JSER Policies
JSER Online
JSER Data
	Frequency: quarterly
	ISSN: 1409-6099 (Print)
	ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4566
 
Виолета МАЛИНСКА-ПЕТРУШЕВСКА
КОН РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ТРЕТАТА ЕВАЛУАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА “ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ” ВО ЕВРОПСКИОТ РЕГИОН (1996-1997)
	На Четириесет и шестата сесија на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, што се одржа од 9-13 септември 1996 година во Копенхаген, донесена е Резолуција за Третата евалуација за спроведување на Стратегијата “Здравје за сите” во Европскиот регион (1996-1997).
	Во оваа резолуција се подвлекува важноста од имплементацијата на стратегијата “Здравје за сите” со усвоените и иновираните во 1991 година 38 цели на здравствената политика во Европа, меѓу кои гледано од наш аспект посебно значење е целта (3). Македонија овие цели ги прифати во април 1993 година, кога стана полноправен член на Светската здравствена организација.
	Во цел 3 од Резолуцијата е нагласено:
	“Подобри можности за луѓето со онеспособеност”
	До 2000-тата година, на луѓето со онеспособеност треба да им се овозможи да водат социјално, материјално и духовно исполнети животи обезбедувајќи им специјални погодности што ги подобруваат нивните релативни физички, општествени и економски можности (способности).           Оваа цел е со намера да:
- обезбеди еднакви можности;
 - го подобри статусот на луѓето со онеспособеност;
 - овозможи на луѓето со онеспособеност да го подобрат квалитетот на живеењето и да го развиваат сопствениот здравствен потенцијал.
 
Во Резолуцијата се нагласува дека оживотворувањето на овие цели може да се постигне со стратегии преку кои:
- во јавноста да се промовира позитивен однос кон луѓето со неспособеност;
 - да се создаваат услови за безбедни (не ризични средини);
 - да се промовираат рехабилитациони програми и обезбедат социјални служби што ќе овозможат посоодветни услови за самостојното извршување на секојдневните животни функции на хендикепираните лица;
 - да им се обезбедат услови на овие лица за самостојно извршување на животните функции;
 - на оние лица што неможат самостојно да ги обавуваат своите секојдневни животни функции, и на нивните семејства или негуватели да им се обезбедуваат специјални услуги и помош.
 
Евалуација за реализцијата на оваа цел во нашата Република ќе се направи по пополнувањето и сумирањето на одговорите од компетентни стручни и научни работници што работат во оваа област и ја покриваат оваа проблематика. Притоа евалуацијата ќе се засновува на одговорите на прашањата дадени во следниот формулар:
	ФОРМУЛАР ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ЦЕЛТА
	(се внесуваат само насловите)
| 
				 1.  | 
			
				 Нова или повторно утврдена развојна политика (цели, приоритети, главни насочувања);  | 
		
| 
				 2.  | 
			
				 Нови стратегии и промени во менаџментот (законодавството, раководните структури, спогодби, итн.;  | 
		
| 
				 3.  | 
			
				 Нови активности за спроведување на политиките и стратегиите;  | 
		
| 
				 4.  | 
			
				 Нови развојни промени во информирањето, мониторингот и во процесот на евалуацијата;  | 
		
| 
				 5.  | 
			
				 Главни проблеми и ограничувања;  | 
		
| 
				 6.  | 
			
				 Статистички показатели на развојот (трендови на релевантните индикатори на ЗЗС);  | 
		
| 
				 7.  | 
			
				 Севкупна проценка на прогресот.  | 
		
	                Почитувани читатели, се надеваме дека до излегувањето на наредните броеви од ова списание ќе ги добиеме вашите видувања, оценки и предлози во врска со дадените седум точки во овој формулар што ќе ги насочат анализите и сумирањата на резултатите и ќе бидат од посебен придонес за натамошното подобрување на квалитетот на живеењето на онеспособените лица и напорите за поцелосно решавање на сложениот комплекс на проблеми поврзани со ваквите лица и нивните семејства.
	Ова списание со посебно внимание ќе ги следи вашите активности како и трудовите за кои ќе биде обезбеден соодветен простор за нивно публикување.
Share Us
Journal metrics
- 
			
 SNIP 0.059 - 
			
 IPP 0.07 - 
			
 SJR 0.13 - 
			
 h5-index 7 - 
			
Google-based impact factor: 0.68 
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
 - RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
 - EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
 - INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
 - AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
 - THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
 - REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
 - DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
 - HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
 - DIAGNOSTIC AND TREATMENT OPTIONS IN AUTISTIC SPECTRUM DISORDERS – AN OVERVIEW
 
    













