Во старата програма неделниот фонд на часови и вежби изнесуваше 24+40, во новата 33+26.
И покрај добрите страни на овој ЕКТС, во изготвувањето на Наставниот план, по кој веќе работаат студиите, допуштени се одредени недостатоци, како на примeр во драстичното намалување на фондот на часовите за вежбите, односно за изведување на практичната настава, што е спротивно дури и на Болоњскиот процес. Во новите измени и дополнувања на Наставниот план, кои сега се заговараaт и подготвуваат, ќе треба да се настојува да се зголеми фондот на часовите за практичната настава, особено на предметите по методиките.
Во старата програма вкупниот број на предмети изнесуваше 36 предмети (тро-, дво- и едно-семестрални), плус дипломската работа. Во новата програма бројот на предмети е зголемен на 47 едносеместрални предмети, плус дипломската работа. Но, вкупниот неделен фонд на часови за сите четири години е намелен од 134 на 131 часа предавања, а вежбите од 125 на 78 часа. Со други зборови, студентите по старата програма имаа вкупно 259 часа, во новата програма тој број изнесува 209 часа (предавања и вежби). Имено, по ЕКТС системот се зема предвид и времето кое студентот го поминува во учење, самостојна работа во библиотека, изработка на семинарски работи, библиографија итн.
Друга значајна новина е тоа што по завршувањето на студиите, студентот добива Прилог кон дипломата (Diploma Supplement), чија цел е да овозможи достапни и независни податоци за унапредување на меѓународната транспарентност и праведно академско и професионално признавање на квалификации (дипломи, титули, уверенија, итн).
На крај може да заклучиме дека со Болоњскиот процес дефинитивно се приклучуваме во ерата на глобализацијата на високото образование. Но, секако дека постојат многу предизвици. Имено, искуствата од другите земји покажуваат дека промените се неизбежни и потребно е да се изнајдат начини сите негативни влијанија да се маргинализираат. Тоа е можно, само ако промените ги воведеме во склад со опшествените услови и потреби.
|
|
The number of classes according to the Old Curriculum was 24+40 weekly compared to 33+26 classes weekly according to the New Curriculum.
Besides the good sides of ECTS, in preparing the New Curriculum according to which the studies function, there are also certain disadvantages, for e.g. drastic reduction of the exercise classes, i.e. practical teaching, which is contrary even to the Bologna process. In the new changes and additions to the New Curriculum, which are being prepared at present, the number of classes for practical work, and especially for the subject of methodology, has to be increased.
According to the Old Curriculum the total number of subjects taught was 36 subjects (three-, two- and one-semester ones), plus a diploma thesis, and according to the New Curriculum the number of subjects taught has been increased to 47 one-semester subjects, plus a diploma thesis. But the total number of classes for all four years has been reduced from 134 to 131 classes of lectures, and the classes for exercises have been reduced from 125 to 78 classes. In other words, according to the Old Curriculum students had 259 classes, and 209 classes (lectures and exercises) according to the New Curriculum. Thus, ECTS system takes into consideration the time that students spend on studying, their individual work in libraries, their seminar works, bibliography etc.
The news is that after finishing the studies students get a Diploma Supplement that enables accessible and independent data to enhance the international transparency and appropriate academic and professional recognition of qualifications (diploma, titles, certificates etc.).
Finally we can conclude that with the Bologna process we definitely join the era of globalization of the higher education. But there are certainly a lot of challenges. Thus, the experience from other countries indicates that changes are unavoidable and it is necessary to find out different ways to marginalize all negative influences. That is possible only if changes are introduced according to social conditions and needs.
|
-
Bologna Declaration, Joint Declaration of the European Ministers of Education, June 19, 1999.
-
Миовска-Спасева С. Предизвиците на универзитетската настава. Годишен зборник на Филозофски факултет, 2007; 60: 33-51.
-
Национална пограма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015, Министерство за образование и наука на Република Македонија, Скопје, 2004.
|
|
-
Прирачник за студентите на Институтот за дефектологија-2001/2002,Филозофски факултет, Скопје, 2001.
-
Прирачник за студентите на Институтот за дефектологија-2006/2007,Филозофски факултет, Скопје, 2006.
-
Towards the European Higher Education Area, Communiqué of the meeting of European Minister sin charge of Higher Education, Prague, May 19, 2001 Magna Charta Universitatum, 1988.
-
http://www.bologna-bergen 2005.no/
|