JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 75864
СТАВОВИ НА ИЗРАЕЛСКИТЕ И СЛОВАЧКИТЕ СТУДЕНТИ-НАСТАВНИЦИ ВО ОДНОС НА ИНКЛУЗИЈАТА НА УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО РЕДОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ: КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА
Цафи ТИМОР1
1Кибуцов колеџ за образование, технологија и уметност, Тел Авив, Израел |
|
ATITUDES OF ISRAELI AND SLOVAK STUDENT – TEACHER TOWARDS THE INCLUSION OF STUDENTS WITH SPECIAL NEEDS IN MAINSTREAM EDUCATION: A COMPARATIVE STUDY
Tsafi TIMOR1
1The Kibbutzim College of Education, Technology &The Arts, Tel-Aviv, Israel |
||
Примено: 16.11.2013 |
|
Recived: 16.11.2013 |
||
|
|
|
||
|
|
|
||
Вовед |
|
Introduction |
||
|
|
|
||
Оваа студија прави споредба на две групи студенти-наставници од Израел и Словачка во однос на ставовите кон посебните потреби и инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. |
|
This study introduces a comparison between two groups of student-teachers from Israel and Slovakia, with regard to attitudes towards special needs and the inclusion of learners with special needs in mainstream education. |
||
|
|
|
||
Преглед на литературата |
|
Literature Review |
||
|
|
|
||
Фактори што влијаат |
|
Factors that affect |
||
|
|
|
||
Ефектот на позитивните ставови на наставниците за успех на инклузивните програми е во голема мера дискутиран во литературата (3). Пронајдена е поврзаност меѓу искуството и позитивните ставови во однос на инклузијата (4). Фактори што влијаат на ставовите на наставниците се: работното искуство, полот, личното искуство со ученици со попреченост и искуството во училниците за посебно образование (5). Значи, наставниците кои не се обучени за посебно образование, инклузијата ја гледаат како штетна (6). Преку учење од искуство, истражувачите упатуваат на експериментално учење, што, пак, е свесен напор да се извлече значење од искуството (7). Наставниците се повеќе наклонети кон инклузија на ученици со не многу сериозни нарушувања, а наклонетоста кон инклузијата на ученици кои покажуваат бихејвиорални и емоционални потешкотии е помала (8). Друг фактор што може негативно да влијае на ставовите во однос на инклузијата е стравот од непознатото, особено кога од наставниците од редовните училишта кои не се обучени да работат со деца со посебни потреби се бара да ги задоволат потребите на овие ученици (9). Winship (10) го истражи ефектот што го имаат трите методологии на ставовите во однос на инклузијата на студентите кои се подготвуваат да бидат наставници: методологија на предавање, интерактивни инструккции, коишто вклучуваат искуство со индивидуите и нивните семејства, и експериментална, интерактивна методологија, што е најефективниот метод за создавање промена во односот на ставот кон лицата со попреченост меѓу студентите кои се подготвуваат да бидат наставници. Освен тоа, беше откриено и дека стекнатото знаење за начелата и законите, како и степенот на самодоверба при подучување на ученици со нарушувања е поврзано со позитивните ставови. Како и да е, полот и возраста немаат влијание на ставовите во однос на инклузијата (11). |
|
The effect of teachers' positive attitudes on the success of inclusion programs has been largely discussed in the literature (3). A link has been found between experience and positive attitude towards inclusion (4). The factors that impact teacher’s attitudes are: teaching experience, gender, personal experience with students with disabilities, and experience in special education classrooms (5). Thus, teachers who are not trained in special education are more likely to view inclusion as detrimental (6). By learning from experience researchers refer to experiential learning, which is a conscious effort to elicit meaning from experience (7). Teachers tend to be more favorable towards the inclusion of students with less severe disabilities and the lower level of tendency towards inclusion is given to students who exhibit behavioral and emotional difficulties (8). Another factor that may negatively affect attitudes to inclusion is fear of the unknown, especially when mainstream teachers with no training on special needs are requested to address the needs of these students (9). Winship (10) explored the effect of three methodologies on pre-service teachers' attitudes towards inclusion: lecture-based teaching methodologies, interactive instruction which incorporates experience with individuals and their families, and experiential, interactive methodology which is the most effective method to create a favorable attitudinal change towards individuals with disabilities among pre-service teachers. |
||
|
|
|
||
Подготовка на инклузивна средина во програмите за обука на наставниците |
|
Preparation for inclusive settings in teacher training programs |
||
|
|
|
||
Како резултат на промената кон поинклузивни училници, институтите и универзитетите за обука на наставници вклучуваат повеќе курсеви за инклузивно образование во нивните наставни планови. Претходни студии тврдат дека нивото на инклузивна практика за време на подготвителната фаза ги одредува инклузивните практики во текот на кариерата (12). Сепак, прашањето дали програмите за наставници нудат соодветна подготовка како дел од нивната програма, останува неодговорено (13). Голем број нови наставници покажуваат страв и возбуда и вината ја префрлаат на програмите за подготовка на наставници (14). Учеството во воведни курсеви за инклузивно образование придонесе за чувството на несигурност и страв кај наставниците, кон нивната самодоверба и позитивните ставови во однос на посебните потреби и кон нивната способност да се справат со проблемот (13, 15). Други студии тврдат дека еден воведен курс има многу мало влијание на способноста на наставникот да имплементира инклузивни практики (16) и на чувствата на наставникот (17), и ја истакнуваат потребата за развој на програма за инклузивни студии во самите програми за подготовка на наставници. Освен академските курсеви, Leatherman и Niemeyer (18) тврдат дека треба постојано да работат со ученици со различни потреби за време на подготвителната фаза. Ова може да се постигне преку посети на училишта во кои има инклузија. Студијата на Hemmings и Woodcock (11) укажува дека значителен број студенти кои се подготвуваат да бидат наставници се чувствуваат неподготвени да учат деца со различни потреби. Авторите воведуваат предлози за студентите кои се подготвуваат да бидат наставници за тоа како подобро да се подготват, како, на пример, искуство во училиште, поинклузивни образовни предмети и стратегиски обуки. Неадекватната подготовка на наставниците се јавува како втора важна бариера за успешна инклузија. |
|
As a result of the shift towards more inclusive classrooms, teacher training institutes and universities include more courses on inclusive education in their curricula. Previous studies argue that the level of inclusive practices during the preparation phase determines the inclusive practices throughout the teaching career (12). However, the question of whether teaching programs offer adequate preparation as part of their program remains unresolved (13). Many new teachers express fear and apprehension and place the blame on the teacher training programs (14). Participation in introductory courses on inclusive education has contributed to the teachers' feelings of uncertainty and fear, to their confidence and positive attitudes towards special needs, and to their ability to cope (13, 15). Other studies claim that a single introductory course has very little impact on teachers' ability to implement inclusive practices (16) and on teachers' feelings (17), and emphasize the need to develop a program for inclusive studies within teaching programs. Apart from academic courses, Leatherman and Niemeyer (18) argue that there should be a hands-on and continuous exposure to students with diverse needs during the training phase. This can be achieved by visits to schools with inclusive settings. Hemmings and Woodcock's study (11) indicates that significant numbers of pre-service teachers felt unprepared to teach learners with diverse needs. The authors introduce pre-service teachers' suggestions on how to better prepare them, such as experience in schools, more inclusive educational subjects, and strategy training. Inadequate teacher training appeared as the second important barrier to successful inclusion. |
||
|
|
|
||
Интернационално истражување за ставовите на студентите кои се подготвуваат да бидат наставници во однос на инклузијата |
|
International research on pre-service teachers' attitudes towards inclusion |
||
|
|
|
||
Компаративната студија на Loreman, Forlin, и Sharma (19) заклучува дека ставовите на студентите кои се подготвуваат да бидат наставници во однос на инклузивното образование се разликува во различни земји (Канада, Австралија, Сингапур и Хонгконг) во три фактори: академски и физички, социјален и бихејвиорален. Студентите кои се подготвуваат да бидат наставници, од сите држави, имаа уште понегативен став во однос на учениците со значителен академски застој. Во однос на академскиот и физичкиот фактор постои јасна поделба меѓу азиските студенти кои се подготвуваат да бидат наставници и нивните канадски и австралиски колеги: во Канада и Австралија ставот во однос на инклузијата на ученици со академски застој и физички нарушувања е подобар отколку во Хонгконг и Сингапур, веројатно затоа што инклузивното образование се практикува подолг период и затоа што наставниците се сретнале со вакви ученици во нивните класови кога тие оделе на училиште (20). Сепак, студентите кои се подготвуваат да бидат наставници од сите држави делат одредени сличности: тие покажуваат најпозитивен став во однос на вклучувањето на ученици со социјални проблеми, а најмалку позитивен за вклучување ученици со проблеми во однесувањето. Ова значи дека тие се помалку наклонети кон вклучување ученици со бихејвиорални проблеми, особено ученици со физичка агресија. Овие резултати се во согласност со претходното истражување (21, 22). Други студии укажуваат на општата загриженост, како, на пример, за времето на наставникот на штета на останатите ученици, големината на класовите, недоволната обука и за недостатокот на ресурси (23). Студиите покажуваат и разлики меѓу културите и нациите во однос на инклузивното образование. На пример, студентите од Јордан кои се подготвуваат да бидат наставници имаат позитивен став, за разлика од нивните колеги во Обединетите Арапски Емирати (24). Инклузијата на ученици со посебни потреби има различни форми во различни држави (25) и понекогаш е поврзано со разликите во концептуалното разбирање. Всушност, Финска и Норвешка, кои се географски блиску, се различни во концептуалните и практичните рамки за инклузијата на учениците со посебни потреби (26): додека посебното образование од финскиот образовен систем се прифаќа како образовна поддршка за учениците со потпросечни постигнувања, и затоа е важно за образовниот систем, во Норвешка културната традиција е да се избегнуваат посебни образовни интервенции затоа што се верува дека интервенциите ја намалуваат способноста на ученикот да партиципира. Слично, еден од најголемите предизвици во норвешкиот образовен систем е да се намали натпреварувањето, додека финското образование го охрабрува натпреварувањето (27). Barton и Slee (28), исто така ги гледаат натпреварувањето и инклузијата како некомпатибилни во училишниот систем. |
|
Loreman, Forlin, and Sharma's comparative study (19) concludes that pre-service teachers' attitudes towards inclusive education differ between countries (Canada, Australia, Singapore, and Hong Kong) across three factors: academic and physical, social, and behavioral. Pre-service teachers from all countries had much less positive attitudes towards students with significant academic delays. On the academic and physical factor there is a clear division between the Asian pre-service teachers and their Canadian and Australian counterparts: in Canada and Australia attitudes towards the inclusion of students with academic delays and physical impairments are higher than in Hong Kong and Singapore, probably because inclusive education has been practiced for longer periods, and the teachers have experienced such students in their classes when they were in school (20). |
||
|
|
|
||
Цели на студијата |
|
Goals of study |
||
|
|
|
||
Целта на оваа студија беше да ги истражи сличностите и разликите во однос на инклузијата на ученици со посебни потреби во редовното образование меѓу две групи студенти-наставници од различни култури: група од 17 израелски студенти-наставници и група од 19 словачки студенти-наставници. Беше направено истражување за нивното знаење, нивните ставови и нивните практики на предавање. |
|
The goal of this study was to explore the similarities and differences with regard to the inclusion of students with special needs in mainstream education, between two groups of student-teachers from different cultures: a group of 17 Israeli student-teachers and a group of 19 Slovak student-teachers. The exploration was conducted on their knowledge, attitudes, and teaching practices. |
||
|
|
|
||
Прашања во истражувањето |
|
Research questions |
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
Методи |
|
Methods |
||
|
|
|
||
Популација на истражувањето |
|
Research population |
||
|
|
|
||
Израелската група се состоеше од 17 студенти-наставници кои учат во програма создадена за студенти кои одлучиле да станат наставници во основни училишта како втора кариера. Сите студенти во оваа група биле од женски пол на просечна возраст од 32 години. По завршување на интензивната двегодишна програма за подготовка, тие добиваат сертификат за предавање во редовни основни училишта со специјализација на еден главен предмет: математика, јазик, наука или библија/еврејска традиција. Оваа година тие одат на пракса и предаваат во основни училишта (сите предмети) еднаш неделно, додека наредната година ќе се фокусираат на еден од главните предмети. На секој пар студенти му се одредува еден клас во којшто предаваат еден час дневно и го набљудуваат нивниот професор во текот на останатиот дел од денот. Педагошкиот инструктор ги набљудува студентите додека предаваат неколкупати во текот на академската година, а главниот професор ги набљудува студентите секоја недела.
Израелската група учествуваше во курс чиј фокус беше нарушувања во учењето и инклузија на ученици со посебни потреби во редовното образование. Со курсот беа покриени следниве теми: разлики меѓу нарушувања во учењето и тешкотии; невроразвојните основи за ЛД; посебни стратегии на предавање за ученици со посебни потреби; дијагностицирање на посебните потреби. |
|
The Israeli cohort consisted of 17 student-teachers who study in a program designated for academics who have made a decision to become teachers of elementary schools as a second career. All the students in this specific cohort were female and their average age is 32. Upon completion of an intensive two-year training program they receive a teaching certificate for mainstream elementary schools with a specialization in one core subject: Mathematics, Language, Science, or Bible/Jewish tradition. This year they do generic practice teaching in elementary schools (in all subjects) once a week, while next year they will focus on one of the core subjects. Each pair of students belongs to a practice teaching class where they teach one lesson per day and observe the Master teacher the rest of the time. The pedagogical instructor observes the students teaching several times during an academic year, and the Master teacher observes them every week. |
||
|
|
|
||
Методологија и анализа на резултатите |
|
Methodology and analysis of findings |
||
|
|
|
||
Поради интерпретативната природа на студијата, беше избрана квалитативна парадигма, затоа што дозволува целосно да се разбере феноменот и да се создадат индивидуални профили во рамките на групата (29). Деталната анализа на содржината на резултатите (30), што беше применета во студијата, се базираше на неструктуираната и отворената коресподенција по електронска пошта меѓу студентите-наставници на тема: Инклузија на ученици со посебни потреби во редовното образование. Содржината на електронската пошта беше категоризирана според трите прашања за истражување, додека главната цел беше да се овозможи нов начин на гледање (31) со нов пристап на споредување на двете групи студенти-наставници од различни држави. |
|
Due to the interpretative nature of the study, the qualitative paradigm has been chosen becauseit allows for understanding of a phenomenon in its entirety, and for the creation of individual profiles within a group (29). The conventional content analysis of the findings (30) which was applied in the study was based on the student-teachers' unstructured and open-ended email correspondences on the topic The Inclusion of Students with Special Needs in Mainstream Education. The content of the email correspondence was categorized according to the three research questions inductively, while the main goal was to allow new insights to emerge (31) with a novel approach of comparing between two groups of student- teachers from different countries. |
||
|
|
|
||
Процедури на истражувањето |
|
Research procedures |
||
|
|
|
||
Авторите се колеги кои се запознаа на конференција во Нитра, Словачка, во септември 2012 година и решија да спроведат заедничко истражување со нивните класови. И двајцата автори се методолози во програмите за подготовка на наставници. Двете групи беа студенти од класовите на авторите, значи, нееднаков број учесници. Согласноста од студентите-наставници за учество во оваа студија беше добиена од двајцата инструктори во нивните класови, објаснувајќи им ги можните лични и професионални добивки од оваа тековна, виртуелна средба. Студентите беа поделени во 15 пара и две мали групи со по тројца студенти (еден Израелец, двајца Словаци). Комуникацијата на паровите беше преку електронска пошта и во некои случаи на скајп (разговорите беа транскрибирани). Пред почетокот на проектот, групите требаше да прочитаат статија за предавање во хетерогени класови.
|
|
The authors are colleagues who met at a conference at Nitra, Slovakia, in September 2012 and decided on a joint research with their classes. Both authors are methodologists in Teacher Education Prоgrams. The two cohorts were the students in the authors' classes, thus, the unequal numbers of participants. The consent from the student-teachers to participate in this study was obtained by the two instructors in their respective classes, by explaining the possible personal and professional benefits from this ongoing, virtual encounter. The students were divided into 15 pairs and 2 small groups of 3 students (1 Israeli, 2 Slovaks). The communication in the pairs was carried out by e-mail correspondences and in some cases by Skype (chats were transcribed). Before commencing the project the groups had to read an article on the subject of teaching in heterogeneous classrooms.
|
||
|
|
|
||
Резултати |
|
Findings |
||
|
|
|
||
Како што е опишано погоре, додека израелските студенти-наставници имаат целогодишно искуство во хетерогени класови и поминуваат по еден ден неделно на пракса, словачките студенти-наставници поминуваат четири интензивни недели пракса за време на академската година. Сепак, следните два цитата укажуваат на сличности меѓу студентите од двете групи: тие покажуваат ентузијазам за подучување ученици со посебни потреби како и задоволство од нивната професија:
Б. Ставови во однос на посебните потреби и инклузијата |
|
As depicted above, while the Israeli student-teachers have a year-long teaching experience in heterogeneous classes, and spend one day every week in their practice teaching, the Slovak student-teachers spend four intensive weeks of practice teaching during the academic year. Yet, the next two citations indicate a similarity between students from the two groups: they expressed enthusiasm towards teaching pupils with special needs as well as satisfaction from the teaching profession:
My Master teacher did not tell me at the beginning of the year which pupils have learning disabilities as she wanted me to identify them by myself. In my class there are two very clear cases of children with special needs. Those boys could hardly sit down; they kept walking around and interrupting their friends. We did not give up on them, not even for a single moment. After they had been diagnosed with ADHD they started taking Ritalin, and now we can see how smart they are. These are the moments when I feel grateful to be part of the teaching profession. (Israeli)
In contrast, the Israelis feel more prepared as they had a much more intensive practice teaching and studied a yearly academic course on inclusion and learning disabilities:
The citations below of the Israeli student-teachers express positive attitudes towards inclusion and awareness of the teacher's role in this respect: |
||
|
||||
В. Инструкции во хетероген клас
1.1Хомогени групи.На нашата обука го поделивме класот во хомогени групи според способност. Ова му дава можност на наставникот да им овозможи на подобрите групи да напредуваат со наставниот материјал додека тој може да работи со послабите групи. (Израелец)
Во моите набљудувања на класот заблежав дека техниката „еден на еден“ со помош на дефектолог за време на обичен час, е од помош. Дефектологот ги повторува инструкциите на наставникот за време на часот и ги објаснува задачите што треба да се завршат. (Израелец)
4.1 Јас создадов„центар за учење“за мојот клас. Центарот содржеше многу демонстрации, игри, алатки и активности презентирани на различно ниво. Центарот на учење е многу поинаков од фронталното подучување. Ги вклучува учениците во различни активности, и тие работат со сопствена брзина. Бев изненаден колку им се допаднаа активностите на децата. Беше убаво да се види како слабите ученици имаа насмевка на своите лица и искри во нивните очи... (Израелец)
5.1 Хетерогеноста на учениците се базира на празнина меѓу потенцијалната способност за учење и изведувањето. Затоа, јас подготвив профил на „мој“ ученик, што се состои од неговите јаки страни и слабости за да можам да му помогнам на најсоодветен начин. (Израелец)
Се согласувам дека да се биде поинаков може да го направи ученикот тажен. Сепак, ученикот треба да ја прифати ситуацијата за да бара од наставникот помош. Речиси е невозможно да им се помогне на учениците со посебни потреби без да се направи тие да се чувствуваат дека се поинакви, но најважно е да им се покаже дека поинакво не значи лошо или слабо. (Словак)
Еден ученик одби да соработува и покрај моите напори да го инспирирам. Се обидов да го ангажирам давајќи му лесни и исполнителни задачи. Го фалев кога ќе направеше нешто добро со цел да го мотивирам. На крајот од вториот час тој дури еднаш се јави да одговори на едно од моите прашања. (Словак)
Емпатијата е една од најважните елементи во работата со деца, особено оние со посебни потреби. Врската меѓу наставниците и учениците треба да вклучува балансирана комбинација на почит, доверба и дисциплина. Позитивните интеракции ќе ги охрабрат учениците да учат и да успеат. (Израелец)
9.1 Да им се дозволи на успешните ученици да им бидат „наставници“ на слабите ученици е „победничка“ ситуација. На успешните ученици не им е здодевно и постојано се ангажирани да ги активираат другите. Тие можат да ги објаснуваат наставните материјали и да помагаат во индивидуалната и групната работа. Наставникот ќе ја набљудува работата и ќе нуди помош кога е тоа потребно. (Словак) |
|
One Israeli student-teacher wrote: I believe it is important to have heterogeneous classes because that's the way it works in real life. Indeed, the student-teachers from the two groups understood the need to develop strategies in order to cope with heterogeneity in class. The variety of their ideas was categorized into teaching strategies:
1.1 Homogeneous groups: In our training class we divided the class into homogenous ability groups. This allows the teacher to let the stronger groups advance with the learning material while s/he can work more closely and slowly with the weaker groups. (Israeli) 1.2 Mixed-ability groups: I would like to emphasize the role of the class in the learning process. It is not enough that the teacher helps students with special educational needs. If pupils treat them as equal members of the group, there is much chance for the student to allign with the rest of the class . (Slovak) 2. Awareness towards learning styles:
In my class observations I noticed that the "one-on-one" technique by a special education teacher during an ordinary lesson is helpful.This teacher repeats the teacher's instructions during the lesson, and explains the tasks that need to be performed in the lesson. (Israeli)
4.2 In a real life classroom you have students of different levels and needs. This is why the teacher should always be prepared and have activities for all types of learners. (Slovak)
I agree that to be different can be a sad feeling for a pupil. However, the learner has to acknowledge the situation in order to ask the teacherfor help... it is almost impossible to help students with special needs without making them feel that they are different, but most importantly is to show them that different does not mean bad or weak.(Slovak)
One student refused to to cooperate despite all my efforts to inspire him. I tried to engage him by giving him easy and rewarding tasks. I praised him when he did something well in order to motivate him. At the end of the second lesson he even raised his hand once to answer one of my questions. (Slovak)
Empathy is one of the most important elements in working with children, especially those with special needs. Relationships between teachers and students should involve a balanced combination of respect, trust, and discipline. Positive interactions will encourage students to learn and succeed. (Israeli)
9.1 Allowing successful achievers become “teachers” for weak pupils is a 'win-win' situation. Successful students do not become bored and are permanently engaged in activating others. They can explain teaching materials or help with individual or group tasks. The teacher will monitor the classwork and offer help where necessary.(Slovak) |
||
|
|
|
||
Анализа на резултатите |
|
The analysis of the findings |
||
|
|
|
||
Моменталната студија имаше за цел да ги истражи сличностите и разликите меѓу две групи израелски и словачки студенти-наставници за нивното знаење, за ставовите и практиките во однос на инклузијата на ученици со посебни потреби во редовното образование. Друг начин да се објаснат овие резултати е дека слично на разликите на начинот на кој дефектологијата беше сфатена во Норвешка и Финска (26), инклузијата може да се смета поинаку во Израел и Словачка од страна на оние што ги донесуваат прописите и од едукаторите. Ова може да потекнува од историјата на Израел и Словачка и нивната историја на образованието. Во Израел, инклузијата на лица со нарушувања во образовниот систем и во општеството игра важна улога во јавниот и образовниот дискурс. Од словачките објави, сепак, изгледа дека тоа не е случај во Словачка. Како последица на ова, студентите-наставници во двете групи можеби ја разбраа темата и концептите што требаше да ги дискутираат поинаку, и овие концептуални разлики можеби создадоа „лажна сличност“ во нивните одговори. |
|
The current study aimed at exploring the similarities and differences between two groups of Israeli and Slovak student-teachers on their knowledge, attitudes, and teaching practices with regard to the inclusion of students with special needs in mainstream education. One way to resolve these findings is by looking at the content knowledge represented in the Slovaks' posts. Although the Slovaks have not acquired the formal language on special education, their posts demonstrated knowledge on topics which are related to teaching in heterogeneous classes, and were part of their Methodology course. These topics are presented in the last part of the findings: Instruction in heterogeneous classes. Some of the topics are: mixed-ability groups and their social implications; the adaptation of teaching strategies to the diversity of learning styles; social aspects of the learning process. These findings indicate a new direction of thought by which Methodology courses which address learning, teaching, and classroom management, can enhance awareness towards special needs and lead to positive attitudes on inclusive education without officially pertaining to the category of designated special education courses. Another way to account for these findings is that similarly to the difference in the way special education is perceived in Norway and in Finland (26), inclusionmay be perceived differently in Israel and Slovakia by policy-makers and educators. This may derive from the history of Israel and Slovakia and their history of education. In Israel, the inclusion of individuals with disabilities in the educational system and in society plays an important role in public and in educational discourse. From the Slovaks' posts, however, it appears that this is not the case in Slovakia. Consequently, student-teachers in the two groups may have understood the topic and the concepts they had to discuss differently, and these conceptual differences might have created a 'false similarity' in their answers. |
||
|
|
|
||
Ограничувања и предлози за понатамошни истражувања |
|
Limitations and suggestions |
||
|
|
|
||
Главното ограничување на оваа студија е малиот број на учесници. Друг проблем е разликата во просечната возраст (Израелци 30+, Словаци 20+), што може да се рефлектира на нивната визија за инклузијата. Понатаму, бидејќи авторите беа и инструктори на курсот, учесниците беа во голема мера поттикнати да учествуваат во студијата. |
|
The main limitation of this study is the small number of participants. Another issue is the difference in the average age of the participants (Israelis 30+, Slovaks 20+) which may be reflected in their inclusive vision. Further, as the authors were also the instructors in the course, the participants were, to a great extent, urged to take part in the study. |
||
|
|
|
||
Конфликт на интереси Авторите изјавуваат дека немаат конфликт на интереси. |
|
Conflict of interests Authors have no conflict of interests. |
||
|
|
|
||
Citation: Timor T, Hartanska J. Atitudes of Israeli And Slovak Student – Teacher Towards the Inclusion of Studentd with Special Needs in Mainstream Education: a Comparative Study. J Spec Educ Rehab 2014; 15(1-2):7-23. doi: 10.2478/JSER-2014-0001 |
||||
Article Level Metrics |
||||
Литература/ References |
|
|
||
|
|
|
||
|
|
|
||
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE