ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦА СО ЛЕСНА И УМЕРЕНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

 

Весна КОСТИЌ-ИВАНОВИЌ

 

Посебно основно училиште
„Д-р Златан Сремац“-Скопје

 

BEHAVIORAL PROBLEMS IN CHILDREN WITH MILD AND MODERATE INTELLECTUAL DISABILITY

 

Vesna KOSTIKJ-IVANOVIKJ

 

Special elementary school
“d-r Zlatan Sremec”-Skopje

                                                              

 

                                                                

 

Примено: 21. 04. 2009
Прифатено: 08. 05. 2009
UDK: 159.922.72

 

 

Received: 21. 04. 2009
Accepted: 08. 05. 2009
Best practice article

 

 

 

Вовед

 

Introduction

Дефектологот во работата со лица со попреченост, своите базични заклучоци ги заснова на проценувањето на однесувањето на рехабилитантот и адекватно применува соодветни социотераписки, психотераписки и рехабилитациски постапки (1). Однесувањето на детето со интелектуална попреченост мора да биде согледано во контекст на семејно-социјалните услови во кои живее и расте (2). Семејната и пошироката – општествена и културна средина, значајно влијаат во создавањето на прифатливи облици на однесување кај децата (3). Доколку средината е потолерантна и со поголемо разбирање кон овие лица, проблемите во однесувањето полека исчезнуваат и лицето се адаптира во конкретната средина, но и средината на него (4). Интелектуално попречените деца потребно е да бидат научени на социјални вештини кои ќе доведат до развој на позитивни социјални релации и персонална  компетенција (5). Социјалната компетенција треба да се согледа во нејзината целовитост, како интегративен модел од мултидимензионалноста на интелигенцијата и адаптивното однесување (6). Американската асоцијација за ментална ретардација при дефинирањето на лицата со интелектуална попреченост сигнификантно се фокусира на адаптивното однесување (7). Несоцијалните облици на однесување влијаат на стекнувањето и перформансот на адаптивното однесување (5). Критериум за адаптивно однесување кај лицата со интелектуална попреченост е дека заедницата може да го толерира нивното однесување (8). Проблематичното однесување се дефинира во однос на општествените норми на една заедница, при што тоа значајно отстапува од истите и предизвикува општествена реакција на неодобрување (9).

Резултатите од истражувањата укажуваат дека 30 - 50% од лицата со интелектуална попреченост имаат одредени потешкотии во однесувањето (10). Во голем број случаи проблемите во однесувањето произлегуваат од погрешното воспитување и справување со проблемите од страна на родителите (11). Сите симптоми на нарушувања во однесувањето треба да бидат што е можно порано детектирани, за да може истите благовремено да бидат третирани и отсранети, т.е. минимизирани (12). Постои неопходност од правовремена сензитивна корекција, пред да се надоврзат секундарни нарушувања, а така се создаваат претпоставки за успешна интеграција во социјалната средина (13). Не може да се постигне целосен интегритет на личноста без интеграција на лицето во општествената средина. (14) Првенцијата на овие појави мора да се фокусира на развивање на позитивна и ментално здрава атмосфера во семејството и институцијата во која престојува лицето (15).

 

While working with children with disabilities, the special educator and rehabilitator bases his conclusions about the child on the observation of the child’s behavior and applies socio-therapeutic, psychotherapeutic and rehabilitation methods adequately (1). The child’s behavior must be seen in context of the family and social environment in which the child lives, grows and develops (2). The family and also the wider social and cultural environment have strong influence on the development of acceptable forms of behavior at children (3). If the community is more tolerant and shows more understanding to these persons, then behavior disorders slowly disappear and the person adapts to the society, and vice versa, the society to the person (4). Children with intellectual disabilities need to be trained to social skills that will develop positive social relations and personal competence (5). Social competence of these persons should be seen in its wholeness, as an integrative model of multidimensional intelligence and adaptive behavior (6). The American Association of Mentally Retarded while determining persons with intellectual disability focuses significantly on the adaptive behavior (7). Antisocial forms of behavior influence the acknowledgement and performance of adaptive behavior (5). The criterion for adaptive behavior of persons with intellecttual disabilities is that the community is tolerant to their behavior (8). Problematic behavior is detining social norms of the community, and the behavior must significantly differ from the current norms and provokes social reaction of disapproval (9).

The research results show that 30-50% of persons with intellectual disabilities have some behavior problems (10). In many cases these behavior problems are a result of an inappropriate upbringing and dealing with the problems by the children’s parents (11). All the symptoms of behaviour disorders should be detected early, and treated adequately so that they could be eliminated or minimized (12). Early intervention and sensitive correction is necessary for preventing secondary disorders, and also for successful integration in the society (13). A complete personal integrity is not possible to obtain without integration of the person in the society (14). Prevention of these manifestations could be done by developing positive and mentally healthy atmosphere in the family and institution where the person lives (15).

 

 

 

Метод

 

Method

 

 

 

Предмет на ова истражување беа проблемите во однесувањето кај децата со лесна и умерена интелектуална попреченост. Беше користен дескриптивен метод за опишување на испитуваните појави (карактеристики на однесувањето) и каузален метод за испитување на причинско-последичната врска меѓу независните варијабли (пол, хронолошка возраст, интелектуален и социо-економски статус) и зависната варијабла (однесувањето). Како техники и инструменти беа користени анализа на содржината на постоечката документација (индивидуалните досиеја) и скалирање со помош на две скали. ААМД-скалата на адаптивно однесување е наменета за проценка на однесувањето на лицата со интелектуална попреченост. Избраните примероци се прикладни и овозможуваат евалуација на адаптивното однесување кај испитаниците. Поделена е на два дела, а вториот го мери неадаптираното однесување кај личноста и нарушувањата во однесувањето (8). Со Скалата за проценка на однесувањето на детето в училиште се откриваат проблемите кои детето ги има во психо-социјалниот развој. Мерниот инструмент се покажал како валиден во истражувањата во дефектологијата, развојната психијатрија и невропсихологија. Добиените резултати даваат јасна слика дали детето има хиперактивно, инхибирано, дисхармонично или складно однесување (1).
Основна цел на истражувањето беше утврдување на проблемите во однесувањето кај децата со лесна и умерена интелектуална попреченост.
Посебни цели беа:

  • утврдување на видот на најзачестените проблеми во однесувањето кај испитаниците, односно кои облици на неприлагодено однесување се најфреквентно присутни и
  • утврдување на влијанието на факторите (пол, возраст, интелектуален и социо-економски статус) кај оваа популација деца.

 

The subject of the research was behavioral problems in children with mild and moderate intellectual disability. The descriptive method was used to describe the researched phenomena (behavioral characteristics) and causal method to examine the cause-effect relationship between independent variables (gender, chronological age, intellectual and social-economic status) and dependent variable (behavior). The following techniques and instruments were used: content analysis by analyzing the contents of documentation (individual portfolios) and scaling with the two Scales. AAMD Adaptive behavior Scale is constructed to evaluate the behavior of persons with intellectual disabilities. Selected items were appropriate and objectively evaluated the adaptive behavior of participants. The Scale consists of two parts, and part II evaluates the person’s maladaptive behavior and behavioral disorders (8). The Scale for evaluating behavior of the child in school reveals the problems that child has in his psychosocial development. The questionnaire has proved as valid in researches field of special education and rehabilitation, developmental psychiatry and neuropsychology. The obtained results show whether the child has hyperactive, inhibited, disharmonic or harmonic behavior (1).
The main aim of the research was to establish the behavioral problems in children with mild and moderate intellectual disability. The specific goals were:

  • establishing which behavioral problems are mostly frequent, or what kind of maladaptive behavior is most frequently expressed,
  • establishing the influence of the factors (gender, age, intellectual and social-economic status) on the behavior of these children.

 

 

 

Примерок

 

Sample

Беа опфатени 100 испитаници на возраст од 7 до 18 години, од кои 74 ученици со лесна интелектуална попреченост од ПOУ „Д-р Златан Сремац“ од Скопје (каде сите ученици се на дневна програма и повеќето живеат во своите семејства, освен одреден број деца кои живеат во дом за деца без родителска грижа) и 26 деца со умерена интелектуална попреченост од Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ од Скопје (каде еден дел од децата се на дневна програма, додека другите се институционализирани). Истражувањето беше спроведено од април до јуни 2008 година. Започна со прибирање на релевантни податоци за испитаниците, а потоа беше реализирано скалирањето помеѓу дефектолозите кои се во интензивен контакт со испитаниците, но за да се намали субјективноста во процената, резулатите беа ревидирани од страна на членовите од стручните тимови (психолог, социјален работник).

 

The Sample consisted of 100 participants at the age between 7 and 18, out of which 74 were students with mild intellectual disability from the Special school “d-r Zlatan Sremec” from Skopje (where all students are on a daily program, mostly living within families, but also some students are parentless and live in orphanage) and 26 children with moderate intellectual disability from the Institute for Rehabilitation of Children and Youth “Topansko pole” – Skopje (where one part of the children are on a daily program, while others are institutionalized). The research was conducted from April till June 2008. It began with collecting general data about participants and continued with scaling with the two Scales, among the special educators and rehabilitators who have intensive contact with the participants. In order to minimize the subjectivity of the assessment, the results were reevaluated by professional team members (psychologists, social workers).

 

 

 

Резултати

 

Results

 

 

 

Основната цел беше испитана со помош на двете скали. Од табелата 1 на која е прикажан бројот на испитаници кои имаат проблеми во однесувањето според Скалата на ААМД, може да се забележи дека од вкупниот број испитаници 78% имаат одредени проблеми во однесувањето.

 

The main goal was examined by using the two Scales. In Table 1., which represents the number of participants that have behavior problems according to AAMD Scale it can be seen that

out of the total number, 78% have some behavioral problems.

 

 

 

Табела 1

 

Table 1.

Од табелата 2 на која е прикажан бројот на испитаници кои имаат проблеми во однесувањето според Скалата на Бојанин, може да се види дека 52% од вкупниот број на деца  имаат нескладно однесување, при што 23% имаат дисхармонично, 19% хиперактивно, а 10% инхибирано однесување.

 

Table 2. represents the number of participants that have behavior problems according to Bojanin Scale and it can be seen that out of the total number, 52% of the children do not have harmonic behavior, from which 23% disharmonic, 19% hyperactive and 10% inhibited behavior.

                                                                

 

                                                                

Табела 2.

 

Table 2.

Првата посебна цел беше истражена со помош на Скалата на ААМД. Од табелата 3 на која е прикажана фреквекцијата на појавноста на нарушувањата во однесувањето во однос на подрачјата на ААМД-скалата, може да се забележи дека најголем број од испитаниците покажуваат нарушувања во следниве подрачја: психички нарушувања 61%, отпор кон авторитети 56%, несоцијално однесување 54%, насилно однесување 37%, повлечено однесување 30% итн.

 

The first specific goal was examined by AAMD Scale. Table 3. shows the most frequent behavioral problems of participants according to AAMD Scale, and it can be seen that most of the children show disorders in the following categories: psychiatric disorders 61%, resistance towards authorities 56%, antisocial behavior
54%, then violent behavior 37%, inhibited behavior 30% and so on.

                                                                 

 

                                                                 

Табела 3.

 

Table 3.

Втората посебна цел беше испитана со Скалата на ААМД. Од табелата 4 на која е прикажано влијанието на полот врз однесувањето кај испитаниците, може да се забележи дека поголеми проблеми во однесувањето покажуваат женските испитаници (54,31), во споредба со машките (52,49). Коефициентот на корелација r=0,02 укажува на непостоечка корелација, а вредноста за t=0,17 (p<0,05) нема статистичка значајност.
На табелата 5 е прикажано влијанието на хронолошката возраст врз однесувањето кај испитаниците, и од неа може да се забележи дека најголеми проблеми во однесувањето покажуваат испитаниците на возраст од 15 до 18 год. (62,14), потоа децата со 11 до 14 год. (48,88) а на крајот се децата на возраст од 7 до 10 год. (46,06).
Коефициентот на корелација r=0,07 укажува на непостоечка корелација, а вредноста за F=0,92 (p<0,05) нема статистичка значајност.
                                                                

 

The second specific goal was examined by AAMD Scale. In Table 4., which represents the influence of gender on the behavior, it can be seen that girls show more behavioral problems (54,31), compared to boys (52,49). Correlation coefficient r=0,02 shows no existing correlation, and t–value (t=0,17) is not statistically significant (p<.05).
In Table 5., where the influence of chronological age on the behavior is represented, it can be seen that participants at the age of 15-18 show most behavioral problems (62,14), rather than the children at the age of 11-14 (48,88), and participants at the age of 7-10 (46,06).

Correlation coefficient r=0,07 shows no existing correlation, and F–value (F=0,92) is not statistically significant (p<0.05).
                                                                

Табела 4.

 

Table 4.

На табелата 6 е прикажано влијанието на интелектуалниот статус врз однесувањето кај испитаниците и од неа може да се види дека најголеми проблеми во однесувањето покажуваат испитаниците од групата на умерена интелектуална попреченост со послаби способности (124,14), по нив се децата со умерена попреченост со подобри способности (98,42), па децата со лесна интелектуална попреченост со послаби способности (55,26) а на крајот се децата со лесна попреченост со подобри способности (21,90). Коефициентот на корелација r=0,77 укажува на умерена корелација, а вредноста за F=47,56 (p<0,05) има статистичка значајност.
Од табелата 7 на која е прикажано влијанието на социо-економскиот статус врз однесувањето кај испитаниците, се гледа дека најголеми проблеми во однесувањето покажуваат испитаниците кои се институционализирани (94,05), по нив се децата со лош социо-економски статус (61,80), потоа децата со добар социо-економски статус (39,96) а на крајот се децата со задоволителен социјален статус (30,09).  Коефициентот на корелација r=0,43 укажува на умерена корелација, а вредноста за F=10,47 (p<0,05) има статистичка значајност.
                                                                

 

Table 6. represents the influence of intellectual status on the behavior, and it can be seen that participants with moderate intellectual disability with lower abilities show most behavioral problems (124,14), rather than the children with moderate intellectual disability with higher abilities (98,42), and participants with mild intellectual disability with lower abilities (55,26) and at the end the children with mild intellectual disability with higher abilities (21,90). Correlation coefficient r=0,77 shows moderate correlation, and F–value (F=47,56) is statistically significant (p<0.05).
In Table 7., where the influence of social-economic status on the behavior is represented, it can be seen that participants who are institutionalized show most behavioral problems (94,05), rather than the participants with bad social-economic status (61,80), and children with good social-economic status (39,96) and at the end the participant who have satisfactory social-economic status (30,09). Correlation coefficient r=0,43 shows moderate correlation, and F–value (F=10,47) is statistically significant (p<.05).
                                                                

Табела 5.

 

Table 5.

 

Дискусија

 

 

Discussion

 

 

 

Резултатите од истражувањето кореспондираат со досегашните научни сознанија добиени во проблемската област на трудот. Во продолжение наведуваме резултати добиени од релевантни истражувања. Ќордиќ А. пронаоѓа 34,3% лесно интелектуално попречени со нескладно однесување в училиште и 55,2% нескладно однесување мерено со Винеланд-Дол-скалата на социјална зрелост (16). Соколовски Ж. заклучува на примерок од 2351 испитаници со лесна интелектуална попреченост на школска возраст, дека 30% имаат растројства во социјалното однесување (17). Авторите Досен А., Ван Генеп А. прикажуваат преваленца од 30 - 50% нескладно однесување кај лицата со интелектуална попреченост, а процентот на лоша адаптација бил далеку поголем кај институционализираните (18). Радуловиќ К. истакнува дека од 101 лесно интелектуално попречени деца на училишна возраст 55,4% имале складно, 7,9% инхибирано, 11,9% хиперактивно и 24,8% дисхармонично однесување (19). Знаор М. ја испитувала зачестеноста на непожелните облици на однесување кај 100 деца со умерена и тешка интелектуална попреченост на возраст од 5-10 години и заклучува дека најзастапени се стереотипното (40%) и хиперактивното однесување (33%) (20). АвторитеIaconoT., KoritsasS., Hamilton D.потенцираат дека кај
лицата со интелектуална попреченост голем број проблеми во однесувањето се во форма на физичка или вербална агресија и самоповредување (21). Авторите ShimizuN., KannoA., HashimotoS., спровеле истражување кај 279 инситуционализирани лица со интелектуална попреченост, и заклучиле дека неприлагоденото однесување зависи од возраста и типот на попреченост, а пофреквентно е кај лица со пониска ментална возраст (21). Tеодоровиќ Б., Фреј Ј. на примерок од 110 умерено, тешко и длабоко интелектуално попречени деца на предучилишна возраст докажале дека социјалниот развој и усвоеноста на соодветни облици на однесување, зависи од степенот на интелектуалната попреченост и возраста на испитаниците и потенцираат дека се јавуваат како последица на раното институционализирање или несредени семејни односи (22). Авторите Ross, Eyman, Call наведуваат поголема зачестеност на непожелни облици на однесување кај потешко интелектуално попречените лица (8). Ајдински Г. на примерок од 100 испитаници со лесна интелектуална попреченост открива дека 50% се со претежно складно однесување, 19% со хиперактивно, 16% со инхибирано и 15% со дисхармонично однесување (23).
Повеќето автори истакнуваат дека кај околу половината деца од оваа категорија постојат проблеми во однесувањето, што се согласува со нашиот наод. Сметаме дека извесните разлики призлегуваат од применетата истражувачка техника. Авторите посочуваат дека неприлагоденото однесување зависи од возраста, степенот на интелектуална попреченост и резиденцијалните услови. И во нашето истражување беше докажано дека интелектуалниот и социо-економскиот статус (односно конкретните услови во кои живеат испитаниците, особено оние кои се институционализирани  или живеат во семејства со крајно лимитирани, т.е. лоши социјални услови) имаат значајно влијание на појавноста на неприфатливи облици на однесување. Можноста за генерализација на добиените резултати од истражувањето е дискутабилна поради методолошките ограничувања. Првенствено сите инструменти кои проценуваат ваков предмет на истражување имаат еден заеднички проблем - веродостојноста на проценката. За да биде што поверодостојна процената на однесувањето, потребна е опсервација во природни услови во подолг временски период. Процената која ја даваат родителите/старателите, односно едукаторите/рехабилитаторите, секако е важна и често користена, но не секогаш и објективна, па за да се добијат пообјективни податоци, за еден ист испитаник треба да бидат консултирани повеќе различни страни. Потоа се поставува прашањето за валидноста на добиените податоци во однос на избраниот примерок, бидејќи не е случаен и репрезентативен, туку пригоден, но најчесто во истражувања од дефектологијата се наметнува таквата потреба.
                                                                

 

Results of the research are corresponding with the scientific knowledge gained in the thesis field. Some results from relevant researches are the following: Kjordikj A.finds 34,3% mildly
intellectual disabled with not harmonic behavior in school and 55,2% with not harmonic behavior evaluated with Vineland-Doll Scale for social maturity. (16) Sokolovski Zh. based on a sample of2351 participants with mild intellectual disabilities at school age concludes that 30% have disorders in social behavior (17). Authors Dosen A., Van Genep A. show prevalence of 30-50% not harmonic behavior in persons with intellectual disabilities, and the percent of bad adaptation were higher in those who were institutionalized (18). Radulovikj K. points out that from 101 mildly intellectually disabled children at school age 55,4% had harmonic, 7,9% inhibited, 11,9% hyperactive and 24,8% disharmonic behavior (19). Znaor M. evaluates the frequency of maladaptive forms of behavior in 100 children with moderate and severe intellectual disabilities at the age of 5-10 and finds that most frequent were stereotypes (40%) and hyperactive behavior (33%) (20). AuthorsIacono T., Koritsas S., Hamilton D. say that in persons with intellecttual disabilities major number of behavior problems are in forms of physical or verbal aggression and self-injuries (21). Authors Shimizu N., Kanno A., Hashimoto S., conducted a research on 279 institutionalized persons with intellectual disabilities and concluded that maladaptive behavior was dependent on the age and type of disability, and was more frequent in persons with lower mental abilities (21). Teodorovikj B., Frej J.  based on a sample of 110 moderate, severe and profound intellecttually disabled children at preschool age, conclude that the level of social development and appropriate social behavior, depends on the level of intellectual disability and the age of the participants. They point out that behavioral problems are a consequence of early institutionalization or not harmonic family relations (22). Authors Ross, Eyman, Call show more frequent inappropriate behavior in severely intellectually disabled (8). Ajdinski G., based on a sample of 100 participants with mild intellectual disability finds that 50% are with mostly harmonic behavior, 19% with hyperactive, 16% with inhibited and 15% with disharmonic behavior (23).
Authors show that approximately half of this category of children has some behavioral prob-lems, which has been confirmed in our research as well. Some differences in prevalence occur due to the usage of different instruments. Authors show that maladaptive behavior is de-
pendent on the age, level of intellectual disability, and residential conditions. Our research also pointed out that intellectual and social status (current living conditions, especially of those that are institutionalized or live in families with highly restricted social-economic conditions) has significant impact on developing unacceptable forms of behavior. The possibility to generalize the obtained results is questionable because of the methodological limitations. In general all instruments that assess such research subject have the same problem – the reliability of the assessment. To gain more reliable data, an observation for a longer period of time is needed. Data acquired from parents/caregivers or educators/rehabilitators is also important and often used, but not always objective, so to gather more objective data for each participant more different significant others should be consulted. Furthermore, a question about validity of obtained data is asked, because the sample is not random and representative, but convenience. In researches in this field convenience sample is commonly used.
                                                                

Заклучоци

 

Conclusions

                                                                

 

                                                                

Анализата на обработените податоци и добиените резултати упатуваат на следниве заклучоци:

  1. Резултатите ја потврдија општата хипотеза дека постојат значајни проблеми во однесувањето кај децата со лесна и умерена интелектуална попреченост. Според Скалата на ААМД приближно кај 3/4 од вкупниот број испитаници постојат одредени облици на нарушувања во однесувањето, додека според Скалата на Бојанин, кај околу половина од испитаниците се појавуваат проблеми во однесувањето.
  2. Резултатите ја потврдија и посебната хипотеза дека постојат проблеми во однесувањето кои најзачестено се пројавуваат кај оваа популација. Одредени подрачја од Скалата на ААМД (области на неадаптирано однесување) се најфреквентни кај испитаниците (пр. психички нарушувања, отпор кон авторитети и несоцијално однесување), додека според Скалата на Бојанин најзачестено испитаниците покажуваа дисхармонично и хиперактивно однесување.
  3. Хипотезата дека проблемите во однесувањето зависат од полот не се потврдува; добиените параметри немаат статистичка значајност.
  4. Хипотезата дека проблемите во однесувањето зависат од хронолошката возраст не се потврдува; добиените параметри немаат статистичка значајност.
  5. Хипотезата дека проблемите во однесувањето зависат од интелектуалниот статус се потврдува; добиените параметри имаат статистичка значајност.
  6. Хипотезата дека проблемите во однесувањето зависат од социо-економскиот статус се потврдува; добиените параметри имаат статистичка значајност.

 

As an outcome from the analysis of processed data and discussed results a number of conclusions were made:

  1. The results have confirmed general hypothesis that there are significant beha-vioral problems in children with mild and moderate intellectual disability. It was established that approximately ¾ of total number of participants have some behavioral disorder according to AAMD Scale, while according to Bojanin Scale, near ½ of all participants have some behavior problems.
  2. The results have confirmed specific hypothesis that some behavioral problems in these population of children are mostly frequent. It was established that most of the participants have behavior disorders in the following categories of AAMD Scale: psychiatric disorders, resistance towards authorities and antisocial behavior, while according to Bojanin Scale most participants have disharmonic and hyperactive behavior.
  3. Hypothesis that gender is influential on the behavioral problems is not confirmed; gained statistical values are not significant.
  4. Hypothesis that chronological age is influential on the behavioral problems is not confirmed; gained statistical values are not significant.
  5. Hypothesis that intellectual status is influential on the behavioral problems is confirmed; gained statistical values are significant.
  6. Hypothesis that social-economic status is influential on the behavioral problems is confirmed; gained statistical values are significant.

Табела 6.

 

Table 6.

 

 

Табела 7.

 

 

Table 7.

     

Citation:Kostikj-Ivanovikj V. Behavioral Problems in Children with Mild and Moderate Intellectual Disability. J Spec Educ Rehab 2009; 10(1-2):49-62.

   

 

   

                                                                
Литература/References

 

                                                                

  1. Kjordikj A,  Bojanin S. General defectological diagnostic. Belgrade: Zavod za udzhbenike i nastavna sredstva, 1992.
  2. Andreev J. Oligofrenopedagogika. Sofia: Univerzitetsko izdavatelstvo “St. Kliment Ohridski”, 1994.
  3. Byers R – editor. British Journal of Special Education, Volume 34, Number 4. University of Cambridge, December 2007.
  4. Gunzburg HC. Social rehabilitation of the subnormal. London: Trend and Company Limited, Plymouth, 1960.
  5. Drew C, Hardman M. Mental retardation: A lifespan Approach to People with Intellectual Disabilities. Ohio: Pearson, 2004.
  6. Janicki MP-editor. Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities, Volume 1, Number ¾. Chicago: University of Illinois, September/December 2004.
  7. AAMR-American Association on Mental Retardation. Mental Retardation-Definition, classification and system of support. Washington: 2002.
  8. Igrikj Lj, Fulgosi MR. AAMD Adaptive Behaviour Scale –Manuel. Zagreb:  University in Zagreb, Faculty of Defectology, 1991.
  9. Shpadijer-Dzhinikj J. Social pathology, social deviation. Belgrade: Zavod za udzhbenike i nastavna sredstva, 1988.
  10. Ajdinski G. Oligofrenology:  term, rehabilitation, and education of mentally retarded children. Skopje: Faculty of Philosophy, Institute for Defectology, 2007.
  11. Bakwin H, Bakwin RM. Clinical Management of Behavior Disorder in Children. Philadelphia: W.B. Saunders Company, 1960.
  12. Pellok JM- author. Journal for Epilepsy & Behaviour, Vol.5. Richmond: Virginia Commonwealth University, October 2004.
  13. Dobrev Z. Characteristics of development of mentally retarded children. Sofia: Prosveta, 1998.

 

  1. Ajdinski G, Kitkanj Z, Ajdinski Lj. Basis of defectology: special education and rehabilitation. Kumanovo: Makedonska riznica, 2007.
  2. McLaughlin PJ, Wehman P – editors. Mental retardation and Developmental disabilities, Second edition. Austin: PRO-ED, 1996.
  3. Kjordikj A. Development of spoken language in children with mild mental retardation in relation of organization of psychomotoric, level of intelligence and operational thinking. Dissertation. Belgrade: Faculty of Defectology, 1982.
  4. Sokolovski Zh. Problems in education of mild mentally retarded students with disorders in social behavior. Journal of Special Education and Rehabilitation, No.1.Skopje: 1995.
  5. Dosen A, Van Gennep A, Zvanikken G. Treatment of Mental Illness and Behavioural Disorder in Mentally Retarded, Proceedings of the International Congress. Amsterdam: Маy 3. and 4., 1990.
  6. Radulovikj K. Mental retardation: diagnostic, organization of psychomotoric and personality. Belgrade: Nauchna knjiga, 1991.
  7. Znaor M. Mentally retaded child on preschool age, developmental caracteristics. Belgrade: Interprint, 1995.
  8. Janicki MP-editor. Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities, Volume 2, Number ¾. Chicago: University of Illinois, September/December 2005.
  9. Teodorovikj B, Levandovski D. Parental attitudes towards child with mental retardation, Zagreb: Faculty of Defectology, University in Zagreb, 1986.
  10. Ajdinski G. Characteristics of development of mild mentally retarded students towards their school achievement. Dissertation. Belgrade: Faculty of Defectology, 1998.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in