JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 72983
КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАЗВОЈОТ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ДЕФЕКТОЛОГИЈАТА
Наташа АНГЕЛОСКА-ГАЛЕВСКА
|
|
TENDENCIES IN THE DEVELOPMENT OF THE METHODOLOGY OF RESEARCH IN THE SPECIAL EDUCATION
Natasha ANGELOSKA-GALEVSKA
|
Неспорна е потребата за иницирање на што поголем број натамошни истражувања во сферата на дефектологијата, како што е потребна и критичка анализа на веќе реализираните истражувања. Натамошниот развој на научните истражувања во дефектологијата треба да претставува основа за креирање на образовната политика за лицата со инвалидност и за унапредување на институционалниот и вонинституционалниот третман на оваа популација. |
|
It is important to initiate further researches in the field of special education and rehabilitation, as well as a critical analysis of realized researches. Further development of the scientific research in special education and rehabilitation should be a base for education policy on people with disabilities and development of institutional and non-institutional treatment of this population. |
Развојот на една наука се засновува врз научни сознанија и законитости до кои се доаѓа со истражување на стварноста. Општествените феномени, а особено појавите во воспитанието и образованието на лицата со инвалидност, се сложени, динамични, полифакторни. Нивното проучување е специфично, комплексно и бара развиена методологија на истражување, која ќе нуди методи, постапки и инструменти адекватни на проблемите што се проучуваат. |
|
|
Методологијата за истражување во дефектологијата нема подолга традиција кај нас. Дури и во развиените земји таа уште нема таква автономност или оригиналност како методологиите на некои други науки, туку повеќе станува збор за синтезирање на методолошките сознанија и принципи од сродните науки и нивно приспособување кон специфичностите на истражувачката работа во дефектологијата. Ваквиот статус на методологијата за истражување во дефектологијата има позитивни страни, зашто претераното осамостојување на методологијата на која било наука доведува до опасност од методолошки фрагментаризам и оневозможува прифаќање на новите сознанија од сродните науки. |
|
|
поттикнува за трагање по нови знаења, да ги учи рационално да мислат и делуваат, да имаат критички став кон новите сознанија и, пред сé, да ги оспособи за сопствени, самостојни истражувачки потфати. Тоа, пак, подразбира смисла за организација, умешност за аргументирање и докажување, како и познавање на методолошките принципи и критериуми за истражувачка работа. |
|
|
|
|
|
Развојни тенденции во истражувачката работа во дефектологијата од минатото до денес |
|
Background information for developmental tendencies in the research work in special education and rehabilitation
|
Поставеноста на современите дефектолошки истражувања се должи на повеќевековната традиција и искуство што истражувачите го стекнувале со проучување на дефектологијата и сродните науки, особено педагогијата и психологијата. Наредниот текст содржи кус историски осврт на истражувањата и меодологијата што била користена во изминатиот период, со цел да се покажат развојните тенденции во истражувачката работа од минатото до денес. Карактеристиките на истражувањата во подрачјето на дефектологијата ќе ја проследиме низ пет историски периоди, врз основа на периодизацијата на францускиот методолог Ланчер (Gilbert De Landcheere). |
|
The contemporary research in special education and rehabilitation is due to long lasting tradition and experience of researchers acquired through studies in special education and rehabilitation and similar sciences, especially pedagogy and psychology. The following text presents background information on research and methodology used through history in order to show the developmental tendencies of the research work. The research characteristics in the field of special education and rehabilitation are shown through five historical periods according to the French methodologist Gilebrt de Landcheere. |
|
|
|
1. Период до 1900 година |
|
1. Period till 1900 |
Првите мисли за воспитанието на детето се забележени уште во стара Грција, но тие биле резултат на спекулација на филозофите од тоа време, а не на емпириски истражувања. Пресвртница кон индуктивниот пристап во науката направил Бекон (1561-1626), тврдејќи дека "нема ништо во разумот што претходно не било во сетилата". |
|
The first thoughts on child’s upbringing were noticed in ancient Greece, but they were speculations of philosophers of that time and not empiric researches. The change towards the science indicative approach was made by Beckon (1561-1626) stating that “there is nothing in the reason which was not in the senses previously”. That means that the knowledge of appearances is not the result only of speculation, |
Тоа значи дека сознанијата за појавите не треба да се резултат само на спекулација, на размислување, туку и на непосредно набљудување и искуство. Први примери за систематско проучување на детскиот развој сретнуваме на крајот од 18 век. Тогаш германскиот лекар Тидеман (Tiedemann) ја прави првата исцрпна биографска студија за детето, по што следат и други. Првите позначајни емпириски истражувања биле спроведени на самиот крај од 19 век (Стенли Хол), кои иницирале низа истражувања со експериментален карактер, познати под името "експериментна педагогија" и "експериментна психологија". Појавата на овие истражувања била резултат на повеќевековното педагошко практично и теориско искуство, но понепосредно биле условени од развојот на природните науки во 19 век. Во физиката, биологијата и медицината веќе се вршеле истражувања од експериментен карактер. Се применувале некои видови тестови. Почнала да се користи статистиката и да се градат концепти за стандардизација.
|
|
thinking, but it is a result of direct observation and experience.
|
|
|
|
||
2. Период од 1900 до 1930 година |
|
2. Period 1900 – 1930 |
|
Овој период го нарекувале "врв" на емпиријата. Претходно споменатите и други истражувачи почнале многубројни истражувања. Се работи на усовршување на инструментите за ментално тестирање. Се прават модели за вреднување на наставните планови и програми, се проучува трансферот на вежбање итн. Влијание врз развојот на истражувањата во дефектологијата врши психоаналитичкото учење на Фројд, бихејвиоризмот на Вотсон и, пред сé, когнитивистичката теорија што ја развива Женевската школа (1918). Пијаже и неговите соработници доаѓаат до револуционерни сознанија. Се јавува едно оптимистично сфаќање дека хендикепираното дете не е хендикепирано на сите подрачја, односно дека со примена на соодветни методи тоа може постојано да напредува и да ги развива оние способности кои може да се развијат. Притоа за неговата акцелерација е пресудно да се респектираат критичните фази во развојот и, во точно одредени периоди, да се применуваат соодветни воспитно-образовни постапки, при што интензивно треба да биде ангажиран и самиот субјект. Истражувањата во овој период довеле до значајни сознанија за тоа како се одвива "природниот" развој, а какви се отстапувањата од нормалниот процес на развивање и созревање. |
|
This period is called “the peak” of empiricism. The researchers previously mentioned and others started numerous researches. A lot of work was devoted to improving the instruments for mental testing, creating models for estimation of teaching curriculums and programs, studying the transfer of exercises and so on. The research development of special education and rehabilitation was influenced by Freud psycho-analytic teachings, Watson behaviorism and, above all, cognitive theory developed by the Geneva school (1918). Piaget and his associates came to revolutionary knowledge. An optimistic opinion occurred that the disabled children were not disabled in all spheres, i.e., with implementation of appropriate methods they could progress and develop their abilities. It is crucial to respect the critical phases of development for their acceleration and to implement appropriate upbringing and education procedures at certain periods with intensive engagement of subjects in question. The researches from that period led to significant knowledge about the “natural” development and what deviations from normal process of development and maturity were like. |
|
е квантитативната ориентираност на истражувањата. Примената на статистиката треба да ги надмине недостатоците на формализмот од минатото и општествените истражувања да ги направи "научни", како што се оние во природните науки. |
|
||
|
|
|
|
3. Период од 1930 до 1960 година |
|
3. Period 1930 – 1960 |
|
Економската криза од 30-тите години предизвикува криза и во истражувачката работа поради драстичното намалување на средствата за истражување во образованието. Во Германија, Италија и Јапонија се раѓа фашизмот, а во Франција, Шпанија и други земји се јавува социјалистичкото движење. Во Втората светска војна и во повоените години повторно била оневозможена каква било позначајна работа на овој план. Во Советскиот сојуз во 1936 година "педологијата" е забранета со декрет на Комунистичката партија и тоа важи сé додека е Сталин на власт. Во овој период во Европа посериозни истражувања се забележани на Женевската и Московската школа (Пијаже и Виготски). |
|
The economic crisis from the 30s caused crisis in research work due to drastic decrease of funds for researches in education. The fascism was born in Germany, Italy and Japan and socialistic movement occurred in France, Spain and other countries. No significant research work was possible during the Second World War, as well as in the postwar period. In the Soviet Union the “pedology” was banned in 1936 with a decree by the Communist party during the Stalin regime. This period in Europe is characterized with more serious researches performed by Geneva and Moscow schools (Piaget and Vigotsky). |
|
|
|
|
|
4. Период од 1960 до 1980 година |
|
4. Period 1960 – 1980 |
|
Периодот од 1960 до 1980 година може да се |
|
The period 1960-1980 can be called “explosion” of |
|
нарече период на "експлозија" на науката и незапаметен развој на истражувањата. Се преземаат огромни зафати и се вложуваат големи инвестиции во образованието, особено во САД каде што се настојува да се фати чекор со Советскиот сојуз, кој прв лансира сателит во вселената. |
|
the science and unprecedented research development. Enormous investments and activities in education were undertaken, especially in USA with tendency to keep up the pace with the Soviet Union’s first satellite launching. |
|
Општа тенденција на истражувањата во овој период е доминацијата на позитивистичкиот и номотетичкиот пристап. Во најголемиот број случаи се користи квантитативната методологија и техниките за тестирање, систематско набљудување, анкетирање. Се развиваат нови посложени статистички постапки. А појавата на компјутерите и нивната масовна примена во истражувањата ја олеснува нивната примена и обработката на податоците. |
|
||
|
|
|
|
5. Период од 1980 година до денес |
|
5. Period from 1980 till now |
|
Квантитативните истражувања од минатиот период продолжуваат да се применуваат и натаму, но не со толкав обем и интензитет. Од 80-тите години сé позастапен станува квалитативниот пристап. Тежиштето на дефектолошките истражувања се поместува. и, наместо дијагностицирање, се оди кон откривање на начините со кои може да се пресретнат потребите на лицата со пречки во развојот. Во Британија од 1981 година донесен е акт за оваа популација да се нарекува "лица со специјални образовни потреби".
|
|
The quantitative researches from the past period continued to be implemented but not with such volume and intensity. From the 80s the qualitative approach has become more present. The focus of special education and rehabilitation researches has moved and instead of diagnosing, it has been directed towards discovering ways for meeting the needs of people with developmental disabilities. In Britain, in 1981 an act was brought and this population was called people with special education needs. |
Citation:Angeloska-Galevska N. Characteristics of Research Methodology Development in Special Education and Rehabilitation. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):19-29. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
1. Ќордиќ А. Дефектолошки лексикон Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1999. |
3. Mertens DM, McLaughlin JA. Research Methods in Special Education, California, Thousand Oaks: Sage Publications, 1995. |
|||
2. De Landsheere G. Historija pedagoshkih istrazhivanja, Zagreb, 1986, Pedagoshki rad br. 5-6, 240-255. |
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE