JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 1725
Илијана МАЛИНОВА, Соња ВЛАДИМИРОВА
ОРГАНИЗАЦИЈАТА И СТРУКТУРАТА НА АКТИВНОСТИТЕ ВО ГРУПАТА НА ДЕЦА СО УМЕРЕНА МЕНТАЛНА РЕТАРДИРАНОСТ ОД 3 ДО 6 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ВО СОВЕТУВАЛИШТЕТО ЗА РАНА ДИЈАГНОСТИКА
ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИ ДЕЦА ВО ДНЕВНАТА ГРАДИНКА
“ВЕРБА, НАДЕЖ И ЉУБОВ” ВО ПАЗАРЏИК-БУГАРИЈА
Дневната градинка за хендикепирани деца во Пазарџик-Бугарија е резултат на иницијативата преземена со цел да се обезбедат соодветни услови за згрижување на хендикепирани деца во регионот, од 3 до 18-годишна возраст. Во рамките на градинката е формирана соба за рана дијагностика за ризични деца од 0 до 3-годишна возраст, како и дневна работна соба за лица над 18 години.
Во дневната градинка децата се поделени во четири независни групи, според возраста и степенот на оштетеноста. Немајќи за цел да ги замениме семејствата на децата, групите формираат “дом” со постојан ред: трпезарија, соодветно купатило, мала кујна, дневна соба и соба за одмор.
Тимовите што работат со групите имаат задача да ги едуцираат или реедуцираат децата, како и да ги обучат според способностите и под максимално безбедни услови.
Организацијата што се грижи за децата од 3 до 7-годишна возраст, започнува со изготвување на индивидуални планови, што се осовременуваат за неколку месеци од страна на целиот тим што работи со децата: психолог, дефектолог, логопед, терапевт и супервизор.
Индивидуалните планови се во согласност со општите планови на групите.
Едукацијата, терапијата и обуката на децата од групата се спроведува преку:
А. Образовни активности
Овие активности се индивидуални и динамични, но и флексибилни и прилагодени на посебните потреби и индивидуалното темпо. Ова е мошне добар пристап за да се откријат и формираат желбите, кои децата ги изразуваат спонтано, а на тој начин ги стимулираат сопствените потенцијали.
Овие активности се спроведуваат во самата институција и надвор од неа, на следните начини:
-
Општо образование што вклучува:
- самостојност во секојдневниот живот, што се постига преку практиката и редовноста, повторувањето на навиките за јадење, хигиената, стимулирањето на одот и задоволувањето на сопствените потреби. Таквите активности го поттикнуваат кај детето вниманието, помнењето, ракувањето со предмети, говорот и комуникацијата, самостојноста и одговорноста.
-
Посебно образование:
- психомоторни активности
Може да се реализира преку “моторни игри”, а овозможува координација на движењата и контрола врз телото. Таквите игри се корисни за постигање на ориентација за време и простор.
-
- вежбање на говорот
Ова е мошне значаен дел од образованието. Неговорните комуникации треба да им претходат на говорните. Тоа претставува начин да се изрази ставот кон светот преку сопственото тело. Штом ќе ја прими оваа “порака”, возрасниот треба систематски да ја возврати вербално, со што ја стимулира говорната комуникација.
-
- истражување и работа
Тие го стимулираат говорот и моторните перцепции кај детето. Истражување на просторот што го опкружува детето: предмети, луѓе, откривање на својствата на предметите.
- Социјализација
- во институцијата
Односите меѓу децата, нивните креативни способности да комуницираат преку игра или да соработуваат преку зададените задачи, претставуваат значаен фактор за социјалната интеграција, па дури и кога се реализираат со посредство на возрасен. Движењето на детето во просториите на институцијата, со дозвола на супервизорот, е пожелно заради социјализација. Организирањето на прослави и манифестации претставува значаен дел од општествениот живот на детето. Таквите прослави внесуваат возбудувања во заедничкиот живот.
- вон институцијата
Прошетките надвор, активностите во базенот за пливање, активностите со коњи, тематските прошетки претставуваат правило. Обидите да се живее надвор од институцијата овозможува да се следи однесувањето на групата, постојано набљудување на децата, што придонесува за нивните односи и за нивната интеграција во нови средини.
- Физички и спортски активности
Тие се вклучени во обуката (во поширока смисла на терминот “обука и образование”). Физичките и спортските активности се спроведуваат во и надвор од институцијата.
Б. Реедукација и терапија
- На психотерапевтско ниво
Основната цел е да се развие личноста на детето, неговото закрепнување и структура. Специјализираната помош што ја даваат психијатрот и психологот има за цел да ги потенцира односите на детето со семејството, со групата, персоналот, да помогне да се разберат овие односи и нивната полезност.
- Психомоторна реедукација
Претставува добар пример на изворните методи за вложување во механизмите за контрола врз сопственото тело. Едно прецизно вреднување на инструменталните недостатоци и историјат на глобалниот развој.
- Реедукација на говорот
За децата од 3 до 7-годишна возраст таа претставува вежбање на говорот со цел да се воспостави комуникација со средината. Се спроведува индивидуална работа насочена кон: поттикнување на комуникација што придонесува за орално изразување, работа на организирање на говорот од фонетски и синтактички аспект; вежбање: џваќање, дишење, артикулација. Работењето во групи ги стимулира децата и вербалниот говор им претставува задоволство.
- комбиниран говор и психомоторни вежби
Се користи посебна техника за олеснување на говорот преку олеснување на гестикулациите.
- Кинезитерапија
Повеќето деца со ментална ретардација имаат нарушена моторика. За нив лекарот физиотерапевт изготвува специјална програма на која терапевтите за рехабилитација строго се придржуваат.
- Лекарски надзор
Надзорот го вршат медицински сестри според упатствата на педијатар.
В. Специјални педагошки активности
Програмата се прилагодува според индивидуалните способности на детето. Посебен план се изготвува за секое дете, што е во согласност со педагошките активности на групата.
Педагогошката работа се базира врз основна обука: прво пристап кон предметот, потоа образовни игри, цртање со прсти, со цела рака, со четка, разликување на бои, почнување со дијаграми. Секое дете има бележник по кој може подоцна да се оцени, а кој им помага да видат со какво знаење и вештини се стекнале во еден определен период.
Во образовниот проект на секое дете е вклучена неговата социјална интеграција. Меѓутоа, треба добро да се размисли за условите за интеграција во училиштето-што мора да биде успешна-и треба да се реализира само во случај ако нуди нешто добро за детето, меѓутоа не по секоја цена. Самото дете треба да покажува желба, а и да добие одобрение од училиштето.
Во јануари 1996 година, беше отворена соба за консултации базирана врз концептот дека раната детекција, точната дијагноза, рехабилитационата терапија и добро организираната психолошка и педагошка помош гарантираат намалување до минимум на последиците од оштетувањето. Тие го олеснуваат интегрирањето на детето во пошироката социјална средина и му даваат морална поддршка на неговото семејство.
Ние успеавме рано да го откриеме ризичното дете преку нашите комуникации со породилното одделение во болницата, педијатрискиот здравствен дом и Консултативниот генетски центар во Софија.
Тимот составен од членови од повеќе професии што работи во Дневната градинка во Пазарџик изготвува индивидуални медицински и педагошки проекти за секое консултирано дете и е во постојан контакт со педијатрискиот здравствен дом и со неговото семејство.
На состаноците, тимот разговара околу посебните карактеристики на децата и врши проценка на опсервациите.
При изготвувањето на индивидуалните проекти, тимот го зема предвид начинот на прифаќањето на детето од страна на родителите:
- ако постојат проблеми во семејството по раѓањето на детето;
- ако постојат дополнителни проблеми (судири во семејството, распаѓање на семејството, несогласувања итн.).
И покрај тоа што раната специјализирана помош е мошне битна, детето во никој случај не смее да се одвои од семејството. Добро организирана патронажна служба, за деца во чии семејства се нарушени односите, работи заедно со родителите и децата и специјализираната помош дава надежни резултати.
Основните членови на тимот се:
- лекари: педијатар, невролог, психијатар;
- психолог;
- педагог;
- логопед;
- рехабилитационен терапевт;
- социјален работник;
- медицинска сестра.
Интервенциите се планираат според специфичните потреби:
- медицинска;
- физиотерапевтска;
- психолошка и педагошка;
- семејни консултации, имајќи предвид дека секое семејство и неговите членови имаат различни способности да се соочат со проблемот на таканареченото “хендикепирано дете”.
Целта на нашата соба за рана дијагностика е:
- подобрување на негата на хендикепираните деца од најрана возраст;
- подобри информации за родителите на децата;
- повеќе внимание кон семејствата со хендикепирани деца.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE