски магазини што пооделни издавачи ги испраќаат како приврзок во електронската порака, така што за само неколку минути на компјутерот го имате новиот број на списанието. Нивната уреденост и прегледност е на високо ниво, бидејќи лесно и бргу може да го отворите посакуваниот прилог, подготвен во соодветен едитор на текст.
И на Запад се ретки целосни изданија на соодветен дневен весник во било која тех-
ника за слепите лица, та најчесто се прибегнувало кон селективно читање, преку радиото или телефонот, а во поново време и во електронска форма, односно со помош на компјутерот.
Компјутерската технологија овозможува слепиот човек да има пред себе можност за целосна информираност, бидејќи организациите на слепите се обиделе овој проблем да го решат преку Брајови или звучни публикации. Сепак, колку да се тие успешни, останува празнината во информираноста на слепите лица.

 

 

Слепило и проблеми со интернет

 

Blindness and problems with the Internet

Има многу ограничувања поставени пред слепите корисници на интернетот. И при праќањето и при преземањето на електронската пошта, исто така постојат соодветни тешкотии, за чие отстранување се бара решение. Пребарувањето е соочено со многу тешкотии, бидејќи интернетот е целиот во слики. Текстот не е најважен; и кога го има пристапот му е многу сложен, бидејќи тешко може да се издвои од други визуелни елементи. А списанијата и публикациите, презентирани на интернет, многу често не се дадени за слепото лице да може веднаш да ги употреби. Најголема пречка се визуелните илустрации, бидејќи звучните читачи на екранот не се во состојба бргу да се префрлуваат од илустрациите на текстот, така што во тоа префрлување ќе се сплеткаат и прават застој во работата. Поради тоа формирање на еден виртуелен информативен центар би бил вистинска можност за списанијата, публикациите, книгите и сл. да се подготват и да се доведат во облик за брзо и ефикасно користење на соодветниот сајт.
Виртуелниот информативен центар би можел да даде голем придонес во запознавањето со политичката култура и за намалување пропустите во информирањето. Тој овозможува највисоко ниво на рамноправност меѓу лицата со вид и слепите лица. Лицата со вид ќе се соочуваат со дилемата: Таа рамноправност засега успеало да ја постигне единствено радиото. Така почнување со еден пробен проект би бил прв чекор, вистински потег.
За слепите корисници на виртуелниот информативен центар од големо значење се различните коментари, анализи, книги, прикази, занимливости, спортски прегледи, радио и телевизиските програми, трендовите во модата; со еден збор, сé што ги интересира и луѓето со вид. Во Велика Британија, Франција и САД различни организации на слепите и за слепите се занимаваат со подготовка на електронски изданија на различни дневни весници и периодика.

 

There are many limitations for blind users of the Internet. There are certain difficulties in receiving and sending electronic mail and a solution for their elimination is required. The searching is faced with many troubles because the Internet is full of pictures. The text cannot be considered the most important part and the approach to it is very complex because it can be hardly separated from other visual elements. The magazines and publications presented on the Internet are not often fit for blind person’s immediate use. Visual illustrations are the greatest obstacle because screen sound readers are not able quickly to transfer from illustration to text and so they confuse and create delays in their performance. Establishment of a virtual information center would be real possibility the magazines, publications, books and others to be prepared and shaped for quick and efficient use of the appropriate site.
The virtual information center might greatly contribute to information on political culture and to the reduction of failures in information. It enables the highest level of equality between people with good vision and blind ones.
The radio only has achieved that equality. Thus, the first step, the real act will be the beginning a trial project.
Different comments, analysis, books, reviews, interesting items, sport reviews, radio and TV programs, fashion trends are of great importance for the blind users of virtual information center; i.e. the same that interest people with vision.
Various organizations for blind in Great Britain, France and USA deal with preparations for electronic issues of various daily newspapers and periodicals. The preparation is carried out in a way that the newspaper delivers its electronic version and the professionals from the organizations edit it in a way that the blind can be able to use the text part without any difficulty.
Before the computer technique was born, the blind had used and still use radio and TV stations for information. However, written information is out of their reach, although they are a significant part for information on common culture.
The internal information activity of the Association is directed, naturally, towards the Association of blind members and its task is prompt and objective information for the events that happen in the associations for blind, current problems, situation and current events of the Association activities and the organizations for blind. Here in Macedonia, the only internal newspapers are the Braille magazine “Nash zbor (Our Word)” and the sound magazine “Panorama” as official gazettes of the Association for blind of Macedonia, which, after a long break, started again at the beginning of 1997.
The external press, i.e. the one for broader public, is especially a sensible issue, which, as soon as possible, should be paid special attention because such media have additional obligations and tasks. In the recent years, this function has been performed with the radio program “Panta rei” which is broadcasted on Macedonian Radio, Radio Skopje from 14:00 to 15:00 o’clock on Mondays. The editor and the host of that radio program is the author of this paper. This radio program started its broadcast on 28 October 2000. From time to time, there are other programs, which have to be supported, created and improved in cooperation with many activists.  The radio programs are a real bridge, i.e. fine way to overcome the gap between the blind and people with vision; it is a real possibility for successful integration in social environment, i.e. visual environment. The radio programs provide open pass to all segments of social community and relevant services, as well as the issues of interest for the population with impaired vision.
The contemporary objectives of the present development satisfy all specific needs for equal development of blind, thus the establishment of virtual information center and the systems for the needs of blind will be a step forward for equal participation of blind in social development.

Подготовката се извршува на тој начин што заинтересираниот весник ја доставува електронската верзија, а стручњаците во организациите ја уредуваат на тој начин што слепото лице може без тешкотии да го користи текстуалниот дел.
Пред појавата на компјутерската тхенологија слепите ги користеле и уште ги користат радио и телевизиските станици за да достигнат соодветно ниво на информираност. Но пишаните информации не им се достапни, а се значаен фактор за известување во општокултурната област.
Интерната информативна дејнст на Сојузот по природа на работите е свртена исклучително кон членството на Сојузот на слепите и има првенствена задача навреме и објективно да го информира за настаните во здруженијата на слепите лица за актуелните проблеми, состојбата и актуелностите на сите полиња од работата и дејствувањето на Сојузот и организациите на слепите. Во Македонија како единствени интерни списанија се печатат месечниците: Брајовото списание "Наш Збор" и звучното списание "Панорама", како официјални гласила на Сојузот на слепите на Македонија, што по повеќегодишната пауза почнаа контунирано да се издаваат од почетокот на 1997 година.
Од друга страна, екстерниот печат, т.е. оној кој се излегува во пошироката јавност особено е чувствително прашање на кое што побргу треба да му се посвети посебно внимание бидејќи станува збор за медиуми што имаат дополнителни обврски и задачи. Во последниве неколку години таа функција ја врши радиоемисијата "Панта реи" што секој понеделник, од 14 до 15 часот, се емитува на брановите на Македонското радио, Радио Скопје, чиј уредник и водител е авторот на овој труд. Емисијата почна да се емитува на 28 октомври 2000 година. Има одвреме-навреме и други емисии што треба да се поддржат, заеднички да се осмислуваат и да се унапредуваат и тоа во соработка со широк круг активисти.

 

Радиоемисиите се вистински мост односно убав начин да се премости јазот меѓу слепите и лицата со вид; тоа е и реална можност за успешна интеграција во општествената средина, т.е. во видното опкружување. Преку нив имаме отворен премин до сите сегменти на општествената заедница, па и до соодветните служби што решаваат сé до прашањата од интерес за популацијата со оштетен вид.
Современите стремежи на денешниот развој одат кон задоволување на сите специфични потреби за рамноправен развој и на слепите лица, така што основањето на виртуелниот информативен центар, системите за потребите на слепите лица, би бил чекор напред во овозможување рамноправно учество на слепите лица во општествениот развој.

 

 

 

 

Како, кога и каде ќе се урбанизира
информацискиот систем за слепите

 

How, When and Where the Information System for Blind Will Be Developed

Во земјава се печатат повеќе илјади регистрирани списанија-од дневни до годишни. Како во тоа море да се снајдете и на слепите да им го овозможите со устав загарантираното право за информирање на граѓаните, како и за слобода на јавниот збор?
Не мора да се впуштаме во детали за теоријата на комуникацијата, ни да расчленуваме за кодниот канал, кодниот шум и сл. како да се справат со изобилството информации, бидејќи  колку и да ни се нам драги и потребни, и колку и да ги консумираме, не само што не ќе може и физички (биолошки) сите да ги примиме и запомниме, туку токму тоа изобилство ќе ја искриви нашата слика за настаните и неповолно ќе влијае врз чекорите што ќе ги преземеме. Наспроти нив, сé поголем е бројот на слепите што се осамени, или и тоа како желни за, вистински за нив, пријатно друштво, дури и кога се со потесното семејство. Затоа за нив е вистински мал празник кога поштарот ќе им заѕвони на вратата. Не заради тоа што тој е нивното вистинско друштво,  по  кое  копнеат  (иако би можел да биде готовен за чашка разговор) туку за да му заблагодарат што им ги носи тешките книги и списанија на Брајово писмо или во звучна техника наменети за нив. Веднаш ги отвораат обвивките на звучните списанија и речиси, никогаш не може да попуштат пред искушението за веднаш да ги отворат Брајовите списанија и книги, та да ја прочитаат содржината и по некој прилог.

 

Thousands of registered magazines (from daily to annual) circulate in our country. How can we provide the blind with their constitutionally guaranteed right on information and with freedom of public word?
There is neither need of details about the theory of communication nor analyze the code channel, code noise and so on. The people with vision will face the dilemma of how to deal with abundance of information because no matter the information is valuable, required and consumable, we are not able physically and biologically to accept and remember it. This abundance will give a wrong impression of the events and will influence undesirably on the actions we undertake.
Contrary to this, the number of blind, who are lonely, constantly increases, even when they are with friends or close family. Therefore, when the postman rings, it is a real holyday for them. It is not because the postman is their real company or one they long for (although he might be ready for conversation with them), but to thank him for delivering them heavy books and magazines in Braille letters or in sound technique. They are eager to open, read and listen to the delivered post immediately.

 

 

 

 

Наместо заклучок

 

Instead of Conclusion

Особено се чувствува потребата за системот на информирање на слепите и односите во таа област конечно да се регулираат и да се уредат врз основите што обезбедуваат траен развој на оваа специјална дејност, како активен општествен фактор во процесот на натамошната афирмација и остварување на општественото битие на Сојузот на слепите, во кој секој слеп човек ќе биде благодарен за објективната, навремена, целосна и разбирлива информација.
Информирањето на слепите не е единствена задача на списанијата. Нивната функција е и во подигнувањето на културното и образовното ниво на слепите лица и нивното оспособување за секојдневна работа во организациите.
Само нека имаат што повеќе информации во Брајова, звучната или во електронската форма, општи или специјализирани списанија, та и да не мораат, а и не можат од нив се  да исчитаат. Во едно се согласуваат: бргу им минува времето, а нешто и научуваат.

 

 

There is a specific need for information system for blind. The relations in that field have to be regulated finally on the basis that provide permanent development of this specific activity, as an active social factor in the process of further affirmation and social existence of the Association of blind where every blind person will appreciate the objectiveness, prompt and complete and understandable information.
The information of blind is not the only purpose of the magazines. Their function is also to develop the cultural and education level of blind and their training for everyday work in the working environment.
Let them have as much information in Braille, sound or electronic form, general or specialized magazines, even they cannot or need not read them out. They agree in one thing – that enables time pass quickly for them and at least they learn something.

Citation:Shopkikj BC. Informing Blind People – Between Reality and Possibility (I Read, Hear and Write – I Exhis). J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):73-84.

   

 

   

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in