СОСТОЈБА СО ВРАБОТУВАЊЕТО НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1

                                

Љупчо ЕФРЕМОВ

 

Секретар на Националното координативно тело за еднави права на лицата со инвалидност во РМ

 

CONDITIONS OF PEOPLE WITH DISABILITIES EMPLOYMENT IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA 1

 

Ljupcho EFREMOV

 

Secretary of the National Coordinative Body
for equal rights of people with disabilities in RM

 

 

 

Вработувањето на лицата со инвалидност во последните неколку години бележи позитивни резултати, не само во заштитни трговски друштва, туку и како трговци поединци или инвалидни лица вработени кај трговци-поединци. Исто така, инвалидните лица зависно од видот и степенот на оштетување и стручното образование се вработуваат во јавната администрација и отвореното стопанство.
Во РМ во овој период регистрирани се околу 650 заштитни друштва во кој се вработени 3.550 инвалидни лица и 4.350 неинвалидни лица, или вкупно вработени во заштитни трговски друштва околу 7.900 лица.
Исто така инвалидни лица, како трговци-поединци-регистрирани се и работат 190 лица, а бројот на инвалидни лица вработени кај трговци-поединци е над 460 лица или вкупно вработени инвалидни лица се над 4.200.
Со стапувањето во сила на Законот за вработување на инвалидни лица (на 02.06.2000 г.) бројот на евидентирани невработени инвалидни лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија на 31.12.2001 г. изнесуваше околу 3.300 лица (во бројот се евидентирани и трудови инвалиди, кои бараат вработување), а во месец јули 2007 година тој изнесува околу  2.200  лица,  што значи само во периодот од донесување на Законот се вработени околу 1.100 инвалидни лица, со тенденција на пораст на вработување на инвалидните лица.
Со постоечкиот Закон за вработување на инвалидните лица се уредуваат посебните услови за вработување и работење на инвалидните лица, кога истите самостојно вршат дејност како трговец-поединец, вработени се кај работодавец или имаат својство на работодавец, мерките за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица, нивното работно оспособување со вработување, финансирањето на Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица и истовремено се уредуваат условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица-заштитно друштво.
Мерките за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидни лица се:

  • доделување на неповратни средства за вработување на неопределно време на невработено инвалидно лице во висина од 20 просечни плати исплатени во РМ за претходната година пред вработувањето, односно 40 просечни плати исплатени во РМ за претходната година пред вработувањето за вработување на потполно слепо лице и телесно инвалидно лице на кое заради движење му е потребна инвалидска количка;
  • адаптација на работното место на кое ќе работи инвалидното лице во висина до 100.000 денари и истите можат повторно да се користат, ако тоа го налагаат промените во техничко-технолошкиот процес или видот и степенот на инвалидноста на инвалидното лице доколку таа е потребна;
  • набавка на опрема во висина до 200 просечни плати исплатени во РМ за претходната година;
  • ослободување од даноци и обезбедување на средства за придонеси;
  • финансиска поддршка во работењето.

Заради финансирање на наведените мерки, основан е Посебен фонд каде што издвојуваа 15% од вкупно остварените средства од постојниот придонес за вработување,  се издвојува на потсметка

во Агенцијата за вработување на РМ најдоцна до 30-ти во месецот за претходниот месец, а Агенцијата е должна средствата издвоени во Посебниот фонд да ги користи исклучиво за овие намени.
Но напоменувам дека двапати се извршни измени и дополнување на Законот за вработување на инвалидните лица при што е намалена стапката на издвојување во Посебниот фонд од 15% на 10%, а со последната измена и дополнување од 10% на 5%, кои се наменети за активно вработување, не водејќи сметка дека се создава проблем во недостаток на средства за вработување на инвалидните лица, опрема и адаптација, особено со намалување на стапката на издвојување од 10% на 5%.
На ова укажува и Агенцијата за вработување, бидејќи истата не може подолго време да ги реши поднесените барања за ново вработување на 197 инвалидни лица, 26 барања за набавка на опрема и 2 барања за адаптација на работно место, заради што и укажуваат на потребата истата да се врати, односно зголемување на стапката од 5% на 15% од вкупно остварените средства од постојниот придонес во Посебниот фонд, со цел да не се загрозува вработувањето на инвалидните лица и решавања на поднесените барања, за што и ние даваме целосна поддршка.
Заради успешно натамошно вработување и постигнување на поголеми резултати во процесот на работењето на инвалидните лица укажуваме на уште неколку проблеми:

  • Агенцијата за вработување досега недоволно го реализира Правилникот за оспособување за работа, особено за инвалидните лица.
  • Бројот на занимањата во центрите за оспособување и рехабилитација е сведен само на неколку занимања и истиот треба да се прошири со оспособување за нови занимања, а во образовниот систем да овозможи и оспособување и за интелектуални струки за создавање услови за образование на инвалидните лица и пристап до техничко-технолошките средства за обука.

Имајќи ги предвид наведените сознанија и состојби во вработувањето на инвалидните лица ги предлагаме следниве заклучоци:

  • Министерството за труд и социјална политика да подготви Предлог за донесување Закон

за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, со кои ќе се уреди зголемување на процентот од 5% на 15% од вкупно остварените средства од постојниот придонес за вработување издвоени на потсметката во Агенцијата за вработување на РМ (Посебен фонд) со примена од 01.01.2008 година.

  • Агенцијата за вработување на РМ доследно да го применува Правилникот за работно оспособување по барање на претпријатијата кои вработуваат инвалидни лица.
  • Министерството за образование и наука во соработка со центрите за образование, оспособување и рехабилитација на инвалиднии деца и младинци да пристапи кон изнаоѓање на нови занимања за оспособување на овие лица, како и создавање на услови во средното и високото образование за пристап на инвалидните лица до сите можни оспособувања за работа и други интелектуални струки. 
  • Трудовата инспекција почесто да врши инспекциски надзор, бидејќи има одредени сознанија некои заштитни друштва да вработат инвалиди, да земаат средства, а потоа да ги отпуштат и понатаму да користат бенифиции.
  • Врз основа на сознанијата кои ги имам добиено од практиката сметам дека е потребно да ги прошириме занимањата и работните операции зависно од степенот и видот на оштетувањето за да отвориме поголем број работни места. За таа цел предлагам да се формира експертска група од релевантните институции на државата што ќе изготви  номенклатура на сите занимања и работни операции и тоа, од традиционалните занимања за потешките инвалиди, па сè до најсофистицираните занимања од електрониката и информатиката. Тоа ќе ни овозможи во центрите за професионална рехабилитација да организираме поквалитетно оспособување на занимања и работни операции, кои ќе можат со успех да ги работат.

Процесот на оспособување и вработување на инвалидни лица е сложен процес и постојано бара перманентна анализа и истражување за да со успех самостојно ги извршуваат работните задачи, а со тоа да бидат среќни и задоволни од работата која ја вршат.

 

 

The employment of people with disabilities has shown positive results for the last few years, not only in the shelter commercial companies but as individual entrepreneurs or disabled people employed in individual commercial companies. The people with disabilities also, depending on the kind and degree of disability and the professional education are to be employed in the public administration and open commerce. 
Nowadays, in the Republic of Macedonia, there are about 650 registered shelter commercial companies that employ 3,550 people with disabilities and 4,350 people without disabilities, or the total of 7,900 employees in shelter commercial companies.
There are 190 registered individual entrepreneurs, disabled people working on their own, and about 460 disabled people working as employees in individual commercial companies which makes a total of 4,200 employed disabled people. 
According to the Law on Employment being in effect from 02.06.2000, the number of the registered unemployed people in the Agency for employment in the Republic of Macedonia on 31.12.2001 was 3.300 people (this number includes registered disabled at work looking for a job), and in July  2007 the  number  was   2.200,  which means that  1.100 people with disabilities have been employed since adopting the Law, and there is a tendency of increasing employment of disabled people.
The existing Law on employment of people with disabilities regulates the specific conditions for employment and working of people with disabilities, when they run their own business, when they are employed in individual commercial companies owned by other owners, the measures for enhancing the conditions for employment and working conditions of people with disabilities, their work training, financing of the Special Fund for enhancing the conditions for employment of and working of people with disabilities and at the same time it regulates the conditions for establishing a commercial company for employment of disabled people-a shelter commercial company and the privileges.
Measures for enhancing conditions for employment and working of people with disabilities are:

  • Granting irretrievable funds for employment at indefinite time of unemployed disabled people up to the amount of 20 average salaries in the Republic of Macedonia of the previous year, i.e. 40 average salaries in the Republic of Macedonia of the previous year before employment and for the employment of a totally blind and a physically disabled person, who, due to the mobility needs a wheelchair;
  • Adaptation of the work facilities where the person with disabilities is to work with the amount up to 100.000 denars,  and the same can be reused, if the technical-technological process or the kind and the degree of the disability require that;
  • Purchasing equipment for the amount of 200 average salaries in the Republic of Macedonia of the previous year;
  • Tax exemption and providing means for taxes; and
  • Financial support for working.

Due to financing of the above mentioned measures, the Special Fund was established which sets apart 15% of the total realized income from the existing tax on employment, set apart on the sub-account of

the Agency of Employment in the Republic of Macedonia, the latest till the 30th day of the month for the previous month, and the Agency is obliged to used the means set apart in the Special Fund exclusively for these purposes.
It has to be mentioned that the Law on Employment of disabled people has been changed and amended twice and the rate for setting apart means for the Special Fund has been reduced from 15% to 10%, and with the last changes from 10% to 5%.  Thus, it has not been taken into consideration that it produces lack of funds for employment of disabled people, equipping and adaptation, especially with the last change of the rate from 10% to 5%.
This was pointed out by the Agency for employment, because it can not respond to all application for new employment of 197 disabled people, 26 requirements for purchasing equipment and two requirements for adaptation of the working facilities. Thus, it points out the need of increasing the rate from 5% to 10% of the total realized income of the taxes in the Special Fund, aiming not to endanger the employment of people with disabilities and the other requirements. We fully support the Agency on this matter.
We point out some other problem aiming to help for successful employment and better results in the working process of people with disabilities:

  • The Agency for employment has not sufficiently realized the Rulebook for work training, especially for people with disabilities.
  • The number of vocations in the Centers for training and rehabilitation is minimized to only several vocations   and the number should be increased with new vocation training, the education system should provide training of intellectual structures in order to create conditions for education of people with disabilities and access to technical and technological training facilities.

Having in mind the above mentioned findings and the conditions of employing people with disabilities we suggest the following:

  • The Ministry of Labor and Social Policy has to prepare a Proposal for adopting a Law for chan-

ges and amendments of the Law on employment of people with disabilities, which can regulate the increase of the rate from 5% to 10% of the total realized income of the existing tax on employment, set apart on the sub-account of the Agency of Employment (the Special Fund) in the Republic of Macedonia to be implemented from 01.01.2008.

  • The Agency of Employment in the Republic of Macedonia to implement consequently the Rulebook for work training on the request of the enterprises which employ people with disabilities.
  • The Ministry of Education and Science in cooperation with the centers for education, training and rehabilitation of children and youth with disabilities is to find out new vocations for training these people and to create conditions for secondary and higher education, for work training of people with disabilities and access to other intellectual structures. 
  • Labor inspection is to inspect and supervise, because there is certain information that some shelter commercial companies that employ people with disabilities, get the financial means, and then dismiss the people with disabilities but continue to use the benefits.
  • On the basis of the information obtained from the practice, we consider that it is necessary to enlarge the number of vocations and work operations depending on the degree and kind of disabilities, in order to open a larger number of posts. Therefore, I suggest  an expert group of relevant institutions in the state to be formed that will prepare the nomenclature for all vocations and work operations, from traditional ones for hard disabled people to the most sophisticated vocations-electronics and informatics. That will enable the centers for professional rehabilitation to organize better quality vocational training and work operations and to work successfully.

The process of training and employing people with disabilities is a complex one and requires permanent analyses and research, so that they could independently and successfully perform their tasks, and at the same time to be happy and satisfied while working.

 

 

 

 

 

 

 

Citation:Efremov Lj. Conditions of People with Disabilities Employment in the Republic of Macedonia. J Spec Educ Rehab 2007; 8(1-2):43-46.

   

 

   

1 Реферат поднесен на Тркалезната маса, одржана во Клубот на пратениците на 26, Септември 2007 година на тема: Состојба, проблеми и развој на образованието и вработувањето на лицата со инвалидност во Република Македонија

1  The paper was presented at the Round table discussion on Conditions, problems and development of people with disabilities in the Republic of Macedonia, held in the Member of Parliament Club on 26th September 2007.  

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in