JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 29083
Славица ГОЛУБОВИЌ, Миливојка МАРКОВИЌ
НИВОТО НА ГОВОРНО ЈАЗИЧНИТЕ И НА РАЗВОЈНИТЕ СПОСОБНОСТИ НА ДЕЦАТА РОДЕНИ СО РИЗИК ОД ПОМЛАДАТА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
Вовед
За детето чиј организам бил изложен на едно или на поголем број штетни влијанија во текот на пренаталниот или постнаталниот период, се вели дека имало развоен ризик и во литературата популарно се вика “ризично дете”.
Нелсон (1983) истакнува дека децата во високоризичната категорија ги вклучуваат оние родени пред 37-та или по 42-та недела на гестација, родени со тежина помала од 2500 гр. и со поголема од 4000 гр. со низок апгар скор во 1 минута со инфекции, болести и со состојба на мајката во бременост, тешки социјални проблеми и стресни состојби во бременоста, старост на мајката, повеќекратна бременост, начин на завршувањето на пораѓањето и многубројни перинатални трауми и биохемиски нарушувања.
Интезивното следење на психофизичкиот развој на децата кои при раѓањето имале присутни ризико фактори, покажа дека овие деца можат да бидат со пречки во психофизичкиот развој и во говорно јазичниот развој, па дури и да пројавуваат тешкотии во учењето и во однесувањето во училиштето.
Во последните 25 години во литературата се употребува терминот “развоен ризик” што ја одразува широката скала на биолошки ризико фактори од кои можат да произлезат различни проблеми на когнитивниот, социјалниот и психичкиот развој.
Досега во нашата средина, ниту една популација на ризико децата не е сеопфатно истражувана од раѓањето до адолесценцијата, ниту одделни нивоа на личноста се истражувани во однос на ризико факторите.
Развојниот тек на ризико децата е многу неуедначен што зависи од многубројните фактори (биолошки и средински). Почитувајќи ги законитостите на психомоторниот развој, мошне е тешко во раниот период да се разликуваат определени отстапувања од вообичаените развојни форми. Поради тоа е неопходно лонгитудинално следење на овие деца до достигањето на развојното ниво соодветно за календарската возраст. Раното воочување на застојот на определени функции, има непроценливо значење за превенцијата на неповолните подоцнежни последици.
Цел
Целта на ова истражување беше да се утврдат развојните способности, интелектуалните способности, артикулационите способности, нивото на јазичните способности и пишувањето кај децата од помлада училишна возраст што имале при раѓањето значајни биолошки ризико фактори и кај децата од контролната група.
Методологија
Во истражувањето беа користени следните тестови:
- ACADIA тест на развојните способности,
- WISC скала за испитување на интелектуалните способности.
Тестови за процена на говорнојазичниот развој (тест на артикулацијата, тест на асоцијацијата, процена на читањето и на пишувањето).
Мостра
Од популацијата на 1100 деца регистрирани во Развојното советувалиште на Домот на здравје “Звездара” во Белград во периодот од 1985-1989 година е избрана мостра од 100 деца од помладата училишна возраст што имале значајни биолошки ризико фактори при раѓањето (prematuritet, HIC, asfiksija, hiperbilirubinemija, hipoglikomija, edem на мозокот, низок Apgar skor и сл.).
Од мострата беа исклучени децата што имаа видливи невролошки оштетувања и ментална ретардација.
Истражувањето беше извршено во периодот од февруари 1996 до мај 1997 година, во 15 основни училишта на територијата на Општина “Звездара”, што ја посетуваа овие деца.
Заради споредба на резултатите на истражувањата, беше формирана контролна група (што опфаќа 88 деца без присутни ризико фактори при раѓањето), Табела 1.
Резултатите на ова табела покажуваат дека 53% од ризико децата на К групата заостануваа за 2 и повеќе од 2 стандардни девијации (> 2 SD) од аритметичката средина (AS) во еден или во повеќе субтестови на ACADIA тестот. Проверката на резултатите со Х2 тестот ја покажа статистичката значајност на разликите (Х2=5,95). Авторите на тестот сметаат дека отстапувањето од AS за >2SD на еден или на повеќе субтестови бара дефектолошки третман. Според тоа, резултатите на нашето истражување покажаа дека кај 53% ризико деца и 34,2% деца на K групата неопходно ќе се примени и дефектолошкиот третман. Резултатите на оваа табела исто така покажуваат дека стапувањата повеќе се застапени кај помладите деца (I и II одделение) како и повеќе кај момчињата отколку кај девојчињата во обете групи.
Од прегледот на резултатите на оваа табела се забележува дека ризико децата покажаа најслаби резултати на субтестот VIII (слушно паметење) каде што 30% од децата биле неуспешни за > 2SD од AS, а потоа на субтестот III (очевидна дискриминација) каде што 23% од децата биле неуспешни.
Децата од K групата најмногу заостанувале на субтестот III (очевидна дискриминација) 19,3%, а потоа на субтестовите VII (редослед и шифрирање) 17% од децата, и VIII (слушно паметење) 11,4%.
Резултатите од оваа табела покажуваат дека најмногу деца (во обете групи) имале отстапување за 2SD од AS на еден, два и три субтестови, со поголем процент отстапувања кај ризико децата. Овие отстапувања не се најдени кај 46% ризико деца и 64% деца од K групата.
Резултатите на проценката на интелектуалните способности
Истражување на интилигенција со WISC-скалата е извршено кај 62 ризико деца (31 момче и 31 девојче) и 55 деца од контролната група (29 момчиња и 26 девојчиња).
Резултатите од оваа табела покажуваат дека аритметичката средина на групните резултати на WISC кај ризико децата изнесуваше 100,6 а кај децата од K групата 108,9. Исто така постои значајна разлика меѓу ризико децата и децата од K групата на вербалната (103:111,4) и на манипулативната скала (100,8:106,2). Обете испитувани групи покажаа подобри просечни резултати на вербалната скала. Меѓутоа, дистрибуцијата на IQ вредности од најниските до највисоките достигања е покажана во Табелата бр. 6.
Резултатите од оваа табела покажуваат дека интелигенцијата на нашите испитаници главно е просечна (90-111) кај 41 (66,1%) ризико деца и кај 30 (54,5%) деца од K групата. Натпросечната интелигенција (>110) наоѓаме 15 (24,2%) кај ризико деца и кај 23 (41,8) деца од K групата, додека гранични вредности се најдени кај 6 (9,7%) ризико децата и кај 2 (3,6%) од K групата.
Резултатите од табела 7 покажуваат дека разликата меѓу вербалната и манипулативната скала е најдена кај 14 (22,6%) ризико деца (од вкупно 62 тестирани ризико деца) и кај 30 (54,5%) деца на К групата (од 55 тестирани деца). Исто така се забележува дека разликата од 12-19 поени кај ризико децата е застапена кај 9 (64,3%) деца, а разликата од 20-29 поени (кај едно дете беше 38 поени) е најдена кај 5 (35,7%) деца. Во К групата помала разлика е најдена кај 16 (53,3%) деца, а разликата од 20-29 поени кај 14 (46,7%) деца, што е значително повеќе отколку кај ризико децата.
Освен тоа, кај ризико децата е незначителна разликата во корист на вербалната скала V>M е кај 8 (57,1%), а V<M е кај 6 (42,9%). Меѓутоа, кај децата од К групата во корист на вербалната скала е значително поголема. Виша вредност е најдена на вербалната скала кај 20 (70%), V<M кај 9 (30%) деца.
Посебно е значајно да се истакне дека висока разлика (20-29-38 поени) наоѓаме повеќе изразена кај децата од К групата (14/46,7%) деца за разлика од 5 (35,7%) ризико децата, што се поврзува со третирањето на овие деца од предучилишна возраст.
Неразвиена артикулација на гласовите најдовме кај 28 (31,8%) ризико деца (19 или 67,9%) момчиња и 9 или (32,1%) девојчиња и 19 (24,4%) деца од К групата (10 или 52,6%) момчиња и 9 или (47,4%) девојчиња.
Оваа разлика статстички не значајна, зашто X2=1,145, што пак може да се објасни со примена на логопедскиот третман кај ризико децата од предучилишна возраст.
Во нашето истражување утврдивме постоење на различни развојни категории на одговори што не ги анализиравме поединечно, туку само го утврдивме односот меѓу развојните и парадигматските одговори. Со собирањето на добиените одговори го добивме процентот на вкупниот број на одговори за целата сорта (34 одговори X87 испитаници од Ризико групата +43X77 испитаници од К групата).
Од вкупниот број на одговори 2950 Ризико групата, развојните беа застапени со 54,2% (АЅ=18,4), а парадигматските одговори со 45,8% (просечно 15,6 одговори), додека во К групата тој однос беше 46,9%:53,1%. Оваа разлика е високо статистички значајна зашто X2=29,55.
Резултатите од истражувањата на успешноста во читањето (во однос на бројот на грешките и флуентноста во читањето) покажаа дека постои статистички значителна разлика (X2=6,27) меѓу ризико децата и контролната група.
Неуспешноста во читањето кај децата од Р групата е застапена во 47% случаи, а кај децата од K групата во 28,2% деца. Степенот на тешкотиите во читањето (Владиславлевиќ, 1991 според Heleni Saks). Во однос на полот не постои значителна разлика кај децата од Ризико групата, додека девојчињата од К групата се нешто поуспешни од момчињата.
Резултатите од истражувањето на успешноста во пишувањето покажаа дека постои статистички значителна разлика (X2=4,5) меѓу ризико децата и децата од K групата. Децата од R групата се неуспешни во пишувањето во 53,3% случаи и тоа: момчињата во 63,3%, а девојчињата во 36,7%, додека децата од K групата се неуспешни во 39,7% (момчињата во 67,7%, а девојчињата во 32,3%), што значи дека во обете групи момчињата се понеуспешни од девојчињата.
Во однос на полот, девојчињата од K групата беа поуспешни од момчињата, додека во Ризико групата девојчињата имаа незначително помалку парадигматски одговори од момчињата, иако нивната аритиметичка средина (АЅ=16,5) е поголема од АЅ (14,8) кај момчињата.
Дискусија
Популацијата на Ризико децата, обработена во мострата, е мошне хетерогена по јачината на интезитетот на ризико факторите, што можат да бидат значајни за натамошниот психофизички развој на децата на училишна возраст. Освен тоа 63% од овие деца се испратени во Развојното советувалиште во текот на раниот развоен период, или и натаму во предучилишната возраст, а кај 31% одовие деца беше применет логопедски третман. Овие фактори значително влијаеја врз добиените резултати на истражуваните групи.
Резултатите на истражуваните развојни способности од ACADIA тестот покажаа дека ризико децата се понеуспешни од децата на К групата, зашто 53% ризико деца и 35,2% деца од К групата заостануваат за 2 и повеќе од 2 стандардни девијации (> 2SD) од AS, во еден или во повеќе субтестови. Оваа разлика статистички е значајна, X2=5,95 p<0,05 за SS=1, а отстапувањата повеќе се застапени кај помладите деца (I и II одделение) и кај момчињата.
Најмногу неуспешност ризико децата имаат во субтестот на слушното паметење (30% под AS за > 2SD) и на видната дискриминација (23%) на децата, што значи дека перцептивниот развој (што е основа на когнитивниот развој) кај ризико децата е забавен.
Во литературата се истакнува дека ризико децата (особено предвремено родените со мала тежина) на училишна возраст имаат значително полоша визио-моторна интелигенција (Saigal, 1991), полошо моторно достигање и читање и математички способности (Robertson, 1990) како и пониско постигање на тестовите на вербалните способности и на аудитивната меморија (Ross).
Истражувањето на интелектуалните способности покажа дека ризико децата се со просечни способности (кај поголемиот процент од децата на K групата 66,1%, (54,5%) и дека гранични способности се најдени кај 9% ризико деца и 3,6% кај децата од K групата. Освен тоа, разликата меѓу манипулативната и вербалната скала (од 20-29 поени) е најдена кај 35,7% на ризико деца и 46,7% на децата од K групата, и тоа во корист на вербалната скала (кај ризико децата во нешто помал обем отколку кај децата од K групата). Ваквиот резултат (во поголем обем уедначени IQ способности кај ризико децата) може да се објасни со примената на стимулативниот третман кај ризико децата на помладата возраст.
Исто така, поради примената на логопедскиот третман кај ризико децата од предучилишна возраст, не е најдена значајна разлика на тестот за артикулација на гласовите, во однос на K групата, иако растројството на артикулацијата кај ризико децата беше 31,8%, а кај децата од K групата 24,4%.
Анализата на резултатите на слободните јазички асоцијации покажа дека ризико децата имаат значително повеќе развојни категории на одговори (X2=29,55) од децата на K групата. Тоа укажува на пониско ниво на говорно-јазичката развиеност, односно, на когнитивна развиеност на ризико децата. Во основата на парадигматските одговори, се наоѓа развиен говор во контекстот на логичките и јазичките закономерности.
Тоа секако има значење и за успешноста во читањето и за пишувањето, зашто резултатите покажаа дека ризико децата значително се понеуспешни од децата на K групата. Во литературата е забележано дека се присутни тешкотии кај децата со патолошка анамнеза на бременоста и на породувањето и кај малите деца се пронајдени тешкотии, а се најфреквентни социјалните проблеми и визуелни тешкотии придружени со емоционална прилагоденост, со невролошки тешкотии, со говорни и со дискриминациони тешкотии, со аудитивни тешкотии, со училишни проблеми.
Пишувањето според Бојанин (1985) е практогностичка активност, што значи дека можат да се појават проблеми на гнозија и праксија. Во почетокот пишувањето е придружено со спелување заради воспоставување на лексичка контрола по аудитивен пат, до осамостојување на графомоторната вештина. Таа е зависна од зрелоста на периферниот тонус што овозможува оптимална брзина на пишувањето и уедначен притисок на подлогата при пишувањето.
Заклучок
Врз основа на добиените резултати во ова истражување може да се заклучи следното:
- Кај ризико децата вредностите на WISC се 100,6 а кај децата од К групата 108,9. Исто така постои значителна разлика меѓу ризико децата и децата од К групата на вербалната (103:111,4) и на манипулативната скала (100,8:106,2). Обете истражувани групи покажаа подобри просечни резултати на вербалната скала.
- Ризико децата покажаа најслаби резултати на Acadia тестот, на субтестот VIII (слушно паметење), а потоа на субтестот III (видна дискриминација), додека децата од К групата најмногу заостануваа на субтестот III (видна дискриминација), а потоа на субтестовите VII (редослед и шифрирање) и на VIII (слушно паметење).
- Резултатите на нашето истражување покажаа дека кај 53% ризико деца и 35% деца од К групата е неопходно да се примени дефектолошки третман и дека отстапувањата на Acadia тестот повеќе се застапени кај помладите деца (I и II одделение) како и повеќе кај момчињата отколку кај девојчињата во обете групи.
- Неразвиена артикулација на гласовите е најдена кај 31,8% ризико деца, 67,9% момчиња и 37,1% девојчиња и 24,4% деца од К групата или 52,6% момчиња и 47,4% девојчиња. Оваа разлика не е статички значајна, што може да се објасни со примената на логопедскиот третман кај ризико децата од предучилишна возраст.
- На тестот на асоцијација од вкупниот број одговори 2958 во Ризико групата, развојните категории на одговори беа застапени со 54,2%, а парадигматските одговори со 45,8% (просечно 15,6 одговори), додека во К групата тој однос беше 46,9%:53,1%, што укажува на високо статистички значителна разлика. Во однос на полот, девојчињата од К групата беа поуспешни од момчињата, додека во Ризико групата девојчињата имаа незначително помалку парадигматски одговори од момчињата.
- Резултатите од истражувањата на успешноста во читањето (во однос на бројот на грешките и на флуентноста во читањето) покажаа дека постои статистички значителна разлика меѓу ризико децата и децата од контролната група.
- Резултатите од истражувањата на успешноста на пишувањето покажаа дека постои статистички значителна разлика меѓу ризико децата и децата од К групата, како и тоа што во обете истражувани групи се понеуспешни момчињата отколку девојчињата.
ЛИТЕРАТУРА
- Бојанин, С.,: Неуропсихологија развојног доба. Завод за у™бенике и наставна средстава, Београд, 1985.
- Harris, A.,: How to increase readings ability, VII ed, Longman, New York, London, 1983.
- Nelson, E.,: Pediatrics, 12 th ed. W.B.Saunders company, 1983, Philadelphia, London.
- Robertson, C.M., et all: Eight-year school performance and growth of preterm, small, for gestational age infants: a comparative study with subjects matched for birth weight or gestational age, Journal of Pediatrics, 1990Jan.:116(1):19-26Ab.
- Ross,G., et all. Educational status and school-related abilites of very low birth weight premature children, Peddiatrics, 1991 Dec: 88(6):1125-34,AB.
- Saigal, S., et all: Cognitive abillities and school performance of extremly low birth weight children at age 8 years: A regional study, Journal of Pediatrics 1991, 118:751-60.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE