JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 1712
Горан АЈДИНСКИ
ОД ЖИВОТОТ И РАБОТАТА НА УСТАНОВАТА ЗА МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИ ЛИЦА ГРАЕНБУРГ-НОРДООП-ХОЛАНДИЈА
Холандија како земја членка на Европската унија со висок економски и социјален стандард на живот, покрај другото настојува да обезбеди и максимално задоволувачки и идеални услови за заштита, едукација и рехабилитација на лицата со пречки во развојот. Во тоа се уверивме за време на посетата и престојот во установата за ментално ретардирани лица Graenburg во Nordoop.
Оваа установа е за згрижување и обезбедување современ третман на лицата со тешка и длабока ментална ретардација во која се сместени 440 корисници со просечна возраст од 25-30 години. Од нив 38 се над 50 години, а 5 се постари од 80 години. Повеќето корисници во Граенбург, не можат да живеат самостојно и да бидат независни во средината како останатата популација. Тоа се однесува на тежината на хедикепот, односно заостанувањето во развојот и нискиот коефициент на интелигенција, поради што тие не можат да се грижат за себе, и ја немаат способноста да се интегрираат во средините каде што живеат. Менталната возраст кај тешко и длабоко ментално ретардираните корисници од установата може да се спореди со менталната возраст кај децата кои не се ментално ретардирани, од неколку месеци до неколку години. Повеќето од нив се физички возрасни, но ментално тие се на ниво на деца од најрана возраст.
На локацијата од Graenburg, дел од корисниците живеат во куќ- ни заедници во кои има по 6 одделенија за 12 лица во една куќа. Тие се сместени по еден или двајца во соба, што претставува еден од најсовремениот начин на живот, грижа и нега на лицата со ментална ретардација. Во установата се користат куќи наменети за корисници што ги има 48 во кои живеат во групи од по 6 лица. Секој корисник има сопствена соба и заедничка соба за определени активности (за јадење, дневен престој за гледање на ТВ и за други активности).
Во установата има сместено и други корисници (на 6, 7 или 8 годишна возраст), кои не можат да живеат во нормални средини поради нивните проблеми на однесувањето. Така на пример, 25% од корисниците имаат бихевиорални растројства. Тоа значи дека се агресивни, а 25% од нив како неподвижни се зависни од инвалидска количка и 25% имаат епилепсија.
По пат на извршените реформи и промени во установата, управата и другиот персонал настојуваат низ организацијата, создадените услови и работата со децата да им овозможат што понормален живот сличен на семејните услови. За таа цел постојат три вида на активности:
- Во домашна заедница;
- Работен или дневен центар за разни активности;
- Центар за рекреативни активности.
Покрај тоа има и Опсервационен центар каде што се дијагностицираат и распоредуваат ментално ретардираните лица.
Центарот за дневни активности се состои од 20-25 групи од по 7-9 возрасни ментално ретардирани лица. Во овој Центар се наоѓа за длабоко ментално ретардирани лица што се неподвижни со физички пречки како резултат на генетски и хромозомски растројства. Активностите во одделот се изведуваат четири пати неделно по три часа. Се применува музичка терапија. Исто така се применува релаксација и стимулација на сите сетила и на мускулно скелетниот систем преку масажа, допир и промена на положбата на телото. Сето тоа е придружено со пријатна музика и весела атмосфера што ја создаваат рехабилитаторите што работат со нив. Богаството и ентериерот на креативно изработени средства (украси, играчки, слики и сл.) со кои изобилува просторијата секако дека има позитивно влијание врз корисниците.
Во Центарот го посетивме и одделот за изведување на дневни активности со тешко и длабоко ментално ретардирани лица. Тие се подвижни со нешто подобро развиен степен на перцептивни можности. Корисниците составуваат мозаик, редат и играат со коцки и други едноставни фигури со придружба на пријатна музика.
Постои посебна просторија каде што се ангажирани тешко ментално ретардираните лица со пречки во однесувањето или со асоцијално однесување. Активностите започнуваат со музичка терапија и продолжуваат со наједноставни активности, со цел лицата да бидат постојано ангажирани.
При посетата на овој Центар во групата за тешко ментално ретардирани (девелопмент гроуп) се опсервираше примена на музичка терапија и пеење, свирење на инструменти, музика придружена со движење во рамките на нивните психофизички можности. Се изведуваат најразлични активности со цел да се развие видно-моторна контрола, корекција на движењата, ориентација во просторот и се прават обиди да се задржат и развијат постојните способности.
Во состав на овој центар се направи посета и на групата каде што се спроведува рехабилитација на умерено ментално ретардираните лица. Тука се изведуваат активности каде што корисниците применуваат елементарни знаења и активности за обработка на материјали, на дрво, користење на работни алатки, плетење, цртање на слики, домаќинство, изработка на таписерии итн.
Еднаш неделно се посетува музичкиот кабинет, базенот и детската фарма каде што активно се вклучени корисниците во развивањето на сетилата, моторните способности, кординација на движењата и каде што се применува релаксацијата.
Куќните заедници во установата се застапени со доста голем број и со максимално обезбедени услови за престој и живот во нив. Внатрешниот ентериер изобилува со најсовремени уреди од областа на домаќинството, аудио-визуелна техника, мебел и слично. Хигиената е на највисоко ниво што може да се види во самата куќна заедница како и во посебно редениот санитарен јазол. Бројот на корисниците во куќните заедници, зависно од потребите и тежината на оштетувањето, се движи од 10 до 15 лица. Со корисниците во овие куќни заедници работи специјално оспособен кадар (нурсес) со средно образование и дополнителна тригодишна курсна едукација. Претпладне работат две лица, попладне исто две, а навечер дежурно едно лице за неколку куќни заедници.
Се одржуваат средби со родителите, а посебно треба да се истакне дека се вршат постојани консултации со дефектологот (ортопедагогот), а еднаш месечно се одржува и официјален состанок. Со секој корисник се работи индивидуално во воспитната работа, а посебно во здравственото воспитание, сексуалното воспитание, социјалниот контакт, убавото однесување, вероисповеста и друго.
Посетени беа и куќните заедници каде што се сместени и стари тешко ментално ретардирани лица над 60 годишна озраст. Принципот на работа како што рековме е ист, со исклучок на некој специфичности со оглед на нивната возраст.
Од изнесениот приказ за работата на установата Граенбург се издвојува куќната заедница наречена “Бромелиа”, што не се наоѓа во состав на установата, туку е сместена во населбата Нордооп и е наречена “Социал хоусес”. Нејзината цел е да се интегрираат ментално ретардираните лица во социјалната средина што не се толку тешко хендикепирани како другите корисници во Граенбург. Во куќната заедница се вклучени 12 лица со подобри психомоторни способности, дел од нив работат и во градот Ден Хаг, додека најголем дел се вклучени во Центарот за дневни активности во Граенбург.
Во опсервационен центар се вршат опсервации, анализи, специјален третман и специјално испитување, односно процена на психомоторниот статус на ментално ретардирани лица. Постојниот стручен тим што работи на полето на проценката на психомоторниот развој на ментално ретардираните лица се состои од: дефектолог (ортопедагог) или психолог, социјален работник и лекар.
Пред да се даде конечна дијагноза за менталната ретардација се изведува опсервација на корисниците. Опсервацијата трае околу 3 месеци. Корисниците (18 корисници) за време на тој период престојуваат и се сместени во 9 простории на Центарот. Кога е тешко да се постави конечна дијагноза се бара помош од лекари специјалисти и од други стручни профили кои работат со ментално ретардирани лица.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE