Георги ГРУЈЕВСКИ

 

Georgi GRUJEVSKI

 

 

 

ОДБЕЛЕЖЕН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
-
"3-ТИ ДЕКЕМВРИ"

 

CELEBRATION OF THE WORLD DAY OF DISABLED PEOPLE –
“3 DECEMBER”

 

 

 

   

Во организација на заедницата на инвалидските организации на Македонија, Сојузот на дефектолозите на Македонија и Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, на 2 декември 2004 година, спроти денот, се одржа свечен собир по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност-"3-ти декември".
По исполнувањето на химната на Република Македонија, собирот го отвори Трипун Атанасовски, претседател на заедницата на инвалидските организации. Веднаш потоа за значењето на Светскиот ден "3-ти декември", излагање поднесе Александра Мицевска, студент на Институтот за дефектологија. На Собирот се поднесоа и три куси излагања и тоа:

  • Трифун Атанасовски, на тема "Ништо за нас, без нас";
  • Бранислав Јовановски, на тема "За стартот на лицата со инвалидност во олимписката 2004 година";
  • Чедомир Трајковски, на тема "Што е со нашите права"?

 

Society of Disabled People of Macedonia, Association of Special Teachers of Macedonia and Institute for Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy held a formal assembly on the occasion of the World Day of Disabled People – “3 December” on 2 December 2004.
After playing the anthem of the Republic of Macedonia, the meeting was opened by Mr. Tripun Atanasovski, the president of the Society of Disabled People. A report by Miss Aleksandra Micevska, a student at the Institute for Special Education and Rehabilitation was presented about the importance of the World Day of Disabled People – “3 December”. Three brief reports were presented at the meeting:

  • Trifun Atanasovski on a theme “Nothing for us without us”;
  • Branislav Jovanovski on a theme “About the start of disabled people in the Olympic year 2004”;
  • Chedomir Trajkovski on a theme “What is happening with our rights?”

По повод "3-ти декември", Светскиот ден за лицата со инвалидност, Заедницата на инвалидските организации на Македонија, почнувајќи од годинава, востанови награда-Плакета за посебни заслуги во работата и активноста на Заедницата. Советот на заедницата реши прв носител на оваа награда да биде Душан Нешевски, во знак на признание за исклучителните заслуги во неговиот долгогодишен професионален и волонтерски ангажман во организирањето, развојот и унапредувањето на инвалидските организации.
На Собирот беа доделени награди и признанија на Ванчо Каранфилов, Бранимир Јовановски и Оливера Николовска-Бикова за постигнатите исклучителни успеси на Параолимписките игри-Атина 2004.
Седми пат í беше доделена и парична награда од 10.000 денари на Василка Галевска како најдобар студент, со успех (9,83) во генерацијата 2001/2004 од Институтот за дефектологија. Паричната награда секоја година ја обезбедува од сопствени средства проф. д-р Љупчо Ајдински, редовен професор во пензија.
На крајот од Свечениот собир, учениците од посебните училишта "Иднина", "Д-р Златан Сремец", "Димитар Влахов", "Партение Зографски" и студентката Искра Динева исполнија уметничка програма.
На Свечениот собир присуствуваа над 150 претставници од инвалидските организации, Сојузот на дефектолозите, Институтот за дефектологија, пратеници на Собранието на Македонија, на чело со потпретседателката на Собранието Лилјана Поповска, градоначалникот на град Скопје, Ристо Пенов, претставници од Министерството за труд и социјална политика, од образование и од здравство, како и од други органи и организации.

 

On the occasion of “3 December”, the World Day for Disabled People, the Society of Disabled People’s Organizations of Macedonia, commencing this year, established a reward – A Medallion for Special Merits in Society’s work and activities. The Society’s council decided the first award to be awarded to Mr. Dushan Neshevski as recognition for special merits in his long-range professional and voluntary engagement in organization, development and improvement of organizations for disabled people.
Vancho Karanfilov, Branimir Jovanovski and Olivera Nikolovska-Bikova received rewards and credits for their exceptional achievements at Para-Olympic Games in Athens 2004.
For the seventh time, a financial reward, amounting to 10.000 denars, was awarded to Miss Vasilka Galevska for the best student’s achievements with average success (9.83) for the academic generation 2001/2004 by the Institute for Special Education and Rehabilitation. Prof. Dr. Ljupcho Ajdinski, retired full professor, provides the financial reward from his own funds each year.
At the end of the formal meeting, the students from special schools “Idnina”, “Dr. Zlatan Sremec”, “Dimitar Vlahov”, “Partenie Zografski” and the student Miss Iskra Dineva realized a program.
More than 150 representatives of organizations of disabled people, Association of Special Teachers, Institute for Special Education and Rehabilitation, representatives from the Parliament of Macedonia, led by the vice president of the Parliament Mrs. Liljana Popovska, the mayor of Skopje, Mr. Risto Penov, representatives of the Ministry for Labor and Social Policy, education and health care, as well as other organs and organizations took part at the formal meeting.

   
   

Адреса за кореспонденција:

 

Corresponding Address:

Георги ГРУЈЕВСКИ

 

Georgi GRUJEVSKI

Сојуз на глуви и наглуви на Македонија
11 Октомври 42 а,
1000 Скопје, Република  Македонија
sgnm@mt.net.mk

 

Association of the deaf and hard of hearing persons of Macedonia
11 October 42a, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
sgnm@mt.net.mk

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in