ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕ КАЈ ДЕТЕ ВО ПОЧЕТЕН СТАДИУМ

 

Силвана ФИЛИПОВА1, Ана ПОПОВСКА,
Билјана ЛОЗАНОВСКА, Лаура ЃУРЧИНОВСКА



1 Завод за рехабилитација на слух, говор и
глас-Скопје, подрачна логопедска амбуланта во Неготино

 

CASE REPORT OF STUTTERING IN AN INITIAL PHASE OF EARLY CHILDHOOD

 

Silvana FILIPOVA 1, Ana POPOSKA,
Biljana LOZANOVSKA, Laura GJURCHINOVSKA



1 Institute of Hearing, Speech and Voice Rehabilitation-Skopje regional ambulance in Negotino

 

 

 

Резиме

 

Abstract

Пелтечењето спаѓа во групата на нарушување на супрасегментната структура на говорот. Су­п­ра­­сегментната структура на говорот ја со­чи­ну­ваат квантитативните карактеристики на гово­рот како што се: говорниот тек, ритам и тем­по, трае­ње, интензитет, висина на гласот, ак­цен­туа­ци­јата на зборовите и мелодијата на исказот.
Пелтечењето се манифестира како нарушување на говорната флуентност. Нормалниот гово­рен тек го карактеризираат пет временски ди­мен­зии:
Првата димензија е редослед. Гласовите имаат свој одреден редослед во зборовите. Редоследот на гласовите го одредува значењето на збо­ро­ви­те. Исти гласови со обратен ред во зборот има­ат друго значење.
Втората димензија е траењето. Секоја говорна по­јава, секој глас има свое траење. Нарушу­ва­ње­то во траењето може да предизвика недовол­на разбирливост на говорот, затоа што трае­ње­то заедно со акцентот е диференцијален знак.
Третата димензија е брзината со која се изго­ва­ра­ат фонетските елементи, па и зборовите. Пре­те­раната брзина на говорот, како и претераната спорост, може да влијае на разбирливоста како што е случајот со тахифемијата.
Четвртата димензија е ритамот, кој се изразува во начинот на говорниот тек. Ако говорот е пре­брз, грчевит, испрекинат, неизедначен, тој е тежок за слушање, а често и заморен.
Петтата димензија е течноста на говорот, кој се остварува со слевање на гласовите и зборовите во реченицата. (2)

 

Stuttering is a type of supra-segmental structure speech disorder. Supra-segmental structure of speech is consisted of quantitative features as: flu­ency, rhythm, duration, intensity, voice power, word accentuation and melodic expression. Stut­tering is manifested as disordered fluency. Physio­lo­gical fluency is characterized by five time-di­men­­sions.
First dimension is sequence. Sounds have specific sequence in words. Sounds order determines word meaning. Some sounds in reverse word- order have different meaning.
Second dimension is duration. Every speech mani­festation or even a word has its own duration. Du­ration deficiency may cause problems in under­standing speech, and only because of the differen­tial sign accentuation and duration own.
Third dimension is speed. Speed measures the pro­nunciation of phonetic elements and words. Too slow or too fast pronunciation influences under­standing speech (such is the case of tachyphemia).
Fourth dimension is rhythm. It presents the way of speaking process. If the speech is too fast, tensed, interrupted, not equable then it is difficult for lis­tening to and even tiresome.
Fifth dimension is fluency, which is realized by flowing sounds and words into sentences. (2)

     

Citation:Filipova S, Poposka A, Lozanovska B, Gjurchinovska L. Case Report of Stuttering in an Initial Phase of Early Childhood. J Spec Educ Rehab 2007; 8(3-4):80-88.

   

 

   

Клучни зборови и изрази: пелтечење, супра­сег­мен­тна структура на говорот, флуентен и дис­­­флуентен говор,

 

Key words: stuttering, supra-segmental speech structure, fluent and non-fluent speech.

     

Адреса за сепаратите:

 

Address requests for reprint to:

СилванаФИЛИПОВА

 

Silvana FILIPOVA

Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Скопје, подрачна логопедска амбуланта во Неготино
e-mail: filipovasilvana@yahoo.com

 

Institute of Hearing, Speech and Voice Rehabilitation-Skopje regional ambulance in Negotino
e-mail: filipovasilvana@yahoo.com

 

 

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in