JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4639
Лилјана КАТИЌ
Јагода ЃОРЃЕВИЌ
РАН ТРЕТМАН НА ЕДЕН ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН СЛУЧАЈ
НА ДЕТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ
Цел на работата беше формирање на орален говор до максимум без употреба на гест и мимика.
Користење на сите можни средства, начини и форми детето да добие фонд на зборови и само да ги вади од својот "мемориски депозит”.
Детето е дојдено во Заводот заради тоа што сите предучилишни установи ја одбиле мајката поради нервозното однесување на девојчето. Им било предлагано да прима седативи па така “смирено” да се работи со него.
За нас како практичари со долгогодишно искуство беше инересно да ја спречиме употребата на седативи кај мало дете.
Со дозвола на нашиот долгогодишен директор и хуманист Петар Гаштаровски-дипломиран дефектолог, случајот ни беше доделен со тоа што да работиме водени од нашето досегашно искуство.
За таа цел пред да се пристапи кон рехабилитација на говорот и слушањето беа извршени:
- Аудиолошки мерења на левото и десното;
- Анализа по аудиограмот.
Од аудиограмот се гледаше дека девојчето е со тешко оштетување на слухот и тоа нулта група или евентуално прва група и тоа оштетување настанато во прелингвалниот период. Детето со овие остатоци на слух не е во состојба да перципира ниту еден глас од азбуката, ниту пак да осети какво и да било тонско ниво.
Собрани се сите анамнестички податоци од родителот пред породувањето и до моментот до кога е детето донесено во Заводот. Анамнезата зборуваше дека детето е едно на родителите, долго лечено од бубрезите, дека причината за оштетувањето на слухот е токсикоза со антибиотици, говорот воопшто не се формирал. Со цел да го потврдиме аудиограмот извршивме тестирање на детето и го измеривме фонематскиот квантум. Се покажа дека детето соодветно на нашите очекувања во групата на гласови изговара само четири вокали: А, О, У и Е и два назали, односно 20% од гласовите во азбуката. Гласовите не беа постојани туку случајно формирани, нејасни и неконтролирани без никакво значење. Психолошкиот наод не ни даде голема волја затоа што детето располагаше со просечни способности.
Оториноларингологот потврди дека состојбата на говорните органи е во ред, дека не постојат органски пречки за формирање на говор и дека во органите за слух моментално нема патолошки процеси и дека детето е во фаза кога треба да се рехабилитира.
Откако беа собрани сите податоци од тимските соработници се пристапи кон едукација на родителот. Јасно беше дека се нарушени емоционалните односи во фамилијата и дека е потребно внимателно набљудување и опсервирање на детето. За таа цел мајката е активно вклучена во рехабилитациониот третман на детето.
Дадени се упатства:
- Што сî може детето до својата седма година во говорот и општата моторика кај дете што слуша и дете што е слушно оштетено;
- Посочени се грешките кои родителот ги прави во врска со проблемот на слушањето и говорот;
- Посочено е каков треба да биде ставот на родителот кон детето и средината во која живеат;
- Вклучен е родителот во третманот со образложение за секоја постапка на аудиорехабилитаторот;
- Дадени се упатства како и колку треба да работи родителот дома со детето;
- Објаснето е како ќе се формира говорот во фазите на рехабилитацијата;
- Како треба да се постапи со слушниот апарат; за таа цел е спроведена посебна методска постапка за носење и адаптација на слушниот апарат;
- Како ќе тече говорот откако ќе заврши третманот. Со цел да се формира правилна личност, т.е. да се сфатат каузалните односи во природата и општеството е работено на правилниот однос на детето, неговите обврски во фамилијата и средината во која живее;
- Акцентирана е улогата на мајката во процесот на учењето. Разгледувајќи ги податоците што ги собрав ме пред да почнеме да работиме со детето, внимателно ги разработивме методите и формите на работа што ќе ги примениме во рехабилитацијата на говорот и слушањето. Паралелно со рехабилитацијата на говорот одеше и рехабилитацијата на слушањето како два процеса тесно поврзани иако слухот беше недоволен да се формира говор.
Наша задача беше формирање на орален говор и користење на истиот во комуникација на детето со средината. Требаше:
- Формирање на над 80% гласови од азбуката со чиста артикулација;
- Формирање на топогнозија на говорните органи за секој глас, формирање на говорни автоматизми. Тие би биле постојани, чисто и јасно изговорени, поврзани во зборови и реченици;
- Формирање на граматички говор со именки, глаголи, придавки, заменки, времиња, членување, прилози за место, време, прашални форми и реченици и друго;
- Формирање на активен речник како најтежок аспект во нашата работа.
При рехабилитацијата на слушањето извршено е кондиционирање на слухот на селектор, определен е прагот на слухот. Бидејќи детето беше со тешко оштетување на слухот (органско)-функционално не можеше да се користи за развој на говорот затоа мораше да се примени:
- Визуелна перцепција;
- Кинестетичко сетило;
- Прстната азбука.
Пред нас стоеја долги напорни вежби да се научи да се зборува и да се слуша. Со третманот се пристапи веднаш. Извршени беа тестирања на основниот ларингеален глас на зборувањето. Со вежби на мускулите на градниот кош и систем на вежби вокализи, се постигна интензивна и чиста фонација со долга и интензивна инспирациона струја.
- Извршени беа системни вежби на јазикот за топогнозијата на говорните органи за секој глас;
- Гласовите според нивните заеднички карактеристики беа вежбани една и пол година и тоа по место на творба, звучност, т.е. обезвученост. Секој глас беше откриван и артикулиран, по посебен редослед се вежбаше на вокалите, назалите, плозивите, африкатите и фрикативите.
- Формиравме зборови и реченици уште со првите два гласа: во прилог даваме табела на гласови и на зборови дадена по специјален редослед.
Говорот се учеше во кругови (концентрични).
Во првата година беа стабилизирани сите гласови, освен африкатите за кои беше потребно повеќе време така што во почетокот на втората година тие се обновија и самостојно и во зборови.
За семантичкото значење на зборовите немаше никаков проблем затоа што ученичката беше интелигентна брзо учеше и се интересираше за сî.
Драгоцена беше поддршката и од страна на нејзините родители, особено мајката, млада и напредна личност за која имаме посебен респект и таа заслужува особено признание.
Говорот е конвенционално артикулационо средство за меѓусебно комуницирање кај луѓето. Тој е јазична форма во која се користат артикулисани гласови за пренесување одредени пораки и значења. Развој на говорот е развој на гласови, процес на растење кој поаѓа од нејасни, неопределени, случајно формирани гласови, до јасно изговорени и контролирани гласови.
Конструкцијата на реченицата извираше од животната средина иако со мал фонд на зборови.
Работевме така што детето да го разбере секој збор, да го сфати, да мисли, да формира слободен спонтан исказ и соодветен на ситуацијата без да биде граматички оправдан.
Слушно оштетеното дете поседува конкретен начин на мислење-задача ни беше да го воведеме во светот на логичкото закључување што претставува виша ментална операција.
Само таква рехабилитација на:
- говорот;
- слухот;
- личноста;
во предучилишниот период ќе даде јака и солидна основа за вклучување на слушно оштетеното дете во прво одделение и ќе стекнува воспитание, образование и општа култура.
Заклучок
Двегодишната работа даде резултати што не можат да се измерат затоа што се формира нова личност за чија судбина мислиме дека ќе оди во позитивен правец затоа што детето стекна квантум на знаења што ќе биде темел на понатамошната работа.
Детето стекна темел врз база на која ќе се гради образованието и воспитанието и целосно рехабилитирано во основното и средното училиште ќе стане самостоен и корисен член во општеството во кое ќе живее.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE