JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4918
Стивен КИЛИ
ДВИЖЕЊЕТО НА ЕВРОПСКИОТ СОЈУЗ ЗА РАЗРАБОТУВАЊЕ
НА ПОЛИТИКАТА ЗА РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА*
Вовед
За да ја разбереме раната интервенција, треба да ги објасниме некои поими во контекст на меѓусебна поврзаност и влијание како што се:
- Развојот
- Ризиците во развојот
- Нарушувањата во развојот
- Раната интервенција
Развој
Развојот е динамичен процес во кој учествуваат заедно децата и околината во која живеат. Во практиката тоа значи дека вниманието не треба да биде фокусирано едно дете и родителите или оние што се грижат за него. Другите проблеми, се разбира, се поврзани со семјеството на детето како целост и со одделните негови членови.
Ризици во развојот
Терминот ризици во развојот претполага дека постојат податоци и зголемена возможност за појава на растројство; на пирмер: медицинските услови, ризикот на средината, биолошкиот ризик (предвремениот развој, прекинувањето на развојот и друго). Можат да постојат три различни типови фактори на ризик, што не се единствени:
- Развивањето на ризикот поради специфичните тешкотии, поврзани со здравјето или со синдромите, онакви како што се синдромот на Даун, синромот на Рет.
- Ризикот на средината кај децата-тоа е ризик на лошата социјална и образовна состојба, во која живеат тие и која во својот ред влијае врз нивната способност да го искористат искуството добиено при оспособувањето.
- Ризиците се биолошки од гледна точка на факторите, што се развиваат пред, за време и веднаш по раѓањето. На пример, такви се случаите на предвремениот развој и прекинувањето на развојот.
Растројства во развојот
Растројствата во разбојот во овој контекст означуваат едно значително скршнување од очекуваните нормални модели на развојот, низ кои минува детето и кои се примаат за значајни.
Рана интервенција
Терминот "рана интервенција" може да биде дефиниран како вклучувачки во сите форми на дејностите, ориентирани кон детето и упатствата кон родителите. Раната интервенција се манифестира во практиката како директна и итна последица по установувањето на заостанувањето во развојот. Раната интервенција е насочена како кон детето, така и кон неговите-нејзините родители и кон членовите на семејството и фамилијата што исто така земат учество во работата.
Процесот на раната интервенција минува низ следните фази:
- определување
- истражување
- дијагноза
- оспособување и натамошна насока за помош.
Определување. Определувањето означува набљудување на сите симптоми или карактеристични црти, од кои следува дека развојот на децата е ризичен или нетипичен.
Истражување. Истражувањето означува едно ситематско барање на таквите симптоми и карактеристични црти во населението како целост. Тоа би можело на пример да вклучи програми за прочување како оние за (PKU) (Pxenylketonurkia), оштетен слух, растројства во развојот. Резултатите од едно такво истражување, самите по себеси, не се дијагностицирање, но тие ја даваат насоката за понатамошни истражувања на децата.
Дијагноза. Дијагнозата вклучува анализа на тоа дали има растројства во развојот заедно со последиците што се претполагаат од таквото растројство.
Оспособување. Во контекстот на раната интервенција, оспособувањето означува дека се поставуваат цели за определени занимања на децата и на нивните семејства во најсоодветната средина за оспособување, а тоа е домот на детето. Оспособувањето ќе ги вклучува дејностите како оние, поврзани со стимулацијата за време на зголемувањето на придонесот кон образованието на дополнителната помош од професионалците лекари, физиотерапијата, логопедијата, нагледните наставни средства и хранењето.
Препораки. Сите возможни форми за препуштање на оспособувањето и се предлагаат препораки на родителите, на семејството и на целата фамилија. Таквите препораки ќе ги вклучат:
- препораките за распознавањето и примањето на проблемот; тоа исто така ќе помогне родителите да реагираат на соодветен начин на однесувањето на своите деца.
- инструкциите и советите поврзани со занимањата за развојот на детето, терапијата и практичните насоки за одгледувањето на детето.
- снабдувањето со основна информација.
Основна група во секоја служба за рана интервенција ќе биде децата со пречки во развојот во едно или повеќе од следните подрачја на дејствување:
- развивање на грубата моторика
- развивање на фината моторика
- сетилно восприемање
- способност за познавање
- општење
- адаптивно однесување.
PKU-Pxenylketonuria-Ако не се лекува, децата и возрасните добиваат пречки во развојот од потежок степен. Околу половината страдаат од микроцефалија (microephalic) кај околу една третина се развина егзема.
Аргументи за поддршка на раната интервенција.
Аргументот што ја поддржува и е поставен во основата на раната интервенција се состои во тоа што децата имаат корист од еден ефикасен начин според кој се решаваат нивните потреби поврзани со развојот. Тоа може да биде постигнато кога уште во раните години на развојот на детето се искористуваат правилниот начин за стимулација и заемното дејствување со средината во која живее детето. Раната интервенција има една основна оздравувачка функција, што важи за децата што имаат значителен степен на заостанување во развојот. Семејството можеби нема возможност да ја компензира празнината во развојот или да го намали степенот на заостанување во развојот.
Раната интервенција истовремено е еден ефикасен начин да им се помогне на родителите во нивната работа со нивните деца со пречки во развојот. Тоа се постига со активно вклучување на родителите во процесот на интервенцијата на таков начин што тие можат да ги откријат своите возможности за да работат поефикасно во времето што го минат заедно со своите деца. Привлекувањето на родителите уште означува што тие стануваат активни побрзо при установените дејности: на пример поставувањето на детето на опредлено место, манипулацијата и однесувањето кон детето, што има сериозни растројства во развојот. Раната интервенција во значителен степен ги поддржува родителите и им помага да излезат на крај со емоционалните проблеми поврзани со прилагодувањето, адаптирањето и работата со нивниот син или ќерка со пречки во развојот.
Од изучување на раната интервенција веќе е јасно дека браќата и сестрите играат важна улога за пресрет на некои од потребите на нивните браќа или сестри со пречки во развојот. Тимот за рана интервенција може да го помогне тој процес. Поважно е што раната интервенција може да гарантира дека семејството функционира по еден последователен начин и родителите на детето со пречки во развојот можат да се обратат кон бабите, дедовците чичковците и кон тетките, за да побараат помош за грижата на детето со пречки во развојот.
Целата фамилија може да ја олесни тежината од грижите за детето со пречки во развојот, што паѓа врз семејството.
Постои и мошне важен социјален аргумент за поддршка на раната интервенција, односно тоа е акцентирањето врз тоа да се привлечат сите; исто така и акцентот врз тоа луѓето да бидат известени дека малите деца со пречки во развојот е дел од општеството и имаат правото на помош. Раната интервенција ги истакнува возможностите за децата да поминат поуспешно низ етапите на оспособувањето.
* Излагањето и презентирано на семинар одржан во Благоевград-Н.Р. Бугарија.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE