JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 66821
ДИЈАГНОЗА И ТЕРАПИЈА НА МОТОРНОТО НАРУШУВАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ
Нели ВАСИЛЕВА
Универзитет „Св. Климент Охридски“, |
|
DIAGNOSIS AND THERAPY OF MOTOR DISTURBANCES IN CHILDREN WITH AUTISM
Neli VASILEVA
University "St. Kliment Ohridsky" |
Примено: 03.06.2012 |
|
Recived: 03.06.2012 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Проблемите кои ја опкружуваат етиологијата, дијагнозата и терапијата на аутизмот кај раната детска возраст се особено привлечни за специјалистите на различни полиња за истражување - медицина, психологија, педагогија и логопедија. Овој неодамнешен интерес може да потекнува од препознавањето на зголемената појава на аутизам и неговиот општ карактер. Секое дете со аутизам има комбинација на повеќекратни симптоми кои носат предизвик за дијагностицирање и бараат разбирање за различните карактеристики кај секое дете од оние што се јавуваат кај другите слични форми на нарушен детски развој. Недоволното знаење за широкиот спектар на недостатоци е една од причините за дијагностичките грешки што е причинител на тешкотиите во развојот на соодветни терапевтски стратегии во когнитивни, бихевиорални, лингвистички и моторни категории. Целта на овој труд е да се анализираат теориите кои го објаснуваат аутизмот и неговата класификација, да се искористат дијагностичките критериуми на тие теории, да се разбере и проучи природата на моторните нарушувања кај аутизмот и да се изградат конкретни упатства за моторната терапија. |
|
Issues surrounding the etiology, diagnostics and therapy of early childhood autism have a special attraction to specialists in various research fields – medicine, psychology, pedagogy and speech therapy. This recent interest may derive from recognition of the increasing prevalence of autism and its generalized character. Each child with autism has a combination of multiple symptoms that provide challenges to diagnosis and require understanding how each child’s traits are different from those that occur in other but similar forms of disturbed childhood development. An insufficient knowledge of the wide spectrum of deficiencies is one of the reasons for diagnostic mistakes, and this in turn causes difficulties in developing adequate therapy strategies in cognitive, behavioral, linguistic and motor categories. The aim of this article is to discuss one of the theories explaining autism and its classification, and to use the diagnostic criteria of this theory to understand and explore the nature of the motor disturbances in autism, while furnishing concrete guidelines for motor therapy. |
|
|
|
Аутизам во раното детство – симптоматични и етиолошки концепти |
|
Early childhood autism – symptomatic and etiological concepts |
|
|
|
Терминот „аутизам“ беше воведен во психологијата во 1928 од страна на Eugen Bleuler, како образложение на специфичниот тип на размислување, кое е определено со афектите (1). Тој го покажа начинот на размислувања на аутистите како независна форма на реалноста и логичните правила. Понатаму, Leo Kanner (2) опиша група од 11 деца кои се разликуваа според нивната специфична отуѓеност од предметите и луѓето. Тие не демонстрираат желба за комуникација. Тие не ги разбираат емоциите на луѓето и однесувањето и не беа способни да користат говор како средство за комуникација. Овие деца поседуваат уникатен репертоар да повторуваат стереотипни однесувања. Kanner го нарече синдромот аутизам во раното детство, нагласувајќи ја раната возраст на овие деца и нивната неспособност да се поврзат со луѓе и ситуации по природен пат. Тој ги категоризираше различните манифестации на овие деца во три основни групи на симптоми: група I – аутистично однесување (екстремна самотија со неспособност да се постави емотивен контакт); група II – стереотипно однесување со специфично моторно нарушување; група III – специфични недостатоци и развојна говорна ретардација.
Оттука, работите кои доведоа до емотивно нарушување кај аутизмот ќе ја одредат специфичната комбинација на говорно-лингвистички, когнитивни, перцептивни и моторни симптоми. Местото на емотивната патологија во клиничката презентација на аутизмот е поддржано со неврофизиолошки откритија за функционалните абнормалности во структурите на медијалниот церебрален темпорален лобус (18), области поврзани со регулацијата на емотивните реакции и меморијата. Поради тоа, невролошките експериментални податоци ја потврдуваат теоријата за емотивната природа на аутизмот, според која поединецот мора да ги анализира недостатоците во главните развојни домени.
|
|
The term ‘autism’ was introduced in the psychology in 1928 by Eugen Bleuler as a description of specific type of thinking, which is determined by affects. (1) He illustrated the autistic way of thinking as independent from the reality and the rules of logic. Further, Leo Kanner (2) described a group of 11 children, who were distinguished by their specific alienation from objects and people. They did not demonstrate a wish to communicate. They did not understand people’s emotions and behavior and were not able to use speech as a means of communication. These children possessed a unique repertoire of repeated stereotyped behaviors. Kanner named the syndrome ‘early childhood autism’, marking the early age of these children and their inability to connect with people and situations in a natural manner. He categorized the various manifestations of these children into three basic symptom groups: Group I – autistic behavior (extreme solitude with inability to establish emotional contact); Group II – stereotyped behavior with specific motor disturbances; Group III – specific disabilities and speech development retardation.
Thus, things that lead to the emotional disturbance in autism will determine the specific combination of speech-lingual, cognitive, perceptive and motor symptoms. The place of emotional pathology in the clinical presentation of autism is supplemented by neurophysiologic findings for functional abnormalities in structures of the medial cerebral temporal lobe (18), areas associated with the regulation of emotional reactions and memory. Therefore, neurological experimental data confirm the theory of the emotional nature of autism, according to which one has to analyze the impairments in the main developmental domains.
|
|
|
|
Дијагностички аспекти на моторните нарушувања кај децата со аутизам |
|
Diagnostic aspects of motor disturbances in autistic children |
|
|
|
Како што беше споменато, синдромот на аутизам не само што покажува таканаречени промени на нивоата и надмината формација, но и доцно созревање на едноставните и комплексните функции. Во овие рамки, специфичното доцнење во локомоторните функции во раната возраст, како и доцнењето во развојот на рутинските навики е евидентно кај претучилишна и училишна возраст. Сепак, во современата класификација на ICD-10 и DSM–IV, специфичните моторни нарушувања не се помеѓу водечките дијагностички критериуми. |
|
As has been mentioned, the autistic syndrome only demonstrates the so-called shifting of the levels and exceeding formation, but late maturation of simple and complex functions. In these frameworks, specific delay in the loco-motor functions at an early age) as well as delay in the development of routine habits in preschool and during school age is evident. However, in contemporary classifications as ICD-10 and DSM–IV, specific motor disturbances are not among leading diagnostic criteria. |
|
|
|
Прва група со аутизам |
|
First group in autism |
|
|
|
Во оваа група, најтешкиот степен на генерализирани развојни симптоми се појавува во почетокот на првата година преку: замрзнат и статичен поглед; „лице на принц“; концентрација на блескави ламби и свеќи; недостиг на реакција при глад, студено, болка; недостиг на изразување на задоволство/неудобност и неможноста да прифатат ситуација. По проодувањето, многу често се појавува паткање на прсти. Детето често би правело случајни движења - лазење, тркалања и качување по мебелот без да падне или да се удри, што покажува добра моторна координација. Карактеристиките на нарушеното ниво на емоции ќе го дефинира полето на однесување и отсуството на активна манипулација без елементите на играње и навиките за самопослужување. Детето ќе ги копира изолираните движења, но ќе биде практично неспособно за управување со секвенција на одредени моторни навики, вклучувајќи го и држењето на позиција или повторување на последователни движења. Оваа група ќе покаже тешки нарушувања и фини моторни вештини, основани на мускулниот хипотонус. |
|
In this group, the most severe degree of generalized developmental symptoms appear in the beginning of the first year with: frozen and static eyesight; ‘prince face’; concentration upon glowing lamps or candles; lack of reaction to hunger, cold, pain; the lack of expression of pleasure/discomfort; and the lack of embrace position. After toddling, very often toe-walking will appear. The child will make regular random movements – crawling, rolling over, and climbing furniture, without falling or hitting, which shows good motor coordination. The characteristics of the disordered emotional level will define field behavior and the absence of active manipulation with objects. The second year will be again marked by persisting random movements with no game-playing elements and habits for self serving. The child will copy isolated movements, but will be practically incapable of mastering the sequence of particular motor habits, including holding a position or repeating consequent movements. This group will display severe disorders in gross and fine motor skills, based on muscle hypotonus. |
|
|
|
Втора група со аутизам |
|
Second group in autism |
|
|
|
Оваа група покажува апсолутно негирање на околината со задоцнувања во развивање на говорот, нарушувања во артикулацијата и артикулациски мускулен хипотонус. Тие демонстрираат здрвени, несмасни, роботски движења, имаат недостиг на координација и рефлексивен говор кој звучи како пеење и вклучува пелтечење со големи говорни шеми. Овие деца манифестираат тешкотии при управување на секојдневните навики, што се спроведуваат преку буквално манипулирање на рацете на децата. И покрај генералната здрвеност и несмасност, некои делови на телото (во многу случаи рацете) произведуваат комплексни и грациозни движења, особено при монотоното манипулирање на објектите. |
|
This group demonstrates an absolute denial of the environment with delays in language development, articulation disorders and articulation muscle hypotonus. They demonstrate stiff, clumsy, robot-like movements, lacking coordination and reflecting speech, which sounds like a chant and involves stuttering with overwhelming speech patterns. These children manifest difficulty in mastering everyday habits, which are to be taught by literally manipulating the child’s hands. Despite general stiffness and clumsiness, some parts of the body (in most cases the hands) produce complex and graceful movements, especially when monotonously manipulating objects. |
|
|
|
Трета група со аутизам |
|
Third group in autism |
|
|
|
Оваа група покажа специфично однесување со стереотипен интерес за конкретни предмети или теми, но полесна адаптација, поради послабо манифестирање на синдромот на аутизам. Оваа група има само слаби карактеристики на шизофренија и манифестирање на аутизам. Оваа варијација е синдромот на Asperger. Во текот на првата година, детето манифестира посилен мускулен тонус и отпорност на прифаќање. Брзите движења, комбинирани со брз говор со диспнеа и прескокнување на звуци и зборови. Децата се несмасни во нивните активности, со нарушена координација, тешкотии во грубата и фината моторика со несмасно и тешко движење. Симптомите за асинхронија во развојот се најсилно изразени во оваа група – интелектот е релативно добро развиен, спротивно на високите латентни секојдневни рутински навики поврзани со самопослужувањето. |
|
This group demonstrates specific behaviors with stereotyped interest in concrete objects or topics, but easier adaptation, because of the lower expression of the autistic syndrome. This group has only weak features of schizophrenia and expressions of autistic psychopathy. This variation is Asperger syndrome. During the first year, the children manifest a higher muscle tonus and resistance when embraced. Rapid movements, combined with quick speech with dyspnoea and skips of sounds and words. The children are clumsy in their actions, with impaired coordination, difficulties in gross and fine motor skills with a clumsy and heavy manner of walking. The symptoms for asynchrony in development are most demonstrated in this group – the intellect is relatively well developed, contrasting with the highly latent everyday routine habits, related to self-serving. |
Четврта група со аутизам |
|
Fourth group in autism |
|
|
|
Оваа група може да биде сфатена како специфична форма на основни развојни аномалии. Ова е помалку сериозна форма на аутистична патологија. Во текот на првата година, децата покажуваат послабо развиен мускулен тонус и слаба реакција на физичката неудобност. Движењата се несмасни, прекинати и несигурни, комбинирани со ретардација во говорот, интелектот и моторните вештини. Овие деца се физички слаби и лесно се заморуваат. Недостигот на постепено сменување на изразите, слично на менување на различни маски, е карактеристично за начинот на кој тие се служат со мимики. Нивниот говор е ретардиран, со типично намалување на гласот на крајот на фразите. Децата имаат голема тешкотија со управување на моторните движења - тие не успеваат да имитираат, често се збунети и не успеваат да ја разберат смислата на нивните движења. |
|
This group could be viewed as a specific form of constitutional developmental anomaly. This is a less serious form of the autistic pathology. During the first year, children manifest a lowered muscle tonus and weak reactions of physical discomfort. The movements are clumsy, disruptive and unconfident, combined with retardation in speech, intellect and motor skills. These children are physically weak and easily tired. The lack of gradual shifting of expressions, resembling changing of different masks, is characteristic for the way they mimic. Their speech is retarded, with a typical lowering of voice at the end of phrases. The children have great difficulty mastering motor habits – they fail to imitate, are often confused, and fail to understand the sense of their movements. |
|
|
|
Во целост, специфичните моторни недостатоци на децата со аутизам вклучуваат инсуфициенција на груба моторика, недостиг на координација на екстремитетите, нарушување на мускулниот тонус, нарушувања во одењето, стереотипни движења на типот на атетоза со карактеристики на автономна стимулација и фини нарушувања на моторните вештини комбинирани со нарушувања на усните мускули (џвакањето на тврда храна станува возможно на 2, односно 3 годишна возраст). |
|
In summary, the specific motor deficits of autistic children include gross motor insufficiency, a lack of limb coordination, impairment of muscle tonus, disorders in walking, stereotyped movement of an athetosis type with characteristics of auto-stimulation, and fine motor skills impairment combined with mouth muscle disorders (chewing of hard food becomes possible at an age of 2-3). |
|
|
|
Табела 1. Основни моторни вештини кај |
|
Table 1. Basic motor skills in autistic |
|
|
|
Тема: лична хигиена – конкретни вештини:
Тема: користење на тоалет – конкретни вештини:
Тема: јадење – конкретни вештини:
Тема: облекување – конкретни вештини:
Тема: обување чевли – конкретни вештини:
обување чевли со патент или лепенки. |
|
Topic: personal hygiene - concrete skills:
Topic: using the rest-room – concrete skills:
Topic: eating – concrete skills:
Topic: dressing – concrete skills:
Topic: putting shoes on – concrete skills:
Putting on shoes with zippers or stickers. |
|
|
|
|
|
|
Содржина на терапијата за моторни движења на децата со аутизам |
|
The contents of motor therapy in autistic children |
|
|
|
Емпириски докажаната уникатност на децата со аутизам бара нетрадиционални пристапи, бидејќи методите кои имаат ефект кај децата со недостатоци, едноставно немаат ефект врз децата со аутизам. |
|
The empirically proven uniqueness of the autistic children requires untraditional approaches, since methods that work well in children with other disorders, simply do not work in cases of autism. |
|
|
|
Заклучок |
|
Conclusion |
|
|
|
За разлика од недостатоците кај другите развојни полиња на децата со аутизам, психомоторните симптоми се помалку дискутирани и не се сметаат за една од водечките манифестации на патологијата на аутизмот. Целта на овој труд е да се привлече вниманието на специјалистите за карактеристиките на симптомите и да се потенцира нивното значење за процесот на дијагнозата и терапијата. Во некои случаи, дијагнозата е помалку сложена за разлика од разработувањето на терапевтските упатства. Ова ја објаснува потребата да се воведат стратегии за моторна корекција кај децата со аутизам - физичка пракса, вежби за развивање на грубите и фините моторни вештини, имитирање на движења и манипулации со предмети и изведување на инструкции. Свеста за психо-моторните симптоми кај децата со аутизам има конструктивен ефект на прецизната дијагноза за секој случај и развој на ефективна моторна терапија. |
|
Unlike the deficiencies in other developmental fields of the autistic children, the psychomotor symptoms are less commonly discussed and are not considered one of the leading manifestations of the autistic pathology. The aim of the paper is to draw the attention of the specialists on the symptoms’ specifics and to emphasize their importance for the processes of diagnosis and therapy. In some cases, the diagnosis is rather less complex than the elaboration of therapy guidelines. This explains the need to present strategies for motor correction in autistic children – physical practice, exercises for developing the gross and fine motor skills, the imitation of movements and manipulations with objects, and the performance of instructions. Awareness about the psychomotor symptoms in children on the autistic spectrum has a constructive effect on the precise diagnosis of each case and the development of effective motor therapy. |
Citation: Vaslieva N. Diagnosis and Therapy of Motor Disturbances in Children with Autism. J Spec Educ Rehab 2012; 13(3-4):55-68. doi: 10.2478/v10215-011-0025-3 |
||||
Article Level Metrics |
||||
Референци/Refferences: |
|
|
||
|
|
|
||
1. Bleuler E. Das autistisch-undisziplinierte Denken in der Medizin und seine Überwindung.
2. Kanner L. Autistic disturbances of affective contact. Acta Paedopsychiatr
3. Vasileva NC. Problemi na rannata diagnostika na autisma. In: Boyanova V. editor. Teoretichni i diagnostichni aspekti na generalisiranite rasstroistva na razvitieto. Sofia (S); 2006; 67-74.
4. Nikolskaya OS. Problemuy obucheniya autichnuih detey. Defektologiya 1997; 4:55-68
5. Haustov АV. Issledovanie kommunikatinuih navuikov u detey s sindromom rannego detskogo autisma. Defektologiya 2004; 4:52-64.
6. Ulianova RK. Doshkolnoe vospitanie anomalnuih detey. Korrekciya dvigatelnuih narusheniy u detey doshkolnogo vozrasta s rannim detskim autismom. Defektologiya 1988; 4:46-60.
7. Bachina VM. Autism v detstve. Moskva: 1999.
8. Gilberg C. Piters T. Autism (medicinskoe i pedagogicheskoe bozdeistvie). Moskva. 2002.
9. Kovalev VV. Syndrom rannego detskogo autisma. In: Kovalev V. editor. Psyhiatriya detskogo vozrasta. Moskva (M), Medicina. 1979.
10. Mash EJ. Wolf DA. Abnormal child psychology. 2th ed.
11. Schopler E. Mesibov GB. Diagnosis and assessment in autism.
12. Кhаgan VЕ. Autism u detey. |
|
13.Rossignol DA. Hyperbaric oxygen therapy might improve certain pathophysiological findings in autism. Medical Hypothesis 2007; 68 (6):1208-1027.
14.Zimmerman AW, Connors SL, Matteson KJ. Maternal antibrain antibodies in autism. Brain, behavior, and immunity 2007; 21 (3):351-357.
15.Singh VK, Rivas WH. Prevalence of serum antibodies to caudate nucleus in autistic children. Neuroscience letters 2004; 355 (1-2):53-56.
16.Ernst Zametkin Low medial prefrontal dopaminergic activity in autistic children. The Lancet 1997; 350 (9078):638.
17. Martineau J, Cochin St. Impaired cortical activation in autistic children: Is the mirror neuron system involved? International journal of psychophysiology 2008; 68 (1):35-40.
18.Bachevalier J. Medial temporal lobe structures and autism: a review of clinical and experimental findings. Neuropsychologia 1994; 32 (6):627-648.
19.Lebedinsky VV, Nikolskaiya OS, Baenskaiya ER. Emocionalnue narusheniya v detskom vozraste i ih korrekciya. Moskva, Moskovski universytet. 1990.
20.Ming X, Brimacombe M, Wagner GC. Prevalence of motor impairment in autism spectrum disorders. Brain Development 2007; 9:565-570.
21.Vasileva NC. Praxisni narusheniya pri deca s autistichen syndrome i nasoki za tiahnoto preodolyavane. Logopedia – VII nacionalna konferencia na NSLB. Sofia, Romel. 2009; p. 125-34.
22. Maurice C, Green C, Luce SC. Behavioral intervention for young children with autism: a manual for parents and professionals. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE