JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 10485
Снежана ЈОКСИМОВИЌ
ПРИРОДАТА, ПОТЕКЛОТО И РАЗВОЈОТ НА АЛТРУИЗМОТ
Увидот во развојот на социјалната мисла покажува дека прашањата на човечката природа и нејзината суштина го преокупирале вниманието на многумина мислители, па во склопот на овие размислувања било расправано за алтруизмот. Покрај општите расправи за тоа дали човекот по својата природа е добар или зол, великодушен или себичен, биле разгледувани и прашањата за мотивите на алтруистичкото однесување, на општествените, на културните и на ситуационите околности што придонесуваат за алтруистичкото однесување или го осудуваат, како и личните одлики на поединците што постапуваат алтруистички. Особено внимание им се посветува на можностите и на начините за поттикнување на алтруистичкото однесување. Преокупираноста со овие прашања не е тешко да се разбере кога се има предвид важноста на алтруистичкото однесување за функционирање на општеството и опстанокот на поединецот. Без алтруизмот, што се пројавува низ грижата за другите луѓе и настојувањето да се придонесе за нивната благосостојба не би постоел ни индивидуалниот развој ни општествениот напредок. Токму поради важноста на алтруистичкото однесување, вниманието особено го предизвикуваат ситуациите во кои ваквото, однесување изостанало, односно било заменето со егоистичко или агресивно однесување. Тоа значи дека покрај прашањето зошто луѓето се однесуваат алтруистички, се поставува и прашањето зошто луѓето не се алтруисти.
Освен придонесот за расветлување на загатките врзани за човечката природа, знаењето за факторите и околностите што го поттикнуваат или го сопираат алтруистичкото однесување може да помогне во наоѓањето на патиштата што водат кон подобри меѓучовечки односи, кон подобрување на квалитетот на животот и кон похумано општество. Проучувањето на овие прашања е важно и за воспитните постапки што влијаат врз развојот и пројавувањето на алтруизмот. Разбирањето на природата, на потеклото и мотивите на алтруистичкото однесување овозможува подобро планирање на хуманитарните акции и нивната поголема ефикасност.
Наспроти тоа што е предмет на многу проучувања и истражувања, или токму поради тоа, значењето на поимот на алтруизмот предизвикува определена недоумица и несогласување. Според една дефиниција, станува збор за однесување што е преземено заради благосостојба на друг без очекување на награда од надворешен извор (Macautay IV Berkowitz, 1970). Според друга дефиниција, алтруизмот се однесува на оние однесувања што придонесуваат за благосостојба на друг што го чинат добротворот со мала моќност на материјална или социјална добивка за оној што го прави доброто дело (Bryan-London, 1970). Според Раштон (Raston,1980) алтруизмот претставува социјално однесување преземено со намера да предизвика последици кај друг. Егоизмот, како спротивност на алтруизмот подразбира социјално однесување преземено заради позитивни последици за себе. Според ова сфаќање, алтруизмот може да биде со различен интензитет, како и негова спротивност егоизам. На екстремно алтруистичкиот крај на континиумот се однесувањата кои максимално придонесуваат за благосостојба на други, дури и по цена врз сопствената штета. На другиот, екстремно егоистички крај, се наоѓаат однесувањата кои максимално придонесуваат за личната добивка, дури и за сметка на други.
Повеќето дефиниции на алтруизмот е сфаќањето дека е тоа алтруистичка постапка направена свесно и намерно заради добросостојбата на друг. Разлики и несогласувања се јавуваат во врска со гледањето на личната добивка и на жртвата на актерот на таквата постапка. Некои дефиниции инсистираат на неопходноста од жртвување и ја исклучуваат можноста дека и добротворот очекува (и има) некоја лична добивка и корист (лично задоволство, самоценење, општествено признание и почитување, материјална награда или возвратна услуга). Еден од начините за разрешувањето на овие недоумици е воведувањето на сродни поими кои меѓусебно се разликуваат во поглед на степенот на личното вложување (жртвување) и добивка. Обично како поширок поим се користи просоцијалното однесување, однесување што претставува спротивност на негативните форми на однесување и ги опфаќа постапките што придонесуваат за благосостојбата на друг (помагање, дарување, давање утеха и социјално-психолошка поддршка, спасување во опасност, соработка). Алтруизмот е потесен поим и тој се дефинира како вид на просоцијално однесување на највисок квалитет, што е преземено доброволно и по цена на жртвување. Ваквите поделби прилично се произволни и недостапно прецизни. Донекаде уште има смисла да се зборува за намера на извршителот на доброто дело, исто откривањето на намерата бара впуштање во исклучително сложено поле на мотивација. Разјаснувањето на поимот алтруизам уште помалку придонесува за воведувањето на критериумот на чинењето и жртвувањето. Иако правењето на добри дела понекогаш бара определена лична жртва, саможртвувањето не е нужна и објективно мерлива одлука на алтруистичкото однесување. Затоа она што му е тешко да го направи едно лице и што за него претставува жртва, на друго тоа воопшто не му е тешко или дури му причинува задоволство. За алтруистичката постапка е најбитно што е направена свесно и намерно со желба да придонесе за благосостојбата на други. Алтруизмот подразбира грижа за другите луѓе со настојување да се придонесе за нивната благосостојба, што значи дека алтруизмот се пројавува и на нивото на свеста, како диспозиција (станови, вредности, однос кон луѓето) и преку однесувањето (постапка што придонесуваат за благосостојба на друг). Покрај термините алтруизам и алтруистичко однесување, во овој труд ќе се користат уште некои термини со слично значење (помагање, просоцијално однесување и просоцијална ориентација).
Во овој труд ќе стане збор за мотивите и факторите на алтруистичкото однесување, како и за поттикнувањето на алтруизмот во семејството, меѓу врсниците и во училиштето.
Мотивите на просоцијалното и алтруистичкото однесување
Познавањето на мотивите што лежат во основата на просоцијалното однесување е важно за разбирањето на одделни облици на вакво однесување, за нивното предвидување и поттикнување. Веќе е кажано дека по повод дефинирањето и диференцирањето на алтруизмот од страна на некои други облици на просоцијално однесување треба да се води сметка за мотивите на одделни постапки. Предвидувањето се заснова врз претпоставката дека просоцијалното однесување дотолку порано ќе се пројави доколку поединците низ таковото однесување можат да задоволат определени мотиви. Увидот во мотивите на просоцијалното однесување може да биде добра основа за неговото поттикнување со активирањето на мотивите кои низ определени постапки можат да се задоволат.
Според една класификација, постојат три групи мотиви на помагање и другите постапки што придонесуваат за благосостојбата на друг (Straub, 1978). Првата група на мотиви го вклучува очекувањето на некои лични добивки или користи. Добивката може да биде возвратена со помош или со материјална награда за направеното добро дело. Социјалното признание поради доброто дело, односно избегнувањето на осудата или на критиката доколку не се даде помош, исто така претставува добивка на која поединци сметаат. Добивката може да биде и од психолошка припрода, во вид на наклонетост и пријателство, бидејќи луѓето развиваат позитивни чувства кон оние што им помагаат или на некој друг начин придонесуваат за нивната благосостојба.
Друг извор на мотивација на просоцијалното однесување се определени вредности, верувања и норми што ги усвоил поединецот и што му налагаат да се грижи за другите и да им помага. Тоа можат да бидат демократски и хуманитарни вредности, стремеж кон праведноста, норма на социјална одговорност и норма на репроцитет. Нормата на репроцитет бара давање на возвратна помош на оние кои со нешто не задолжиле, додека социјалната одговорност налага помагање на сите на кои им е потребна помош. Според Staub, непосредниот поттик за пројавување на просоцијалното однесување произлегува од просоцијалната вредностна ориентација. Оваа ориентација се огледа во позитивниот став кон другите луѓе, грижата за благосостојба на другите и чувството на лична одговорност за благосостојбата на другите. За просоцијалната ориентација ќе се зборува повеќе во склопот на разгледувањата на персоналните корелати на алтруистичкото однесување.
Некој вредности можат да дејствуваат инхибиторно и демотивирачки во однос на помагањето. Една од таквите вредности е етноцентризмот, кој кај одделни членови на една заедница се пројавува во вид на тенденција на повлекување на остра граница меѓу својата и другите групи, со чувство на супериорност на сопствената група и омаложување на припадниците на другите групи. Ваквата ориентација доведува до различна подготвеност за помагање во зависност од тоа на кого му е потребна помош. Поединци кај кои етноцентризмот е изразен можат да им помогаат на членовите на сопствената група но не и на припадниците на групите што ги доживуваат како туѓи и поинаку. Луѓето што имаат етнички или други предрасуди обично се неосетливи за страдањата на оние кон кои се насочени предрасудите, што е обусловено од нивните предрасудни верувања дека припадниците на определени групи се виновни за својата судбина и дека не заслужуваат помош.
Пред очекувањата на лична добивка и дејствувањата на одделни вредности и норми, Straub ја издвојува емпатијата како уште еден важен извор на мотивација за просоцијално однесување. Емпатијата, што подразбира доживување на емоционалната состојба на друго лице, го поттикнува алтруистичкото однесување било поради желбата да се ублажи или да се отстрани тагата кај луѓето во неволја, било поради антиципација на радоста и на задоволствата на оние на кои им е дадена помош.
Раштон (Rushton, 1980) како мотив за алтруистичкото однесување ја издвојува емпатијата и персоналната норма. Оваа поделба се разликува од претходната по тоа што не ја опфаќа личната добивка. Ваквата разлика е разбирлива бидејќи Раштон мисли на алтруистичкото однесување во потесна смисла (размислување што е преземено заради благосостојба на другите без очекување на лична добивка), додека Straub го има на ум просоцијалното однесување (однесување преземено заради благосостојба на друг, но со можност за лична добивка).
Наведените поделби повеќе говорат за општите предуслови на просоцијалното и на алтруистичкото однесување, отколку за непосредните поведувачи на постапките што придонесуваат за благосостојбата на другите луѓе. За тоа во извесна смисла говорат авторите на моделот на развојот на просоцијалното однесување низ когнитивното учење (Bar-Tal Papiv, 1982). Овој модел содржи шест фази на развој на просоцијално однесување, кои меѓусебно се разликуваат во поглед на мотивација за помагање. Текот на развојот на просоцијалното однесување е детерминиран со нивото на когнитивно-мотивациониот развој на детето, но тоа не значи дека овие модели не се присутни и кај возрасните. Според овој модел, во првата фаза на развојот на децата помагаат зошто тоа од нив се бара, со ветување на награда или закана со казна доколку не го направат тоа. Во оваа фаза не се помага ниту поради чувство на одговорност или должност, па ниту поради почитување на авторот, туку пред сé, поради ветување на награда или поради страв од казна. Основниот мотив за помагање во вторат фаза е покорување пред авторитетот. Помошта не се дава самоиницијативно, туку поради наредба и барање на оние што се супериорни во поглед на моќта и престижот. Во третата фаза децата го започнуваат помагањето доброволно и спонтано, што значи дека се во состојба да ги воочат потребите на другите, но поради лична добивка нивната мотивација во основа е егоистична. Во четвртата фаза до помагање доаѓа поради придржување на социјалните норми, што значи дека поединци за нормите на кои треба да се придржуваат. Во петтата фаза помагањето е раководено од принципот на реципроцитет, со очекување дека помошта ќе биде возвратена или со чувство на обврска услугата да се врати. Во шестата, последната фаза на развојот, до помагање доаѓа спонтано и доброволно, заради благосостојба на друг и без очекување на лична добивка, што претставува вистинска алтруистичка мотивација. Секоја од овие фази е обусловена од определено ниво на развојот на моралното мислење, што укажува на поврзаноста на моралниот развој и просоцијалното однесување.
Прикажаните модели за објаснувањето на просоцијалното однесување, како и некои други обиди да се објасни зошто луѓето им помагаат на оние што се во неволја, можат грубо да се поделат на егоистични и на алтруистични мотиви. Мотивите на просоцијалното однесување можат да се распоредат и по должината на континиумот на чиј на еден крај се наоѓаат несебичните, а на другиот крај егоистичките причини, додека во средината се наоѓаат причините што не се изразито егоистички ни сосема несебични. Луѓето што се однесуваат просоцијално зашто тоа им го налагаат вредностите кои во прв план ја ставаат благосостојбата на друг, раководени од несебични причини. Просоцијалното однесување може да биде поттикнато и од емоциите, кои најчесто говорат за насоченоста кон други луѓе (љубов, емпатија, сочувство). Меѓутоа, некои од емоциите што го раздвижуваат просоцијалното однесување укажуваат на себична мотивација. Тоа може да се каже за помошта што се дава за да се намали личната вознемиреност поради лицата во неволја, или кога луѓето помагаат затоа што се добро расположени, а ја одбиваат помошта доколку се нерасположени. Некогаш се дава помош од конформистички причини за тоа што давањето помош се очекува или се бара, за да се избегне осудата поради непомагање, поради тоа што не било можно да се избегне ситуацијата во која требало да се помогне, затоа што и други помагаат. Овде очевидно станува збор за причини кои во прв план го ставаат лицето што помага и неговите потреби, а не оној на кој што треба даму се помогне, што укажува на претежно себични мотиви. Најпосле, за изразито егоистична мотивација зборува помагањето поттикнато од очекуваната лична добивка. Однесувањето на поединецот во некои ситуации може да биде поттикнато од поголем број разновидни причини (и од себични и од несебични), додека во други ситуации дејствуваат само еден вид мотиви. Меѓутоа, гледано во целост, може да се претпостави дека некои поединци во своето целокупно, па и просоцијално однесување често се раководат од личната добивка, додека постапките на некои лица превасходно се поттикнати од грижата за благостостојба на другите луѓе. За да ги разбереме подобро мотивите на просоцијалното однесување, потребно е да се знае во каква ситуација определено однесување е пројавено, и кои се личните својства на оние за чие однесување станува збор.
Ситуациони фактори на алтруистичкото однесување
Истражувањето на ситуационите фактори на алтруистичкото однесување има за цел да укаже на ситуацијата и на околностите што придонесуваат за ваквото однесување и да даде одговор на прашањето зошто во некоја ситуација се дава помош, а во друга изостанува.
Воопшто за да дојде до помагање, потребно е потенцијалниот помагач да забележи дека е потребна помош, кое меѓу другото зависи од јасноста на ситуацијата. Доколку ситуацијата е појасна, дотолку е поверојатно дека помошта ќе биде дадена. Луѓето во нејасна ситуација помалку се готови да дадат помош зашто не сакаат да преземат нешто што не би било неадекватно или можеби излишно. Покрај јасноста на самата ситуација, помагањето зависи и од тоа колку е јасен начинот на кој може да се помогне. Веројатноста дека помошта ќе биде дадена дотолку е поголема до колку барањето на помошта е придружено со определено упатство што и како треба да се прави. Спротивно на тоа, доколку ситуацијата бара повеќе лична иницијатива на потенцијалните помагачи, дотолку е помалку веројатно дека ќе дојде до помагање.
Давањето на помош зависи од тоа колку е лицето присутно во ситуацијата кога треба да помогне, колку има потенцијални помагачи. Луѓето порано помагаат ако веруваат дека самите со себе се наоѓаат во неволја отколку кога мислат дека ги има уште оние што би можеле да помогнат. Во овој друг случај доаѓа до дифузија на одговорноста, одговорноста е растурена на повеќе лица од кои секое поединечно мисли дека не е токму она најповиканото да реагира и дека веројатно некој ќе дојде да помогне. Понекогаш луѓето во присуство на други не помагаат резонирајќи “ако никој ништо не преземе, па зошто јас би го правел тоа”, што е своевиден конформизам. На друга страна примерите на поединците кои даваат помош, можат да дејствуваат потпотикнувачки на оние што се колебаат или не помагаат со драго срце.
На подготвеноста за помагање влијае и процената на социјалната пожелност на таквото однесување во смисла дали определено алтруистичко однесување ќе наиде на одобрување или на осуда од страна на околината, на блиските лица, на авторитетот. Емпириските наоди, како и реалната животна ситуација, покажуваат дека нормата за помагање на лице во неволја се крши поради придржувањето на некоја друга социјална норма. Така се покажа дека децата помалку се готови да одат во друга соба и да му дадат помош на лице што се наоѓа во неволја доколку експериментаторот пред тоа го забранил влегувањето во таа просторија (Staub, 1974), што значи дека нормата што налага послушност ја надјакнала нормата за потребата за помагање на лице во неволја. Дека послушноста може да биде не само штетна туку и погубна, јасно говорат наодите на истражувањето во кои испитаниците, возрасни луѓе меѓу 20 и 50 години, се согласувале да им даваат електрошокови на учесниците на експериментот што даваат погрешни одговори, зашто експериментаторот тоа го барал од нив и кон тоа го поттикнувал (Milge am, 1947).
За неповолно дејствување на послушноста на алтруистичкото однесување говори експериментот во кое студентите по теологија, брзајќи да го извршат налогот на експериментаторот, поминале без запирање покрај лицата што лежеле беспомошно (Parley-Batson, 1973). Испитаниците имале задача по читањето на определен текст да одат во соседната зграда за да се сними нивното излагање за прочитаниот текст. Степенот на брзањето е вариран така што на некои испитаници им е речено дека веќе доцнат на снимањето, на други дека имаат малку време, а на еден број им е речено дека имаат достатно време. Се покажа колку што е брзањето поголемо, толку е помала готовноста да им се даде помош. Импликациите на овие наоди се очевидни: послушноста, како и секојдневното брзање во кое живеат луѓето, го попречуваат пројавувањето на алтруизмот. Дополнителниот разговор со испитаниците што учествувале во овој експеримент покажа дека некои воспитаници не им дошле на помош поради тоа што брзале, а некои затоа што воделе сметка за налогот на експериментаторот и за неговите желби и потреби. Значи, не е само брзањето во прашање, дури ниту послушноста, туку и обзирноста кон експериментаторот. Како во експериментот, така и во животот, луѓето поради придржувањето за една социјална норма кршат некоја друга норма, а со својата обзирност кон некои луѓе можат да ги загрозат другите.
Иако резултатите на експерименталните истражувања покажуваат дека пројавувањето на алтруизмот зависи од ситуацијата во која се наоѓаат потенцијалниот помагач и лицата на кои им треба помошта, сепак треба да се има на ум дека различните поединци не постапуваат исто ни кога се наоѓаат во иста ситуација. Тоа укажува на постоењето на индивидуални разлики во поглед на готовноста за помагање, што се обусловени од определени лични својства на поединците. Во сообразност со интеракционистичкото сфаќање, според кое однесувањето е производ на заемното дејство на личноста и на ситуацијата, за разбирањето на алтруистичкото однесување е неопходно да се оствари целосен увид во околностите на пројавувањето на алтруизмот и особините на личноста на актерот на алтруистичката постапка.
Индивидуалните карактеристики и алтруистичкото однесување
Од личните својства, алтруистичкото однесување може да биде обусловено од одделни социодемографски обележја, од цртите на личноста и од вредносните ориентации.
Возраста и полот ги претставуваат социодемографските варијабли чие дејството често се контролира во истражувањата на алтруизмот. Добиените податоци покажуваат дека обемот и интензитетот на позитивното социјално однесување, вклучувајќи го и алтруистичкото, растат со возраста (Rushton, 1980), кое пред сé, се однесува на периодот на детството и адолесценцијата. Ова му се препишува на когнитивниот и на моралниот развој на децата и на младите, како важен предуслов на алтруистичкото однесување. Порастот на готовноста за помагање кај постарите деца и адолесцентите може да му се препише и на зголемувањето на нивната компетентост за давање на помош. Но и во овој период позрзаноста на возраста и просоцијалното однесување не е секогаш позитивна ниту праволиниска, што може да се објасни со дејството на некои други фактори, како што се видовите на просоцијалното однесување и природата на ситуацијата во која се очекува и пројавува определено однесување. По периодот на адолесценцијата, годините на старост немаат значително влијание врз алтруистичкото однесување.
Очекувањата за половите разлики во поглед на алтруистичкото однесување не се секогаш потврдени, а доколку се најдени разлики, нивната смисла не е секогаш иста. Податоците на набљудувањата на децата кај повеќе култури покажуваат дека девојчината често пројавуваат различни облици на алтруистичкото однесување (Whiting, 1983). Ова му се препишува на фактот што женските деца се грижат за помладите деца и дека повеќе време поминуваат со возрасните лица од женскиот пол, кои исто така се грижат за другите и со кои девојчињата се идентификуваат. Меѓутоа, треба да се има предвид дека правецот и интензитетот на половите разлики во поглед на пројавувањето на алтруистичкото однесување, зависи од видот на активноста, и од ситуацијата. Се покажа дека се поподготвени да дадат помош, додека во поглед на дарежливоста нема разлики меѓу мажите и жените (Straub, 1978). Мажите се поподготвени да дојдат на помош во ситуациите што носат определен ризик, опасност или бараат определена вештина (способност или особина ) што ја поседуваат мажите или им се препишува (физичка сила, моторна вештина, храброст...). Лицата од женскиот пол се поподготвени да дадат психолошка помош и подршка (Eisenberg-Mussen, 1989). Податоците на истражувањето во нашата средина исто така покажуваат дека девојчињата, повеќе отколку момчињата, се склони кон давање на психолошко-социјална помош (Поповиќ и Миочиновиќ, 1977; Јоксимовиќ, 1994). Поголемата склоност на лицата од женскиот пол кон давање на психолошка помош и поддршка може да и се препише на нивната поголема емпатичка осетливост и поврзаност кон вредностите што налагаат грижа за другите луѓе.
Со желба да одговорат на прашањето дали постои алтруистичка личност и кои се нејзините персонални својства, истражувачите ја испитувале поврзаноста меѓу одделните особини на личноста и однесувањето што придонесува за благосостојба на друг. Очекувањето на ваква поврзаност подразбира доследност на однесувањето, што значи дека поединци што се однесуваат алтруистички во една ситуација се стремат кон таквото однесување и во други ситуации, што би укажувало на постоење на црти на алтруизам.
На разгледувањето на врската меѓу личноста и алтруистичкото однесување може да му се пристапи на два начина. Едниот пристап води сметка за индивидуалната доследност, при што се поставува прашањето дали поединецот кој се однесува алтруистички во едена ситуација, ќе постапи така и во други ситуации што го бараат тоа. Другиот пристап води сметка за индивидуалните разлики во поглед на алтруистичкото однесување и за особините на личностите со кои овие разлики се обусловени.
Во прилог на доследноста на алтруистичкото однесување говорат истражувачките наоди за меѓусебната поврзаност на поголем број показатели и мерки на алтруистичкото однесување. За доследноста на алтруистичкото однесување говорат и податоците за поврзаноста на одделни видови на алтруизам од страна на врсниците и на возрасните (Rushton,1980). Набљудувањето на групата на адолесценти во текот на кампувањето покажа дека некои деца често, а други поретко пројавуваат алтруистичко однесување (Zeldin, Savin-Williams-Smaill, 1984). Децата кои во текот на една заедничка активност им помагале на другарите, го правеле тоа и во текот на другите активности, што говори за нивната доследност.
Ситуациите на секојдневниот живот исто така даваат докази за доследноста и постојаноста на алтруистичкото однесување. За некои луѓе порано отколку за другите може да се каже дека се благородни, дарежливи, пожртвовани, со еден збор, дека се алтруисти. Таквите лица и децата и возрасните лесно се препознаваат во својата околина. Студиите што тргнуваат од реалните животни ситуации покажуваат дека внатрешните морални стандарди се интегрален дел на алтруистичките личности, што придонесува за доследност на однесувањето. Податоците за моралното мислење и за моралните норми на доброволните даватели на коскена срж, на волонтерите што се занимаваат со хуманитарна работа и оние кои за време на Втората светска војна ги штителе Евреите, покажуваат дека вака осведочените алтруисти се одликувааат со повисоки морални стандарди (Hunt, 1991).
Прегледот на релевантните истражувачки студии за просоцијално однесување на децата со поизразена просоцијална ориентација се подобро прилагодени, поотворено ги пројавуваат емоциите, се покомуникативни, дружељубиви и покажуваат определен степен на агресивност (Eisenberg-Mussen, 1989).
Во истражувањата често беше проверуван односот меѓу агресивноста и алтруизмот. Наспроти здраворазумското очекување во негативната поврзаност на алтруизмот и агресивноста, што има поткрепа и во сфаќањето за доследноста на однесувањето, истражувачките наоди за врската меѓу овие две карактеристики не се толку еднозначни, особено кога станува збор за децата. Во некои студии е најдена позитивна поврзаност меѓу алтруизмот и агресивноста, некои податоци говорат за негативна поврзаност, додека некои истражувања покажаа дека овие врски се недоследни или безначајни. Позитивната поврзаност на агресивноста и алтруизмот повеќе е изразена кај помладите деца, додека кај возрасните агресивноста е во негативна врска со алтруизмот. Поврзаноста на овие два облика на однесување кај помладите деца се објаснува со нивната спонтаност, која доведува до отворено пројавување и до позитивно и негативно однесување. Ако семејните и општествените околности се поволни, детската агресивност во текот на социјализацијата се спречува, а агресивната енергија се канализира во правец на социјално пожелното однесување. Во услови неповолни за детскиот развој, агресивноста расте, а готовноста за помагање се смалува.
Меѓу истражувањата на персоналните корелати, внимание заслужуваат наодите за дејствување на контролата и самопоимањата. Луѓето меѓусебно се разликуваат со оглед на тоа како ја восприемат каузалноста, како субјективно ја гледаат поради што нешто се случило и каква е нивната улога во тоа. Може да се очекува дека поединци што веруваат дека можат да влијаат врз настаните и врз нивните исходи (внатрешен локус на контролата) дека се поподготвени да се однесуваат алтруистички, отколку оние кај кои е изразено чувство на лична беспомошност и надворешни детерминираности (надворешен локус на контролата). Некои истражувачки наоди ова очекување и го потврдија (Staub, 1978, Rushton, 1980), што ја покажува и позитивната врска меѓу внатрешниот локус на контролата и алтруистичкото однесување. Тоа значи дека поединци што веруваат во можноста на влијание врз настаните и врз исходите на своето однесување да прават добри дела, што може да се објасни со нивното чувство дека има смисла тоа што го прават.
Влијанието на самопоимањето врз помагањето може да биде непосредно, во таа смисла што оние кои себе си се сместаат за алтруисти ќе бидат поподготвени да дадат помош отколку оние кои за себе не мислат така. Врз готовноста за помагање влијае и општата слика која поединците ја имаат за себе, што мислат за себе и колку се ценат себе си. Се покажа дека најголем алтруизам пројавуват оние кои себе си се ценат умерено (Staub, 1986). Оние што се ценат малку (ниско самопочитување) премногу се преокупирани со себе си и незадоволни за да се грижат за другите и за нивните потреби. Ваквата состојба не само што не придонесува за алтруизмот, туку може да биде и извор на агресија. На друга страна, поединци кои високо се ценат себе си изгледа дека малку се грижат за односите со другите луѓе и дека не им е многу важно за социјалното одобрување. Истражувањето спроведено по примерот на учениците од средно училиште, покажува дека со порастот на општото самопочитување опаѓа изразеноста на некои показатели на алтруистичката ориентација (Јањетовиќ, 1997). Ова се објаснува со поголемата насоченост на адолесцентите кон сопствената благосостојба и нивниот нагласен стремеж кон независнот, кога грижата за другите може да им изгледа како пречка за остварувањето на личните цели. Со созревањето на стекнувањето на самоувереноста доаѓа до рамнотежа меѓу стремежот кон лична благосостојба и грижата за благосостојбата на другиот, така што може да се очекува поволната слика на возрасните за себе да влијае и врз нивната готовност да им помогнат на другите. Односот меѓу самоценењето и помагањето зависи и од тоа колку е прифатен алтруизмот како вредност во непосредното и во поширокото општествено опкружување. Доколку алтруизмот како вредност не е ценет во семејството, во кругот на блиските пријатели, во училиштето и во општеството, тогаш малку е веројатно дека алтруистичкото однесување ќе придонесе за личното самопочитување, како и дека лицата на високото почитување ќе пројавуваат грижа за другите.
Изборот на особините на личноста чие дејство е истражувано, најчесто е вршен здраворазумски и интуитивно, без определени теориски рамки, и без водење на сметка за заедничкото дејство и интеракцијата на одделни особини. Затоа сознанијата кои ваквите истражувања ги даваат се фрагментарни, меѓусебно неповрзани и неусогласени, понекогаш дури и заемно противречни. Затоа се подрагоцени истражувањата што овозможуваат поцелосен увид во личноста на алтруистот.
Испитување на влијанието на поголем број персонални карактеристики на помагањето покажа дека постои значителна позитивна поврзаност меѓу одделни мерки на просоцијалната ориентација и давање помош во неволја (Staub, 1974). Исто така се покажа дека овие поединечни мерки на просоцијалната ориентација сочинуваат еден фактор, кој е значително поврзан со помагањето, што упатува на заклучок дека некои поединци ги карактеризира општата просоцијална ориентација, што придонесува и за нивното алтруистичко однесување. За постоењето на пошироко заснована просоцијална диспозиција, говорат и податоците за позитивната поврзаност на различни мерки на просоцијалната ориентација (социјална одговорност, емпатија, грижа за другиот, просоцијални вредности, повисоко ниво на морално резонирање) и резултатите на скалата на алтруизмот (Rushton, Shrisjohn-Fekken, 1981). Наодите на истражувањата во нашата средина исто така покажуваат дека различните димензии на просоцијалната ориентација се поврзани меѓусебно и дека некои од нив високо корелираат со користените показатели на алтристичкото однесување (Јоксимовиќ и Васовиќ, 1990). Испитувањето на алтруизмот на младите преку нивната подготвеност да учествуваат во различните хуманирани активности (помош на старите, на сиромашните, на бегалците, на децата без родителска грижа, на хендикепираните) покажа дека оваа подготвеност е позитивно поврзана со следните лични карактеристики: подготвеност за соработка, грижа за друг, емпатија, социјална одговорност и алтруистичка вредностна ориентација, а негативно со агресивноста (Јоксимовиќ и соработниците, 1997). Тоа значи дека кај младите, што сакаат да учествуваат во хуманитарните активности е поизразена насоченоста кон другите луѓе, додека агресивноста е помалку изразена, што е во сообразност со теориските поставки за профилот на алтруистичката личност.
Врз основа на сопствените наоди, и увидот во истражувањата на другите автори, Раштон (1984) алтруистичката личност ја опишува како некој што е мотивиран да се однесува просоцијално, кој сочувствува со другите луѓе и може да се стави на нивното место. Таквата личност ги освоила нормите на праведноста и социјалната одговорност и достигнала ниво на зрело морално расудување. Алтруистите се почесни, попостојани, подоследни и покажуваат поголем степен на самоконтрола и на личниот интегритет отколку неалтруистите.
Овој опис, пред сé, треба да се сфати како хипотетички конструкт, како идеал кон кој се стреми, но кој тешко се остварува во целост. Малкумина се лицата кои сосема ги развиле сите овие особини, како што се малубројни и оние за кои може да се каже дека во своето алтруистичко однесување се истрајни и непоколебливи. Но овој опис, како и претходно наведените наоди за особините на алтруистичката личност, укажуваат на личните карактеристики кои во текот на социјализацијата треба да се развиваат и поттикнуваат, за да биде грижата за благосостојба на другите поизразена, а алтруистичките постапки позачестени.
ПОТТИКНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА АЛТРУИЗМОТ
Во развојот на алтруизмот, како еден од исходите на социјализацијата, во помала или во поголема мера учествуваат одделни агенси на социјализацијата, меѓу кои особено е значајно влијанието на семејството. Дејствувањето на семејството кон алтруистички развој може да биде директно, преку настојување кај децата да се развие осетливост за другите и да се поттикне однесувањето што придонесува за благосостојбата на другите луѓе. Покрај вербалните поттикнувања, родителите може да влијаат така што го наградуваат детското просоцијално однесување, односно ја одобруваат или ја казнуваат себичноста и неводењето грижа за другите. Родителите влијаат и така што ги прокламираат вредностите и нормите што им налагаат помагање на луѓето во неволја, иако е мошне поефикасен личниот пример-како родителите се однесуваат кон децата, кон другите луѓе и едни кон други. Родителите што ја почитуваат личноста на другиот, што покажуваат срдечност, благородност и сочувство, и кои на драго срце помагаат, претставуваат поволен модел за развојот на алтруистичката ориентација. Влијанието на родителите може да биде и индиректно, како последица на нивните воспитни ставови, постапки и општата семејна клима.
Податоците покажуваат дека развојот на алтруизмот кај децата зависи од тоа како се однесуваат кон нив. Топлиот и срдечен однос на родителите кон децата, осетливоста за детските потреби и чувствата, придонесуваат за развивањето на детското интересирање за другите. Од друга страна, малтретирањето на децата од страна на родителите неповолно дејствува врз целокупниот детски развој, вклучувајќи го и просоцијалниот. Кога се наоѓаат нивните врсници во неволја, малтретираните деца почесто реагираат со страв, со агресија и со лутина, додека повеќето немалтретирани деца покажуваат емпатија, загриженост и тага (Main-George, 1985). Поволната атмосфера за развојот на алтруизмот ја создава онаа семејна средина во која се задоволуваат емоционалните потреби на детето, во која децата се охрабруваат да ги пројавуват емоциите и да стапуваат во интеракција со другите, што ја зголемува нивната емоционална сензитивност.
За развојот на грижата за другите и за нивната благосостојба, мошне е важно децата да бидат окружени со топлина и наклоност. Топлината и срдеченоста на родителите придонесуваат за чувствувањето на сигурност на детето и ја намалуваат неговата со средоточеност кон себе, што е предуслов воопшто за да може да се води сметка за потребите на другите. Добрите односи со родителите придонесуваат и за позитивниот однос кон другите луѓе. Срдечните и топли односи меѓу родителот и децата претставуваат поволна основа за идентификација со родителите. Децата ги освојуваат обрасците на родителското однесување кон нив и ги пренесуваат во своите односи со другите. Наспроти тоа, окрутноста, отфрлувањето, казнувањето и малтретирањето го оневозможуваат развојот на грижата за благосостојбата на другите луѓе. Таквото однесување ја осудува потребата за позитивниот идентитет и сигурност, како и позитивната поврзаност за другите луѓе.
Просоцијалниот развој зависи и од односот на родителите кон децата во специфичните ситуации, кога децата се наоѓаат во неволја. Доколку родителите се однесуваат топло, сочувствено, кон детето во незгода, детето учи отворено да ја пројавува својата тага и нерасположбата и сочувствено да реагира на несреќата на другите. Меѓутоа, доколку родителите на прашањето на детето реагираат со лутина или со потценување, детето ќе почне да ги прикрива своите чувствувања и да ги избегнува оние што се наоѓат во неволја.
Просоцијалниот развој го спречува и вообичаената практика кај некои семејства да се ослободуваат младите од обврски и премногу да се штитат од непријатните страни на животот. Тоа е повеќе изразено во градската отколку во селската средина, особено во средните и во повисоките општествени слоеви. Таквата презаштитеност обично резултира во себичност и неосетливост, или во претерана осетливост, која често служи како “алиби” за непомагање. Наместо што ги држат децата настрана од животните тешкотии и непријатности, родителите треба да им овозможат сразмерно со возраста да се соочат со животните несреќи, но и да им помогнат во нивното совладување. За развојот на зрелата, одговорна и алтруистичка личност, исто така е важно децата дома да имаат определени должности и обврски врзани за секојдневното функционирање.
Проучувањето на улогите на семејството во детскиот просоцијален развој укажуваат на знаењето на воспитните стилови и постапки кон децата. На просоцијалниот развој најмногу му одговара демократскиот стил на воспитување, кој на детето му дозволува определена слобода и самостојност, но бара и одговорност, со што се создаваат предуслови за успешна комуникација со другите. Бидејќи децата од ваквите семејства релативно се независни од родителите, тие се независни и во однос на врсниците, покажуваат иницијатива но не и доминација, пријателски се расположени кон другите и се подготвени да дадат помош.
