НЕДЕЛА НА ОТВОРЕН ПРИСТАП

 

Ана ПЕТКОВСКА

 

Студент на постдипломски студии

Институт за дефектологија,

Филозофски факултет

 

MARKING THE OPEN ACCESS WEEK

 

Ana PETKOVSKA

 

Master degree student

Institute of Special Education and Rehabilitation

Faculty of Philosophy

 

Примено: 22.11.2012

Прифатено: 26.11.2012

 

UDK: 37.014.1:004.738.5(083.9) (049.3)

 

 

 

 

Recived: 22.11.2012

Accepted: 26.11.2012

 

Оваа година по трет пат се организираше Не­де­ла на отворен пристап со што се при­до­не­су­ва кон подигање на јавната свест за от­во­ре­ни­от ­пристап во науката. Настанот се одржа на 24 oктомври во салата за превод и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје. Свои пре­зентации на овој настан имаа: Димитар По­пов­ски – докторанд на отсекот за ин­фор­ма­цис­ки науки во Загреб, проф. д-р Владимир Трај­ков­ски – главен и одговорен уредник на спи­са­ние­то „Дефектолошка теорија и практика“ (ДТП), како и Ирина Шумадиева и Сеад Џи­гал, координатори на проектот Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија.

На самиот почеток Димитар Поповски ја ис­так­на целта на овој настан, а тоа е про­мо­ви­ра­ње на отворениот пристап во Р. Македонија и по­дигнување на свеста за академското пу­бли­ку­ва­ње со отворен пристап. Недела на от­во­рен пристап всушност  е манифестација што се случува во целиот свет. Вкупно 170-180 зем­ји во моментот организираат ваков тип на нас­та­ни. Димитар Поповски во своето из­ла­га­ње го истакна македонското списание за хе­ми­ја и хемиско инженерство како „онлајн“-спи­са­­ние со највисок импакт-фактор во Ма­ке­до­ни­ја и продолжи со презентација на алатките ,,Зо­­те­ро“ и ,,Менделеј“ кои претставуваат „он­лајн“-ме­на­џери за организација и споделување на ис­тражувачките ресурси. Проф. д-р Владимир Трајковски на при­сут­ни­те им се обрати со темата Open Journal System на Филозофски факултет кој претставува сис­тем за управување и објавување на списанија, раз­­­виен од Public Knowledge Project (PKP). OJS е дизајниран специфично да помогне на ис­­тра­жувачите и факултетите во пу­бли­ку­ва­ње­то на рецензирани списанија од отворен прис­тап. Проф. Трајковски во понатамошното из­­ла­гање ја објасни целта на ОЈС, потребата и ка­рактеристиките на ОЈС, неговата флек­си­бил­­ност и предност.

Потоа следуваше презентација од Ирина Шу­ма­дие­ва и Сеад Џигал за придонесот на Ме­та­мор­фо­зис во областа на отворениот пристап и от­во­ре­ни­те образовни ресурси, во ис­так­ну­ва­ње на раз­виените алатки и содржини кои мо­жат сè уш­те да се користат од заи­нт­ер­е­си­ра­ни­те страни.

За сите кои не беа во можност да при­сус­тву­ва­ат на овој настан беше обезбеден видеостри­минг.

 

For third time this year, the Open Access Week was organized, thus contributing to raising public awareness of open access in science. The event took place on 24th October at the hall for translation and interpretation at the Faculty of Philology in Skopje. Presenters at this event were: Dimitar Popovski, doctoral student at the Department of Information Science in Zagreb, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, Editor in Chief of Journal of Special Education and Rehabilitation (JSER) and Irina Shumadieva and Sead Dzigal, project coordinators of “Open Educational Resources initiatives in the Republic of Macedonia”.

At the beginning, Dimitar Popovski stressed the purpose of this event which is promoting Open Access in the Republic of Macedonia and raising awareness of open access academic publishing. Open Access Week is, actually, a world-open access week and this event is happening in a total of 170-180 countries. In his speech, Dimitar Popovski emphasized the Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering as an online journal with the highest impact factor in Macedonia and continued with the presentation tools “Zotero” and “Mendeley”  which represent online managers for organizing and sharing research resources. Prof. Dr. Vladimir Trajkovski addressed the attendees with the topic Open Journal System (OJS) of Philosophy which is a system for managing and publishing journals, developed by Public Knowledge Project (PKP). OJS is designed specifically to help researchers and faculties in the publication of peer-reviewed Open Access Journals. Further, Prof. d-r Trajkovski explain the purpose of the OJS, the need and the characteristics of the OJS, its flexibility and its advantages.

At the end, there was a presentation by Irina Shumadieva and Sead Dzigal for Metamorphosis contribution in the field of open access and open educational resources, which highlighted that the developed tools and content are still used by stakeholders.

A video streaming was provided for those who were not able to attend the event.

 

 

 

Адреса за кореспонденција:

Ана ПЕТКОВСКА

Ул. Моша Пијаде, бр. 99, 1300 Куманово

Република Македонија

Е-пошта: ana.petkovska@defektologija.org

 

 

Corresponding Address:

Ana PETKOVSKA

Mosha Pijade St., No. 99, 1300 Kumanovo

Repubilc of Macedonia

E-mail: ana.petkovska@defektologija.org

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in