JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2748
Величко АНДРЕЕВСКИ
ОДРЖАН V КОНГРЕС АУТИЗАМ-ЕВРОПА ПОД МОТОТО
“НАДЕЖТА НЕ Е СОН”
ВО БАРСЕЛОНА ОД 3 - 5 МАЈ 1996 ГОДИНА
На Конгресот имаше повеќе од 1.500 учесници, претставници од 40 земји, главно од Европа, но и од Америка и Австралија, како и родители на аутистични деца.
На Конгресот беа предмет на расправа бројни феномени и напорите за нивна демистификација, почнувајќи од органските проблеми на полето на неврорадиологијата и биохемијата, преку психолошките истражувања, фармакотерапијата и бројните тераписки методи и пристапи кон аутизмот па сî до последиците поврзани со семејството како и комплетните социјални и правни аспекти на проблемот. Презентираните стручни материјали на овој Конгрес претставуваат своевиден предизвик како за стручњаците така и за родителите.
На крајот од работата на Конгресот, Претседателот на асоцијацијата АУТИЗАМ-ЕВРОПА, која опфаќа над 50 разни здруженија, господинот Gilbert Huyberechts (Белгија) ги формулира следните
ЗАКЛУЧОЦИ:
- Најновите истражувања во разни научни области докажаа некои причини за настанувањето на аутизмот. Посебно е подвлечена улогата на церебелумот, како главен неврокомпјутер во мозокот морфолошките и функционалните промени во централниот нервен систем. Нагласена е поврзаноста на епилепсијата и аутизмот.
- Невролошката основа е докажана низ бројни неврорадиолошки прегледи, било тие да се занимаваат со морфолошките (CT, MRI) или со функционалните промени (PET).
- Напредокот на биохемиските испитувања овозможи биолошка интервенција во поглед на модификацијата на исхраната или при примената на фармакологијата.
- Напредокот на сознанијата за природата на аутизмот е извонреден. Професионалците од разни области сî повеќе се ангажираат, но уште има недостатоци.
- Семејните проблеми, познати уште порано, сега се поставуваат на прв план. Сериозните студии се занимаваат со ефектите на аутизмот врз семејството за да се најде оптимален модалитет на поддршка и терапија за целото семјство.
- Направен е исчекор во поглед на класификацијата и поделбата на аутизмот на Канеров и Аспергеров синдром. Некои етиолошки подгрупи ги прават врските на овие два ентитета.
- Прифатена е формулацијата Lorne Wing во поглед на аутистичниот спектрум што опфаќа низа на оштетувања од најтешки форми на аутизмот со ментална ретардација и епилепсија, преку Аспергеровиот синдром, до лесни тешкотии и пречки во учењето, читањето и слично.
- Пораснат е интересот за работата на центрите за аутистични деца и возрасни и направен е значаен напредок во поглед на организацијата и поддршката на овие центри и др.
- Сè поголема е општествената и правната поддршка на родителите и семејствата во целост.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE