ПСИХОТЕРАПИЈА НА ДЕТСКИ СТРАВОВИ ПРИ ЗАБОЛУВАЊА И СОМАТСКИ ПОВРЕДИ

 

Ивајло ПЕТРОВ

 

СУ "Св. Климент Охридски", ФНПП
Софија, Република Бугарија

 

 

PSYCHICAL THERAPY OF CHILDREN‘S FEARS DUE TO DISEASES AND SOMATIC INJURIES

 

Ivajlo PETROV

 

SU “St. Climent Ohridski” FNPP
Sofia, Republic of Bulgaria

Стравот е вечен сопатник во животот на човештвото. Безумниот страв на првобитниот човек од пред 20.000 години, дека сонцето што заоѓа, следното утро нема да изгрее, денес е трансформиран во страв од непознат судар на нашава планета со некое друго космичко тело. Човечката цивилизација во сите фази од развојот е придружувана од разновидни стравови врзани со болест, смрт, повреда, болка, разделба, осаменост, настапувањето на ноќта, измислени суштества, природни појави итн. Стравот се претвора во основен дел од човековото живеење, од кое не може да се откаже.
Особено силно се изразени детските стравови. Тие, од своја страна, добиваат карактерно специфична форма кај деца со телесни пречки, болните и кај децата со слабо здравје. Постојат разни експерименти за класификација на детските стравови. Во Енциклопедијата за психологија на Raymond J. Corsini, се разграничуваат два вида детски страва: фобија-интензивен, донекаде ирационален страв, конкретно поврзан со определени објекти, суштества, ситуации и растроеност - непознато чувство на страв, неизвесност или претстојна опасност без определен носител (6, с. 222). А. А. Ковалев зборува за: наметливи, намерни, ноќни, недиференцирани и неврзани детски стравови (3, с. 270, 271).
N. Silamy од своја страна го врзува стравот со чувството за неспокојство, испитувано при изглед за опасност или при помислата за неа (17, с. 276). Некои германски психолози целосно го идентификуваат стравот со загриженоста (16, с. 617). Во случајов во основата на взаемно заменување се соодветните физиолошки состојби, а најмногу возбудата. Психотерапевтите од школата за психотерапија го разгледуваат стравот како израз на конфликт меѓу сознајните и несознајните стремежи. Тој се јавува нејaсно на изразените усилби да се потиснат агресивните и сексуалните инстиктивни желби и е сигнал за помош, ако потиснувањето не е целосно успешно.

Во прашалната теорија загриженоста се разгледува како креативно психичко достигнување, а не како рефлекс или едноставно инстиктивно дејствување. (5, с. 18).
Причинителите, кои предизвикуваат страв кај децата, независно од нивниот психосоматски статус, се најразлични. Факторите што ги условуваат, можат да бидат поделени во три категории:

  1. Вродени. Таквите се во тесна врска со состојбата на повисоката нервна дејност, темперамент и пол. Има деца, што очигледно полесно и почесто од другите демонстрираат реакции на страв врз база на карактеристиките на темпераментот.
  2. Преживеани. Поврзани се со непосредните случувања. Може да бидат постојани или краткотрајни, да се трансформираат, да се зголемуваат, мултиплицираат.
  3. Мислење и вообразување. Тука детските стравови може да бидат провоцирани од неправилни претстави, идеи, разумни заклучоци, непознати ситуации итн.

Како кај возрасните, така и кај децата, стравот го придружуваат конкретни физиолошки показатели, првенствено од биохемиска и функционална причина. Расте адреналинот, пулсот, систоличниот крвен притисок и зачестеноста на дишењето. Се нарушува волевата мозочна функција, проблеми со крвотокот, се појавуваат чувства за бодежи во градите, поточно во срцевата област, се појавува задишување, неможност за движење на екстремитетите, афективни грчеви. Се демонстрира кочење, ноќно мокрење, треперење, припаѓања, губење здив, натрапливости, неврози, агресија, самоагресија, непријатни мисли, изнудено тиранско и проблематично поведение, тешкотии при заспивањето, активни протести, дезинтеграција, срамежливост, оттуѓување и др.
По правило кај помалите деца, оосбено кај телесно инвалидните, болните и здравствено слабите, стравовите се подинамични, поинтензивни, продолжителни, отколку кај поголемите, младинците и возрасните.

"Основните" стравови кај децата во раната возраст се врзани најповеќе со непознатото-непознати лица, шумови, светлини, предмети. Децата особено тешко ја преживуваат разделбата меѓу 6 месечна возраст и 4 години. Реакциите се разновидни и зависат од повисоката нервна активност, темпераментот, возраста на детето, условите на непосредната околина по разделбата, видот на врската. Во почетната училишна возраст децата го осознаваат стравот од смртта, болестите, катастрофите, и сé повеќе се вознемируваат од природни феномени (бури, грмотевици, земјотреси, поплави). Во средно училишната возраст децата стравуваат од евентуален развод или невработеност на родителите, наркоманијата, насилството од престапници, политички стресови. Вистински-слабите деца (но не во смисол на Фројд) развиваат страв или фобија од училиштето, причини од учење и од личности.
Особено карактеристични се детските стравови при заболување (најповеќе хронично) и при телесни пречки. Постојат повеќе од 3.000 нелогични единици и е многу тешко да се поврзат состојбите со конкретните појави на страв. По правило при секое заболување се нарушува, во различни степени, целосната психолошка карактеристика на личноста (11, 12, 21).
При полесни болести, што не продолжуваат, стравот, нормално е помал. При хронични заболувања, што често продолжуваат цел живот, сликата е сосема поинаква. Така на пример, заболените од дијабет постојано стравуваат да не паднат во хипогликемична кома. Такви се состојбите кај лицата со срцеви мани, астма, муковицидоза, хемофилија, епилепсија и други заболувања на промената на материите, стомачно-цревните и бубрежните повреди. Децата со церебрална парализа доживуваат паничен страв пред претстојна хируршка интервенција, болните со карцином живеат во паничен ужас од смртта. Некои хронични заболувања потекнуваат врз основа на удари, стресови, забавени подобрувања и се менуваат во брзи влошувања,  на пример, при воспаление на цревниот тракт или тумори. Стравот од појавата на соодветна ситуација целосно го менува животот на засегнатите деца (а исто така и на нивните роднини). Малите деца, што, сé уште, не го познаваат местото на внатрешните органи и нивното функционирање го заменуваат знаењето со фантазии што шират стравови.
Пациентите од болниците и санаториумите се објект на операции, болни манипулации, сведоци на стресни појави, дури и на смрт во соседниот кревет. Тие со ужас го гледаат истекувањето на крвта од нивните тела или престанокот на движење на нивните тела и екстремите. Ненадејаната смена на домашната средина со болничка, санаториум, разделбата со блиските, особено со мајката, исто така, ги засилуваат реакциите на страв и формирање фобии. Р. Дју Боа, посочува на конкретни причини кои ги сврстуваат детските стравови од болест:

  1. Детето е несвесно за неговата состојба.
  2. Чувство на страв кај родителите заради здравствената состојба на детето.
  3. Магична мисла дека болеста настапила како казна заради лошото поведение на детето.
  4. Магични претстави што ја придружуваат болката-телото ќе се здроби или ќе исчезне. Нешто заплашувачко се јавува во него.
  5. Чувство на беспомошност и загуба на контрола врз телото и околната средина.
  6. Разделба и загуба.
  7. Фикс-идеја, зад која се кријат проблеми на созревањето и разделувањето (хипохондрија).
  8. Запознавање на вистинските нешта кај лекарите и во болницата (5, с. 145).

Потешкиот момент во психодијагностиката е мерењето на стравот. За таа цел се претпочита интервју со отворени прашања што дава повеќе информации за стравовите кај луѓето, отколку прашалниците.

Сложеноста во собирање податоци и нивната обработка се условува од диференцирањето меѓу самото посочување, дека стравот постои и состојба на вистински интензивен страв од нешто. Едновремено интерпретирање на резултатите се усложнува ако истражувачот не ја земе предвид силата на посочените стравови (6, с. 1179). Нашето проучување направено со 220 ученици на возраст од 12 до 15 години во училишниот санаториум за деца со церебрална парализа во Момин Премин, училишниот санаториум за деца со диабет во Вршец, училишниот санаториум за деца со заболувања срцеви-садови во Банкја, санаториум ЕСПУ за деца со алергични и неспецифични заболувања во Сандански, санаториум ЕСПУ во Ардино и 99-то медицинско училиште во Софија покажа специфична слика и нејзини карактеристични параметри врз основна на стравовите кај телесно инвалидните, болните и децата со слабо здравје. Во интервјуто со отворени прашања се добија следните резултати:

  1. "Се плашам за здравјето"-навеле 192 деца (87,2%).
  2. "Се плашам дека нема да се опоравам (оздравам, излекувам)"-навеле 163 деца (74%).
  3. "Се плашам од операција (лекарска грешка, медицинска манипулација)" -навеле 159 деца (72,2%).
  4. "Се плашам од влошување на мојата состојба"-навеле 112 деца (50,9%).
  5. "Se pla{am od bolka"-навеле 111 деца (50,4%).
  6. "Se pla{am од нереални суштества (духови, чудовишта, призраци, вампири"-навеле 110 деца 50%).
  7. "Se pla{am од училиштето и од училишните материјали, од учење лекции-навело 101 дете (45,9%).
  8. "Се плашам за моите роднини"-навеле 74 деца (33,6%).
  9. "Се плашам од војна"-навеле 74 деца (33,6%).
  10. "Се плашам од смрт"-навеле 56 деца (25,4%).
  11. "Се плашам од кражба"-навеле 52 деца (23,6%).
  12. "Се плашам дека нема да се омажам /оженам"-навеле 32 деца (14,5%).

Така карактеристичните стравови за здрави деца-сензитивни, природни, еколошки, социјални, семејни, политички итн. не се интерсни за испитаниците во болниците, санаториумите и училиштата за оздравување.
Има разновидни начини за лечење на стравот и растревоженост, но, главно место зазема психотерапијата. Меѓу многубројните психотерапевтски методи како најпогодни, Р. Дју Боа ги спомнува следните три: семејна терапија, терапија за поведението и психотерапија (5).
Во рамките на семејната терапија се користат нејзините две варијанти-аналитичката семејна терапија и системската терапија.
Исклучително перспективна, современа и ефикасна семејната терапија е разработена како метод и начини дадени од психотерапевти какви што се P. Watslavich, J. H. Beavin, D. D. Jackson (1967), M.S. Selvini-Palzzoli (1978), J. Haley (1980), Ph. Barker (1981), M.P. Nichols (1984), G. Burnham (1991) (види поопширно 9, 15, 24, 25). Семејната психотерапија има четири основни школи: теорија за предметните односи, теоријата на Боуен, структурна семејна терапија и теорија за комуникација (види поопширно 6, с. 1098, 1101).
При семејната психотерапија, семејството се разгледува како целосен систем. Заради тоа, интегративниот метод е особено добар за работа со семејство со телесно повредено, болно или дете со слабо здравје, каде што стравовите се пренесуваат взаемно.
Семејната психотерапија се потпира врз три основи претпоставки: "1. Стравот на детето се наоѓа во взаемна врска со поведението на другите членови од семејството.

Најдобро е детето воопшто да не се третира како пациент. Евентуално, целото семејство би можело да се разгледува како пациент. 2. Стравот на детето се става во структурата на семејни врски, во "системот на семејството". 3. Во семејните врски се крие силата за промена која на крајот од краиштата е во полза на исплашеното дете, иако, се стравува дека таквите промени детето ќе се обиде да ги врати" (5, с. 193). Особено важно е во случаите, кога детето не влегува веднаш во болница или санаториум па постои можност за подготвителен период кој што оптимално треба да се искористи.
Правилната претходна подготовка во семејната средина за престој во здравствена (санаториумска) институција го намалува времето за адаптација во него. Особено опасни за детската психа се случаите каде родителите намерно ги плашат децата со лекари, медицински сестри, болници, инекции и слични работи. На таков начин неусловниот рефлекс на стравот постепено се заменува со условен и децата, сместени во болница или санаториум, искажуваат страв од болест само кога ќе видат бел мантил (14).
Видни претставници на психотерапија на поведението се J. Wolpe, R.S. Lazarus, S. Rachman, D. Shapiro, A. J. Yates, H. J. Eysench, T. Ayllon, L. Homme, J. Cautela. Психотерапијата на поведението го вклучува искористувањето на принципите развиени во експерименталната и социјалната психологија. Со неа се минимизираат човечките страдања и ограничувања во дејствување.
Таа ги вклучува преструктуирањето на средината на опкружување и социјалните взаемно дејствувања кај децата и ја помага промената на соматските процеси. Главната цел и е да формира и да поддржува можности за дејствување и засилување на самоконтролата. Kanfr и Filips класифицираат 4 вида на психотерапија на поведението-"категоризација која, сé уште, се користи: интерактивна терапија, бара серија интервјуа во кои вербалното поведение  на тера певтот се користи за катализација на промените кај пациентот; поттикнувачка терапија, искористува ангажираност и задачи за да пациентот научи да биде свој сопствен терапевт; терапија со повторување при која однесувањето се менува со повторување на критичниот сегмент од животот на пациентот во терапевтската сесија; интервенциска терапија или отстранување определени реакции од страна на терапевтот, се појавува во взаемно дејство на пациентот со неговата природна средина" (6, с. 805).
Психотерапијата има долга историја и датира уште од крајот на 19 век. Нејзин основополжник е Сигмунд Фројд (Sigmund Freud). Некои современи специјалисти укажуваат на измешани чувства и постојат многубројни докази за несомнено значење при лечење страв кај телесно повредени, болни и деца со слабо здравје. Во тој контекст G. Fidgor Dori, говори за психоаналитичката педагогија во болничкото училиште (види поопширно 19). Психотерапијата бара излез на детскиот страв во преживувањето, противречностите и напрегањата многу од дамнина.
Според презумцијата, природата на стравот произлегува од древниот дел на нервниот систем, кој е општ кај човекот и цицачите. Со него се регулираат моделите на поведение, агресивните и самоагресивните чувства, инстиктот за самоисхрана. Според психоаналитичарите, проблемот на стравот е присутен во основниот психички конфликт.
Детскиот страв кај телесно инвалидните, болните, и оние со слабо здравје е последниот поттик за лекување и повик за помош. Самото лекување вклучува разновидни приоди: враќање во минатото, во светот на фантазиите, слободните асоцијации, спонтаните реакции и сновиденија на деца и нивните родители. Насоките на дејствување во психотерапијата се одредуваат од детето и родителите. Терапевтот во дадениот случај стои во заден план. Примената на психотерапијата кај детските  стравови не се случува во строго насочени и прецизирани граници. Најлесно се согласуваат за учество интровертните деца, кои имаат потреба од заштитничко, топло однесување. Екстровертите деца се чувствуваат постегнати од искористувањето на таквиот психотерапевтски метод (5).

 

Fear has been an eternal companion of human life. Insane fears of the pre-historical people 20.000 years ago, that the sun sets and it will not rise the next morning, has been transformed in fears of unknown, fear that our planet will collide with other celestial bodies (cosmic objects). Civilization and its developmental phases have been accompanied by various frights related to disease, death, injuries, pains, separation, loneliness, falling of the night, invented creatures, natural phenomena etc. Fear has become the basic part of human life, its inevitable part.
Strongly expressed are children’s frights. They acquire characteristic and specific forms with physical disabilities, ill and children of poor health.
There are different experiments that classify children’s fears. In psychology encyclopedia by Raymon J. Corsini two children’s fears are indicated: phobia-an intensive, somehow an irrational fear, concretely linked to certain objects, creatures, situations and disturbance - an unknown feeling of fear, uncertainty or expected danger without a definite bearer (6. p.222). A. A. Kovalev talks about intrusive, intentional night fears, undifferentiated and incoherent children’s fears (3, p.270, 271).
N. Silamy connects fear to the feeling of restlessness investigated at occurrence of danger or at thought of it (17, p. 276). Some German psychologists identify fear with disturbance (16, p. 617). In this case, in the basics of mutual interchange are appropriate physiological conditions, mostly the excitement. The psychotherapists from the school of psychotherapy consider fear as an expression of conflict between knowledgeable and unknowledgeable desire. It arrears unclearly to the expressed attempts to squeeze through the aggressive and sexual instinctive wishes and it is a signal, if the squeezing through has not been entirely successful.

In the question theory, disturbance is considered as a creative psychic achievement, and often, as a reflex or a simple instinctive activity (5, p. 18)
The reasons which cause fear with children regardless of their psycho-somatic status are various. The factors that cause them can be divided in three categories:

  1. Innate. They are closely related to conditions of higher nervous activity, temperament and sex. There are children who, obviously, more easily and frequently than others demonstrate reactions of fear on the base of temperamental characteristics.
  2. Endurable. They are related to certain happenings. They can be constant or short. They can transform themselves, increase and multiply.
  3. Thoughtful and imaginary. Herewith the children’s fears can be provoked by abnormal appearances, ideas, reasonable conclusions, unknown situations etc.

Fear, both with children and adults, is accompanied by concrete physiological indicators, firstly of biochemical and functional reasons. The adrenaline increases, as well as the pulse, cystolic blood pressure and there is frequent breathing. Brain willing function is disturbed, problems with blood circulation appear, feeling of pains in the chest occurs, in the hearth region, hard breathing, motionless extremities, affective spasms. Other occurrences are demonstrated: inflexibility, night urinating, shivering, fainting, loosing breath, intrusion, neurosis, aggression, self-aggression, unpleasant thoughts, tyrant and problematic behavior, difficulties in falling asleep, active protests, disintegration, shyness, alienation and etc.
As a rule, fear with little children, especially disabled ones, ill people and those with poor health, are more dynamic and more intensive, prolonged than with elder children and adults.

 “Basic” fears in the early childhood are connected to unknown – unknown people, sounds, lights, objects. Children do not easily endure separation, especially from the age of 4 months to 4 years. The reactions are different and they depend on higher nervous activities, temperament and child’s age, as well as the environmental conditions after the separation and the kind of relationship. Children at school age get to know the fear of death, diseases, catastrophes and they are even more disturbed by natural phenomena (storms, thunderstorms, earthquakes, flood). Children at secondary school age fear of eventual divorce or unemployment of their parents, drug addiction, violence and criminals, political stress. Real weak children (not only according to Freud, develop fear or phobia of school, learning certain subjects as well as fear of certain people.
Children fear of diseases (mostly chronic ones) and physical disabilities are very characteristic. There are more than 3000 illogical units and it is very difficult to match conditions with each disease, the entire psychological personal characteristic is disturbed at different level (11, 12, 21).
People fear less if the disease is less severe or not chronic one. The picture is different with chronic diseases that continue throughout their lives. For instance, people with diabetes permanently fear not to fall in hypo-glycemic comma. Such are the conditions in people with hearth disease, asthma, mucovicidosa, hemophilia, epilepsy and other diseases of substance changes, stomach and intestine as well as kidney injuries. Children with cerebral paralysis, experience panic fear before surgical intervention, people with oncology problems live in panic horror of death.
Some chronic diseases are caused by injuries, stress, slow recoveries and change to fast aggravated condition, for ex. inflammation of the intestines or tumors. Fear of certain situation appearance changes the life of concerned children (their next of keen, too). Little children who do not yet know the place of the inner organs and their functioning replace knowledge with imaginations that spread fears.
Patients in hospitals and sanatoriums are subjects of operations, ill manipulations, witness of stressed appearances, even death of patient lying in bed nearby. They watch with horror their body bleeding or their body and extremities stop moving. Sudden replacement of home environment with hospital, sanatorium, separation from relatives, especially from their mothers, also enforces their reactions of fear and creation of phobia. R. De Boa, indicates concrete reasons which list children’s fear of diseases:

  1. Children’s unawareness and ignorance about their condition.
  2. Parents’ feeling of fear due to their child’s health condition.
  3. Magic thought that the disease occurred as a punishment for child’s bad behavior.
  4. Magic thoughts that accompany pain – the body will be smashed and vanish. Something threatening appears in child.
  5. Feeling of helplessness and loss of the control over body and environment.
  6. Separation and loss.
  7. Fix idea that hides problems of maturity and separation (hypochondria).
  8. Information about real things about doctors and hospital (5, p.145)

A more difficult moment in psycho diagnosis is fear assessment. Interview with open questions that give more information on people’s fear is preferred to questionnaires.

The complexness of gathering data and their processing is conditioned by differentiation between pointing out that fear exists and the condition of real intensive fear of something. Simultaneous interpretation of the results becomes complicated if the examiner does not take into consideration the strength of presented fears (6, p.1179). We made a study of 220 students from the age of 12 to 15 years. Children were from school sanatorium for children with cerebral paralysis in Momin Premin, school sanatorium for children with diabetes in Vrshec, school sanatorium for children with heart diseases in Bankja, sanatorium ESPU for children with allergic and nonspecific diseases in Sandanski, sanatorium ESPU in Ardino and at the 99th Medical School in Sofia. The study showed a specific picture and characteristic parameters on the base of fears with physically disabled and ill people and children with poor health. The interview with open questions showed the following results:

  1. “I fear for my health” – stated 192 children (87,2%).
  2. “I fear that I will not recover (get better, get treated)” – stated 163 children (74%).
  3. “I fear surgery (doctor’s mistake, medical manipulation)” – stated 159 children (72,2%).
  4. “I fear my condition getting worse” – stated 112 children (50,9%).
  5. “I fear pain” – stated 111 children (50,4%).
  6. “I fear unreal creatures (ghosts, monsters, visions, vampires” – stated 110 children (50%).
  7. “I fear school, school subjects, learning lessons” – stated 101 children (45.9%).
  8. “I fear for my relatives” – stated 74 children (33,6%).
  9. “I fear war” – stated 74 children (33,6%).
  10.  “I fear death” – stated 56 children (25,4%).
  11. “I fear theft” – stated 52 children (23,6%).
  12. “I fear that I will not get married” – stated 32 children (14,5%).

Fears that are characteristic for healthy children - sensitive, natural, ecological, social, family, political and so on do not occur with examined children in hospitals, sanatoriums and medical schools. There are various methods for curing fear and disturbance but the most important place is given to psychotherapy. Among a great number of psychotherapeutic methods as the most convenient, R. De Boa mentions the following three: family therapy, behavioral therapy and psychotherapy (5).
Within the family therapy, its two variants are used – analytic family therapy and systemic therapy.
Exclusively perspective, contemporary and efficient family therapy is a method prepared and given by psychotherapists such as P. Watslavich, J. H. Beavin, D. D. Jackson (1967), M. S. Selvini-Palzzoli (1978), J. Haley (1980), Ph. Barker (1981), M. P. Nichols (1984), G. Burnham (1991) (9, 15, 24, 25). Family psychotherapy has four basic schools: theory for subject relations, Bouen theory, structural family therapy and theory for communication (see more detailed 6, p. 1098, 1101).
The family is considered as a whole system at the family psychotherapy. Therefore, the integrative method is especially good for working with family of physically disabled, ill or child with poor health, where fears are mutually transferred.
Family psychotherapy relies on three basic assumptions: “1. Child’s fear is in mutual relation with the behavior of other members of the family.

The best way is the child not to be treated as a patient. Actually, the whole family may be considered as a patient. 2. Child’s fear is put in the structure of family relations, in “family system”. 3. In family relations, the power for changes is hidden for the benefit of the frightened child, although the child will try to return such changes” (5, p. 193). It is very important in these cases when the child does not immediately enter the hospital or sanatorium, so there is a possibility for preparatory period, which has to be optimally used.
Previous correct preparation in the family environment for stay in health (sanatorium) institution reduces the adaptation time. It is especially dangerous for child’s psyche when parents deliberately frighten the children with doctors, nurses, hospitals, injections and similar things. In that way, unconditional reflex of fear gradually changes to conditional and children in hospitals and sanatoriums fear disease whenever they see white medical uniform (14).
Distinguished representatives of behavioral psychotherapy are J. Wolpe, R. S. Lazarus, S. Rachman, D. Shapiro, A. J. Yates, H. J. Eysench, T. Ayllon, L. Homme, J. Cautela. Behavioral psychotherapy includes use of principles developed in experimental and social psychology. Psychotherapy minimizes human sufferings and activity limitations.
It includes environmental restructuring and social interactions with children and helps the change of somatic processes. Its main aim is to form and support possibilities for acting and strengthening of self-control. Kanfr and Phillips classify 4 types of behavioral psychotherapy – “categorization that is still in use. Interactive therapy that requires series of interviews and where the therapist’s verbal behavior is used as catalyst for patient’s changes. Motivation therapy uses the engagement and tasks in order to teach the patient to become one’s own therapist. Repeat therapy where the behavior is changed with repetition of critical segment of patient’s life during the therapeutic session. Intervention therapy with removal of certain reactions with assistance of the therapist, interacts with mutual activities of patient and environment” (6, p. 805).
Psychotherapy has the longest history and dates from the end of 19th century. Its founder is Sigmund Freud. Some contemporary specialists indicate mixed feelings and there are a lot of proves for a great importance in curing fear with physically disabled, ill and children with poor health. In this context, G. Fidgor Dori speaks about psychoanalytic pedagogy in medical school (see more detailed 19). Psychotherapy has required outlet of child’s fear through endurance, contradiction and strain for ages.
According to the presumption, the nature of fear comes from the ancient part of nervous system, which is common in people and mammals. It regulates models of behavior, aggressive and self-aggressive feelings and the instinct for self-nutrition. According to the psychoanalysts, the fear is present in the basic psychic conflict.
Child’s fear with physically disabled, ill and children with poor health, is the last incentive for cure and cry for help. The treatment includes various approaches: returning to the past, fantasy world, free associations, spontaneous reactions and visions of children and their parents. The child and the parents determine the directions for psychotherapeutic activity. The therapist in that case stands behind. The implementation of psychotherapy with children’s fears does not take place in strictly directed and precise borders. Introvert children most easily agree to participate since they need protective and warm behavior. Extrovert children feel stiffer when such psychotherapeutic method is used (5).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Citation:Petrov I. Psychical Therapy of Children‘S Fears Due to Diseases and Somatic Injuries. J Spec Educ Rehab 2004; 5(3-4):63-72.

   

 

   

Литература / References

 

 

1. Бернс, Д. ТаŸна настроениј®. М. 1997.
2. Бурлачук Л Ф, Грабска® И А, Кочар®н. Основì психотерапии, М. 1999.
3. БухановскиŸ А О, Кут®вин Á А, Литвак М Е. Обçа® психопатологи®. Ростов на Дон, 1998.
4. Дако П. Фантастичните победи на модерната психологи®. С. 1995.
5. Д¥ Боа, Р. Детските страхове. С., 1998.
6. Енциклопеди® психологи®. Под. Ред. РеŸмÍнд Дж. Корсини С., 1998.
7. Иванова М. Психоанализа в психотерапи®ата. С., 1995.
8. Киршнер Üо. Изкуството да се живее без страх. С., 1998.
9. Кискер К П, ФраŸбергер Г, Розе Г К, ВулÍф Õ. Психиатри®, пихосоматика, психотерапи®. М., 1999.
10. Китаев-Смìк Л А. Психологи® стресса. М., 1983.
11. Медицинска психологи®. Под ред. На Хр. Хистозов. С., 1989.
12. Муфтафов С, Петров И. Соматопеди®. С., 1994.
13. Петров И, Трошева А. Особености на семеŸното вÍзпитание на деца с нервносоматични забол®вани®.-Педагогика, 1993, кн. 11.

 

14. Петров И. Форми на терапи®во соматопеди®та.-Педагогика, 1996, кн. 1.
15. Психосинтез и другие интегративнìе техники психотерапии. Под ред. Бахдена А А, Кагана В Е. 1997.
16. Речник по психологи®. С., 1989.
17. Силами Н. Речник по психологи®. Плевен, 1996.
18. Уоттс А. Психотерапи® Восток и Запад. ЛÍвов, 1997.
19. Фидгор Г. Психоаналитическа® педагогика в болÍничноŸ школе в Австрии.-Дефектологи®, 1997, кн.3.
20. Brown D, Pedder J. Introduction to Psychotherapy. An Outline of Psychodynamic Principles and Practice. London and New York, 1996.
21. Kabele F, et al. Somatopedie. Prague, 1993.
22. McWilliams N. Psychoanalytic Diagnosis. New York, 1995.
23. Sarafino E P. The Fears of Childhood. New York, 1985.
24. The Evolution of Psychotherapy. Edited by Zeig J K. New York, 1987.
25. Weiss J. How Psychotherapy Works. New York, 1997.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in