JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2440
ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА | ||
Драги читатели, | ||
Целта на секоја издавачка канцеларија е зголемување на видливоста на списанието и достапноста до што поголем број читатели и автори. Авторот на овие редови прави огромни напори во секојдневното објавување текстови на Facebook, Twitter, Google+ и слични социјални медиуми за да ја постигне таа цел. Во последнава година списанието бележи зголемена метрика. На пример, GoogleScholar на списанието му додели вредности h5 index: 3; h5-median: 4. Од друга страна за првпат сме индексирани во значајната база на податоци SCImago која е во директна врска со базата на податоци Scopus. За 2013 година следуваат следниве библиометриски податоци: SNIP: 0.119; SJR: 0.12; IPP: 0.07. Во последниов месец списанието е повторно поднесено за реевалуација во Medilne и резултатите ќе ги очекуваме до февруари 2015, а за прв пат е поднесено за индексација во PubMedCentral. Но, сепак, и покрај овие успеси, издавачката канцеларија не може да обезбеди добар, квалитетен и исполнителен веб-администратор кој доста стручно би ја одржувал онлајн верзијата на списанието која можете да ја сретнете на следниот линк: http://jser.fzf.ukim.edu.mk. Ние искрено се надеваме дека издавачкиот совет ќе најде мотиви и финансии да обезбеди непречено работење на овој мошне значаен дел за списанието. Во вашите раце е бројот 3-4 за 2014 година. Авторите од Словенија во првата рубрика Дефектолошко-стручната проблематика пишуваат за инклузивното образование за слепи и слабовидни ученици во Словенија. Во вториот труд од оваа рубрика направен е преглед на програмите за специјално образование во државата Јордан каде што се опишани сегашните практики, нивните предизвици со кои се соочуваат и какви перспективи имаат за иднината. Рубриката завршува со приказ на рецидивизмот по третман во дисциплински центар за малолетници во Босна и Херцеговина. Ефектот од обуката за емоционална интелигенција на бихејвиоралните проблеми на момчињата со екстернализирани бихејвиорални нарушувања во основните училишта е насловот на првиот труд од рубриката Психолошко-педагошки преглед. Рубриката продолжува со трудот на авторката Моника Рејченберг која прави осврт на структурирани дискусии за текст и нивното значење за читањето со разбирање на учениците во посебните училишта. Авторките Метка Новак и Мајда Кончар ни прикажуваат еден практичен труд под наслов: Улогата на групите за поддршка во соработката меѓу родителите на децата со интелектуални пречки и стручниот кадар. Трудот Методологија на предавање и испрашување за лица со визуелно оштетување: систем во Индија и во Јапонија е поместен во рубриката Искуства и новини во светот. Во рубриката Вести и информации читателите ќе се запознаат како беше одбележан во нашиот град 2 април - Меѓународниот ден на лицата со аутизам. Ирена Новаческа пишува за меѓународниот конгрес на студентите од Едукациско-рехабилитацискиoт факултет во Загреб, одржан од 11 до 13 април оваа година. Последните вести од овој број се за меѓународниот симпозиум Современи медицински ставови за трисомија 21 и аутизам одржан во мај во Хрватска. Потоа следува апстрактот од еден одбранет докторски труд од колешката Александра Каровска-Ристовска под наслов: Компаративна анализа на структурата на американскиот и на македонскиот знаковен јазик. Како и во сите изминати броеви, така и во овој ќе ги забележите редовните рубрики: Библиографија, Листа на рецензенти иИндекс на автори. Објавувањето на научни трудови во интернационални списанија од страна на магистрантите и докторандите не треба да претставува само обврска и должност на секој млад научник, туку тоа треба да претставува и благородна задача во насока на себепрепознавање и зголемена видливост на младите колеги во светот на науката. Кој ова не може да го разбере изгледа дека залутал во научните води. |
||
Со почит, главен и одговорен уредник, проф. д-р Владимир Трајковски |
EDITORIAL OFFICE PREFACE | ||
Dear readers, | ||
The goal of each publishingoffice is to increase the visibility of the magazine and its access to as many readers and authorsas possible. The author of these lines makes huge efforts in posting daily articles on Facebook, Twitter, Google+ and related social media to achieve that goal. In the last year,the magazine has increased its metrics.For example, Google Scholar has assigned values h5 index: 3; h5-median to the magazine: 4. on the other side, for the first time we are indexed in the seminal SCImago database that is directly related to the database Scopus. The bibliometric information for 2013 is the following: SNIP: 0.119; SJR: 0.12; IPP: 0.07. In the last month, the magazine is resubmitted for re-evaluation in Medilne and by February 2015 we expect the results and for first time, it is submitted for indexation in PubMed Central. However, despite these successes, the publishing office cannot provide good quality and dedicated web-administrator who will quite professionally keep the online version of the magazine that you can find at the following link: http://jser.fzf.ukim.edu .mk. We sincerely hope that the publishing council will find incentives and finances to ensure smooth work of this very important part of the magazine. In your hands is the number 3-4 for 2014. The authors of Slovenia in the first rubric of Special Education and professional issues write about the inclusive education for blind and low vision students in Slovenia. The second paper of this rubric gives an overview of the special education programs in the state of Jordan where the current practices, the challenges they face and the future perspectives are described. The section ends with a display of recidivism after a treatment in a disciplinary center for juveniles in Bosnia and Herzegovina. The effect of the training on emotional intelligence of behavior problems of boys with externalized behavioral disorders in primary schools is the title of the first paper in the rubric Psychological and pedagogical review. The rubric continues with the paper of the author Monica Reichenberg which addresses the structured talks on a text and its importance for student’s reading comprehension in special schools. The authors Metka Novak and Majda Koncar show a practical paper titled: The role of support groups in the cooperation between parents of children with intellectual disabilities and professional staff. The paper Methodology of teaching and examination of persons with visual impairment: a system in India and Japan is included in the rubric Experiences and news in the world. In the rubric News and Information the readers will be informed about the celebration of April 2nd, the International Day of Persons with Autism. Irena Novacheska writes about the International Congress on Education and Rehabilitation Faculty in Zagreb, held from 11 to 13 April this year. The last news from this edition is the international symposium Newest medical views on trisomy 21 and autism held in May in Croatia. Then, there is an abstract from a doctoral thesis defended by our colleague Aleksandra Karovska Ristovska titled: Comparative analysis of the structure of the Macedonian and American Sign Language. As in all previous editions, you will read theregular rubrics: Bibliography, List of reviewers and Author Index. The publication of scientific papers in international journals by the M.A and PhD students should not be just an obligation and duty of every young scientist, but it should be a noble task towards self-recognition and increased visibility of the young colleagues in the world of science. Who cannot understand this, has probably wandered in the scientific waters. |
||
With respect, Editor-in-Chief Prof. Dr.Vladimir Trajkovski |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE