ТРЕТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ВО РАМКИТЕ НА ESIPP-ПРОЕКТОТ

 

Јасмина ТРОШАНСКА

 

Македонско научно здружение за аутизам
Институт за дефектологија,
Филозофски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Скопје, Република Македонија

 

THIRD TRANSNATIONAL MEETING WITHIN THE ESIPP PROJECT

 

Jasmina TROSHANSKA

 

Macedonian Scientific Society for Autism
Institute of Special Education
Faculty of Philosophy,
Ss Cyril and Methodius University
Skopje, Republic of Macedonia

 

Примено: 01.07.2016
Прифатено: 06.07.2016

 

 

Recived: 01.07.2016
Accepted: 06.07.2016

 

Во периодот од 15 до 16 јуни 2016 година во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа Третиот транснационален состанок на организациите вклучени во ESIPP–проектот (Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting), на кој домаќин беше организацијата Македонско научно здружение за аутизам, која е дел од проектот.
На 15 јуни присутните ги поздрави проф. д-р Лена Дамовска, заменик декан на Филозофскиот факултет и проф. д-р Владимир Трајковски. Потоа, претставниците од Универзитетот во Нортхемптон David Preece заедно со Paul Bramble, кој беше присутен преку Skype, зборуваа за активностите и состојбата со проектниот менаџмент, а David Preece зборуваше и за извештајот за проектот.
Д-р Јасмина Стошиќ од Едукациско-рехабилитацискиот факултет ги запозна присутните со состојбата на спроведената програма на обуките.
Родителите во Р. Хрватска и Р. Македонија покажуваат задоволство од учеството во обуките. Loizos Simeou од Европскиот универзитет од Кипар зборуваше за реализираните и идните активности поврзани со одржливоста на проектот.
Cristina Fernandez од Аутизам Европа н¢ запозна со планот за дисеминација и неговото тековно реализирање, состојбата и посетите на веб-страницата на проектот и социјалните мрежи.
Проф. д-р Владимир Трајковски од МНЗА ги запозна присутните со резултатите од анонимниот прашалник за квалитетот на реализацијата на вториот транснационален состанок кој се одржа во јануари во Кипар. За учеството на родителите и родителските групи зборуваше Julia Hardcastle од Autism Concern.
На 16 јуни, на состанокот се зборуваше за позитивните лични доживувања од соработката на организациите вклучени во проектот, за подоброто запознавање на културните карактеристики на различните држави, за ширењето на нови пријателства како и за подобрувањето на вештините за работа на проект. Потоа, беа прецизирани датумите за идните транснационални средби, а се зборуваше и за текот на подготовките за присуство на XI конгрес на Аутизам Европа под мотото Среќни, здрави, со поголема самодоверба, кој ќе се одржи во септември 2016 во Единбург. Учесниците во ESIPP-проектот ќе учествуваат со постер-презентација на тема Развој на едукацијата на родители за аутизмот во Југоисточна Европа.
Од страна на тимот одговорен за спроведување и евалуација на обуките за родителите на децата со аутизам, беа евалуирани претходните обуки во Р. Хрватска и Р. Македонија и беа презентирани идните теми за следните обуки од страна на Ron Fortuna и Angela Capper.
Покрај работните активности, гостите имаа можност да го посетат Археолошкиот музеј на Филозофскиот факултет и да го запознаат градот Скопје со сите негови убавини и знаменитости.
На 17 јуни 2016 година во ПОУ „Д-р Златан Сремац“ - Скопје, 17 родители на деца со аутизам од различни делови на Р. Македонија, имаа можност да учествуваат во две работилници: Прашања поврзани со проблемите во исхраната и спиењето кај децата со аутизам oдржани од страна на Ron Fortuna и Angela Capper од организацијата Target Autism и Пубертетот и адолесценцијата кај аутизмот одржана од страна на д-р David Preece од Универзитетот Нортхемптон. Исто така, родителите имаа можност да разговараат и со Julia Hardcastle од родителската организација Autism Concern од Нортхемптон.

 

 

In the period from 15 to 16 of June 2016 at the Faculty of Philosophy, the 3rd transnational meeting of organizations including ESIPP-project (Equity and Social Inclusion trough Positive Parenting) was held. The meeting was hosted by Macedonian Scientific Society for Autism.
On June 15, attendees were welcomed by Prof. Dr. Lena Damovska, Deputy Dean of the Faculty of Philosophy and Prof. Dr. Vladimir Trajkovski. Then, representatives from the University of Northampton David Preece with Paul Bramble, who was present via Skype talked about the activities and the state of project management, and David Preece explained the project report.
Dr. Jasmina Stosic from Faculty for Education and Rehabilitation from Zagreb the state of delivery workstream.
Parents from R. Hrvatska and R. Macedonia showed satisfaction from participating in the training. Loizos Simenou from the European University of Cyprus spoke about the realized and future activities related to sustainability of the project.
Cristina Fernandez from Autism Europe presented dissemination plan and its ongoing implementation, visits to the project website and social networks.
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski MSSA informed the results of anonymous questionnaire about the quality of implementation of the second transnational meeting held in January in Cyprus. For the participation of parents and parent groups Julia Hardcastle of Autism Concern presented the current situation.
On June 16, the positive personal experiences from the cooperation between organizations involving the project were stated for better understanding cultural characteristics of different countries, spreading new friendships and improved skills for project work. Also, there were specified dates for future transnational meetings and it was talked about preparations for the next XI European Congress for Autism "Happy, healthy, empowered," which will be held in September 2016 in Edinburgh. ESIPP project will participate in a poster presentation, titled "Developing parent education in autism in South East Europe."
The team, responsible for implementation and evaluation of training for parents of children with autism, evaluated past trainings from R. Croatia and Macedonia and presented future topics for the next training from Ron Fortuna and Angela Capper from Target Autism.
In addition to working activities, the guests had possibility to visit Archaeological museum at Faculty of Philosophy, to meet the city of Skopje with all its beauties and land marks.
On June 17, 2016 in POU "Dr Zlatan Sremac" Skopje, 17 parents of children with autism from different parts of the Republic Macedonia had the opportunity to participate in two workshops, "Issues related to problems in eating and sleep patterns in children with autism," held by Ron Fortuna and Angela Capper from the organization "Target Autism" and "Puberty and adolescence in autism" held by Dr David Preece from the University of Northampton. Also, parents had the opportunity to talk with Julia Hardcastle, parent of two children with autism from the parent organization "Autism Concern" from Northampton.


Адреса за кореспонденција:
Јасмина ТРОШАНСКА
Македонско научно здружение за аутизам
Институт за дефектологија,
Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
Тел; +389-2-3148-834;
факс. +389-2-3118-143
Е-пошта: vicepresident@mssa.org.mk

 


Corresponding address:
Jasmina TROSHANSKA
Macedonian Scientific Society for Autisam
Institute of Special Education, Faculty of Philosophy Bull.
GoceDelchev, no. 9A,
1000 Skopje
Phone: +389-2-3148-834;
Fax: +389-2-3118-143
Е-mail: vicepresident@mssa.org.mk

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in