ТЕСТИРАЊЕ НА ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА НЕЗАВИСНИТЕ ФОНОЛОШКИ МЕРКИ КАЈ ГОВОРОТ НА ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: ПИЛОТ-СТУДИЈА

 

Кетрин Мари ВИТЛЕР
Шари Ли ДЕВЕНЕИ

 

Оддел за специјална едукација
и комуникациски нарушувања,
Универзитет на Небраска во Омаха, САД

 

TEST-RETEST RELIABILITY OF INDEPENDENT PHONOLOGICAL MEASURES OF 2-YEAR-OLD SPEECH: A PILOT STUDY

 

Katherine Marie WITTLER
Shari Leigh DEVENEY

 

Department of Special Education
and Communication Disorders,
University of Nebraska at Omaha, USA Slovenia

 

Примено: 17.03.2016
Прифатено: 29.06.2016

 

 

Recived: 17.03.2016
Accepted: 29.06.2016
Original Article


 

Резиме

 


 

Abstract

 

Вовед: Во областа на патологијата на говорниот јазик, многумина претпоставуваат дека најчесто употребуваните неформални мерки на звукот на говорот се сигурни. Сепак, недостатокот на научни докази за поддршка на оваа претпоставка е проблематичен. Логопедите често користат звучни анализи на неформалниот говор за утврдување на основните однесувања според кои може да се мери терапевтскиот напредок. Неколкумина истражувачи ја испитале веродостојноста од тест-ретестирањето на неформалните фонолошки мерки при оценување на говорот кај мали деца. Од клинички аспект, податоците поврзани со овие мерки се од клучно значење за олеснување на донесувањето одлуки врз основа на докази а во однос на проценката и третманот на говорниот јазик.
Цели: Целта на оваа студија беше да се идентификува базата на докази во врска со привремената веродостојност на две такви неформални мерки на говорниот звук, фонетскиот инвентар и анализата на зборовната форма кај двегодишни деца.
Методи: Истражувачите ги испитувале анализите спроведени од примероци на разговорен говор земени со точно по една недела растојание кај три деца на 29 до 33-месечна возраст. Снимените 20-минутни конверзации во форма на игра биле направени додека децата правеле некаква интерактивна активност со нивните мајки. Потоа примероците биле транскрибирани со помош на Меѓународната фонетска азбука (МФА) и биле анализирани со помош на двете неформални мерки наведени погоре.
Резултати: Врз основа на визуелниот преглед на податоците, веродостојноста на тест-ретестираните изведби на почетната согласка и на групи согласки беше нестабилна меѓу двата разговорни примероци. Сепак, фонетските инвентари за последните согласки и анализи на формата на зборовите беа релативно стабилни.
Заклучок: Иако се потребни повеќе податоци, резултатите од оваа студија укажуваат дека академскиот кадар, клиничките едукатори и логопедите треба да бидат претпазливи при толкување на анализите на неформалниот говор засновани на комуникациски примероци базирани на игра кај малите деца.

 

 

Introduction: Within the field of speech-language pathology, many assume commonly used informal speech sound measures are reliable. However, lack of scientific evidence to support this assumption is problematic. Speech-language pathologists often use informal speech sound analyses for establishing baseline behaviors from which therapeutic progress can be measured. Few researchers have examined the test-retest reliability of informal phonological measures when evaluating the speech productions of young children. Clinically, data regarding these measures are critical for facilitating evidence-based decision making for speech-language assessment and treatment.
Objectives: The aim of the present study was to identify the evidence-base regarding temporal reliability of two such informal speech sound measures, phonetic inventory and word shape analysis, with two-year-old children.
Methods: The researchers examined analyses conducted from conversational speech samples taken exactly one week apart for three children 29- to 33-months of age. The videotaped 20-minute play-based conversational samples were completed while the children interacted with their mothers. The samples were then transcribed using the International Phonetic Alphabet (IPA) and analyzed using the two informal measures noted above.
Results: Based on visual inspection of the data, the test-retest reliability of initial consonant and consonant cluster productions was unstable between the two conversational samples. However, phonetic inventories for final consonants and word shape analyses were relatively stable over time.
Conclusion: Although more data is needed, the results of this study indicate that academic faculty, clinical educators, and practicing speech-language pathologists should be cautious when interpreting informal speech sound analyses based on play-based communication samples of young children.


Citation: Wittler KM, Devenez SL. Test-retest reliability of independent phonological measures of 2-year-old speech: a pilot study. J Spec Educ Rehab 2016; 17(3-4):71-88. doi: 10.19057/jser.2016.11

   

Клучни зборови: комуникациски нарушувања, фонетски инвентар, фонологија, говор, патологија на говорниот јазик, анализа на зборовната форма

 


Keywords: communication disorders, phonetic inventory, phonology, speech, speech-language pathology, word shape analysis


Адреса за кореспонденција:
Шари ДЕВЕНЕИ
Department of Special Education
and Communication Disorders,
University of Nebraska at Omaha,
6005 Dodge Street,
512E Roskens Hall, Omaha, NE 68182; САД
Тел: (402) 554-2993, (402)968-6083
Е-пошта: sdeveney@unomaha.edu

 


Corresponding address:
Shari DEVENEY
Department of Special Education
and Communication Disorders,
University of Nebraska at Omaha,
6005 Dodge Street,
512E Roskens Hall, Omaha, NE 68182; САД
Phone: (402) 554-2993, (402)968-6083
Е-mail: sdeveney@unomaha.edu

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in