ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЕКТОТ ПРОГРАМА ЗА ЦЕЛОСНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО НИВНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

 

Јасмина ТРОШАНСКА

Македонско научно здружение за аутизам
Скопје, Република Македонија

 

PROJECT REPORT "PROGRAM FOR FULL SOCIALIZATION OF CHILDREN WITH SPECIAL NEEDS INTO THEIR COMMUNITIES"

 

Jasmina TROSHANSKA

Macedonian Scientific Society for Autism
Skopje, Republic of Macedonia

 

Примено: 04.02.2015
Прифатено: 07.02.2015
UDK: 364.65-056.26/.36-053.2(497-7-12)(062)

 

 

Received: 04.02.2015
Accepted: 07.02.2015

 

 

 

 

 

 

Од февруари 2014 година, во временски период од една година, во четири општини во југоисточна Македонија се имплементираше проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“. Овој проект е финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права, одговарајќи на повикот за грантови од 2012 до 2013 година, а имплементиран од Фондацијата Аполонија од Гевгелија како водечка организација и Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), како главен партнер.
Вкупниот буџет на проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“ е во износ од 83000€ од кои 77000 € се обезбедени од Европската Унија преку ЕИДХР, а придонесот на Фондацијата Аполонија е 6000 €. Општата цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини во југоисточниот регион.
Специфични цели:

  • да се зголеми капацитетот за работа со деца со посебни потреби на 320 учесници од 4 општини: наставници од 9 основни училишта, 7 градинки, родители, поединци и организации кои се занимаваат со оваа проблематика и млади лица;
  • да се зголеми капацитетот за работа со деца со посебни потреби преку 11 семинари;
  • сите ресурси и информации од семинарите да бидат достапни на веб-страницата за идно користење и поддршка;
  • зголемување на свеста, видливоста и прифаќањето на децата со посебни потреби како дел од училишниот систем и програмите на заедницата, промовирање на раното детектирање на сензорни проблеми во градинките, овозможување сензорна терапија за деца со посебни потреби, овозможување услови за рехабилитација на деца и младинци со посебни потреби.

Во рамките на проектот, во периодот од март 2014 до декември 2014 се одржаа 11 семинари за наставници од 9 основни училишта и неколку градинки, родители на деца со посебни потреби, дефектолози, стручни лица, поединци и организации кои се занимаваат со работа со деца со посебни потреби и млади лица. Вкупниот број на учесници во овие настани е над 400 лица. Оваа е листата на одржаните семинари/работилници и форуми:

  1. 17 и 18 март 2014 – Инклузија на деца со по­себни образовни потреби – Ма­ке­дон­ско научно здружение за аутизам;
  2. 11 април 2014 - Форум Аутизмот како ениг­ма - Џ. Киначи од Турција;
  3. 07 мај 2014 - Форум за аутизам - МНЗА;
  4. 12 и 13 мај 2014 – Едукативна под­дрш­ка, вовед во примена на теоријата Сен­зор­на интеграција - Центар за спе­ци­јал­на едукација и рехабилитација од Бел­град, Р. Србија;
  5. 12 и 13 јуни 2014 - Споделување на ис­кус­тва за практичната работа во сен­зор­на соба - МНЗА;
  6. 17 и 18 јуни 2014- Инклузија на децата со посебни потреби во училиштето и ре­ле­вант­ни статегии за применета би­хеј­вио­рална анализа (АБА) - едукативен цен­тар за аутизам Монороди од Атина, Р. Грција;
  7. 19 и 20 јуни 2014 – Учење на вербално од­не­сување на аутистични и други деца со посебни потреби, со лесни и умерени соз­на­јни говорни нарушувања – еду­ка­ти­вен центар за аутизам Монороди од Ати­на, Р. Грција;
  8. 23 и 24 септември 2014 – Основи на Арт- терапијата и примена кај деца со по­себни потреби - БААТ-ПИСЕЛ (Бу­гар­ско здружение на арт-терапевти) - Р. Бу­га­рија;
  9. 07 и 08 октомври 2014 - Семинар Тре­нинг на мозокот или Brain Gym - EDU-MOVEO здружение од Хрватска;
  10. 20 и 21 ноември 2014 - Семинар Мон­те­со­ри методот во работа со деца со по­себ­ни образовни потреби - Македонско здру­жение Монтесори и
  11. 11 декември 2014 – Примена на визуелни стра­тегии во работата со деца со по­себни потреби во училиште – МНЗА - Ма­ке­донско научно здружение за ау­ти­зам.

Со средствата од проектот, исто така, се оп­ре­­ми­ја 3 сензорни соби и тоа во основните учи­­лишта во Валандово, Дојран и Богданци и една терапевтска соба во рамките на Днев­ни­от центар за лица со посебни потреби во Гев­­ге­лија, во кои работно беа ангажирани тројца де­фектолози и еден физиотерапевт. Беа пред­видени и имплементирани 20 ак­тив­­нос­ти за промоција на социјалната инклузија на де­ца­та со посебни потреби во нивните заед­ни­ци, под мотото Ден во при­ро­да. Ден во при­ро­да е инклузивна програма на Фон­да­ци­ја­та Аполонија, наменета за сите деца каде се­ко­ја сабота и недела, деца на воз­раст од 6 - 12 години одат на излети во при­рода, и учат ра­боти поврзани со при­ро­да­та и како да ја заш­титат.
Во секоја општина вклучена во овој проект, беа одржани состаноци со родители на деца со посебни потреби и формирани групи за под­­дршка на овие родители.
Исто така, се креираше веб-страница за до­ку­ментирање и споделување информации во врс­ка со овој проект: www.socialinclusion.mk.
Во моментов проектот е во завршна фаза, се пра­ви евалуација и се пишуваат извештаи.
Спо­ред евалуационите листови од сите нас­та­ни, анкетните листови за наставниците и сен­зорните профили на децата, сите пред­ви­де­ни цели во најголем дел се остварени.
Со реализацијата на овој проект се ак­туе­ли­зи­ра­ше прашањето за социјалната вклу­че­ност на децата со посебни потреби во 4 ло­кал­ни заедници, и според остварените дис­ку­сии со лицата кои учествуваа во ак­тив­нос­ти­те, произлезе заклучок дека има реална пот­реба од вклучување на сите релевантни инс­титуции во изнаоѓање на системски ре­ше­ни­ја и сеопфатен пристап во подобрување на моменталната состојба со инклузијата на де­ца­та со посебни потреби. Потребно е кон­ти­нуирана едукација на кадарот кој работи во образованието, значи повторно спр­ов­еду­ва­ње на практични работилници за про­фе­сио­нален развој на наставниците и де­фек­то­ло­зите во насока на подобрување на трет­ма­нот на децата со посебни потреби во учи­лиш­та­та. Исто така, потребни се и вло­жу­ва­ња од страна на локалните власти во чо­веч­ки ресурси кои би работеле индивидуално на рехабилитацијата и подобрувањето на спо­собностите на децата со посебни пот­ре­би. Групите на родители и дефектолози во 3 оп­штини с¢ уште се обидуваат да обезбедат со­гласност од локалните општини и над­леж­ни­те министерства за вработување на двајца де­фекотолози и еден физотерапевт во сен­зор­ните соби во Валандово и Богданци и те­ра­певтската соба во Гевгелија. Се надеваме де­ка резултатите ќе бидат доволен мотив и пот­тик овие барања да бидат прифатени. Фон­да­цијата Аполонија и МНЗА ќе про­дол­жат со својот ангажман во насока на по­доб­ру­ва­ње на социјализацијата на лицата со по­себ­ни потреби.

 

 

Since February 2014, for time period of one year, in four municipalities in South-East Macedonia the project "Program for full socialization of children with special needs into their communities." is implemented. This project is funded by the European Instrument for Democracy and Human Rights, responding to the call for grants from 2012-2013, and implemented by the Apollonia Foundation Gevgelija as the lead organization and the Macedonian Scientific Society for Autism MSSA, as main partner. The total budget of the project "Program for full socialization of children with special needs into their communities" is 83.000€ of which 77.000€ are provided by the European Union through the EIDHR, and the contribution of the Apollonia Foundation is 6.000 €. The overall objective of the project is to increase the social integration and the development of children with special needs in four municipalities in the southeast region.
Specific Objectives:

  • To increase the capacity for working with children with special needs of 320 participants: teachers from 9 primary schools, 7 kindergartens, parents, individuals and organizations dealing with this issue and young people.
  • To increase the capacity for working with children with special needs through 11 seminars.
  • All resources and information from the seminars to be available on a website for future use and support.
  • Increasing the awareness, the visibility and the acceptance of the children with special needs as part of the school system and the community programs, promoting early recognition of sensory problems in kindergarten, enabling sensory therapy for children with special needs, providing conditions for rehabilitation of children and young adults with special needs.

In the frames of this project, from March 2014 until December 2014, 11 seminars were held for teachers from 9 primary schools and several kindergartens, parents of children with special needs, special education teachers, professionals, individuals and organizations working with special needs children and young people. The total number of participants in these events is more than 400 people. This is the list of the held seminars/workshops/forums:

  1. 17th and 18th March 2014 - Inclusion of children with special educational needs -Macedonian Scientific Society for Autism;
  2. 11th April 2014 - Forum Autism enigma -C. Kinachi - Turkey
  3. 7th May 2014 Forum for Autism - MSSA
  4. 12th and 13th May 2014 - Educational support, introduction to application of the sensory integration theory - Center for Special Education and Rehabilitation in Belgrade, Serbia
  5. 12th and 13th June 2014 - Sharing the experience of practical work in the sensory room - MSSA.
  6. 17th and 18th June 2014 - The basics of ABA method in working with children with autism - Monorodi Educational Center for Autism - Athens, Greece.
  7. 19th and 20th June 2014 - Teaching verbal behavior to autistic and other preschoolers with moderate to severe language and cognitive deficits – Monorodi Educational Center for Autism - Athens, Greece.
  8. 23rd and 24th September 2014, Basics of Art therapy and its use in the work with children with special needs - BAAT-PISEP Bulgarian Association of Art Therapists - Bulgaria
  9. 7th and 8th October 2014 – Seminar Brain Gym - EDU-MOVEO association from Croatia.
  10. 20th and 21st November 2014 - Seminar Montessori method in working with children with special educational needs -Macedonian Montessori Association
  11. 11th December 2014 – Applying visual strategies in working with children with special needs in school - MSSA Macedonian Scientific Society for Autism.

With funds from the project three sensory rooms in the primary schools of Valandovo, Dojran and Bogdanci were also equipped, and a Therapy room in the Day Centre for people with special needs in Gevgelija, in which three special educators and one physiotherapist were engaged professionally.
20 Nature Day activities were planned and organized, with an objective to promote social inclusion of children with special needs with other children in their community. Nature Day is an inclusive program of Apollonia Foun­da­tion, intended for all children, where each Saturday and Sunday, children between the ages of 6-12 years go to picnics in nature and learn things connected with the environment and how to protect it.
A website for documenting and sharing project information a website was created: www.socialinclusion.mk.
Currently, the project is in its final stage, we are making the evaluation and reports.
According to the evaluation sheets from all events, the questionnaires for teachers and sensory profiles of children, all estimated goals are largely realized.
The realization of this project has actualized the question of social inclusion of children with disabilities in four local communities, and according to the discussions by the people who took part in the activities, we came to a conclusion that there is a real need for involvement of all relevant institutions in finding systematic solutions and comprehensive approach for improvement of the current situation with the inclusion of children with special needs. Continuous training of the staff working in education is needed, meaning an implementation of more practical workshops for professional development of teachers and the special educators to improve the treatment of children with special needs in schools. Also, investments by local authorities in human resources that would work individually on rehabilitation and improvement of the skills of children with special needs is necessary. Parents support groups and special educators in the three municipalities are still trying to provide the consent of the local municipalities and the relevant ministries to employ 2 special educators and 1 physical therapist in the sensory rooms in Valandovo and Bogdanci and the therapy room in Gevgelija. We hope that the results of the progress of the children in these special needs facilities will be sufficient motivation and incentive for these requests to be accepted. Apollonia Foundation and MSSA will continue their commitment and efforts to improve the socialization of people with disabilities.


Адреса за кореспонденција:
Јасмина ТРОШАНСКА
Македонско научно здружение за аутизам
Институт за дефектологија,
Филозофски факултет,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Бул.: Гоце Делчев 9А, 1000 Скопје,
Република Македонија
Е-пошта: vicepresident@mssa.org.mk
Е-пошта: jasminaiva@gmail.com
Телефон: +389-70-325-805

 


Corresponding address:
Jasmina TROSHANSKA
Macedonian Scientific Society for Autism
Institute of Special Education and Rehabilitation,
Faculty of Philosophy, University “Ss. Cyril and Methodius”
Blvd. Goce Delchev 9A, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
E-mail: vicepresident@mssa.org.mk
E-mail: jasminaiva@gmail.com
Mobile: +389-70-325-805

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in