JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3411
Веле БЛАГИН
ДИПЛОМИРАА СТУДЕНТИ ОД ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕФЕКТОЛОГИЈА ПРИ ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
При крајот на 1997 и почетокот на 1998 година определен број на студенти од првата генерација запишани на дефектолошките студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, кои за прв пат во нашата Република започнаа во учебната 1993/94 година, дипломираа со исклучително висок просечен успех. Завршувањето на студиите беше крунисано со одбраната на нивните дипломски трудови и стекнување звање-дипломиран дефектолог.
Вреднувајќи го овој настан не само од историски туку и од стручен аспект, битно е да се одбележи следното:
- Одбраната на дипломските трудови покрај официјалните комисии се одвиваа и пред студенти, заинтересирани кадри од соодветни дефектолошки установи, пред сî, од оние каде што биле вршени истражувања, родители и членови на нивните семејства како и поголем број заинтересирани граѓани кои со посебен респект и интересирање ја следат одбраната на трудовите и свечениот епилог на завршување на студиите.
- Изборот на проблемите што се предмет на дипломските трудови, се карактеризира со своевидна инвентивност за специфичноста, постојните дилеми и различните ставови како и потребите за едно ново вреднување и приоѓање на целокупниот третман на хендикепираните лица што е вечно зависен од социјалниот и културниот тек на развојот на цивилизациските општесвено-економски односи.
- Збунува (условно речено) како што и радува умеењето и вештината на примената на истражувачката методологија со која досегашните дипломски трудови се толку коректно и совесно подготвувани гледано од стручен аспект.
- Запрепастува силината на нивната љубов кон оваа хумана и тешка професија што ги води во еден “деградиран свет” на својата работна и материјална егзистенција со неизбежен лимит на професионалното усовршување и напредување. Тоа, пред сî, поради објективно постојните услови во кои професионалната а посебно високата стручност останува со мал број соодветни скалила на професионално-дефектолошката хиерархија во мрежата на институциите и системот на општествениот третман на хендикепираните лица пошироко гледано.
- Воодушевувајќи се од содржината на дипломските трудови (вкупно 8), како и од фактот дека тие се сериозно, стручно и предано обработени, сметаме дека е неопходно да ги наведеме имињата на студентите и насловите на нивните дипломски трудови што можат во секоја прилика да бидат на увид во библиотеката на Институтот за дефектологија и за нив дури и како феномен да се даваат вистинските оценки и верификации, што можат како позитивно или негативно искуство корисно да послужат за унапредувањето на натамошните студии по дефектологија и другите студии во поширока смисла сфатено.
- Трајкова Зорица:
Влијанието на ликовното воспитание на почетното пишување и совладување на писменото изразување кај лесно ментално ретардираните ученици во одделенската настава.
- Коцева Стојанка:
Можностите на умерено ментално ретардираните во совладувањето
на програмските содржини од запознавање со околината и природата.
- Стефковска Анета:
Проценка на графомоторната организираност кај лесно ментално
ретардираните деца. - Роберта Митревска:
Вклученоста на децата со пречки во развојот во редовните основни училишта на подрачјето на град Скопје. - Трпевска Снежана:
Можностите на умерено и тешко ментално ретардирани лица во совладување на работни операции при работно ангажирање. - Михова Јулијана:
Слободните активности на учениците во Центарот за специјално средно образование и воспитание “ИСКРА”-Штип - Николов Петре:
Можностите на тешко и најтешко ментално ретардираните во совладувањето на програмските содржини. - Андоновска Соња:
Состојба на артикулацијата кај децата со оштетен слух од предучилишна возраст од I до IV група според Костиќ опфатени со рехабилитациски третман.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE