МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕДУКАЦИСКО-РЕХАБИЛИТАЦИСКИOT ФАКУЛТЕТ, ЗАГРЕБ, 11 - 13 АПРИЛ, 2014 ГОДИНА

 

Ирена НОВАЧЕСКА

М-р по специјална едукација и
рехабилитација

 

INTERNATIONAL CONGRESS OF STUDENTS FROM THE FACULTY OF EDUCATION AND REHABILITATION, ZAGREB, 11 TO 13 APRIL 2014

 

Irena NOVACHESKA

Master of Arts in Special Education and
Rehabilitation

 

Примено: 24.04.2014
Прифатено: 26.04.2014
UDK: 376-057.875(497.5)(062)

 

 

Received: 24.04.2014
Accepted: 26.04.2014

 

 

 

 

 

 

Во организација на студентите од Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Универзитетот во Загреб, во периодот од 11 - 13 април 2014 година, во просториите на факултетот - во Универзитетскиот кампус Боронгај, се одржа Меѓународен конгрес на студентите од Едукациско-рехабилитацискиот факултет под името ЕРФУСС...’14. ЕРФУСС...’14 претставува желба на студентите од Едукациско-рехабилитацискиот факултет за обединување на комплементарните струки, со една цел – тимска работа и интер/транс/мултидисциплинарен пристап, што е содржано и во самото име на конгресот, кое претставува кратенка за: „Едукациско-рехабилитациски факултет во соработка со...“.
На конгресот, кој беше под покровителство на претседателот на Р. Хрватска г-дин Иво Јосиповиќ, Градот Загреб и Здружението на дипломирани студенти на Едукациско-рехабилитацискиот факултет на Универзитетот во Загреб, беа пријавени вкупно 247 студенти од Хрватска, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Полска и Финска. Богатата и разновидна програма на конгресот вклучуваше 6 пленарни предавања, 17 работилници, 42 активни студентски излагања, како и културно-забавни активности. Конгресот беше свечено отворен со поздравен говор од претседателот на Р. Хрватска, г-дин Иво Јосиповиќ, кој во негово отсуство беше прочитан од член на Организацискиот одбор, по што следеа обраќањата на: деканката на Едукациско-рехабилитацискиот факултет, проф. д-р Антонија Жижак, проректорката за студии и студенти на Универзитетот во Загреб, проф. д-р Блаженка Дивјак и претседателката на Здружението на дипломирани студенти на Едукациско-рехабилитацискиот факултет на Универзитетот во Загреб, проф. д-р Зрињка Станчиќ. Програмата беше збогатена и со присуството на претставниците на градот Загреб: Лада Жамарија, стручен соработник во Градската канцеларија за социјална заштита на лицата со инвалидност и Ванда Базменјак, советник во Градската канцеларија за образование, култура и спорт. Свечениот дел беше заокружен со видеопорака од членовите на Организацискиот и Програмскиот одбор на конгресот, преку која ги поздравија сите присутни. Студентските излагања беа организирани во текот на три дена, поделени во две сесии, претпладневна и попладневна, помеѓу кои се одржуваа интерактивните работилници, кои предизвикаа голем интерес кај студентите.
Институтот за дефектологија, при Филозофскиот факултет во Скопје, го претставија 10 студенти на додипломски студии, придружувани од м-р Ирена Новаческа. Ана Костадиновска и Лина Милошевска, под менторство на проф. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ, зборуваа на тема Брајовото писмо како средство за комуникација на слепите лица; Гордана Благојевска и Лазар Трифуновиќ, под менторство на проф. д-р Зора Јачова, презентираа за Психолошката основа на знаците од областа религија во американскиот знаковен јазик и македонскиот знаковен јазик. Под менторство на проф. д-р Владимир Трајковски свое излагање имаа 6 студенти: Нермин Рашитовиќ и Марија Димовска на тема Рана интервенција кај деца со аутизам; Стефани Накова и Симона Танеска зборуваа за Невербалната комуникација кај лица со церебрална парализа, а Ема Доневска и Андријана Кудрановиќ презентираа за Инклузијата на деца со Даунов синдром во редовна настава. Големиот број студентски излагања со различна тематика беа проследени со интерес, бројни прашања и плодна дискусија од страна на аудиториумот, што секако резултираше со размена на теоретски и практични искуства од областа на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со инвалидност, како и зголемување на нивните стручни компетенции.
Конгресот беше свечено затворен со обраќањето на продеканката за настава, проф. д-р Мирјана Ленчек и претставник од Одборот на конгресот, со надеж и желба за повторна средба, соработка и дружење, по што следуваше музичка програма и свечен ручек за сите учесници.

 

 

The International Congress of the students from the Faculty of Education and Rehabilitation, named ERFUSS…’14, orga¬nized by the students of Faculty of Education and Rehabilitation, at the University of Zagreb, was held from 11 - 13 April 2014, at University Campus Borongaj. ERFUSS…’14 presents the desire of the students from the Faculty of Education and Rehabilitation for unification of the complementary fields, with one goal - team work and inter/trans/multidisciplinary approach, contained in the name of Congress, which is an abbreviation for: “Faculty of Education and Rehabilitation in collaboration with …”.
At the Congress, which was sponsored by the President of the Republic of Croatia, Mr. Ivo Josipovic, the City of Zagreb and the Association of graduate students of Faculty of Education and Rehabilitation, at the University of Zagreb, there were 247 students from Croatia, Slovenia, Macedonia, Bosnia and Herzegovina, Serbia, Poland and Finland. The rich and the diverse program of the Congress included 6 plenary lectures, 17 workshops, 42 active students’ pre¬sen¬ta¬tions, as well as cultural and entertainment activities. The congress was opened with a welcome speech by the President of the Republic of Croatia, Mr. Ivo Josipovic, which in his absence was read by a member of the Organizational Committee, followed by the speeches of the Dean of the Faculty of Education and Rehabilitation, Prof. Antonija Zhizhak, PhD; the Vice-Rector for Studies and Students at the University of Zagreb, Prof. Blazhenka Divjak, PhD; and the President of the Association of graduate students of Faculty of Education and Rehabilitation, at the University of Zagreb, Prof. Zrinjka Stanchikj, PhD. The program was enriched by the presence of representatives of the City of Zagreb: Lada Zhamarija, an associate at the City Office for social care of persons with disabilities and Vanda Bazmenjak, counselor at the City Office for Education, Culture and Sport. The ceremonial part was completed with a video message from the members of Organizational and Program Committee of Congress, through which they welcomed the present. The students’ presentations were organized in three days, divided into two sessions, morning session and afternoon session, between which interactive workshops were held, which aroused great interest among students.
The Institute for Special Education and Rehabilitation, at the Faculty of Philosophy in Skopje, was represented by 10 undergraduate students, accompanied by Irena Novacheska, MA. Ana Kostadinovska and Lina Miloshevska, under the mentorship of Prof. Daniela Dimitrova-Radojichikj, PhD. They presented the topic: Braille alphabet as a tool of communication of the blind people; Gordana Blagojevska and Lazar Trifunovikj, under the mentorship of Prof. Zora Jachova, PhD, presented the Psychological basis of the signs of filed religion in American Sign Language and Macedonian Sign Language; and under the mentorship of Prof. Vladimir Trajkovski, PhD, 6 students had their presentations: Nermin Rashitovikj and Marija Dimovska on the topic: Early intervention for children with autism; Stefani Nakova and Simona Taneska talked about Nonverbal communication in people with cerebral palsy; and Ema Donevska and Andrijana Kudranovikj presented the topic Inclusion of children with Down syndrome in regular classes. The large number of students’ presentations with different topics, were followed by great interest, numerous questions and productive discussion by the audience, which of course resulted in exchange of theoretical and practical experiences in the field of education and rehabilitation of persons with disabilities, and increasing their professional competencies.
The congress was officially closed by the speech of the Vice Dean for Education, Prof. Mirjana Lenchek, PhD, and a representative of the Committee of the Congress, with hope and desire for reunion, collaboration and fellowship. At the end there was a musical program and lunch for all participants.


Адреса за кореспонденција:
Ирена НОВАЧЕСКА
Втори август 5
7500 Прилеп, Р. Македонија
e-пошта: irena_novaceska@yahoo.com

 


Corresponding address:
Irena NOVACHESKA
“Vtori Avgust” St., No.5
7500 Prilep, R. Macedonia
e-mail: irena_novaceska@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in