МАНИФЕСТ ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА

ВО СКОПЈЕ

 

,,Кон живеење во заедницата: актуелни состојби - идни предизвици

 

Примено: 10.12.2010

Прифатено: 30.12.2010

UDK: 364.622-056.31(497.711)(063)(049-3)

 

 

SKOPJE CONFERENCE

MANIFESTO

 

“Towards living in the community:

The actual conditions and future challenges”

 

Received: 10.12.2010

Accepted: 30.12.2010

 

 

 

Вовед

 

Introduction

 

 

 

На 7-ми и 8-ми октомври 2010 година, на Конференцијата во Скопје учествуваа 220 прет­ставници на меѓународни организации, обез­бедувачи на сервисни служби за лица со по­преченост, професионални лица, семејства на корисници на сервисни служби и лица со попре­ченост, како и претставници од науч­ната заедница.

Конференцијата ја отвори министерот за труд и социјална политика во владата на Репу­блика Македонија, а се наоѓаше и во кален­дарот на главни настани во Македон­ското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа. За првпат во историјата на ЕАСПД, на годишна конференција имаше истовремено учество на претставници од Европската унија, Советот на Европа и Обединетите нации.

Сите учесници ја искористија оваа един­ствена можност да разговараат за поната­мош­ната имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, особено откако темелно ги разгледаа ризи­ч­ните прашања во овој сектор во Југо-источна Европа. Исто така, конференцијата им овозможи на клучните чинители да изградат мостови во знаењето и практиките, надминувајќи ги географските и културните граници.

Делегатите ги споделија своите искуства од вид­ливото влијание на економската и финан­си­ската криза во социјалните сервисни слу­жби и изразија силно несогласување за после­дователните мерки кои ги преземаа многу влади низ континентот, особено ради­кал­ните намалувања во јавното фина­н­си­рање насочено кон секторот.

 

On the 7th and 8th of October 2010, the Skopje Conference brought together 220 representatives of  international organisations, public authorities, service providers for persons with disabilities, professionals from the sector, families of service users and persons with disabilities themselves, as well as the scientific community.

The conference, opened by the Macedonian Minister of Labour and Social Policy, was placed on the calendar of major events of the Macedonian Chairmanship of the Committee of Ministers of the Council of Europe. For the first time in the EASPD history, an annual conference presented the simultaneous participation of representatives from the European Union, the Council of Europe and the United Nations.

All participants took this unique opportunity to discuss the way forward in the implementation of the UN Convention on the Rights of the Persons with disabilities, especially by having a comprehensive look over the issues at stake in the region of South-Eastern Europe. It also enabled key stakeholders to build concrete bridges of knowledge and practices across geographical and cultural borders.

Delegates shared their experience of the dramatic impact of the economic and financial crisis over the social services and expressed a strong disagreement towards follow up measures taken by many governments across the continent, especially the radical cuts of public funding targeted for the sector.

 

 

 

ОД НАЧЕЛА И ВРЕДНОСТИ

КОН АКЦИЈА

 

Делегатите на Конференцијата во Скопје ,,Кон живеење во заедницата: акту­е­л­ни состојби и идни предизвици“, одржана на 7-ми и 8-ми октомври, решително ја потвр­дија својата заложба за целите и вредностите изра­зени во:

·                 Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, чија цел е ,,уна­предување, заштита и обез­бе­ду­вање на целосното и еднакво ужи­вање на сите човекови права и осно­вни слободи на сите лица со попре­ченост, како и унапредување на почитувањето на нивното вро­дено достоинство“ (член 1).

·                 Акциониот план за Советот на Европа 2006-2015.

·                 Евро­пската стратегија за попре­че­ност 2010-2020 ,,Обновена обврска за Европа без бариери.

 

И објавуваат дека:

·                 Во целост ја поддржуваат про­ме­ната во па­радигмата што се реф­лек­тира во Кон­вен­цијата на ОН за пра­вата на лицата со по­преченост, нагла­сувајќи ја потребата за при­стап кон попреченоста заснован врз чове­ковите права, насочен кон по­тре­­бите, пристап кој осопособува на­мес­то да сегрегира.

·                 Сите бариери што ги спречуваат ли­цата со попреченост за целосно уче­ство во оп­штеството, на еднаква осно­ва со дру­ги­те граѓани, треба да се отстранат.

·                 Лицата со попреченост треба да има­ат ко­рист од високо квалитетни сер­висни служ­би во местото на жи­ве­ење.

·                 Чинителите во областа на по­пре­че­ност од сите делови на Европа мо­жат да учат едни од други, бидејќи се споделуваат мно­гу предизвици.

·                 Политичката обврска на владите за прин­­ципите на Конвенцијата на ОН за пра­вата на лицата со попреченост е ши­ро­ко објавена меѓу владите на Европа, но неисполнителноста е јасна кога ста­ну­ва збор за рати­фи­ка­ција и соодветна им­пле­ментација на одредбите од до­ку­мен­тот.

·                 Глобалната економска и финан­си­ска кри­за во многу земји доведе до опаѓање на социјалните и здрав­стве­ните сектори. По­ради тоа, нај­ра­н­ливите групи од на­се­ле­нието тре­ба да се соочат со с¡ по­теш­ки жи­вотни услови, додека системите за под­дршка се доведени до кри­ти­ч­на точ­ка.

 

Со цел да се постигнат целите да­де­ни во Кон­венцијата на ОН, делегатите пови­ку­ваат за:

 

·     Итна ратификација на Конвен­цијата и нејзиниот Опци­ја­лен про­токол од страна на сите вла­ди во Евро­па. Во таа насока, маке­дон­ската влада треба да биде во­де­чки пример откако ја одржа оваа мош­не успешна конференција.

·     Партиципативна разработка на сеоп­фатни акциони планови од страна на националните влади насо­чени кон имплементирање на Кон­венцијата во секоја европска земја, вклучително и мерливи цели, што ќе бидат поддржани од реални буџети и придружени со независни механизми за следење.

·     Јасен фокус на европските влади за одржливоста на сервисните слу­жби за лицата со попреченост, кои можат да се постигнат само преку соодветни системи за регулативи и фина­нсирање.

·     Вистински и урамнотежен дијалог помеѓу сите чинители во секторот за попреченост, од власти до обез­бе­дувачи на сервисни служби и кори­сници, кои ги почитуваат нив­ни­те соодветни улоги и одго­вор­но­сти.

·     Континуирана соработка помеѓу обезбедувачите на сервисни служби од различни региони на Европа, би­дејќи взаемното учење се покажало како клуч за успех.

·     Дополнителни напори од страна на обезбедувачите на сервисни слу­жби за имплементирање на пре­ми­нот кон сервисни служби во мес­то­то на живеење, преку постојана обу­ка на професионалци и конти­ну­и­рана поддршка на лицата со по­пре­ченост, нивните семејства и нефор­малните згрижувачи. Овој про­цес ќе го следи начелото на дока­­жана практика, под водство и коор­динација на ЕАСПД.

·     Јасна обврска од Европската коми­сија за политичка и фина­н­сиска поддршка, по­тпомагање и сле­­дење на им­пле­мен­та­цијата на Кон­ве­нцијата во рамките на Евро­п­­ската унија и сите земји канди­да­ти, во согласност со целите на Европската стратегија за попре­че­ност 2010-2020.

 

FROM PRINCIPLES AND VALUES

TO ACTION

 

The delegates of the Skopje Conference “Towards community-living: current realities & future challenges”, held on the 7th and 8th of October strongly reaffirm their commitment to the aims and values conveyed by:

·      The UN Convention on the Rights of Persons with Disabilities, which purpose is “to promote, protect and ensure the full and equal enjoyment of all human rights and fundamental freedoms of all people with disabilities and promote respect for their inherent dignity” (Article 1) .

·      The Council of Europe’s Disability Action Plan 2006-2015.

·      The European Disability Strategy 2010-2020 – “A Renewed Commitment to a Barrier-Free Europe”.

 

And declare that:

·                 They fully support the paradigm shift reflected by the UN Convention on the Rights of Persons with disabilities, emphasizing the need for a Human Rights-based approach of disability, focused on the needs, empowering rather than segregating.

·                 All barriers preventing persons with disabilities from enjoying full participation in the society on an equal basis with other citizens should be removed.

·                 Persons with disabilities should benefit from high quality and community-based services.

·                 Disability stakeholders from all parts of Europe can learn from each other, as many challenges are being shared.

·                 Political commitment of governments to the principles of the UN Convention on the Rights of Persons with Disabilities is widely announced amongst European governments, but gaps are persisting when it comes to the ratification and proper implementation of the provisions of the document.

·                 The global economic and financial crisis has led to severe cuts in the social and health sectors in many countries. Therefore, the most disadvantaged groups in the population have to face increasingly difficult living conditions, while support systems are led to a breaking point.

 

In order to achieve the objectives set by the UN Convention, delegates call for:

 

·      Immediate ratification of the Convention and its optional protocol by all governments in Europe. In this sense, Macedonian government should lead by example after having hosted this very successful conference.

·      Participative elaboration by National Governments of comprehensive action plans aimed at implementing the Convention in each European country, including measurable objectives, supported by realistic budgets and accompanied by independent monitoring mechanisms.

·      A clear focus of European governments on the sustainability of services for persons with disabilities, which can only be achieved through appropriate regulation and funding systems.

·      A real and balanced dialogue between all stakeholders in the disability sector, from authorities to service providers and users, respecting their respective roles and responsibilities.

·      A continued cooperation between service providers from different regions of Europe, as mutual learning has proven to be a key for success.

·      Additional efforts by service providers to implement the transition towards community-based services, through the ongoing training of professionals and a continued support of persons with disabilities, their families and informal carriers. This process will follow the principle of evidence-based practice, under the lead and coordination of the EASPD.

·      A clear commitment from the European Commission to politically and financially support, facilitate and monitor the implementation of the Convention within the European Union and all Candidate Countries, in accordance with the aims and objectives of the European Disability Strategy 2010-2020.

 
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in