Автократскиот стил, што се одликува со претерани барања во однос на детето и позицијата на моќ, го прават детето пасивно, попустливо и безиницијативно. Ваквиот стил на воспитување има за последица отсуство на иницијатива и кога треба и кога не треба да се даде помош, поради што околината таквите лица ги доживува како рамнодушни незаинтересирани за другите. Помалку е јасно како дејствува пермисивниот (попустливиот) стил на воспитување врз просоцијалниот развој. Изгледа дека правецот на дејствувањето на овој стил зависи од емоционалниот однос на родителот кон детето. Доколку попустливоста е поврзана со љубов и грижа условите за развој на просоцијалната ориентација се поповолни отколку во случај кога попустливоста е знак на рамнодушност и незаинтеренираност.
Во проучувањата на алтруизмот, посебно внимание им е посветено на воспитните постапки што се применуваат по повод дислоцирањето на дисциплинираните деца. Се покажа дека за развојот на децата воопшто, а особено за просоцијалниот развој, е најповолно ако се користи индукцијата, техниката која подразбира објаснување и образлагање на детето зошто не треба да се однесува на определен начин и зошто треба да го промени своето однесување (Hoffman, 1975). Со користењето на оваа техника, родителите му укажуваат на детето за штетните последици на неговото однесување врз другите, како и за поволните последици на определени постапки. Нагласувањето на последиците придонесува детето да стане свесно за внатрешниот свет на другите луѓе и да сфати дека може да влијае врз благосостојбата на друг. На овој начин се зголемува неговата способност за туѓата благосостојба.
Освен семејството, во развојот на алтруизмот на децата и на младите значаен удел имаат нивните врсници. Основите на сфаќањето за важноста на врсниците во детскиот развој воопшто, а особено во просоцијалниот развој, ги постави Пијаже (Piaget, 1932) истакнувајќи го значењето на интеракцијата меѓу врсниците за развојот на зрелите, автономните моралности. За време на средното детство се намалува егоцентризмот, се зголемува способноста за преземање на улогата на другиот и осетливоста за искуствата на другите, што им се препишува на реципрочноста и на рамноправноста на врсничката интеракција. Заемноста и релативната рамноправност на односите меѓу врсниците овозможува преминување од сосредоченоста на себе кон разбирање на другите и кон соработка.
Интеракцијата меѓу децата од иста или слична возраст е важна и поради тоа што така се создаваат различни можности да се поттикне и да се пројави алтруистичкото однесување (соработка, делење на играчки и на други предмети што се користат во играта или во учењето, давање заштита, помош и поддршка). Другарувањето со врсниците придонесува за развојот на чувството на одговорност и солидарност, додека изолираноста или отфрленоста од страна на врсниците доведува до чувство на несигурност и инфериорност, до недостатно реална слика за себе и за другите, до недоверба во луѓето.
За развојот на алтруистичката ориентација особено придонесуваат блиските пријателства, низ кои се развива разбирањето и осетливоста за другите, што доведува до алтруистички чувствува и до алтруистичко однесување. Споредувањето на децата што имаат стабилни пријателства со децата кои такви врски немаат остварено, покажува дека постои позитивна поврзаност меѓу блиското пријателство и алтруистичкото однесување, што значи дека поголем алтруизам пројавуваат децата што имаат добри пријатели (Mannarino, 1976). На сличен заклучок упатуваат резултатите на истражувањата меѓу младите во нашата средина (Јоксимовиќ, 1990). Алтруизмот е поизразен кај младите што имаат блиски пријатели, но и кај оние кои генерално гледано се насочени кон друштво со врсниците и кои со врсниците остваруваат добри односи.
Може да се постави прашање за правецот на оваа поврзаност: дали блискоста со врсниците придонесува за развојот на алтруизмот или општата алтруистичка ориентација доведува и до блискост со врсниците? Веројатно станува збор за заемно влијание на овие две варијабили. Искуството од интеракцијата со врсниците придонесува за алтруистичкиот развој, а и просоцијално ориентираните млади се стремат кон блискост со врсниците, кои поради таквата ориентација со задоволство ги прифаќаат.
Училиштето исто така има определено влијание врз развојот на алтруизмот, но неговото дејство е потешко да се контролира зашто учениците истовремено се изложени и на други влијанија. Во рамките на училиштето, врз развојот на алтруизмот може да влијае и личноста на наставникот, содржината на одделни наставни предмети, методите и облиците на наставната работа, организацијата на училишниот живот, како и општата атмосфера во училиштето. Во развојот на алтруизмот особено важна улога има одделенската заедница (класниот колектив) како формална група во која учениците поминуваат доста време, во која се одвива процесот на образованието и воспитанието, но и различните видови на неформална комуникација. Доколку учениците подобро се интегрирани во одделенска заедница и доколку социјалната клима во одделението е поповолна, дотолку се поповолни и условите за развој на алтруизмот. Поволната социјална клима подразбира добри меѓусебни односи на учениците, заемно помагање и солидарност, што не е само фактор на професионалната ориентација, туку и нејзин показател. Како што поволната социјална клима во одделението го поттикнува развојот на алтруизмот кај учениците, така и професионално насочените ученици придонесуваат за подобрувањето на социјалната клима во одделението.
За развојот на човекољубивоста кај учениците придонесуваат праведните наставници што ги усвоиле алтруистичките вредности, тие покажуваат разбирање за учениците и ги поттикнуваат кон меѓусебна соработка, толеранција и кон солидарност. За развојот на алтруизмот најповолен е демократскиот начин на раководење со одделението кога наставникот ги поттикнува учениците кон активна соработка, ги охрабрува учениците да го изложат своето мислење и идеи. За просоцијалната ориентација на учениците придонесува и методот на работата на часот. Кооперативното учење, како збир на наставни методи со кои учениците се поттикнуваат да работат заедно во мали групи, покрај придонесот на училишното постигање, има ефекти и врз развојот на алтруизмот. Учењето во мали групи го развива самопочитувањето, способноста за преземање на улогата од другиот и способноста за помагање. Благодарејќи му на кооперативното учење, бројот на конфликтите во групата се намалува а односите меѓу учениците стануваат подобри (Шевкупиќ, 1994).
Училиштето влијае врз развојот на алтруизмот и низ различни облици на неформални и воннаставни активности, како што се училишните селекции, приредбите, спортските активности, уредувањето на училиштето и на населбата, излетите и слично. Овие активности придонесуваат за меѓусебното зближување на учениците и ја поттикнуваат соработката, солидарноста и грижата за другиот.
За развојот на алтруистичката ориентација на младите, не само во училишниот контекст туку и пошироко, би можело да придонесе нивното учество во хуманитарните активности како што е собирањето на доброволни прилози, посетите на болни лица, помошта на другарите во учењето, помошта во бегалците, на старите, на хендикепираните. Обидот на соработниците на Институтот за педагошки истражувања да сознаат колку се подготвени младите да се занимаваат со овие активности, покажа дека значителен број на ученици сакаат да се занимаваат со хуманитарна работа. Тие оваа подготвеност ја пројавија и на дело така што ги посетиле децата без родителска грижа, им однесле подароци и се дружеле со нив. По првата организирана посета, некои ученици самоиницијативно продолжиле да одат во домот и да се дружат со децата што живеат таму, што говори дека алтруистичкото однесување некогаш е достатен само мал поттик. Доколку ваквите поттикнувања и можности за пројавување на алтруистичко однесување се почести, дотолку е поголема веројатноста дека алтруизмот ќе стане составен дел на личноста. Добро организираното и осмислено учество на младите во добротворни хуманитарни активности може да биде мошне ефикасен начин на поттикнување на алтруизмот, на што ни училиштето ни хуманитарните организации не му посветуваат достатно внимание.
ЛИТЕРАТУРА
- Bar-Tal, d.& Raviv, A. (1982): A congnitive-learning model of helping behavior development: possible implications; y N. Eisenberg (ed.): The development of prosocial behavior. New York: Academic Press.
- Bryan, J. & London, R. (1970): Altruistic behavior by children. Psychological Bulletin, 73, 200-211.
- Derley, J. M. & Batson, C. D. (1973): From Jerusalem to Jericho: a study of situational and dispositional variables in helping behavior. Journal of Personality and Social Psychology, 27, 100-108.
- Eisenberg, N. & Mussen, P. (1989): The roots of prosocial behavior in children. Cambridge: Cambridge University Press.
- Hoffman, M. L. (1975): Altruistic behavior and the parent-child relatioship. Journal Journal of Personality and Social Psychology, 31, 937-943.
- Hant, M. (1991): The compassionate beast: the scientific inquiry into human altruisam. New York: Doubleday.
- Јањетовић, Д. (1997): Самопоштовање, локус контроле и просоцијална орјентација адолесцената; у С. Јоксимовић, С. Гашић-Павишић и Љ. Миочиновић (прир.): Васпитање и алтруизам. Београд: Институт за педагошка истраживања.
- Јоксимовић, С. (1994): Улога вршњака у развоју просоцијалне оријентације ученика. Настава и васпитање, 1-2, 107-115.
- Јоксимовић, С. (1994): Облици просоцијалног понашања младих. Зборник Института за педагошка истраживања, бр. 26, 24-50.
- Јоксимовић, С. и Васови¢, М. (1990): Психолошке основе човекољубља. Београд: Просвета.
- Јоксимовић, С., Пјуковски-Петровић, К. Шевкушић, С. и Опачић, Г. (1997): Породични и персонални корелати алтруистичког понашање; у С. Јоксимовић, С. Гашић-Павишић и Љ. Миочиновић (прир.): Васпитање и алтруизам. Београд: Институт за педагошка истраживања.
- Macaulay, J. & Berkowitz, L. (1970): Altrism and helping bahavior. New York: Academic Press.
- Main, M. & George, C. (1985): Responses of abused and disadvantages toddlers to distress in agemantes: a study in the day care setting. Developmental Psycology, 21, 407-412.
- Mannarino, A. P. (1976): Friendship patterns and altruistic behavior in preadolescent males. Developmental Psycology, 12, 555-556.
- Miligram, S. (1974): Obedience to authority. London: Tavistock.
- Piaget, J. (1932): The moral judgement of the child. London: Routledge and Kegan Paul.
- Пјурковска-Петровић, К. (1995): Улога породице у развоју просоцијалне орјентације младих. Зборник Института за педагошка истраживања, бр. 27, 45-64.
- Поповић, Б. Миочинови¢, Љ. (1997): Моралне вредности деце и младих и њихов развој, N. J.: Prentice-Hall.
- Rushton, J. P. (1980): Altruism, socialization and society. Englewood Clifts, N.J.: Prentice-Hall.
- Rushton, J. P. (1984): The altruistic personality; y E. Staub, D. Bar-Tal, J. Karylowski & J. Reykowski (eds.): The development and maintenance of prosocial behavior: International perspektives. New York: Plenum.
- Staub, E. (1978): Positive social behavior and morality: Vol. 1 Social and personal influences. New York: Academic Press.
- Staub, E. (1974): Helping a distressed person: Social, personality and stimulus determinants; y Berkowitz (ed.): Advances in experimental social psyhology (Vol. 7) New York: Academic Press.
- Staub, E. (1986): A conception of the determinants and developments of altruism and aggression: motives, the self and the environment; y C. Zahn-Waxler, E. M. Cummings & R. Iannotti (eds.): Altruism and aggression. Cambridge: Cambridge University Press.
- Шекушић, С. (1994) Ефекти коперативног учења на просоцијално понашање ученика. Зборник Института за педагошка истраживања, бр. 26, 149-165.
- Whiting, B.B. (1983): The genesis of prosocial behavior; y D.L. Bridgeman (ed.): The nature of prosocial development. New York: Academic Press.
- Zeldin, R.S., Savin-Williams, R.C. & Small, S.A. (1984): Dimensions of prosocial behavior in adolescent males. Journala of social Psychology, 123, 159-168.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE