JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3625
Елизабет СОЛТИРОВА
ЉУБОМИР САВИЌ, ЖИВОИН ЦВЕТКОВИЌ, СОЊА ПАВЛОВИЌ:
„ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ВАЛЕНТИН АЈ”
За овој голем хуманист, добротвор на сите слепи не се знае многу. Авторите прават сериозен обид во расветлувањето на животот и делото на Валентин Ај* со цел да напишат книга што ќе послужи како извор за изучување на генезата на тифлологијата. И не само тоа, авторите сакале да го исполнат долгот кон овој добротвор на слепите кој со право може да се нарече најголем тифлопедагог на светот.
Содржината на книгата може да се подели на неколку целости.
Првата целост се состои од: Биографијата на Валентин Ај; Општествените услови во Франција за време на појавата на Валентин Ај; определбата на Ај за работа со слепи лица и неговата подготовка за почетоците на образованието на слепите лица.
Појавата на Валентин Ај не е случајна. Имено тој се појавил и се развил во периодот на 18 век, кога општествените, филозофските и педагошките услови дозволувале неговиот талент и идеи да се реализираат. Неговото учество за социјалните проблеми се развива од најраното детство (тој произлегува од сиромашно семејство) и наоѓа погодна почва во идеите на просветителскиот хуманизам. Особено бил поттикнат да размислува за неповолната положба на слепите гледајќи ги концертите на слепите музичари и подбивот на кој биле изложени. По еден таков повод си дава завет дека ќе ги научи слепите да читаат со што ќе придонесе тие лица да се издигнат од дното на животот на ниво на образовани и продуховени луѓе. Особено влијание на Валентин Ај извршил филозофот Дидро, кој се интересирал за животот на слепите луѓе (на оние кои им припаѓале поимотните семејства ) и своите забележувања ги опишал во повеќе дела од кои најпознати се: ПИСМО ЗА СЛЕПИТЕ НАМЕНЕТО НА ОНИЕ ШТО ГЛЕДААТ; ЕЛЕМЕНТИ НА ФИЗИОЛОГИЈАТА И ДОДАТОК НА ПИСМОТО ЗА СЛЕПИТЕ. Ако Дидро со овие дела навлегол во проблематиката на можното образование на слепите, Ај понатаму ги разработил теоретските поставки и ги реализирал во практиката за која се подготвувал цели тринаесет години.
Втората целост се состои од: Филантропското друштво и настојувањето слепите да се образоваат. Ај и создавањето на писмото за слепите; Програма за образование на слепите во Институтот; Ај и Марија Парадизова; Делата и тифлошките сфаќања; Полна афирмација во јавноста и Ај во Француската револуција и затварањето на Институтот.
Оваа целост ја опишува неговата работа на организирање на воспитно-образовната работа со слепите лица што не е израз на идеалистички филантропизам или пак стремеж за лична афирмација, туку претставува активен практицизам на реализација на определена идеја во што бил прв во светот. Особено одушевува неговата трудољубивост, упорност, јасната цел и извонредната организациска способност. Тој е творец на тактилната азбука на слепите, писател и печатар на првите книги за слепите. Творец на низа тифлодидактички наставни средства за слепите, пропагатор на идеите за образование на слепите и автор на првите книги-прирачници за наставниците на слепите ученици.
Третата целост се состои од: Ај и отварањето на Заводот за слепи во Берлин; Ај како основоположник на школството на слепите во Русија; Отворањето на ИНСТИТУТОТ ЗА МЛАДИ СЛЕПИ во Париз во 1816 година; Последните денови на Ај; Институцијата ВАЛЕНТИН АЈ и слепите во Србија и Значето на Ај за историјата на тифлологијата.
Ај настојувал неговата социјална идеја за слепите да се прошири и во другите земји во Европа. Неговата работа и ентузијазам придонесе да се здобие со почит и надвор од Франција, па така бил повикан да помогне во организирањето на работата на заводите за слепи во Берлин и во Петроград.
Стар, болен и исцрпен, Ај умира во Париз на 19 март 1880 година.
Валентин Ај бил значаен педагог на своето време, иако тоа не бил според професијата. Тој бил човек кој ги сакал слепите лица и верувал во нивните можности. Благодарение на неговата работа, Париз станал центар и пример на Европа за идејата за образованието на слепите.
Авторите со оваа книга се оддолжуваат на основоположникот на образованието на слепите на најубав можен начин, осветлувајќи еден период од историјата на тифлологијата, период во кој образованието на слепите се здобило со правото на граѓанство и било вклучено во системите на образованието во повеќето држави во светот.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE