JSER Policies
JSER Online
JSER Data
	Frequency: quarterly
	ISSN: 1409-6099 (Print)
	ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4154
 
Елизабет СОЛТИРОВА, Даниела ДИМИТРОВА
СТАНИКА ДИКИЌ:
  
  “ТИФЛОЛОГИЈА” 
Во новиот учебник  од д-р Станика Дикиќ, I издание од Дефектолошкиот факултет  во Белград се дадени основните знаења од тифлологијата, која сe повеќе се развива  и продлабочува низ тифлолошките научни дисциплини, како што се: тифлопедагогијата,  психологијата на слепите и слабовидните деца, методиката на едукативната тифлологија,  методиката на клиничката тифлологија, професионалната ориентација на лицата со  оштетен вид, тифлолошката дијагностика и перипатологијата.
  Овој учебник  содржи шест поглавија, напишани на 211 страници и тоа:
- Тифлологија;
 - Слабовидност и слепило;
 - Тифлолошка рехабилитација;
 - Проблеми на визуелната перцепција;
 - Тифлолошка дијагностика;
 - Осовременување и усовршување на тифлологијата.
 
Во првото поглавје, авторот го дефинира поимот и предметот  на изучувањето на тифлологијата, целите, задачите и поврзаноста на оваа наука со  другите научни дисциплини.
  Во второто најобемно поглавје, се разгледува проблемот  на слабовидноста и слепилото, карактеристиката на децата со оштетен вид и фреквенцијата  на слабовидноста во основношколската популација. Авторот истакнува дека во медицинскиот  третман на лицата со оштетен вид што подразбира превенција, соодветно лекување  и определени аспекти на рехабилитацијата на видот е потребна тимска работа на  стручни лица од различен профил.
  Во третото поглавје, покрај значењето на видната функција  и отстапувањето на развојот на децата со оштетен вид, авторот дава план и програма  за воспитно-образовната работа и корективната работа со децата со оштетен вид во  предучлишните установи, како и план и програма за специјалната воспитно-образовна  работа во основните училишта. Во ова поглавје е истакната потребата за тифлолошка  рехабилитација на подоцна ослепените лица, како и обука на членовите на потесното  семејство.
  Во четвртото поглавје од учебникот на д-р Станика Дикиќ  се презентирани проблемите на перцепцијата како психички процес, перцептивната  организација, визуелната перцепција, тешкотиите во визуелната перцепција и видовите  на визуелна перцепција: перцепција на просторот, на обликот, перцепција на слики.  Авторот укажува дека перцепцијата се стекнува со учење и искуство, што е значајно  и треба да се искористи во воспитно-образовната работа со деца со оштетен вид (слабовидни  и практично слепи деца), овие сознанија се важни за примена на илустративните наставни  средства, со кои се конкретизираат деталите од наставниот процес и се прошируваат  границите и димензиите на неговата очигледност. Понатаму, авторот посебно се осврнува  врз истражувањето за перцепција на текстот, затоа што слабовидните ученици имаат  изразени тешкотии во читањето. Од големо значење е техничко-дидактичката адаптација  на учебниците за слабовидни ученици.
  Во петтото поглавје е даден приказ на истражувањето за  специфичностите на визуелната перцепција на текстот и слики кај разните видови  и степени на оштетување на видот. Авторот заклучува дека испитувањето на визуелната  перцепција покажало дека таа способност кај визуелно оштетените деца е поврзана  со: острината на видот, видното поле, клиничкиот облик на оштетувањето на видот,  способноста за разликување на боите, интелектуалниот развој и возраста на учениците.
  Во шестото поглавје, авторот ја нагласува улогата на специјализираните  училници во работата со децата со оштетен вид, односно хендикепираните деца. За  успешното конципирање и уредување на специјализираните училници за работа со учениците  со тешкотии во развојот зависи, пред сe, од теоретската поставеност и практичното  решение на: одликите на специјализираните училници, на подготовката за работа во  специјализираните училници, како и на организацијата, функцијата и наставниот ефект  на специјализираните училници. Во продолжението, авторот ги дава теоретските основи  на колорниот вид и неговото значење во едукацијата на децата со визуелно оштетување. 
  Детално се  дадени карактеристиките и начинот на користењето на компјутерите за слепи и слабовиди  ученици.
Основните знаења  од Тифлологијата што се дадени во овој учебник може да им користат, како на студентите  така и на други лица кој на било кој начин се сретнуваат со лица со оштетен вид.
Share Us
Journal metrics
- 
			
 SNIP 0.059 - 
			
 IPP 0.07 - 
			
 SJR 0.13 - 
			
 h5-index 7 - 
			
Google-based impact factor: 0.68 
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
 - RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
 - EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
 - INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
 - AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
 - THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
 - REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
 - DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
 - HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
 - DIAGNOSTIC AND TREATMENT OPTIONS IN AUTISTIC SPECTRUM DISORDERS – AN OVERVIEW
 
    













