МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ НА ПРВА РАБОТНА СРЕДБА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „НОРТХЕМПТОН“ ВО АНГЛИЈА, ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЕДНАКВОСТ И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО“

 

Јасмина ТРОШАНСКА

Македонско научно здружение за аутизам
Институт за дефектологија
Филозофски факултет, Скопје, Р. Македонија

 

THE MACEDONIAN SCIENTIFIC SOCIETY FOR AUTISM ON FIRST MEETING AT THE UNIVERSITY OF NORTHAMPTON IN ENGLAND, AS PART OF THE PROJECT "EQUALITY AND SOCIAL INCLUSION THROUGH POSITIVE PARENTING"

 

Jasmina TROSHANSKA

Macedonian Scientific Society for Autism,
Faculty of Philosophy
Skopje, Macedonia

 

Примено: 04.10.2015
Прифатено: 08.10.2015
UDK: 37.018.1:616.89.053.2(083.94)

 

 

Recived: 04.10.2015
Accepted: 08.10.2015


 

Во периодот од 28 до 30 септември 2015 година, претседателот на Македонското научно здружение за аутизам проф. д-р Владимир Трајковски и потпретседателката м-р Јасмина Трошанска присуствуваа на првата работна средба на Универзитетот Нортхемптон во Англија, во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклу-зија преку позитивно родителство“ на-менет за создавање на научно докажан модел за спроведување на обука за родители на деца со аутизам на европско ниво.
Овој проект, со број: 2015-1-UK01-KA204-013397, е дел од програмата Еразмус + на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, клучна акција 2 - Соработка заради иновации и размена на добра практика и тип на акција: стратешко партнерство за едукација на возрасни.
Координатор на проектот е Универзитетот Нортхемптон, а додека, пак, партнерски организации се: Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, Центар за аутизам од Загреб, Аутизам Европа со седиште во Белгија, Центар за развој и поддршка на деца и адолесценти со аутистичен спектар на нарушувања од Кипар, Ев-ропски универзитет од Кипар, Македон-ско научно здружение за аутизам од Ма-кедонија, Таргет аутизам и Аутизам консерн од Англија.
Проектот е со буџет 432.210 евра и вре-метраење од 36 месеци, од 01. 09. 2015 до 31. 08. 2018 година.
Целите на проектот се:

  • создавање модел заснован на на-учни докази за едукација на ро-дители на деца со аутизам кој ќе може да се користи во Европа;
  • создавање програма и еколошки материјали за обука на родители;
  • употреба на материјалите во едукација на семејства на деца со аутизам во региони каде што претходно не биле спроведувани едукации;
  • оценка на употребата на матери-јалите и влијанието на обуката преку квалитативни и квантита-тивни анализи на податоци;
  • споделување на моделот на про-грама за едукација на родители, алатките и материјалите со за-сегнатите страни и давање на препораки на креаторите на политики и оние кои донесуваат одлуки.

Во текот на првата средба координаторот го презентираше проектот, започнувајќи од идејата за неговото создавање, па сѐ до оче-куваните резултати на крајот на проек-тот. Претставници од Р. Хрватска, Р. Македонија и Кипар на почетокот ги презентираа карактеристиките на своите држави од културен, географски и политички аспект, ја презентираа организацијата од која доаѓаат, а потоа и состојбата со третманот на децата со аутизам во нивните држави, бројноста и евиденцијата на децата, можностите за рана интервенција и третман, системот на образование и проблемите кои ги имаат семејствата и децата со аутизам. Понатаму, во групи, заедно со експер-тите за развој на програми за тренинг, беа изработени модели на едукации на родители за Р. Македонија, Кипар и Р. Хрватска. Секој модел беше презентиран, сите позитивни и негативни аспекти беа разгледувани преку заедничка дискусија. Исто така, беа одредени датумите на идните ин-тернационални средби и датумите за пр-вите обуките на родители на децата со аутизам во Р. Македонија, Р. Хрватска и Кипар. Во секоја од овие држави ќе бидат одржани по 6 обуки (вкупно 18) на родители во рамките на кои ќе се врши и тренинг на едукатори и рехабилитатори членови на партнер-организациите (на МНЗА во Македонија) за работа со родители на деца со аутизам, 3 конференции за ро-дители и професионалци, од кои едната во мај 2016 г. во Р. Македонија, а партнерите во проектот ќе присуствуваат на национални и интернационални конференции (При-мер: презентирање на проектот на Ин-тернационалниот конгрес на аутизам - Европа 2016), со што ќе се создаваат научни трудови и извештаи. Проектот ќе биде следен од врвни експерти за аутизам во Европа. Домаќин на следната интернационална средба во јануари 2016 година се партнерите од Кипар, а првата обука за родители и тренинг за тренери се очекува да се слу-чи во март 2016 година во Скопје. Во тек е интернационален натпревар за лого на проектот, преку собирање на цртежи нацртани од страна на деца со аутизам од сите земји-членки, учеснички во проектот.

 


 

Between 28 and 30 September 2015, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski (President of Macedonia Scientific Society for Autism) and Jasmina Troshanska MA (Vice-president of the Society) visited the University of Northampton in England. This was in order to attend the project "Equality and Social Inclusion through Positive Parenting (ESIPP). This project is intended to create a scientifically-proven model for providing training for parents of children with autism at the European level
ESIPP is part of the European Commission's Erasmus+ program (project number: 2015-1-UK01-KA204-013397). The project has been funded under Key Action 2 - cooperation for innovation and exchange of good practice - and is a Strategic Partnership in the field of Adult Education.
The project coordinator is University of Northampton and partner organizations are: Faculty of Education and rehabilitation University of Zagreb, Croatia; Center for Autism in Zagreb, Croatia; Autism Europe, Belgium; Autism Assessment Support Practi¬ce Center, Cyprus; European University, Cyprus; Macedonian Scientific Society for Autism, Macedonia; Target Autism, UK; and Autism Concern, UK.
The project budget is 432,210 euros and duration is 36 months, from 01.09.2015 to 08.31.2018.
The objectives of the project are:

  • To develop an evidence-based model for delivering parent education in autism that can be used across Europe.
  • To develop a core curriculum and ecologically valid parent education training materials.
  • To use these materials to provide parent education to families living with autism in areas where it has been previously unavailable.
  • To evaluate the effectiveness of the materials and the impact of the training using quantitative and qualita¬tive data collection and analysis.
  • To share the model curriculum, tools and materials with stakeholders and make recommendations to policy- and decision-makers.

During the first meeting, coordinator presented the project, starting from that led to project's development and identifying the expected results at the end of the project. Representatives of the Republic of Croatia, Republic of Macedonia and Cyprus gave presentations outlining the characteristics of their countries (with regard to cultural, geographical and political perspectives) and spoke about the organizations from which they came. They then went to discuss issues relating to the treatment of children with autism within these countries. This included information relating to the numbers of children with autism; opportunities for early intervention and treatment; the education systems; and the problems facing children with autism and their families.
Working in groups, and facilitated by Target Autism and Autism Concern, the partners started developing models of education of parents for Republic of Macedonia, Republic of Croatia and Cyprus. Each model was presented to the group and all the positive and negative aspects were considered by mutual discussion. Dates were set for future international project meetings, and planning commenced for the first training sessions for parents of children with autism in the Republic of Macedonia, Republic of Croatia and Cyprus.
Six training sessions for parents will be held in each of these states (18 in total). Educators and rehabilitation staff from the partner organisations (e.g. MSSA in Macedonia) will also receive training to work with the parents of children with autism. Four conferences for parents and professionals will be held as part of the project, including one in September 2017 in the Republic of Macedonia. The project partners will also have opportunities to attend national and international conferences, such as the Autism-Europe Congress in Edinburgh, Scotland (September 2016). These will provide opportunities to share and produce scientific papers and reports. The project will be monitored by a reference group of experts on autism in Europe. The hosts for the next international meeting in January 2016 are partners from Cyprus, and the first training for parents and training for coaches is expected to be in March 2016 in Skopje. There is an ongoing international competition for the logo of the project, through the collection of drawings by children with autism from states participating in the project.


Адреса за кореспонденција:
Јасмина ТРОШАНСКА
Македонско научно здружение за аутизам
Институт за дефектологија,
Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А,
1000 Скопје
тел. +389-2-3148-834;
факс. +389-2-3118-143
е-mail: vicepresident@mssa.org.mk

 


Corresponding address:
Jasmina TROSHANSKA
Macedonian Scientific Society for Autism
Institute of Special Education,
Faculty of Philosophy
Blvd. Goce Delchev, 9A
1000 Skopje
Phone. + 389-2-3148-834;
Fax. + 389-2-3118-143
E-mail: vicepresident@mssa.org.mk

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in